1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мобилари во Македонија - искуства и мислења

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од NERD., 12 Февруари 2015.

  1. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    826
    767
    27 Април 2010
    Машко
    Јас нејќам да зборам за ледиком ама ледиком ахахахах ледиком ахахахахах ме смеете ледиком професионалност 0.0000000000000000000000000000000000000-00000000000000000% друго сите телефони им се отворени, со тоа што ќе ви кажам уште од старт чим влага во тоа собче тамо и чекате бара телефон кој е најдобро сочуван или откупен и тој ви го нуди, со тоа што јас купував тамо телефони порано и ДА оригинал беа сите ама сите беа одпакувани и корситени али беа сочувани гланц без гребка па затоа не наоѓав мана, АЛИ после извесно време почнав да наоѓам дека не само што се одпакувани и користени нивните непрофесионални продавачи и однесување иде до ниво каде што не ги интересира дали ти оставаш 1000 евра или 100 евра он гледа да ти ги лапне парите и во ОЧИ те прави глуп со сила, со тоа што во ледиком немам влезено може 4 години и нема ни да влезам, со тоа што iButik и Мобеликс ќе те услужи или пак ако има гужва ќе ти се извини и ќе ти рече те молам причекај и нормално кога ти дава неодпакуван телефон се гледа дека е неодпакуван и кога е користен ќе ти каже дека е користен, и затоа ќе ви кажам за ваши пари барајте си го тоа што си го барате до крај ако видите дека ве јебат више не им влагајте и нормално не си само ти ете и јас не сум влегол да купам мобилен кај нив, друг трет и така ќе губат со тоа што ледиком прави една финта позната ГУЖВА а не дека сите им купуваат што се во натре туку повеќето се моткаат за да си мислите дека бизнисот им е ЕПТЕН ГОЛЕМ а пола од тие луѓе се ниви.... и кога некој од нивните страни овдека ќе прочитаат а знам дека читаат ги има едно 10 души ќе разберат кај им е грешката али касно ќе им е некој друг ќе профитира од тоа, се извинувам за мојте долги реферати али морам да си кажам дека неодпакуван телефон е телефон кој што го купувате од ОНЕ ВИП и ТМОБИЛЕ и кога пред вас ја кине ПЛОМБАТА т.е налепницата од кутијата и вие тоа го гледате со ваши очи а не некој да ви го вади од подрум и да ви кажува еве нов тоа можете да се уверите и на youtube како е да се одпакува непипнат неотворен телефон каков што побарал @DaVoRkNe .

    Поздрав до сите и се извинувам за мојте реферати али мислам дека ви помогнав за ледком да си знаете како работат.
     
    DarkEnchanter, Krkac, olikomerc и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,784
    3,245
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Ако е кутијата отворена, со цел да се тестира, да се отклучи итн мање битно, тогаш нека се потрудат и да го ресетираат телефонот на фабричко ко шо треба, а не да те прави будала на здрав памет. тоа може да мине кај некој шо не разбира, но ако јас се разбирам колку толку и знаам и ГЛЕДАМ шо ми нудат, после тоа лошо искуство коа пробале да ми набијат рогови, тогаш толку, нит пак ќе влезам таму нит у најмала рака ќе помислам на нив при некое наредно купување на „нов“ телефон. Не ледиком, не фала.
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,816
    3,982
    1 Септември 2011
    Машко
    Значи да разјасниме две работи,кога човек бара нов телефонот треба да му се даде НОВ,ако во моментот нема нов ЧОВЕЧКИ е да се каже дека немаат моментално,и дека има користен како НОВ.

    Втората работа е,како не им е срам за мочани пари да те прави будала дека ти продава НОВ кога не е НОВ?

    Па сите сме свесни колку брзо се шират низ социјалниве мрежи ваквите работи,зарем не е свесен дека ке изгуби клиенти кој купувале често?

    Има луѓе(кој ги познавам) кој купуваат месечно по 2 телефона најмалце,се мераклии на технологија и си ги менуваат телефоните.

    Али тоа е алчност за пари па макар И ПРЕВАРИ.

    Друже телефоните се европски пазар(фабрички отклучени на сите мрежи),што значи дека не треба да е отворен.
     
    Изменето од модератор: 1 Март 2016
    FLEGMA, Krkac, Potop и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,128
    3,481
    7 ноември 2014
    Машко
    Тоа може во T-Mobile да важи. Отклучените телефони по дифолт чинат повеќе, затоа најчесто мобиларите земаат заклучени, па ги отклучуваат и некако го „делите“ заедно тој ќар.

    Верувам дека да била иста цената (отклучен од оператор и отклучен од мобилара), ќе си земел од оператор.

    П.с. Нели пред година дена тука имаш пишано дека не стапнуваш во Ледиком? Што те премисли? Верувам дека се цените...
     
  5. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,816
    3,982
    1 Септември 2011
    Машко
    Не се цените него едноставно барав нов galaxy a5 и никаде немаше,и видов дека има во ледиком,и викам ајде ке одам ке видам(може стварно се нови) отидов и ете што се деси,послем ова дефинитивно не влагам па ако сака и 100 евра нека е цената пониска(не ми е до парите,плаќам поштено сакам поштено НОВ).

    во вип телфонот е 22.999 ден,а во т-мобиле незнам колку е,неможам на сајтот да им се снајдам.
     
    Последна промена: 3 Февруари 2016
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,518
    10,496
    23 oктомври 2012
    Машко
    Еве да споделам и јас. Неколку пати имам купувано телефони од ледиком, воглавно поефтини, и само со еден имало проблем, ама нареден ден беше заменет без никаков муабет. Бидејки веќе неколку месеци барам 6с 64 ГБ за невестата и не успеав да најдам, се решив да купам од мобилара. Муабетиве тука малку ме замислија, сепак е голема сума на пари, а за секоја мобилара имаше и добри и лоши мислења. А не се малку пари во прашање... Ризик јак, мила душа, се решив пак за ледиком. Со нив сум имал искуство, со ајбутик сум имал искуство и не сум среќен, со др мобил исто, со алфа мобил само сум сервисирал али и таму се преваранти, ама барем си ја знаат работата. + Ледиком беа 10 евра поефтини.

    Еве што добив: 2016-02-05 19.04.14.jpg 2016-02-05 19.05.05.jpg 2016-02-05 19.05.50.jpg 2016-02-05 19.06.09.jpg 2016-02-05 19.06.36.jpg 2016-02-05 19.06.55.jpg

    Вака делува како гланц нов, никаде оштетувања ни на кутијата, ни хартифче да е подвиткано ни ништо. Буквално како ново, ама скроз, никаква замерка неможам да најдам. Се е во целофанче и завиткано, искрено не верувам дека некој од таму е спретен тоа да го изведе со отпакуван телефон. Моделот е А1688 и вели дека е компатибилен со мреживе кај нас, најбитно, со Оне, кои патем секако немаат 4Г мрежа.

    [​IMG]

    Останува само невестата да си го активира и да видиме дали се е во ред до крај, ама искрено не очекувам проблеми.
     
    На HardCorec, xenon, Can4sta и уште 18 други им се допаѓа ова.
  7. Hustle_till_i_die

    Hustle_till_i_die
    Gaining Experience

    151
    72
    21 Декември 2012
    Машко
    На првата слика изгледа како да е бааѓи гребен...ти дадоа гаранција некоја ? и како ти работи моментално ? дали е се во ред ?
     
  8. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,518
    10,496
    23 oктомври 2012
    Машко
    Не сум сигурен дали се шалиш или си сериозен??? Првата слика е слика од кутијата и е во целофан, какво гребење, какви бакрачи??? Да, ми дадоа гаранција, една година, телефонот беше буквално нов, прво палење и сетап и се како што треба. Се си е во ред со телефонот, а ако нешто не беше ке пишев тука секако, немаше да оставам некој да се заебе, нели...
     
    На Jovan2389 и igor_xxxx им се допаѓа ова.
  9. Hustle_till_i_die

    Hustle_till_i_die
    Gaining Experience

    151
    72
    21 Декември 2012
    Машко
    Извини моја грешка за сликата, баш ми е мило што си имал позитивно искуство со ледиком иако сум слушал многу лоши муабети за нив :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,518
    10,496
    23 oктомври 2012
    Машко
    Генерално, тоа важи за сите мобилари, јас не познавам некоја мобилара кајшто сум отишл и да речам, е овој е еснаф чоек, браво. Сите пробуваат да те заебат, поготово за сервис. За сите ке чуеш и добри и лоши работи, кои патем колку зависат од продавачот толку зависат и од самиот купувач.
     
  11. Hustle_till_i_die

    Hustle_till_i_die
    Gaining Experience

    151
    72
    21 Декември 2012
    Машко
    Знам јасно ми е,потполно си во право али во случајов лично јас не би зимал така,фактор среќа 0 така да не ризикувам :D
     
  12. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,518
    10,496
    23 oктомври 2012
    Машко
    Јас изгледа сум некое среќно копиле, ова ми беше 5ти или 6ти телефон од кај нив, само со еден имав проблем и нареде ден одма ми го заменија. :D Ај па пренеси искуство со ајстајл, јас само еднаш имам пазарено ајпод од таму... и јеби га, тоа е, ајпад ко ајпад, кај нив купив шафл од 2ГБ за 3600 денари, а на старо супер сочуван нано од 16 ГБ го зедов за 4500.
     
    На Jovan2389 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hustle_till_i_die

    Hustle_till_i_die
    Gaining Experience

    151
    72
    21 Декември 2012
    Машко
    Абе ајде со среќава ама и за Куба ме погоди ептен :D ќе пренесам искуство со ајстајл секако :)
     
  14. tasevski13

    tasevski13
    Intern

    7
    4
    30 Декември 2015
    Машко
    ОГРОМЕН минус и од мене за Ледиком. На нов телефон галакси edge видов и големи маки, на што ВООПШТО не ми помогна никој од вработените. Нема да влегувам во детали само ќе кажам дека апсолутно се сложувам со коментарот дека продаваат користени телефони и памет за нареден пат да бидам попретпазлив, а се надевам и вие ќе бидете.

    Ледиком оцена 2/10 (2ка само заради цените)
     
    DaVoRkNe, Hustle_till_i_die и на gOJDO им се допаѓа ова.
  15. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,485
    1,936
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Дај бе споделете што ви се случило?

    Јас телефони од Мобеликс купувам (доколку не најдам добар половен примерок), некако ми се пофлексибилни, не сум имал искуство со Ледиком. Но, другар пред година дена купи G2 од Ледиком, телефонот дефинитивно беше некористен и еве го сеуште работи, не се пожалил.
     
    На Hustle_till_i_die му/ѝ се допаѓа ова.
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,330
    27,049
    4 Септември 2008
    Mobelix од 2014 навака, дава фактура - фискална и оргинална кутија - гланц нови телефони, незнам за порано.

    Сепак iButik > all.
     
    На DarkEnchanter му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко
    Зошто iButik > all ?
    Ауу ако види Мејкер, одма ги зголемува маржите за 15% :)
    Се шалам.
    Кога сме кај iButik, зошто всушност Крале е баниран тука ?
     
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,330
    27,049
    4 Септември 2008
    iButik е најдоверлива мобилара кај нас, the_maker не е мобилара, мада услугата на the_maker е ненадмината сега за сега, како мобилара ако гледаме, Крале е број 1.
     
    На DarkEnchanter и the_maker им се допаѓа ова.
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,579
    13,825
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Не ги знам кој ви се тие кафани iButik и слично, ама нареден пут кога ќе го сачекам @the_maker во кафанче ќе го пратам на топсикологија...
     
    Misko6000, the_maker и на Стап им се допаѓа ова.
  20. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    3,009
    4,273
    28 oктомври 2008
    Алфамобил. Јас сум имал секогаш само позитивни искуства (сервис услуги).
     
  21. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,867
    5,942
    14 Август 2014
    Машко
    А не дека не ми текна, ама морав деца да бањам :) :)
    Следеќи пут :)
     
  22. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,518
    10,496
    23 oктомври 2012
    Машко
    иБутик ме дупеше за еден телефон, т.е. за Ноте 2 кога земав од кај него, алфа мобил ги имам користено за сервис и еднаш беа супер, нареден пат ме маткаа месец дена, Др Мобил ме моташе недела дена за кодови за откључување за С4, а пред месец дена една колешка пробаа поприлично да ја заебат, незнам како се викаше една мобила кај пералната на Хилидеј Ин паркингот, исто беа со преварантски намери, со Мобеликс не сум имал искуство, веруем дека се ОК по тоа што го читам, а искуството со Ледиком веќе сум го споделил, не се идеални, да им фали малце претприемачки дух и секад имаат став ако сакаш земај ако не бркај работа, ама јас секад сум завршил работа кај нив и да, сум добил и фискална.
     
  23. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,219
    3,572
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Како што пиша @Oktar сите мобилари и нивните сопственици генерално делуваат на превара и злосторничка банда момци, да треба да се расправаш за нешто мислам дека можеш да го јадеш стапот со оглед што често во дуќан имаат нивна свита (entourage). Но, ако земеме презумпција на невиност бидејќи до сега никој не пријавил ќотек, веројатно само така личи.

    Бидејќи со претходниот ајфон немав баш позитивно искуство, овој пат решив да земам исклучиво целофан и неотпакуван, не ме интересира дали не е вклучен ако не е фабрички спакуван и модел 1688 (односно меѓународен модел). Од сите мобилари најдобра цена ми дадоа Мобеликс и од таму го земав. @psyside фискална не ми дадоа, 650ЕУР, односно 40к во денари. Сепак телефонот беше во оригинално фабричко пакување и спакуван во целофан, модел 1688. За сега се' е како што треба. Просторот (16GB) го решив со инсталирање Google Photos каде и ги закачив на сопруга ми сликите и од претходни телефони и години. Happy wife, happy life!

    Сакам да кажам не би ризикувал за телефон доколку се купува нов, да не е во целофан, макар и за некој денар повеќе, нормално кога се дава веќе поголемо купче парички.
     
    На ivan88, shifty, olikomerc и уште 2 други им се допаѓа ова.
  24. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,518
    10,496
    23 oктомври 2012
    Машко
    Amen to that brother!

    Ајфон за невестите, а ние ке си се мачиме со Нексус! Калимеро ситуација, ама тоа е... :D :D :D
     
    На smole, Jovan2389, omegaRED и уште 4 други им се допаѓа ова.
  25. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,867
    5,942
    14 Август 2014
    Машко
    Тој целофан што го зборите толку, се решава со еден фен и греач за кеси за замрзивач :) Имам кај мене, дојдете да ви ги завиткам..
    Не е до тоа работата, довербата е дека нема да ти даде Refurbished машина, свиткана и во декор хартија ако треба. А ако се цени по фолијата, верувајте до сега некој го јадел стапот, а е длабоко убеден дека е НОВ и НЕОТПАКУВАН :)
    Ако јас сакам да ви шитнам користена роба, тоа ќе го направам и нема шанси да приметите.. Но доблеста е да се издржи во тоа, да не се прави превара поради ситен профит, да не се потклекне на алчноста. Тоа ако го приметите кај некого, без разлика дали е мобилара или Т-Мобиле/ВИП бегајте, без разлика целофан или не...

    И последно, iPhone е нај-препродаван refurbished телефон на светот. Се собираат од цел свет (модерен ај да не кажам), се праќаат со бродови (не смеам да кажам каде) и од таму, преку Дубаи, ОП-ГЛАНЦКА во не развиени земји. Колку само немате поима што се прави, а браните/напаѓате трговци кои само се дел од таа алка.. Ако не се, ќе се најде друг начин :) Зошто Епл ти менува телефон без проблем? Посебно ако е легално купен? За да го фрлат? Тоа тешко, знаете и сами..
     
    Последна промена: 29 Февруари 2016
    На DaVoRkNe, alumen :), ivan88 и уште 14 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...