Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Mi Store - отварани производи

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.076
14.171
Многу пати е дискутирано на оваа тема. За жал најчесто е неизбежно да има отварани производи кога се во малопродажба.

Цените се ионака до коска и не им се исплати да даваат попуст на секој отворен производ. Не се нашиве продавници волмарт или некој хипер маркет од странство. Не можат да го издржат товарот се што е отворено да го продаваат со попуст. А сепак е дуќан па мора да може да ја покаже робата а не само да им рече еве како изгледа кутијата. Па и на амазон го има истото и луѓе цело време враќаат па после друг купува исто.

И јас би сакал да земам нов и запакуван од фабрика производ. Но очигледно не е можно секогаш. Посебно ако е последен производ во продавница или на залиха.

А законот што се злоупотребува е друга работа. Во рок од 15 дена се враќа прозивод што не одговара на фабричка спецификација. А не ако не ти се свиѓа. Но за да учинат на купувачите се оди подалеку од тоа.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.778
10.103
Јас на пример пред година барав блутут слушалки за мобилен кои би ги користел претежно у кола. Пробав два модела кои беа волни да ги отворат и не ми беше гласноста на задоволително ниво. Убав квалитетен глас, али не доволен волумен. Зборувам за стерео блутут слушалки.
Сингл слушалка сум користел и не ми е пријатно тупанчето на само едното уше да ми се буше.
Ова е офтопик, ама се надевам дека тролаш. Бараш слушалки за користење ВО КОЛА, од кои моделите не ти биле ДОВОЛНО ГЛАСНИ? И сакаш да ги користиш во стерео исклучиво?

Те молам кажи ми дека се заебаваш
Мислењето е автоматски споено:

Многу пати е дискутирано на оваа тема. За жал најчесто е неизбежно да има отварани производи кога се во малопродажба.

Цените се ионака до коска и не им се исплати да даваат попуст на секој отворен производ. Не се нашиве продавници волмарт или некој хипер маркет од странство. Не можат да го издржат товарот се што е отворено да го продаваат со попуст. А сепак е дуќан па мора да може да ја покаже робата а не само да им рече еве како изгледа кутијата. Па и на амазон го има истото и луѓе цело време враќаат па после друг купува исто.

И јас би сакал да земам нов и запакуван од фабрика производ. Но очигледно не е можно секогаш. Посебно ако е последен производ во продавница или на залиха.

А законот што се злоупотребува е друга работа. Во рок од 15 дена се враќа прозивод што не одговара на фабричка спецификација. А не ако не ти се свиѓа. Но за да учинат на купувачите се оди подалеку од тоа.
Гокица, јас ги разбирам продавниците и нивните маки. Спремен сум и да ги прифатам ако ми кажат отворено, во одредени случаи секако.
Негативното е кога се крие/прикрива ова, што сметам дека апсолутно не е во ред.
 

Burazer

Баниран/a
29 јануари 2023
267
180
Тука
Бараш слушалки за користење ВО КОЛА, од кои моделите не ти биле ДОВОЛНО ГЛАСНИ? И сакаш да ги користиш во стерео исклучиво?

Те молам кажи ми дека се заебаваш
Се заебавам - пошто ме замоли. Иначе не се заебавам. Тоа шо наведуваш дека е неозбилно да возам и гласно да слушам си нема врска со темата и е моја лична ствар.
Поентата е дека некои продукти мора да се пробат на лице место пред да се купат.
 

Burazer

Баниран/a
29 јануари 2023
267
180
Тука
Не е неозбилно, убиствено и самоубиствено е.
За еден час ќе возам по автопат со жичани слушалки кои се буквално 3х погласни од блутут слушалките.
П.С. Одамна не слушам музика на слушалки. Релакс. ;)
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.731
3.877
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
OMG. Истото го пофторуваш три пати, истражувања та истражувања?
Звучници можеш да ги слушнеш фино лепо. А слушалки како побогу? Мора да се стават на уво.
Денеска замисли постојат такозвани влажни марамици. Бриш бриш и никаква трага од увото.
И не е проблем да се купе нешто отворено. Сум купил ТВ изложен пошто немаше у тај момент спакован. Ми кажаа ако сакам скакован да почекам до утре. Ја и реков ќе го земам овај и готово. Ем го забораваш онај момент: Отворен производ, пробан знаеш дека е исправен :D
Дакле у реду. Дојдовме до заклучок дека продавниците со вработени треба да се затворат и ке си порачуваме само онлајн.
Не мора се и сешто да се отвори и проба. Проблемот е што после продавниците отворените производи ги продаваат како нови, не кажуваат дека се отворани или пробувани (со исклучоци). Јас имам земено пример 2 мобилни без проба и отворање на слепо така речено ама пред тоа читано рецензии на интернет, исто и со ТВ-то. А чисто сумљам дека ти лично би купил слушалки кои некој ги пробувал...
Мислењето е автоматски споено:

Многу пати е дискутирано на оваа тема. За жал најчесто е неизбежно да има отварани производи кога се во малопродажба.

Цените се ионака до коска и не им се исплати да даваат попуст на секој отворен производ. Не се нашиве продавници волмарт или некој хипер маркет од странство. Не можат да го издржат товарот се што е отворено да го продаваат со попуст. А сепак е дуќан па мора да може да ја покаже робата а не само да им рече еве како изгледа кутијата. Па и на амазон го има истото и луѓе цело време враќаат па после друг купува исто.

И јас би сакал да земам нов и запакуван од фабрика производ. Но очигледно не е можно секогаш. Посебно ако е последен производ во продавница или на залиха.

А законот што се злоупотребува е друга работа. Во рок од 15 дена се враќа прозивод што не одговара на фабричка спецификација. А не ако не ти се свиѓа. Но за да учинат на купувачите се оди подалеку од тоа.
Проблемот е што ретко некој ќе ти каже дека е отворен производот и го продфаваат како нов, ако помине-помне е работата
 

hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
И кондом кога купуваш мора прво да го пробаш и ако ти одговара ке земеш нов неотпакуван.
Замисли секој ден тие слушалки 10 купувачи да ги гураат у уши и да ги пробуваат.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.778
10.103
И кондом кога купуваш мора прво да го пробаш и ако ти одговара ке земеш нов неотпакуван.
Замисли секој ден тие слушалки 10 купувачи да ги гураат у уши и да ги пробуваат.
Знаеш ли што е најголемиот проблем? Тие што обично отвараат и враќаат да пробуваат, најчесто сакаат нови неотворени производи да купуваат.
 

dashbog

lurker
24 јуни 2008
568
812
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10
Знаеш ли што е најголемиот проблем? Тие што обично отвараат и враќаат да пробуваат, најчесто сакаат нови неотворени производи да купуваат.
Баш така. Ќе рече отвори да го видам, сакам да го пробам, колку е гласен, како изгледа, дали ќе ми одговара.
И на крај ќе се согласи. "Важи ќе ги земам, ама да ми дадеш не отворени"
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Mногу пати правен муабет... Големите ланци продавници треба да имаат можност во една главна продавница да се пробаат/видат производите. Едноставно тоа е дефиниција на retail продавница (и оправдување за наплаќање на retail цена“, да можеш да ги пробаш производите.

Не зборувам за IEM слушалки што се ставаат во уво или такви некои работи, ама стандардни слушалки треба да има можност да се пробаат. Монитори, тастатури, глувци, периферија општо. Треба да може да се видат, пробаат. Еден производ не смее да им биде проблем да го држат отворен. Не да го продаваат на други, туку да го држат отворен за гледање и проба во главната продавница. Сакаш да видиш/пробаш, оди во главната продавница.

Ако не може да се проба (макар да се види) производ во retail продавница, тогаш ако го занамариме времето за чекање - која е предноста во однос на нарачување од интернет продавници? Да има и такви кои злоупотребаат права, но таквите се исклучок и се „цена“ на бизнисот на продавање. Не разбирам која ви е поентата да ги браните „правата“ на продавачите, кога самите сте купувачи.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно