Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Mеханички тастатури

Vlad944

lurker
3 март 2015
781
1.744
Од пред скоро користам AULA F75 тастатура,феноменална за пишување особено звукот кој го вади при штракање а за гејминг некако несакам да ја трошам па се решив да си ги менувам со претходната Asus Falchion.
Пред недела дена ја чистев тастатурата(Аsus) и при миење на капачината ми замина W повода па останав без еден keycap.
Почнав да тарашвам по интернетот и испадна дека е големо лањо доколку сакаш да замениш stock keycaps со некои по фенси, поќе се исплаќа да купиш нова тастатура..
Се истурив од разгледвање и на крај се одлучив на овие од Womier Official Store. Screenshot_2025-12-17-22-13-45-737_com.alibaba.aliexpresshd-edit.jpg
Ги зедов за 0.99 евра
кои ми стигнаа денес и можам да кажам дека воопшто не се зезнав што ги зедов.Не е перфекција,но добро е што повеќето пасоват на Asus-ot ехцепт 2-шифт,спејс,бекспејс,ентер каде спејсот е подолг на новиве па морав да го оставам оригиналниот Енивеј за парите се топ.

Пред: IMG_20251205_191744.jpg

Потоа:

IMG_20251217_213937.jpg
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Иако квалитетот не е лош,. јас мислам дека новите капачиња не се соодветни за твојата тастатура. Но ако тебе ти бркаат работа и ти се допаѓаат со здравје да те служат.

Проблем со капачиња е што бара малку да прочита човек пред да купи. Зашто има многу опции, димензии, и сл. Има голем број на сетови кои доаѓаат со ANSI и ISO поддршка истовремено (ентерот). Па со различни димензии на спејсот. За на крај да треба да се посвети внимание и на профил на капачињата зашто ако е многу различен од претходниот може да предизвика нелагодност, повеќе грешки при куцање итн.
 
Vlad944

lurker
3 март 2015
781
1.744
Не се соодветни реков јас но се далеку од лоши да клатат излегуваат итн.
Немав 25-30€ да дадам за кејкапс кои се наменети за Анус Фалшион па овие од 62 денари ем ме бендисаа ем ми бркат работа за гејминг.А за пишување,повеќе грешев со фабричните,ќе покажи времето и за овие новите,недела дена е доволно.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Не се соодветни реков јас но се далеку од лоши да клатат излегуваат итн.
Немав 25-30€ да дадам за кејкапс кои се наменети за Анус Фалшион па овие од 62 денари ем ме бендисаа ем ми бркат работа за гејминг.А за пишување,повеќе грешев со фабричните,ќе покажи времето и за овие новите,недела дена е доволно.

Ах да добро, сега видов дека Rog Falchion има спејсбар со димензии 5.5u. Многу тешко да најдеш сет капачиња со тој спејс бар зашто е нестандарден.
 
Vlad944

lurker
3 март 2015
781
1.744
Ах да добро, сега видов дека Rog Falchion има спејсбар со димензии 5.5u. Многу тешко да најдеш сет капачиња со тој спејс бар зашто е нестандарден.
Затоа реков дека е тешка дури за вакви едноставни измени.Има чуден дизајн,шејп на капачина кои само фабричните пасоват друго од страна Јок.
Исто е запечена,не е хот свап за да менам други свичеви.120 евра за лик и бренд дадов.
А да незборам колку ефтина изработка имаат капачината кои се излижаа веднаш по втора недела користење.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
На некој да не му се наоѓа портокалови keycaps?
Имаш во Анхоч за 290 ден. 106 парчиња, ако ти одговараат такви.

Insanious

hello world
18 јануари 2025
279
361
Росоман
linktr.ee

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Досега не сум користел механичка тастатура, и сум на мембрански со Scisor свичеви(Logitech) последниве 20 години.
За кој не ги користел, нешто слично на тастатура за лаптоп, но со поголем ход споредено со модерниве лаптопи.
Уствари на кратко имам пробано Steelseries Apex, ептен одамна(минимум пред 5-6 години), знам за некои 10-12К ја земав за муштерија, и не ми беше по ќеф многу многу филингот. Мислам дека црвени МХ свичови беа, или што и да користеле SteelSeries тоа време, во секој случај линеарни.
И некој ефтин модел со плави свичеви, што некако повеќе ми легнаа, јес да би го преферирал кликот потивок.

Барам некоја ефтина варијанта, и од тоа што има кај нас око ми фаќаа Redragon Horus Mini(September 28, 2023) и Vishnu(May 25, 2021). Horus највеќе пошто е со низок профил(но е за жал 60% големина) а тие со Scisor свичеви тастатури што ги имам користено последниве 20 гидини биле со низок профил, Vishnu пошто е покомплетно решение(TKL + макро копчиња + потпирач за зглобови).

Но читајќи ве тука, ми падна во око Genesis Thor 230(May 28, 2024) што ја спомна @gokica . Колку што гледам имаат имплементирано помодерни решенија како слоеви за дампирање на звук и фабрички подмачкани свичеви. Кое кај Redragon моделиве не е спомнато, и претпоставувам не е ни имплементирано, што и ми е логично пошто се постари модели.

Претпоставувам прашањево би било најдобро адресирано према тебе @gokica . Во случај да одам со Thor 230 и не ми легне со фабрички свичеви со нормален профил, дали се компатибилни со свичеви со низок профил и кои варијанти на пример?
Само капачиња со низок профил да се стават, за ходот јасно дека нема да има разлика, но дали би имало разлика во висината на тастатурата? И претпоставувам светлото би се гледало повеќе од страните...
И дали се компатибилни со Dune Fox свичовите што ги изнафали? можда се пробаат некад.
Едит: Мене ми изгледаат компатибилни Dune Fox, али и Cherry MX изгледаат како компатибилни, а негде прочитав дека подебели им биле контактите на Cherry и треба да се стругнат за да влезат во лежиште за Outemu, какви што користи торов.

Од минималното искуство со механика споменато погоре, кое можеби и е веќе невалидно пошто гледам се движат работите напред со голема брзина, претпоставувам дека најдобра варијанта би ми била или Brown или Panda свичеви.

Дајте ум кој има одвишок во случај да сум пропуштил нешто. Или некоја сугестија базирана на ваше искуство, ако е слично на моето досегашно, уште поубаво.

Нема гајле, али не сум баш многу многу за совети давање што се тиче проблематикава, гледаш од текстов погоре :). Ова од 2-3 дена што научив читајќи ја темава и шарајќи по интернет и сајтот на анхоч, па ми паднаа и капачињава во око. Би требало да се компатибилни со најчесто користените типови на свичеви(со крстче, православни), али препровери си.
 
Последна промена:

Thor 230 е скапа тастатура споредено со тоа што се нуди на тему:

Aula F75:

Aula F87:

Ajazz AK870 (бидејќи сакаш TKL):

Не ги следам тастатурите со низок профил на свичеви па не можам да ти препорачам.

Thor 230 не е компатибилна со скоро ниту еден од свичевите на продажба денес зашто има тесни сокети. Само некои постари оутему свичеви ќе пасуваат. И не може да мешаш нормален со низок профил на свичеви. Ако сакаш низок профил мора да си купиш таква тастатура.

Редрагон не ги следам меѓутоа ништо нивно со постар датум не би купил зашто некаде од оваа година малку се осовременија па извадија подобри решенија.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.463
SK
Од минималното искуство со механика споменато погоре, кое можеби и е веќе невалидно пошто гледам се движат работите напред со голема брзина, претпоставувам дека најдобра варијанта би ми била или Brown или Panda свичеви.

Дајте ум кој има одвишок во случај да сум пропуштил нешто. Или некоја сугестија базирана на ваше искуство, ако е слично на моето досегашно, уште поубаво.
Што и да направиш, немој само кафеави свичеви да одбереш. :)
Мислењето е автоматски споено:

Друг аспект, ова се многу субјективни работи и секако си свесен дека тргнуваш со огромна доза на предрасуди и визии кои веројатно немаат многу допир со реалноста, oдносно очекувањата ти се базирани на чиста перцепција за работи кои не си ги пробал озбилно. Како на пример инсистирањето на ниски тастери. :)

Кога ќе одлучуваш води се и од ова.

Секако пробувај што повеќе тастатури, досадувај по продавници. Одлучи дали сакаш да почнеш со линеарни или клики свичеви. И секако двете познати работи: Прво колку пари толку музика. И второ, има и многу примери со малку музика за многу пари (извикани брендови).

Ако имаш вишок време, напрај си една тастатура. 3Д принтер, свичеви, контролер, жица, и малку лемење. :D
 
Последна промена:

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Thor 230 е скапа тастатура споредено со тоа што се нуди на тему:
Ова од аспект на тоа што го добиваш за парите?
Пошто по цена Thor 230 е поефтина од предложениве на тему, 2100 ден. за жичана и 2900 ден. за безжична варијанта. А гледам и лајт верзија некоја има за 1700 ден., претпоставувам со постар тип на електроника пошто има помалку ефекти на осветлувањето, што ми е апсолутно небитно јер кај мене би светела во една боја(најверојатно бела).

И не може да мешаш нормален со низок профил на свичеви. Ако сакаш низок профил мора да си купиш таква тастатура.
Демек не е возможно да се користат низок профил свичеви на тастатура која фабрички доаѓа со нормален профил?

Што и да направиш, немој само кафеави свичеви да одбереш. :)
Шо ти згрешиле па толку? :)
Друг аспект, ова се многу субјективни работи и секако си свесен дека тргнуваш со огромна доза на предрасуди и визии кои веројатно немаат многу допир со реалноста, oдносно очекувањата ти се базирани на чиста перцепција за работи кои не си ги пробал озбилно. Како на пример инсистирањето на ниски тастери. :)
Да да, јасно дека се скроз различни работи. Кај мембранскиве Scizor свич и низок профил ми беше неверојатно подобрување, но веројатно дека ниски Scisor и ниски механички немаат баш многу допирни точки.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.463
SK
И уште ова: Не купувај евтина тастатура (освен ако не е погодна за менување свичеви и капачиња).

Добра тастатура ако не те чеша џепот (за нова, различна и „подобра“), ќе ја користиш веројатно со години ако не и децении. Буквално е благодарно парче периферија во кое вреди да се вложат пари, пошто покрај мониторот и маусот тие три парчиња хардвер ти се интерфејсот со кој управуваш со компјутерот. Вредат за сите пари.
Мислењето е автоматски споено:

Ергономија при работа се добива со добро комбинирање на висини на маса и столица, тастатурата ако е релативно висока само ќе си додадеш мек пад под дланките. Проблем решен.

Ако воопшто е проблем, пошто ретко кој користи падови дури и со бајаги високи профили на тастери. Повеќе е навика.

Шо ти згрешиле па толку? :)
Не се ни линеарни, не се ни клики. Повеќе се како линеарни свичеви со некое парче ѓубре заглавено во стемот на тастерот... Како прљаво, песок да има внатре во свичот.
 
Insanious

hello world
18 јануари 2025
279
361
Росоман
linktr.ee
И уште ова: Не купувај евтина тастатура (освен ако не е погодна за менување свичеви и капачиња).

Добра тастатура ако не те чеша џепот (за нова, различна и „подобра“), ќе ја користиш веројатно со години ако не и децении. Буквално е благодарно парче периферија во кое вреди да се вложат пари, пошто покрај мониторот и маусот тие три парчиња хардвер ти се интерфејсот со кој управуваш со компјутерот. Вредат за сите пари.
Lokvan jas brat ja zedov ovaa od setec za 1600den na popust, ima crveni svicevi i zadovolen sum, hotswap e i ima anti ghosting:)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.463
SK
Lokvan jas brat ja zedov ovaa od setec za 1600den na popust, ima crveni svicevi i zadovolen sum, hotswap e i ima anti ghosting:)
Уште и осветлување има за тие пари. :)

Само идиоти се Кинезите што ги мешаат боите така кичесто наместо во една боја да бидат сите диоди. Вака е во 66% од сите тастатури на Али/Тему (од поекономска класа).
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
И уште ова: Не купувај евтина тастатура (освен ако не е погодна за менување свичеви и капачиња).

Добра тастатура ако не те чеша џепот (за нова, различна и „подобра“), ќе ја користиш веројатно со години ако не и децении. Буквално е благодарно парче периферија во кое вреди да се вложат пари, пошто покрај мониторот и маусот тие три парчиња хардвер ти се интерфејсот со кој управуваш со компјутерот. Вредат за сите пари.
Ма знам, али не сум во ситуација да потрошам многу ќеш, иначе обично не штедам на тастатура. Задњава ми е на служба 10ина години, Logitech К800, али почна да се распаѓа веќе, маста и ја извадив за тие 100 евра :).
Ако воопшто е проблем, пошто ретко кој користи падови дури и со бајаги високи профили на тастери. Повеќе е навика.
Има сигурно моменти што не ги земам во предвид, кои ќе излезат на виделина само со искуство од користење. Тој фактор ниски типки/свичеви, има веројатност да работи одлично само во комбинацијава сегашна со маказици свич, а на механичка и да нема некој голем ефект, па дури постои и веројатност да се понеубаи. Во секој случај ќе се почне некако, па ќе видам кај ќе ме однесе патот :).
 
Insanious

hello world
18 јануари 2025
279
361
Росоман
linktr.ee
Уште и осветлување има за тие пари. :)

Само идиоти се Кинезите што ги мешаат боите така кичесто наместо во една боја да бидат сите диоди. Вака е во 66% од сите тастатури на Али/Тему (од поекономска класа).
Да да, сега нарачав потртокалови кејкапс и за space, wasd, enter би требало убаво да испадни :)
 
Insanious

hello world
18 јануари 2025
279
361
Росоман
linktr.ee
Стигнаа капачињата и многу добро се вклопија, едина мана е што фалеа ентер и стрелките и функциите над нив незнам од која причина најверојатно грешка при пакување али пошто ги отворив неможам да се замарам да правам рекламација :D
viber_image_2025-12-25_15-04-53-474.jpg viber_image_2025-12-25_15-04-53-691.jpg
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Бидна и таа работа, се сторив и јас со механика Thor 230. Благодарност до @gokica и 40-те механики :).
Се играм задњиве 2-3 дена, пошто од старт бев обезбеден со додатен сет свичеви.

Бела тастатурава, осветлувањето е ептен лично. Ради белата подлога под капачињата, светлото се одбива од неа и во процепите меѓу капачињата се добива ефект сличен на ргб лед трака со дифузер.
Ваљда од што е лично, ми го одземаше малку вниманието од буквите и решив да и залепам темен винил да го смалам тој ефект, бар на главната секција кај што ми се буквите и останатите најчесто користени копчиња. Останатите(F редот, стрелките и групата над стрелките) ги оставив како што беа оригинално, и вака гледајќи ги овие неколку дена добивам и желба да го вратам ефектот и на главната секција :), ќе видиме како ќе заврши на крај.
Обратното, доколку му се допаѓа на некој ефектов на немодифицираните зони, веројатно би можело да се постигне со лепење на бел винил(мат) на црна тастатура(подлогата под копчињата).
20251226_204532.jpg
Сликава со незавиден квалитет е колку толку да се долови за што зборам, во живо е малку поразлично/полично.

Гледам Genesis имаат различни апликации за актуелниве модели(230, 303, 404). 230 и 303 се со слична големина на фајл(околу 2МБ) и претпоставувам дека се исти, но за 404 е околу 20МБ и претпоставувам дека има понапредни функции.
Апликацијата за овој модел е прилично елементарна но ги има најбитните функции. Сетирање на бои, ремапирање на копчиња, макроа.
Работи што ми зафалија(кои можеби може да се изведат но не сум ги открил):
Кога се сетира РГБ-то не ги памти последните бои што си ги направил рачно, а ќе треба да се прават некои рачно пошто не е најточно ргбво во репродукција на бои, така да ќе треба на страна да си запише чоек за да не се чуди како ја постигнал одредена боја. А нема опција(бар неможев да најдам) пример веќе обоена типка да земеш да и ја ископираш бојата на друга.
Макроата немаат опција за тогл, само дур е притиснато копчето или одреден број на извршувања. Не најдов опција да сетирам макро да се активира на одредено копче само кога е притиснато во комбинација со Fn.
Верзија 1.0 е апликацијата, така да можеби ја подобрат во иднина(а можеби и не).

Освен тоа што лејаутот(ANSI) ми е малку различен споредено со претходната тастатура(ISO), па чат пат може да посегнам по типка што не е на истото место(како горниот дел на ентерот, ѓ на местото на ж или нумеричкиот дел што веќе го нема :)), други замерки немам. Ствар на навика.
Нивото на активација на типките е прилично ниско и не осеќам некој негативен ефект од аспект на куцање.
Нивот на притисок потребно да се активира типка, е пониско и од претходнава Logitech К800 што ја имав, што ми се допаѓа.

Ја добив со инсталирани Ocean Silent свичеви, кои дефинитивно имаат поквалитетен филинг него фабричките црвени. Како што и претходно спомна @gokica, помалку луфта имаат на стебленцата и се бајаѓи потивки од фабричките црвени(минимум двојно потивки, а и јаче).
Покрај тоа што ми беа со поквалитетен филинг Ocean-ов, сепак ги вратив црвените фабрички пошто беа помеки што подобро ми легна. Негативните страни што ги имаат црвените не ми сметаа којзнае колку, и кога не би ги пробал другиве не би ни размислил 2 пати и среќен би си ги користел во блажено незнаење.
На крај, охрабрен од меракот од новава играчка, иначе потфат што веројатно не би го препорачал ако се нема нерви пошто траеше по неколку часа во распон од 2 дена(со минимално до-подмачкување, само дното на федерот)... Ги префрлив федерите од фабричките црвени на Ocean-ов, и сега се има најдоброто од двата света :).
Иначе ме изненади издржливоста на пиновите на свичовиве. 2 комада со тенкиот контакт свиткан во Ѕ форма од насиље, и набиен скроз до телото на свичот(за жал не ги сликав, така да види илустрација подоле :) ), кои мислев ќе идат јабана, успеав да ги исправам. Дури и брцнав еден од тие 2 во тастатура и си влезе без проблем и работи.
Svitkan switch.jpg

Незнам дали е кај сите(или некои) ваква или слична конструкција под капачињата(подлогата), но на рачун на пената за дампирање на звукот секое лешиште за свич е практично изолирано од долниот дел каде што е електрониката и прљавштина нема шанси да се запика таму(дури и да успее нешто некако да се протне под свич). Што ја прави ептен лесна за чистење, претходнава ми беше кошмар од тој аспект.

Се на се супер буџетно тастатурче достапно локално, од Али/Тему веројатно има подобри варијанти за иста цена или подобри за нешто поголема, како на пример Aula што се фалени и овде а и надвор од форум.
Значи супер од аспект на моите впечатоци и задоволство од користењето овие неколку дена, поткрепено со сиромашно искуство на алтернативи од истава.

П.С.
Да не му се наоѓаат на некој темни капачиња(идеално црни, но можеби темно сиви или темно плави би ми завршиле работа)? Или некој линк од Али/Тему ако имате со ефтини(да ми плати кинезот да ги земам).
 
Погледнете го атачментот 157182

Погледнете го атачментот 157183

https://www.anhoch.com/products/keycaps-genesis-lead-300-universal-grey-double-shot-gaming-8884 eve ti sivi od anhoch :)
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
:), Да да знам, нели јас ти ги пратив истиве ама поморанџести. Некако светло сиви ми личат на сликиве, затоа додадов "темно" пред сиви и плави. Тие(и плавите од истиов бренд) како крајна варијанта ми се.
 
Со здравје да те служи. И секоја чест на ентузијазмот и трпението. Ти на ова поле постигна и научи повеќе за само ден два отколку јас со месеци.

Искрено не можам да ти помогнам со софтверот зашто освен нијансирање на белата боја не го користев за ништо друго.

RGB е многу интересна работа. До пред година дена бев заколнат љубител на бело осветлување на тастатура, и тоа само навечер кога е потребно. Откако се зафатив за механичките RGB ми е омилено. Земав две Keychron само заради можноста да се програмира фирмверот со мои кастом RGB патерни и ефекти. Но сепак не секој сака RGB и тоа е разбирливо.

Што се однесува до копчиња, барај некои ABS пластика со шајн тру легенди. Мислам дека имаше на Aliexpress/Temu по нешто каде продаваа на парче капачиња како спејс бар, ентер итн. Проблем е само што нема да знаеш дали е ист профилот. Цел сет се секогаш посигурна опција а ABS не треба да се нешто посебно скапи.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Што се однесува до копчиња, барај некои ABS пластика со шајн тру легенди. Мислам дека имаше на Aliexpress/Temu по нешто каде продаваа на парче капачиња како спејс бар, ентер итн. Проблем е само што нема да знаеш дали е ист профилот. Цел сет се секогаш посигурна опција а ABS не треба да се нешто посебно скапи.
Значи ништо да неможе човек на раат да купи ц ц ц ц :).
Таман изнајдов ефтини опции, и открив дека 15 различни профили на капачиња има.
Највеќе око ми фатија MOA, XDA и DSA. Али па од пустиве колку што гледам/пребарувам овие ден два не се наоѓаат стандард шајн тру, само пудинг варијанти.

Да не има некој линкче од стандарден шајн тру модел од истиве, кој можеби ми промакнал?
 
Ако некој ја купил црната варијанта можеби може да ти даде екстра капачиња под услов да не ги користи. Зашто таа доаѓа со екстра сет на некои од капачињата.

Искрено многу малку другарував со тастатурата за да потврдам. Но би требало да се ОЕМ профил капачињата.

Шајн тру, ОЕМ, ABS, дебелина на ѕид од 1.3мм мислам дека ќе е тешко да се најде исто. Пиши им на Genesis па можеби може да ти пратат.

Инаку ако ти се чита еве го најтемелното ривју за тастатурата кое може да се најде на интернет. Авторот ја ко-дизајнирал Thor 404. Можеби ќе го најдеш интересно.

Неповрзано со твоето прашање, ми стигна нов сет на капачиња:

Ги платив 885 денари со попуст. Ова се квалитетни сингл шот dye sub капачиња кои имаат пристојна дебелина од некои 1.7мм и одличен квалитет на пластиката. Не сум ги ставил сеуште. Но сигурен сум дека ќе дадат многу кремав звук. Не ми пречат јапонските карактери. Напротив мислам дека се кул. По се изгледа дека маркетот полека се заситува па и поквалитетни капачиња се продаваат ефтино. Инаку се изработени од пластика во иста боја. Само легендите се dye-sub. Други ефтини солуции се најчесто бела пластика која со Dye-sub фарбање се прави да има финиш во друга боја.

Ќе постирам слика кога ќе ги поставам.
 
Ќе се читне.

Него тастатурава е или со ОЕМ или Чери, али не ми бркаат сега работа такви, ги надраснав хаха. Барам стриктно MOA, XDA или DSA. Помалку ради естетика, а повеќе ради тоа што површината каде што се буквите им е најголема на овие 3 типа на профили.
Мислењето е автоматски споено:

Неповрзано со твоето прашање, ми стигна нов сет на капачиња:

https://www.temu.com/goods.html?_bg..._1767008807457_7wee0dv4nc&refer_page_sn=10045
Ги платив 885 денари со попуст. Ова се квалитетни сингл шот dye sub капачиња кои имаат пристојна дебелина од некои 1.7мм и одличен квалитет на пластиката. Не сум ги ставил сеуште. Но сигурен сум дека ќе дадат многу кремав звук. Не ми пречат јапонските карактери. Напротив мислам дека се кул. По се изгледа дека маркетот полека се заситува па и поквалитетни капачиња се продаваат ефтино. Инаку се изработени од пластика во иста боја. Само легендите се dye-sub. Други ефтини солуции се најчесто бела пластика која со Dye-sub фарбање се прави да има финиш во друга боја.

Ќе постирам слика кога ќе ги поставам.
Сеа сакал нејќел и Јапански ќе научиш. Кој вика не е корисно хобиво.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно