Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Генерална дискусија за ДДКОМ

Маша

user
24 април 2007
1.052
2.828
Ми звучиш премногу засегната...
Сум купувал од ДДком, го знам Даниел лично. А ти?

btw, споредбата беше малку невкусна, никогаш не релативизирам семејно насилство
Засегната сум од лицемерие.
Сум купувала од ДДКом, Даниел не го познавам надвор од тука.

Прости за несоодветната споредба.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.555
19.229
Што докази би имал Daniel86 освен тоа што муштеријата му кажал дека е земен од ddkom?

Исто, тој и @bogoevski (на времето) детално тестираа напојувања со бетон внатре. Едниот (мислам дека беше Даниел, не се сеќавам) со многу детални мерења докажа дека истите се опасни за користење.

Ме мрзи да пребарувам за да ја посочам фирмата па затоа не сакам да му ронам бисер на никој.
Исто имаше „скандал“ со налепница на cpu cooler (peel off) , исто посочен Анхоч, исто без докази

После тоа се отвори флејм, па реторики „немате докази“, па Перо кој повеќе не работи во тој сервис најверојатно ...
Ништо не ме изненадува со нашиве фирми.

Тоа што ДДКом испаѓа колатерална штета заради тоа што не си отвара очи со кого соработува воопшто не ги амнестира од одговорност.
Ама немаме докази дека е DDkom, така? Пошто овој решил да слика рандом полнач и да млати локална (невина!) компанија

Голем е. Ако лаже ќе си носи одговорност
Во спротивно нека истапи и нека извика „Ја не признајем овај суд. Ја признајем само суд своје партије“ па да се смират страстите.
 
Ме изнасмеа :)
Ете 15 страни ништо не кажав, не се ни сеќавам чив пост ми беше тригерот, ама се фатив во орото и сега ќе вртам со марамчето до крај!
 
thrw

lurker
3 декември 2021
706
578
залихите на сајтот им се секогаш точни
Не се согласувам во текот на цела 2021-ва година. Сакав да купам графичка карта и секоја недела се јавував да прашам дали има на залиха само да добијам негативна информација и покрај тоа што стоеше „зелено на залиха“. Истото стануваше збор за бежичниот глушец „g502“ што за среќа се појави Жирафата во меѓувреме и поминав 2000 денари поевтино.

Не значи дека и Анхоч и Сетек биле подобри, ама овие цела година не си ги ажурираа залихите, сепак ќе речам беше во периодот на криза и бессознание на набавки и испораки.

Нешто што ќе ги пофалам ДДКом е во врска со нивната услуга за „hosting“ и што ми најдоа продолжен кабел за PWM кога Жирафите комплетно ја утнаа робата.
 
Ile bocev

hello world
15 ноември 2015
354
294
Штом и со тебе до сега биле коректни мислам дека нема потреба од понатамошна дискусија, админ бриши тема гаси интермец!!!

Абе луИЈЏе, абе не гласаме па да се произнесува секој посебно поготово не со вакви кратки коментари/гласови!!! Креаторот ја отворил темава 2016та година, истиов коштаплерски модел/начин на работа не го смениле толку години и покрај толкуте негативни искуства и на крај пак се величат, ЗОШТО??? Мислењата секогаш ќе бидат поделени, прашање на време е само кога повторно ќе ги има тука со нова заебанција. Ги спомнав погоре мебиус, истото беше и со нив, и тиа беа величани и покрај преварите и огромниот број на ченови од овде оштетени, прашње е само на време...

Види, ако ти се исполнува душичката кога ги нарекуваш коштаплери, продолжи.
За мене е мизерно и ниско да употребувам такви зборови.

Се согласувам дека не е за оправдување дека му дале фалц полнач.
Но употребување на епитети коштаплерски модел итн. е премногу ниско и мизерно.
 
gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
Полначот од сликите го има премногу низ скопје, ги имаше увезено амако, се продаваа до пред 5-6 месеци не се најдобри но даваат 4.5а 20 в како и сите други
 
wolverine

user
27 јуни 2012
1.340
1.576
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
1x 2TB 980 Pro | 2x 980 PRO 500GB | 1x 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
IBM Model M / F12 Kailh BOX White
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Fedora (GNOME)
Фер би било да се преименува темава во Генерална дискусија за ДДКОМ. Имаше негативни мислења и за другите, па на сите нив им е преименувана темата во Генерална дискусија.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.241
Фер би било да се преименува темава во Генерална дискусија за ДДКОМ. Имаше негативни мислења и за другите, па на сите нив им е преименувана темата во Генерална дискусија.
Се сложувам. Треба да биде правило темите барем да не немаат сигестивни наслови.

Туку, што се случи со сервисерот од ДДКом? Се појави, кажа нешто и исчезна. Или може Бате Саше се пошегува?
 
DDCom

read-only
2 септември 2015
3
74
Реков нема да реплицирам на темава, ама ова стварно помина граници.
Ситуацијата со адаптерот е следна
Клиент, сервисер во фирма со којашто имаме долгогодишна соработка, праќа слики на вибер од отворен адаптер за лаптоп. Тврди дека е под гаранција, бара замена со нов и тоа да му го однесеме дома зошто немал време да дојде, а многу му бил итен. Колегата од кај нас од сервис ме праша дали може да одобриме замена за отворен полнач, реков нема проблем нека го заменат во интерес на соработка со фирмата, само да проверат гаранција. Проверивме во систем, единствено нешто слично е рефурбишед лаптоп купен во 2020 година. Го прашавме дали се работи за тој лаптоп и доколку е тој истечена е одамна гаранцијата, по што почна да се заканува дека ќе прекинат соработка со нас ако не им дадеме друг полнач. Ми падна чудно веднаш ги побарав претпоставените од фирмата во којашто работи, за што ми рекоа дека тој сервисер веќе не работи кај нив, поим немаат за случајот и дека лажно се претставува во нивно име. Нема приложено никакви документи нити доказ дека тоа е купено од нас. Уште капак на се, го објавува јавно на форум и тоа не лично туку преку друг член на форумот.

Секогаш стоиме позади продаденото, никогаш не сме одбиле гаранција особено за рефурбишед компјутерите зошто ние ги увезуваме. Клиенти добиваат подобра гаранција од нови компјутери се даваат замени во најбрз рок. Рефурбишед лаптопите голем дел доаѓаат со компатибилни полначи, ги продаваме како што ги добиваме и гаранцијата важи на сите подеднакво. Проверивме неделава, немаме ништо вакво слично со ниеден лаптоп од залиха. И да имало ваков случај, полначот работел и ако имало проблем во гарантен рок сигурно ќе бил заменет.

На крај, темава е внимавајте на ДД-Ком, само не знам кој на кого треба да внимава. Да се претставуваш во име на фирма во којашто не работиш може кривично да се одговара. Имајте на ум дека работодавачи ја читаат темава и комуницираат меѓу себе за референци кога треба да вработат некој. Нека не ве чуди на крај ако сте одбиени на интервју за работа, а сте имале подобри технички квалификации од конкурентите.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Се согласувам со идејата за преименување на темава. Треба да има ист третман како и сите други. Има и негативни и позитивни искуства. Средено.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Имајте на ум дека работодавачи ја читаат темава и комуницираат меѓу себе за референци кога треба да вработат некој. Нека не ве чуди на крај ако сте одбиени на интервју за работа, а сте имале подобри технички квалификации од конкурентите.
Знаеш дека ова што го пиша е противзаконски така?

Социјалните мрежи, форумите и другите средства за комуникација не смеат да влезат формално во процесот на регрутирање, освен доколку е релевантно за самата позиција согласно вештините и квалификациите кои се бараат.

Работодавач ако даде референца базирано на форум, а потоа тој кој ја побарал референцата формално го нотира тоа како причина за одбивање, вие сте тие кои ќе добијат казна согласно законот.
 
Кога ќе бараш твојот партиски лидер да те вработи на државно може да е противзаконски, приватна фирма може да бара и услуги од гатачки ако сака и никој не може да ја казни.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Кога ќе бараш твојот партиски лидер да те вработи на државно може да е противзаконски, приватна фирма може да бара и услуги од гатачки ако сака и никој не може да ја казни.

Прочитај си член 25 од Законот и не ми досаѓај повеќе за работи за кои не си компетентен. Не ти ја кажувам точната бројка, бидејќи се правиш многу паметен по форуми, сигурен сум дека ќе си ја сфатиш сам.

За ова второво ќе те пријавам, ако ти се дискутира аргументирано (а ќе те потепам со аргументи бидејќи ми е истражено до точка) слободно продолжи.
Мислењето е автоматски споено:

Не разбрав кој дел е незаконски, работодавачите да читаат форуми или да си прават муабет за вработените?!
Работодавец не смее ФОРМАЛНО да референцира дека некој пост на ИТ ФОРУМ е причината поради која кандидатот X не е одбран, доколку тоа не се засегнува со квалификациите и способностите за работното место.

Евалуацијата на кандидати за одредена работна позиција не смее да биде според аспекти кои не се во непосредна врска со работната позиција.

Темата е нормално „сива зона“, како обврската да се објавува плата во јавни огласи, но од правен аспект е целосно покриено во законот. Не дека некој директно ќе настрада бидејќи ќе треба во процесот да пишува одредена причина за одбивање во стил „Одбиен бидејќи навива за AC MILAN", но за паметњаковичи на форум барем е црно на бело.

Инаку во сите развиени земји си има пракси - The Legality of Social Media Screening: An Overview

П.с. Како и сите закони, скоро секој член е оставен на дополнителна интерпретација. Ако нурнете во одредени истражувања (од правници, научни истражувачи и сл.) ќе забележите јасни насоки за легалноста или нелегалноста на проверки на социјални мрежи (иако ова е во контекст на пошироката природа на проверки кои се неповрзани со работната позиција).
 
Последна промена:

kolesk

lurker
6 февруари 2016
763
1.182
Да се претставуваш како сервисер, во фирма, во која не работиш, па уште и да кажуваш дека ќе се прекине соработка со ддком, ми е малку, тинејџерски потег. Да не речам, зелен потег. Па и лична достава, заради немање време, а има време да го однесе кај Даниел.
Се надевам дечкото има помалку од 22години.
 
Тинејџерски со примеси на Психомодо Поп.
А потегот на Даниел каков е?
 
Diablo

hello world
5 ноември 2014
92
166
Да се претставуваш како сервисер, во фирма, во која не работиш, па уште и да кажуваш дека ќе се прекине соработка со ддком, ми е малку, тинејџерски потег. Да не речам, зелен потег. Па и лична достава, заради немање време, а има време да го однесе кај Даниел.
Се надевам дечкото има помалку од 22години.
Затоа не треба да се земе здраво за готово секој пост. Има луѓе кои само за да наштетат, измислуваат и прават глупости.

Но Тука реално мислам дека наседна Даниел највеќе. Некој му донел полнач и го насамарил да зборува.
Му имам носено лаптоп порано и ок дечко е.
Но што му требаше да изиграва детектив во случајов, стварно не разбирам.

Испадна Даниел будала на крај. Без навреда, ама така ми делува мене.

Исто сметам дека треба на форумов да има повеќе теми од областа на ИТ, а не вака турски сапуници.
 
Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.290
11.809
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Испадна Даниел будала на крај.
Така и се чувствувам. Толку од мене поддршка за корисниците на форумов, им посакувам среќа на сите и тоа е тоа. Веќе информации од мене не гледа никој.
 
Маша

user
24 април 2007
1.052
2.828
Да ти пуштам бројче од Даниел, па исплачи му се на рамо...:sneaky:
Плачете си вие. Мене не ми треба ништо од него.

Да беше фраер ќе се извинеше човечки. Не да ми изиграва жртва сега. Ете оставив простор дека можда сум грешка во проценката, ама за жал само ми се потврди. Ти колку сакаш величи го и брани го, респектот од 0 отиде во минус.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.555
19.229
толку од сапуницава
Не си заминувај.
Ќе има твист во причава 100%
Авид сеуште се нема појавено, затоа.

Кога ќе се вклучи Буразер во дискусијата ете тогаш е време за заминување. Слушај го Флегма па пати!
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.492
Скопје
Оваа како сестра на Авид да му е.
А тоа треба да е нешто лошо? Јас сум бајче/пајче.
Машенка е златна и испадна дека е во право.
Камо да имав сестра како Машенка. Ама си ја имам како многу блиска <3

Не ми се допаѓа целава ситуација и влошувањето на меѓучовечките односи но ќе преживееме.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв