• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Fiverr од А до Ш

D3N1EL

Practice makes perfect
10 август 2010
2,907
1,497
Нижни Новгород, Русија
D3N1EL's setup  
Processor & Cooler
I3 3220 | Stock
Motherboard
Asus P8Z77m-PRO
Storage
Kingston A100 128GB, WD 500GB Cavier Green
PSU
Aerocool VX-650W
RAM
2x Kingston CL9 HyperX Blu 4GB
Video card
Asus AMD 7750 1GB
Case
CoolerMaster Elite 430
Mouse
A4Tech G10-810F
Keyboard
Logitech K270
Audio
AKG K518 DJ
Monitor
LG Ultrawide 25UM58-P
OS
Windows 10
jQuery ти е библиотека, базирана на JavaScript, соодветно:
Втора брзина ти е HTML/CSS, трета JavaScript, четврта jQuery. Моjот совет е да учиш JS пред jQuery (доколку си се решил), а уште подобро наместо таа библиотека да земеш да научиш React/Vue (или Angular, но не е библиотека, а фреjмворк).

Со тоа ќе се стекнеш и со професиjа. Како и да се решиш, првин JS па после jQuery/React/Vue/Angular/Ember/Svelte.

бонус: После JS, можеш и TypeScript да фатиш, коj паралелно се учи со React/Vue (за Ангулар е обавезен), но ако имаш искуство со било коj типизиран програмски jазик, нема да имаш проблем.
 
Jackie

Intern
7 февруари 2020
16
3

Фала друже на објанувањето, ќе го земам во предвид твоето мислење. Е сега уште едно прашање, бидејќи Html и Css ми се доста совладани може ли на Fiverr да се најде некој ситен проект кој ги бара Html i Css или сеуште да не се чепкам таму?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
liongreen

Intern
16 јуни 2018
2
0
Струга
Дај да видиме што проекти имаш и можеш да совладаш инаку ако знаеш солидно хтмл и цсс можеш слободно да чепкаш на fiverr. :)
 
D3N1EL

Practice makes perfect
10 август 2010
2,907
1,497
Нижни Новгород, Русија
D3N1EL's setup  
Processor & Cooler
I3 3220 | Stock
Motherboard
Asus P8Z77m-PRO
Storage
Kingston A100 128GB, WD 500GB Cavier Green
PSU
Aerocool VX-650W
RAM
2x Kingston CL9 HyperX Blu 4GB
Video card
Asus AMD 7750 1GB
Case
CoolerMaster Elite 430
Mouse
A4Tech G10-810F
Keyboard
Logitech K270
Audio
AKG K518 DJ
Monitor
LG Ultrawide 25UM58-P
OS
Windows 10
Фала друже на објанувањето, ќе го земам во предвид твоето мислење. Е сега уште едно прашање, бидејќи Html и Css ми се доста совладани може ли на Fiverr да се најде некој ситен проект кој ги бара Html i Css или сеуште да не се чепкам таму?

Sent from my iPhone using Tapatalk
Пробај, нема да изгубиш ништо
 
Thomass

Intern
26 јули 2017
39
2
@TheMarshal
Дека ми кажа да го поставам прашањето јавно, тоа што те прашав во ПП, еве ќе го поставам тука.
Значи, од работите што можам да ги понудам на fiverr се data entry (препис на документи, онлајн пребарувања и слични работи од data entry field);
Fitness: од тренинг програми до диети и суплементација (плус на ова би му додал и медицинска позадина оти сепак и тоа студирам).

Прашањето ми беше дали и како може да се пробијам на fiverr со овие работи што можам да ги работам, чисто за кирија да си платиш :D
 
BadGirl007

Gaining Experience
3 октомври 2018
177
50

Тешко со Data Entry...
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,307
2,116
Тешко со Data Entry...
Не би рекол дека тешко, секогаш се бараат луѓе. Се зависи од тоа како ќе ги креира неговите гигови, како ќе се испромовира и да, дали алгоритамот ќе го избаци на првата страна.

Пример гигот може да му биде data entry специфично за бизниси поврзани со медицина. Има доста опции, само треба да си размисли сам.
 
Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
123
227
Скопје
davorminchorov.com
Здраво. Нов сум на фоумот и сега ги читав Вашите статуси во врска со Fiverr па сакам да Ве прашам неколку прашања, нормално ако имате можност да ги одговорите, а со тоа би ми помогнале многу. Значи повеќе од 7 месеци активно учам и посветен сум на работа со Html Css Jquery, а пред 1 месец почнав активно да учам Javascript. Курсевите ми се од Udemy и туторијали од Youtube, csstrick, stackoverflow, w3schools итн. Би ве прашал дали е паметно да регистрирам профил на Fiverr и да почнам да барам некој проект, нормално за ситни пари, пошто досега сите проекти кои сум ги изработувал биле лично за мене (пракса). Дали ова време кое ми е поминато од 7 месеци активно учење и седење пред компјутер по 10-тина саати дневно е доволно да се почне со Fiverr или сеуште е рано. За Upwork не прашувам бидејќи гледам дека темата е поврзана со Fiverr. Ако може совет од Ваша страна во врска со горенаведеното.
Ви благодарам однапред, и Ви се заблагодарувам за одвоеното време.
Поздрав и имајте убава вечер
Јас би ти препорачал да почекаш со freelance кариера додека не собереш неколку години искуство во неколку фирми, најдобра опција ти е да работиш во стартапи или аутсорсинг компании каде што поголемиот дел од времето ќе го поминеш на feature development кој што ќе ти помогне да побрзо собереш искуство за да работиш самостојно, затоа што како freelancer не знаеш дали ќе работиш сам или со некој друг и ако не успееш да се снајдеш сам, ќе ти биде многу тешко. Избегавај работење во корпорациии или на корпорациски проекти, тие се корисни за понатаму во кариерата да учиш понапредни работи.

Што се однесува до учењето, фокусирај се повеќе на практични проекти, прво почни од свој личен сајт за да научиш што и како се очекува од тебе како девелопер да работиш секојдневно а потоа можеш да седнеш и да си развиеш своја идеа за понатамошно доусовршување пред да најдеш работа. Курсеви од Udemy е супер само што треба да знаеш од кој да учиш и што учиш. Academind by Maximilian Schwarzmüller | Online Education| Udemy е најдобриот инструктор што го знам и почитувам од udemy, не знам други инструктори на оваа платформа.

Доколку сакаш да стигнеш до висока плата и да бидеш ѕвер девелопер, единствена работа што можеш да ја направиш на почетокот во кариерата е да работиш дополнително и да не се замараш многу за парите додека не се осетиш дека знаеш доволно и дека немаш доволно предизвик во таа фирма / на тој проект, да добиеш знак дека е време за промена и повисока плата. Не заборавај дека за секоја плата ќе мора да се докажеш колку знаеш и дека треба да ги импресионираш работодавците / клиентите за да одиш нагоре.

Учи кој јазик или алатка или технологија сакаш, само избегавај Wordpress, тоа нема да те научи на квалитет, па дури и да ти даваат 1000 евра затоа што тоа што екосистемот и начинот на кој што се работи со Wordpress е заглавен и нема да ги научиш важните работи во програмирањето како OOP и други напредни техники.
 
Последна промена:

D3N1EL

Practice makes perfect
10 август 2010
2,907
1,497
Нижни Новгород, Русија
D3N1EL's setup  
Processor & Cooler
I3 3220 | Stock
Motherboard
Asus P8Z77m-PRO
Storage
Kingston A100 128GB, WD 500GB Cavier Green
PSU
Aerocool VX-650W
RAM
2x Kingston CL9 HyperX Blu 4GB
Video card
Asus AMD 7750 1GB
Case
CoolerMaster Elite 430
Mouse
A4Tech G10-810F
Keyboard
Logitech K270
Audio
AKG K518 DJ
Monitor
LG Ultrawide 25UM58-P
OS
Windows 10
Имаме разно искуство изгледа. Аутсорс и стартап компании, кои во приоритет им е квантитет и брзина пред квалитет e доста лошо, и поголема е вероjатноста да научиш лоши работи.

Од искуство, програмерите што биле долго време во аутсорс компании и преминуваат каj нас, првите месеци им поминува ужасно на code review.
 
Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
123
227
Скопје
davorminchorov.com
Имаме разно искуство изгледа. Аутсорс и стартап компании, кои во приоритет им е квантитет и брзина пред квалитет e доста лошо, и поголема е вероjатноста да научиш лоши работи.

Од искуство, програмерите што биле долго време во аутсорс компании и преминуваат каj нас, првите месеци им поминува ужасно на code review.
Зависи од стартап до стартап, некои ти даваат ептен голема слобода да правиш што сакаш и немаш code review или пак организација а во други ја имаш таа можност да учиш во организиран тим.

Јас лично имав шанса да научам многу работи од курсеви онлајн и тоа ми помогна да можам да разберам што е лошо а што не уште пред да влезам во фирма и да бидам практикант.
 
Последна промена:

Max92

Intern
25 октомври 2014
2
0
Здраво дечки, работам на Фивер неколку месеци, па ме интересираше тие што сте поуходани во фриленсот, ако може да ми кажете што е најдобар начин за вадење на парите, што се се плаќа, такси итн. Фала :D
 
Anungunrama

Gaining Experience
5 февруари 2019
86
81
Здраво дечки, работам на Фивер неколку месеци, па ме интересираше тие што сте поуходани во фриленсот, ако може да ми кажете што е најдобар начин за вадење на парите, што се се плаќа, такси итн. Фала :D
Лесен одговор - Payoneer. Аплицирај си, побарај си картичка, и немаш гајле. Неколку години работам така.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,680
Мислења
830,412
Членови
28,684
Најнов член
Doroti
На врв Дно