Смеат, како не смеат. Само (ако се расипани) нема да полнат. Баш вчера испразнив (ненамерно) Efest purple до 2,1 V и се наполни и продолжив да си ја користам. Генералната препорака е да не се празнат под 3,3 V, а крајна граница е 3,0-2,9. Под тоа е ризик.
Edit: Ама ако си ги користел претходно, односно ти си ги испразнил. Не се препорачува да оживуваш непознати (на пр. вадени од лаптоп). Тие со повеќе искуство нека кажат зошто...
Една работа е доколку забележиш дека си претерал со празнење на батеријата и потоа истиот ден ја наполниш. Си направил штета, ама не е ништо страшно. Сосема друга работа е ако некоја батерија седела пола година под препорачаниот напон... тогаш е за фрлање.
Инаку секоја батерија си има свој праг на толеранција за празнење. Ефестот што го имаш е 2.8 волти, повеќето од Панасоник можат да се празнат до 2.5 волти итн. Тука е и трикот со капацитетот на Панасоник батериите, имаат поголем капацитет од другите произведувачи, но за да го добиеш треба да ги празниш до 2.5 волти, а повеќето уреди не дозволуваат празнење под 3 волти.