Првични мои согледувања за Eleaf iPower 80W.@krema дај кажи некој збор за иповер 5000mah,напрај споредба со модови кој користат надворешни батерии.
Претпоставувам дека повеќето од вас го имате, но ете и јас да си кажам нешто.
Ергономски е добар, дисплејот онака како уште првите ајстиковци, неговиот фирмвер просечен, изработката солидна и не е премногу тежок за носење.
Како сабом корисник (дробџија) и мое умерено вејпање можам да поминам солидно цел ден со едно полнење, но искрено ја нема таа моќ како што ја има било кој мод со две солидни батерии.
Првото полнење на батеријата траеше околу 7 саати и нешто, нарочно го уклучив и USB докторот за да видам каков резултат ќе ми даде (треба да напоменам дека не ми текна одма да го пуштам преку докторот па претходно се полнеше едно 10 минути без доктор).
Резултатот излезе изненадувачки добар, 4829mAh и плус десетина минути без доктор се приближува до онаа рамка како што декларираат 5000mAh, ајде давам и некоја толерација за не толку прецизен доктор, но и да е 4500mAh пак е добро.
Полнењето одеше со 0.9А (таков ми е полначот
За MTL вејп e одличен, така да имате моја препорака за оние кои сеуште го немат овој мод а и не е толку скап, мене ќе ми служи за бекап варијанта во недостаток на 18650 батерии.
Доколку нешто испуштив слободно прашајте.
И еве го со гаќи и Kylin кој ми легна како мелем на рана.
И без гаќи
Последна промена: