Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
50-тина долар е буџет класа, инаку јас сум релативно задоволен од спомнатиот Екен ха9. Нема имиџ стабилизација, тоа му е најголемата маана. Сензорот е просечен ама подобар од мноштовото други евтини кинези (од кои некои се ужасни). Батеријата не држи многу, ама можеш да си земеш и додатна. Обично иде во пакет со куп додатоци како водоотпорно куќиште, држачи за различни делови од телото, итн. Ќе ти треба од старт да си нарачаш и пливачки/плутачки држач (долар-два од Али) и некое убаво ташниче, на пр. мало во облик на камерчето.
Не е нова камера, така да точно знаеш што можеш да очекуваш од неа. Има куп ревјуа. За тие малку пари не знам дали во овие 2-3 години се појавило нешто подобро.