Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

[Очајни Домаќинки] Совет за душек за кревет

Fidan

hello world
18 април 2017
143
148
Дечки, едно прашање, дали некој има искуство со овој душек

Се работи за Комодита Хибрид, или општо за комодита душециве, ме интересира квалитетот дали е нормален.
Конкретно кај овој малце ми е сомнителен попустов од 71%, бев го видов пробав, ок личи, ама ако го има некој да сподели искуство би било добро
некој нешто? :unsure:
 
civikom

hello world
17 декември 2011
272
245
Попустот сигурно е дека е нестандардна димензија 160x190, иначе генерално од Комодита никогаш не би зел душек а поготово во овој состав со ПУ Пена и Мемори пена.Добар и квалитетен душек 200x90 pod 25 30 илљади денари немаш кај нас.
Ова Комодита или Дормео сто продаваат кинески сунгери за луѓе што не се разбираат е само реклама и маркетинг.
 
Од Дормео искрено јас сум задоволен, моментално душекот што го користиме е дормео и е стар скоро 17 години. Нема изгубено форма, сеуште си е тврд и ок, сакам да го сменам чисто од шубе дека е стар веќе. Моментално дормеото се многу скапи, па викам да побарам друга опција
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Другари препорачајте душек.

Тековниов од Симпо го земав. Не е лош за спиење. Но по 5 години веќе се вдлабна.

Гледам земаат дормео, ги фалат пердормире а најмногу извикани се магнифлекс. Но последниве се некако премногу скапи во однос на другата понуда. А сепак душеците им се со мемори пена. Што може и не е лошо. Ама еве на темава порано беа фалени душеци со пружини и сл.

Дали Нетам се сеуште добри?
 
Немој само со Мемори и ПУ пена да купуваш.
Гледај во составот да има ХР пена или Латекс.
Што се тиче Нетам имам од кај нив купено душек и после неколку години не сум многу задоволен.Имаат добри материјали ама завршната обработка не им е на некое високо ниво.
Тоа Dormeo i Comodita не ни погледнувај ( тешки маркетинг шкартоини)
Моментално нарачав душек од Прима мебел ( Еко Медикал) кој беше на акција, ама еве го чекам еден месец да ми стигне уште го нема.
 
Атачменти

  • eko_medical_karakteristike_piktogrami_1_5-1.jpg
    eko_medical_karakteristike_piktogrami_1_5-1.jpg
    64,1 KB · Прегледи: 38

dino

lurker
5 јули 2009
663
249
Немој само со Мемори и ПУ пена да купуваш.
Гледај во составот да има ХР пена или Латекс.
Што се тиче Нетам имам од кај нив купено душек и после неколку години не сум многу задоволен.Имаат добри материјали ама завршната обработка не им е на некое високо ниво.
Тоа Dormeo i Comodita не ни погледнувај ( тешки маркетинг шкартоини)
Моментално нарачав душек од Прима мебел ( Еко Медикал) кој беше на акција, ама еве го чекам еден месец да ми стигне уште го нема.
Што е лошото со мемори пената, и зошто да има ХП пена или латекс?
 
civikom

hello world
17 декември 2011
272
245
Што е лошото со мемори пената, и зошто да има ХП пена или латекс?
Што е полиуретанска пена (PU)?
Полиуретанската пена е производ создаден со хемиска реакција на полиол и изоцијанид, со присуство на адитиви. Производот не е штетен за животната средина или за луѓето. Тој е еден од основните материјали за изработка на душеци. Карактеристиките на полиуретанската пена се различни волуменски густини и цврстина, како и отпорност на стареење и инсекти.

Мемори пена е вештачка вискозна еластична маса направена од милијарди клетки со отворена структура во форма на мали меурчиња кои реагираат на притисок и температура. Мемори пена е вид полиуретан добиен со реакција на полихидроксилни полиоли (на пр. поликаролактон диол, 1,4-бутанедиол) и диизоцијанати (толуен диизоцијанат и дифенилметан диизоцијанат). Овие производи вклучуваат и катализатори, сурфактанти, пигменти и вода. Меморијата обезбедува неверојатна сензација без прекумерен притисок, докажано дека ја подобрува циркулацијата на крвта за време на спиењето, обезбедува сензационално чувство на бестежинска состојба и обезбедува мирен сон без непотребно будење и прекумерни движења. Клучниот параметар за квалитет е волуметриската маса во kg/m³, односно густината на пената (покрај тврдоста изразена во kP). Густината не е мерка за јачина, туку мерка за квалитет. Мемориската пена што се користи во производството на системи за спиење е класифицирана во неколку категории според густината, така што 40 kg/m³ спаѓа во основната мемориска пена, 50 kg/m³ висок квалитет, 60 kg/m³ супер висок квалитет, 80 kg/m³ премиум Квалитет. Температурната чувствителност на мемориската пена е карактеристика што често се критикува, меѓутоа, температурната зависност на мемориската пена е токму она што, покрај густината, ја прави разликата помеѓу квалитетната мемориска пена и просечната мемориска пена. Термо-чувствителноста всушност ја прави мемориската пена толку уникатна, бидејќи по легнување на душекот, температурата на телото почнува да влијае на душекот, што го прави помек на местата со највисока температура. Вистинската мемориска пена е изненадувачки тврда при ниски температури.

HR, „ладно лиење“ или „High Resilient“ пена, е еден од најквалитетните материјали што се користат во индустријата за душеци со нагласени ергономски ортопедски својства. HR пената обезбедува одлична потпора на телото благодарение на постигнатата висока еластичност врз основа на структурата на отворените ќелии. Поради структурата на отворени ќелии, HR пената има зголемена мекост, поголема удобност и еластичност, подобра дишеност и зголемена издржливост во споредба со PU пената.

Латекс е мешавина од сок од гумени дрвја и гума. Има природен и синтетички латекс. Природен латекс, или сок од гума, мора да се додаде синтетички за да може да се користи во индустријата за душеци. Поентата е во односот на овие супстанции. Можно е да се добие 100% природен латекс, но не е употреблив за овие цели. На пазарот, душеците со латекс се меѓу најскапите поради скапиот технолошки процес на производство на овој материјал. Во Европа има само 6 фабрики за овој материјал, а од една од нив купуваме и латекс. Ако се каже дека латексот во душекот е природен, тој има сооднос од приближно 85% природен и 15% синтетички латекс, а тој душек чини и до неколку илјади долари. Душеците кои имаат синтетички латекс имаат сооднос од околу 70% синтетички и 30% природен. Предностите на латексот како материјал во душеците се многубројни: издржливост, ортопедска поддршка на телото, рамномерна распределба на притисокот, голема флексибилност, антиалергиски материјал и дишливост.
Предности на латексот - внатрешната структура на латексот се состои од отворени ќелии со милијарди минијатурни воздушни меури и гумени молекули кои реагираат како безброј микроскопски пружини, давајќи му на латексот својство на високо еластичен материјал, ненадмината еластичност и способност рамномерно да го распределува притисокот. што на телото му обезбедува оптимална поддршка за време на спиењето. Латекс пената е антибактериски материјал во кој нема габи или било какви микроорганизми, а при неговото производство не се користени пестициди. Благодарение на отворената динамична структура на латексот, латекс душекот обезбедува нормална циркулација на воздухот и добра спроводливост на влага, пријатно дише и оптимално ја регулира климата за спиење.

Ознаки на пените! На пример PN3540.
Првите два броја „35“ ја одредуваат специфичната густина или тежина на пената во еден кубен метар. Ако замислите една коцка пена што ја има оваа ознака, тоа значи дека оваа коцка 1x1x1 метар тежи 35 килограми. Оваа променлива е директно поврзана со цената на пената и логично е дека една исечена коцка од оваа пена PN3540 чини повеќе од пената со ознака PN2534. Густината може да се смета за еквивалент на квалитетот на пената бидејќи потешката пена е всушност пена со повеќе материјал што се користи за нејзино производство, што ја прави поиздржлива.
Другите два броја „40“ ја одредуваат неговата цврстина на компресија. Оваа информација е поврзана со чувството на цврстина и цврстина на пената и ја подразбира силата потребна за компресирање на пената до 40% во однос на почетната состојба - дебелина, а се изразува во Кпа-килопаскали. Значи, ако земеме слој од пена PN3540 со дебелина од 100 cm, потребна е сила од 4 Kpa за да се компресира на 40 cm. За луѓето кои претпочитаат поцврсти влошки за спиење, пената со висока цврстина на компресија би била логичен избор.
Третиот параметар кој не е спомнат во техничките информации за пената е терминот „трајна деформација“. Кога пената се тестира со уредот и се одржува компресирана до 40% (100 cm на 40 cm) 48 часа по ослободувањето во првобитната положба, се мери отстапувањето по враќањето на пената во првобитната положба.
позиција во однос на почетните 100 cm. Оваа информација всушност ни кажува колку пената се деформирала и колку изгубила во висина. Пените произведени во нашите капацитети имаат трајна деформација од 1-2% (на пример, 100 cm почетно задржување на 40%, во интервал од 48 часа губи 1-2 cm висина), додека трајната деформација дозволила висока -квалитетните пени е 4% во индустријата за производство на пена. За да се компресира пената до 40% од почетната дебелина, потребна е екстремно голема сила на притисок, а во услови на употреба и експлоатација на пената за душеци, односно спиење, трајната деформација на нашата пена дефинитивно може да се смета за занемарлива. .
 
Starr

hello world
30 декември 2017
155
81
Другари препорачајте душек.

Тековниов од Симпо го земав. Не е лош за спиење. Но по 5 години веќе се вдлабна.

Гледам земаат дормео, ги фалат пердормире а најмногу извикани се магнифлекс. Но последниве се некако премногу скапи во однос на другата понуда. А сепак душеците им се со мемори пена. Што може и не е лошо. Ама еве на темава порано беа фалени душеци со пружини и сл.

Дали Нетам се сеуште добри?
Кој душек од Симпо го имаш? Моментално има попуст се мислам за Виола
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150

Starr

hello world
30 декември 2017
155
81
Тој од симпо се вдлабна и го фрлив. Земав сега од Југоекспорт:

Вака добар е. Ќе видиме како ќе се покаже на подолг рок.
Убаво изгледа, само пресек не можам да видам? Дали е двостран, тврд или мек? Со здравје да си го служиш. Во ред само кој беше од симпо да знам кој не чини, името
Мислењето е автоматски споено:

@civikom во потрага сум по нов душек, овој не се покажа што го зедов. Предлог за 2025 што е добро? 120×200, со џепно јадро. До кај 18.000 ден нешто, премногу има избор и не знам веќе што да одберам
 
Последна промена:

Благодарам подобар да си купиш.

Едностран со џепни јадра. Тврд. Висок е 28 цм. Хотелски. Се продава и во Словенија:

Не можев ни јас да најдам пресек.

Душекот од Симпо беше модел Grand. Така стои во фактура.
 
Starr

hello world
30 декември 2017
155
81
Последна промена:

civikom

hello world
17 декември 2011
272
245
@civikom Како си задоволен од душекот? Моментално има попуст 50% во Прима гледам на нет. Но овој баш Еко медикал не постои?
Што мислиш за овие?

Овој е замена за Еко Медикал, го купив 200×90 и ме изненади колку е удобен.Сега за сега топ душек.
 
Starr

hello world
30 декември 2017
155
81
Оди вo Алмак и испружи се на Royal Dream. Го земав пред 1-2 месеци кога им беше роденден со 20% попуст, од 31к на 25к за 180*200. Овој им е флегшип, висок е 28цм и му даваат 10 години гаранција.
Бев решен да зимам душек само со мемори пена, без џебни јадра, ама жената ме разубеди и паралелно лежев на Малдиви само со мемори пена и овој Ројал Дрим со џебни јадра и мемори пена на површина, облечен во мек микрофибер. На мемори пената ѝ треба повеќе време да се врати во првобитната состојба додека џебните јадра инстантно ја ресетираат формата.

Исто и јас спијам на страна и долго време (5+ години) спиев на тврд душек и кога станував ме болеше грбот 95% од времето. Со овој ми се среди болката и дури 50% од времето спијам без перница од шо ми е комфорен..
Одличен душек за парите (и гаранцијата) а особено ако го нагазиш со 20-30% попуст. Пробај ги двата на лице место и биди си раат.
Како си задоволен од Ројал Дрим душекот? Монетално се на попуст се мислам
Мислењето е автоматски споено:

Овој е замена за Еко Медикал, го купив 200×90 и ме изненади колку е удобен.Сега за сега топ душек.
А за овие што мислиш како наш експерт на темава? :) Те молам зирни. Да го искористам попустов а и мојот душек се вдлабна насредина (а го купив лани, за убав и не баш евтин)
Затоа сега повнимателно, еве ивие успеав да ги најдам до околу 20.000 за димензии 120на200

Последна промена:

civikom

hello world
17 декември 2011
272
245
Како си задоволен од Ројал Дрим душекот? Монетално се на попуст се мислам
Мислењето е автоматски споено:

А за овие што мислиш како наш експерт на темава? :) Те молам зирни. Да го искористам попустов а и мојот душек се вдлабна насредина (а го купив лани, за убав и не баш евтин)
Затоа сега повнимателно, еве ивие успеав да ги најдам до околу 20.000 за димензии 120на200

Алмак ги прават еднострани и тоа е најголема мана и треба да се дупло поефтини (затоа не ги гледам)
Секој душек треба во живо да се проба и види.
Додека не видам на проспект или во живо пресек на душек како да им верувам на збор.
Јас си преферирам џебно јадро со ХР пена или Латекс само.
Мемори и ПУ пени не сакам бидејќи не диши душекот и потат.Пожелно е и навлаката да се вади и пере.
За во Прима не се секирај нон стоп им се со 50% попуст душеците зашто се нереално скапи.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.164
3.213
Струмица
Како си задоволен од Ројал Дрим душекот? Монетално се на попуст се мислам
Веќе трета година ќе му дојде нема ништо попуштено, мек удобен и одличен за парите. Цената како шо гледам е истата уште јас кога го земав, ама со оглед на инфлацијата последниве 2 години, цената е екстра.
Го ротирам на 2-3 месеци (глава ~> нозе), баеги е тежок и мора двајца да ротираат.
Задолжително да легнеш да го пробаш пред купување, секој има различен вкус за удобност.
 
rotkiv

hello world
5 јуни 2016
106
131
Куманово
Здраво на сите, барам душек па наидов на темата. По прочитаното, дефинитивно би се одлучил HR пена. Дали имате препорака за некој 90х190 душек? Буџетот ми е до 18к. Исто така ме интересира ако знае некој да препорача латофлекс рамка, прочитав дека помага доста за душекот и телото.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно