DonFrozex
user
- 9 јуни 2011
- 1.412
- 1.643
Наменски би бил, за купување недвижност.Треба да бидеш поспецифичен, дали е наменски кредит или потрошувачки? За твоето сценарио можеби и кредит обезбеден со депозит ти брка работа а не знаеш.
Потенцирај намена и до која сума ти треба?
Не спомена дали си вработен во мк компанија.
Генерално, сите банки ги имаат условите, тарифниците и кредитите објавени на сопствената веб страна.
Освен маркетиншки потенцираните стапки, треба да внимаваш и на променливите стапки, дополнителните барања од типот на полиси, осигурувања, покритие на кредитот и вкупната стапка. Во принцип, индикаторот што треба да го бараш, што понизок СВТ тоа подобар кредит. Ова во совршени услови. Ако не си кредитоспособен, тогаш не секоја банка има продукт за тебе.
Ова со кредит со депозит ми е малце контрадикторно, но го имам прочитано и порано.
Ако јас веќе го имам кешот - зошто би ми бил потребен кредит? Чисто за „перење“ на кешот или што?
Ми нема поента да платам Х проценти камата на моите пари што ги имам.
Но веројатно имам промашено нешто, така да ако знаеш како/зошто функционира ова - те молам сподели.
п.с. не сум вработен во МК фирма, но примам месечни уплати на МК девизна сметка.