Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Звучна изолација на ѕид

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
@triki123 глеам дека си арогантен и сакаш да докажеш нешто ама ништо паметно не си кажал во темава . Убаво што се исклучуваш.

Никој нема да се навреди, само сепак треба да ги послушаш советите - такви поединечни панели нема да бидат доволни, треба комплетно цел ѕид да се изолира, а можеби и повеќе од тоа.
Нема веќе да ти додевам, толку од мене.

Еве некој се навреди одма после тебе . Ти ги послушав сите совети до сега, мислам дека ова ќе биде доволно зашто ке абсорбира дел од звукот .Собата има само маса и еден кревет значи човекот е право со теписи и такви ствари . Ако има повеќе ствари да абсорбираат звук значи ке има помалку звук што ке оди во другиот стан .
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
Ако некој исто бара решение за вакво нешто јас земав еластомерен каучук . Околу 420 денари е м2 13 мм дебелина .Од Гостивар ми го донесоа , ако некој е заинтересиран пишете ми порака за број .
Материјалов е лесен за местење има лепак од една страна за директно на ѕид .Не е запаливо и не прима вода и не изгледа лошо и да се остави така на ѕид .
 

Атачменти

  • 138947294_426102872044915_2739232679691189692_n.jpg
    138947294_426102872044915_2739232679691189692_n.jpg
    194,4 KB · Прегледи: 361

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.157
16.247
Ако некој исто бара решение за вакво нешто јас земав еластомерен каучук . Околу 420 денари е м2 13 мм дебелина .Од Гостивар ми го донесоа , ако некој е заинтересиран пишете ми порака за број .
Материјалов е лесен за местење има лепак од една страна за директно на ѕид .Не е запаливо и не прима вода и не изгледа лошо и да се остави така на ѕид .
Одлично испаднало.
 

1s3ct0wN

hello world
18 септември 2013
447
416
Колку е ефикасен?

Ако некој исто бара решение за вакво нешто јас земав еластомерен каучук . Околу 420 денари е м2 13 мм дебелина .Од Гостивар ми го донесоа , ако некој е заинтересиран пишете ми порака за број .
Материјалов е лесен за местење има лепак од една страна за директно на ѕид .Не е запаливо и не прима вода и не изгледа лошо и да се остави така на ѕид .

Испратено од HRY-LX1 преку IT.mk форум апликација
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
За гласно зборење да не кажам викање не се слуша у другиот стан . Сакав со музика да пробам немав време сабајле ке пробуваме вечер па ке ти кажам .
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
Тестиравме и со доста гласна музика многу малку се слуша .Доста ефикасно е за тие пари.
 

Perdita_Durango

hello world
13 декември 2020
105
73
Околу 420 денари е м2 13 мм дебелина.
Го има како табли ролни различни димензии или? Ради димензиите и начинот поставување како може да се комбинира да пробам да сплескам нешто
Од Гостивар ми го донесоа
Само таму го најде или?
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
Го има како табли ролни различни димензии или? Ради димензиите и начинот поставување како може да се комбинира да пробам да сплескам нешто

Само таму го најде или?

Не знам дали го има на друго место, мене ми го понуди чоек што бил таму го видел .Иначе ролна е метар широка на квадрат продаваат, не се табли .
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Материјалов е лесен за местење има лепак од една страна за директно на ѕид ....
Тестиравме и со доста гласна музика многу малку се слуша ...
Со среќа користење!
Мило ми е што ме послуша да го ставиш материјалот за изолација преку целиот ѕид (мој пост #49), вклучително и под масата. Само на тој начин се добива добра изолација - како што и самиот се увери.
 

Molec

user
18 мај 2011
1.434
2.246
За гласно зборење да не кажам викање не се слуша у другиот стан . Сакав со музика да пробам немав време сабајле ке пробуваме вечер па ке ти кажам .
Изолацијава функционира во два правци? Ако ја ставам на мој ѕид, нема да ме слуша комшијата или јас него?
И дали ја има во друга боја?
 
Изменето од модератор:

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
Изолацијава функционира во два правци? Ако ја ставам на мој ѕид, нема да ме слуша комшијата или јас него?
И дали ја има во друга боја?

Искрено не знам дали работи во два правци ,би требало ама неможам со сигурност да ти кажам. Јас тестирав само дали од кај мене ке се слуша . Нема друга боја има само различна дебелина.
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Изолацијава функционира во два правци? Ако ја ставам на мој ѕид, нема да ме слуша комшијата или јас него?
Дејството не е еднакво во двете насоки - поголемо дејство ќе има ако е сместено кај изворот на звукот (бучавата).
Односно, ако си ти тој што прави ѓурултија и ако материјалот е ставен кај тебе, тогаш твојот комшија ќе биде по-раат од тебе, отколку ти од него. :)
Мислењето е автоматски споено:

... Нема друга боја има само различна дебелина.
Препорачувам поголема дебелина.
 

Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.036
2.073
Скопје, Македонија
Искрено не знам дали работи во два правци ,би требало ама неможам со сигурност да ти кажам. Јас тестирав само дали од кај мене ке се слуша.
Ако не ви е проблем да пробате и обратно, па да споделиш искуство :)


П.С. Истиов пост го пишувам по втор пат, првиот пат некој ми го избришал, со објаснување „Офтопик“, па ако може да ми објасни момакот што го избришал што има Офтопик во прашањево? Се збори за звучна изолација на ѕид, прашувам за звучна изолација на ѕид, кога веќе го имаат монтирано, зошто да не пробаат и во обратен правец дали ќе изолира исто, дали ефектот ќе биде намален, и слично, едно е теорија, друго е реално да пробаат, и членот да сподели искуство.
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
... едно е теорија, друго е реално да пробаат...
Многу често може да се слушне (и прочита) вакво погрешно тврдење, за различни области. Зборот „теорија“, ако не се сфати пејоративно туку во вистинската, научна смисла, значи објаснување за некоја појава, цврсто поткрепена со факти од реалноста, без ниту еден исклучок. Инаку не би била Теорија.
Така, она што го напишав во постот #65 е Теорија (со големо Т) која реално е проверена и докажана во реалноста. (Всушност, обратно е - проверките во реалноста довеле до таа Теорија.)
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
Ако не ви е проблем да пробате и обратно, па да споделиш искуство :)


П.С. Истиов пост го пишувам по втор пат, првиот пат некој ми го избришал, со објаснување „Офтопик“, па ако може да ми објасни момакот што го избришал што има Офтопик во прашањево? Се збори за звучна изолација на ѕид, прашувам за звучна изолација на ѕид, кога веќе го имаат монтирано, зошто да не пробаат и во обратен правец дали ќе изолира исто, дали ефектот ќе биде намален, и слично, едно е теорија, друго е реално да пробаат, и членот да сподели искуство.

Не сум ги начекал комшииве да пробаме и обратно како ке биде . Ке видам викендов ке ти кажам
 

ZeroCool666

hello world
24 ноември 2020
78
19
Здраво, ме интересира каков е исходот од проектов? Дали значително ти се намали проблемот?
 

toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
Здраво, ме интересира каков е исходот од проектов? Дали значително ти се намали проблемот?
За гласно зборење да не кажам викање не се слуша у другиот стан . Сакав со музика да пробам немав време сабајле ке пробуваме вечер па ке ти кажам .
Тестиравме и со доста гласна музика многу малку се слуша .Доста ефикасно е за тие пари.
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
Еве @toplel ти завршил работа . Само пак да пишам ова е за од мојот стан во друг , не за галама од кај комшии кај мене .
 

Маша

user
24 април 2007
1.052
2.828
Еве @toplel ти завршил работа . Само пак да пишам ова е за од мојот стан во друг , не за галама од кај комшии кај мене .
Таман, да не се испоколеме по дома :) Со комшиите немам проблем туку со "внатрешниот непријател" :D Не сака да признае дека на мојот стејџ има подобра музика, па за децибелите се фаќа.
Вака залепи панелите и нека рока! ;)
 
  • лол
Реакции: Avid

ZeroCool666

hello world
24 ноември 2020
78
19
Еве @toplel ти завршил работа . Само пак да пишам ова е за од мојот стан во друг , не за галама од кај комшии кај мене .

Да, фала му на @toplel меѓутоа мене ме интересираше ти да кажеш дополнително искуство пошто гледам дека поминало време, Дали маалку се намалила галамата од комшиите во твој правец.
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
Со спална нивна граничам така да немам проблем јас со звук од кај нив .Затоа неможам да ти кажам дали помага и обратно . Треба да се носи озвучење кај нив у спална па да ти кажам дали помага или не .Ако некад тестирам така ќе ти пишам .
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно