Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Wise (Transferwise) - општа тема

Cypher

hello world
29 јули 2012
291
128
затоа помали такви суми со картичка се вадат, банк трансфер не е идеален за суми под 50 евра.
Знам дека немаме картичка во мк така да освен да чекаш поголема сума да збереш да вадиш, друго чаре нема баш.

Во врска со прашањето за дали да ги игнорираш, иди потполни си формуларот, 2 минути работа е. Откажување неверувам да има, и да се откаже провизиите сепак ќе ги повлечат
 
Pizdra

read-only
2 јули 2024
28
17

Мислиш на наши картички од нашите банки,кои се денарски,провиазијата би била помала?Инаку во однос на документот,дали има импликации ако не се отиде да се потполни?А гледав на WISE,дека имало опција да се каже дека имало грешка во праќање на сметка или слични работи,па да се одбие трансакцијата!?
 
Cypher

hello world
29 јули 2012
291
128
Мислиш на наши картички од нашите банки,кои се денарски,провиазијата би била помала?Инаку во однос на документот,дали има импликации ако не се отиде да се потполни?А гледав на WISE,дека имало опција да се каже дека имало грешка во праќање на сметка или слични работи,па да се одбие трансакцијата!?
мислев на Wise дебитна картичка, но не е достапна за Македонија.
За непотполнување на формуларот незнам да ти одговорам точно, само знам дека еднаш имав пари кои што 3 месеци немав потполнето таков формулар(бидејќи не бев во македонија) и после 3 месеци кога го потполнив ги прокнижија парите, значи цело време стоеја само непрокнижети.
Така да претпоставувам автоматски нема да ја вратат трансакцијата освен ти ако не им потенцираш.
Можеби не сум во право
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733
Мислиш на наши картички од нашите банки,кои се денарски,провиазијата би била помала?Инаку во однос на документот,дали има импликации ако не се отиде да се потполни?А гледав на WISE,дека имало опција да се каже дека имало грешка во праќање на сметка или слични работи,па да се одбие трансакцијата!?
Прашај да ги вратат парите затоа што е грешка, и додека не ги прокнижат мислам нема ништо да наплатат за повратот. Имаш на Wise некоја магија да направиш виртуелна картички (прогуглај на форумов) па плаќаш со неа. Или да ги пуштиш на некого што може да ги извади
 
Pizdra

read-only
2 јули 2024
28
17
Прашај да ги вратат парите затоа што е грешка, и додека не ги прокнижат мислам нема ништо да наплатат за повратот. Имаш на Wise некоја магија да направиш виртуелна картички (прогуглај на форумов) па плаќаш со неа. Или да ги пуштиш на некого што може да ги извади
Да,со првото така и направив,отидов во банка и им реков дека има гррешка и не ги примам парите,веднаш тоа го средија со документ,е сега ваму странциве се со празникот,па чекам да видам,нареднава Недела,дали задржале провизија.За ова втората опција ќе разгледам.
 
Tommy P

hello world
4 април 2011
99
95
По 2 години користење без било каков проблем, прв пат да имам сериозен, а по малку и глуп проблем со WISE. Имено, во четвртокот, пред околу 10 дена, ми стигна маил дека трансферот и понатака е на Hold, иако требаше во вторник, 2 дена претходно, да ги депонираат средствата.

Отварам маил, гледам се убаво, нема никаде ништо дека првично ме известиле за некој застој. Им пишав на live chat, и тука е прав руски рулет на каков лик ке налеташ, зашто некои поима немаат како да ти помогнат. Тука дознав дека проблемот со трансферот е во делот каде што пишува reference, зашто во маилот не пишува кои информации им се потребни. Ова го нема ниту во Инбоксот на самиот Wise. Обично во reference полето ставам за кои месеци е платата, за чисто на крај на година полесно да си направам анализа, овој пат ставив само име. Mи пoбарале објаснување зошто сум го напишал тоа и ако е лице, целосни податоци, ако е фирма исто целосни податоци преку емаил, ама таков маил немав добиено. Побарав да ми го препратат, и веднаш им одговорив, во четвртокот. Во понеделник, пак ми стигна маил, вашиот трансфер и понатака е на hold(по втор пат), и доколку не ни доставите информации, ке ви ја затвориме сметката. Пак на live chat, и овој пат барав да ми потврдат дека ги имаат добиено информациите, и да ми пратат транскрипт од разговорот, за да имам написмено дека сум ги доставил бараните информации.

Застојот е во одредена, веројатно, партнер банка во Њу Јорк. Откако ги притиснав да ми кажат за кој временски период би требало да има солуција, ми рекоа дека ке е минимум 5 дена. Изминати се веќе 9 дена, и сеуште ништо. Гледам и на редит, лик со сличен проблем.
Инаку, се работи за трансфер кој претходно е направен минимум 10 пати, во истата банка, на истата сметка, а да биде работата посмешна, на WISE ми пишува дека трансферот е комплетиран, a парите во лимбо. Нема опција овие од live chat да го ескалирааат случајот погоре, ниту пак има телефон на кој може да ми дадат лице со кое би поразговарал за проблемот.

Језиво е да ти кажат, ке биде минимум 5 дена, а кога точно, не може да ти кажеме. Ги прашав, што ако парите ми ги треба за медицински сметки, штама.

MMp2H5O.jpeg

YXTFd1E.jpeg
Update - сеуште ништо, на 2-ри Јануари ке бидат 2 месеци откако е инициран трансферот. Како што повеќе читам на Фејбук кај нив, на BBB, на Реддит, се повеќе и повеќе луѓе со истиот проблем, паузирани трансфери за дополнителна проверка, и така во недоглед. На мејл не одговараат, Live Chat повеќе не им работи, на телефон теорија нема некој да добиеш... Ова не изгледа воопшто добро за WISЕ.
 
mishevski

read-only
8 февруари 2009
3
1
Пробував да ја нарачам картичката преку локација Австралија, требаше да ми стигне пред недела дена ама немам никакво известување од пошта, од кај да знам дали е стигната или не? во пошта без број на пратка не може да проверам ништо.

Некој што нарачал картица да сподели искуство, што да направам? уствари ја нарачав пак, не знам што да друго да направам.
Дали на некој му има скоро стигнато картичка со подесување Австралија?
 
Pizdra

read-only
2 јули 2024
28
17
Update - сеуште ништо, на 2-ри Јануари ке бидат 2 месеци откако е инициран трансферот. Како што повеќе читам на Фејбук кај нив, на BBB, на Реддит, се повеќе и повеќе луѓе со истиот проблем, паузирани трансфери за дополнителна проверка, и така во недоглед. На мејл не одговараат, Live Chat повеќе не им работи, на телефон теорија нема некој да добиеш... Ова не изгледа воопшто добро за WISE.
Точно така,со последното обраќање,само се извлакуваат,а од транскациите и парите, ни трага...!?
 
Tommy P

hello world
4 април 2011
99
95
Точно така,со последното обраќање,само се извлакуваат,а од транскациите и парите, ни трага...!?

По 73 дена го откажаа трансферот, и ги добив средствата назад на Вајс. Потоа успеав да направам трансфер.
 
Nikola230

read-only
28 август 2019
33
23
Здраво на сите,

Не сум сигурен дали прашањево е баш за оваа тема.

Можеби веќе има некој пишано/објаснето (во тој случај ако може само линк).

Сакам да почнам со месечни инвестиции околу 200 ЕУР во индекс/ЕТФ за долг рок и сега се мислам дали на ИБКР или Т212 да се инвестира.

Дали некој од искуство знае кој би бил најдобриот начин за депонирање на средства, гледам на ИБКР ја има опциајта со Wise, па како би бил најдобар начин, дали да се прави конверзија од МКД/ЕУР на Wise и потоа ЕУР да се депонира на ИБКР или можеби има подобра математика некој :)

Поздрав,
 
Од искуство ibrk за поголеми суми, t212 за помали и top up со картичка (т212 3% card fee)

  • Wise->Ibrk 1.13 usd fee (преку ibrk app) ако ти стигаат на WISE средства одлична опција
  • Втора опција (над 2500 евра најмногу се исплаќа) директно во ibrk преку swift од мкд банка (наефтини трошоци procredit i uni) не ти се исплати мкд банк - > Wise - > ibrk пошто веќе ги плаќаш истите трошоци за свифт

Сeво ова ќе се смени (на подобро) ако влезeме во SEPA

Ако ти се во денарска сметка, за некој месец отвараме инвестициски фонд во МКД, opfolio.mk што ќе биде подобра опција од индекс фонд
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Прашај да ги вратат парите затоа што е грешка, и додека не ги прокнижат мислам нема ништо да наплатат за повратот. Имаш на Wise некоја магија да направиш виртуелна картички (прогуглај на форумов) па плаќаш со неа. Или да ги пуштиш на некого што може да ги извади
Каква е таа магија, колку што знам не дозволуваат картички за МК.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733
Каква е таа магија, колку што знам не дозволуваат картички за МК.
Прогуглај повеќе тука, имаше и други
 
Nikola230

read-only
28 август 2019
33
23
Од искуство ibrk за поголеми суми, t212 за помали и top up со картичка (т212 3% card fee)

  • Wise->Ibrk 1.13 usd fee (преку ibrk app) ако ти стигаат на WISE средства одлична опција
  • Втора опција (над 2500 евра најмногу се исплаќа) директно во ibrk преку swift од мкд банка (наефтини трошоци procredit i uni) не ти се исплати мкд банк - > Wise - > ibrk пошто веќе ги плаќаш истите трошоци за свифт

Сeво ова ќе се смени (на подобро) ако влезeме во SEPA

Ако ти се во денарска сметка, за некој месец отвараме инвестициски фонд во МКД, opfolio.mk што ќе биде подобра опција од индекс фонд
Почнав со Традинг212 сега за сега (по user friendly) и секако провизиите се ниски во однос на износот кој го инвестирам (околу 200-250 ЕУР месечно).

Опфолио го пратам веќе некое време и чекам на вести за одобрување на фондот па здравје би ја разгледал понудата секако :)
 
zlristovski

read-only
15 март 2024
19
15
Дали ако пратам пари од сметката на Wise која е на мое име кон моја сметка во банка ќе треба да платам данок од 10% на УЈП?
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.409
1.643
Дали ако пратам пари од сметката на Wise која е на мое име кон моја сметка во банка ќе треба да платам данок од 10% на УЈП?
Да, секако.
Само што ќе имаш поголеми проблеми со банката да докажеш од каде/како/што/зашто ти се тие пари легнати тебе на сметка, ќе треба нешто како договор за работа...
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733
Од што ти се овие пари? Ако ти се заработка додека престојуваш во Македонија - должиш данок. Ако ти се подарок од роднини, најверојатно да. Уф, ем носиш девизи во земјава ем те репнуваат данок... Ако претходно си ги префрлил па сега си ги враќаш назад (и имаш доказ за тоа), најверојатно не должиш
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Да, секако.
Само што ќе имаш поголеми проблеми со банката да докажеш од каде/како/што/зашто ти се тие пари легнати тебе на сметка, ќе треба нешто како договор за работа...
Ова можеби било порано, сега веќе е многу едноставно. Не сме веќе толку уназадени од тој аспект. Испраќаш само официјалната фактура Wise што ја генерира при исплата на средствата... и ти ги распределуваат девизиите. 2 минути работа е.
 
DanielS1997

read-only
10 ноември 2023
3
1
Rabotam za Avstraliska firma, sakam parite da gi primam na Wise, potoa tie pari gi prakjam na druga smetka vo EU ili ke gi preprakjam na drug wise korisnik.

Parite ke mi stignat na Wise vo Eur, i normalno stigaat od firma.

Dali Ujp ima uvid vo tie sredstva? Dali ke mi bide nekogas pobarano da platam danok za tie pari ili ne?

Vi blagodaram odnapred na site.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Rabotam za Avstraliska firma, sakam parite da gi primam na Wise, potoa tie pari gi prakjam na druga smetka vo EU ili ke gi preprakjam na drug wise korisnik.

Parite ke mi stignat na Wise vo Eur, i normalno stigaat od firma.

Dali Ujp ima uvid vo tie sredstva? Dali ke mi bide nekogas pobarano da platam danok za tie pari ili ne?

Vi blagodaram odnapred na site.

Ако не планираш да ги префрлиш на домашна сметка во домашна банка, немаат увид.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно