CHukio
hello world
CHukio's setup
- Processor & Cooler
- AMD Rayzen 5 2600x
- Storage
- Kingston A2000 500GB, Kingston A400 240GB
- RAM
- 2 X Kingston HyperX FURY 8GB 2600MHz
- Video card
- AMD Radeon RX 550X 4G
Сето ова ми е јасно, имам хостирано 10 сајтови, и неколку други CMS и други алатки за да си играм. 10 бази кој што се користат на дневно ниво и уште три што служат за учење. Преку 30 мејлови шо најчесто ги користам за триал и ме мрзи да бришам. Поентата е дека ги задоволува моите барања. Ти ја сфатив поентата: "Почетничка грешка е да изберете хостинг кој е најефтин, хостинг кој мислите дека ќе ги задоволува вашите потреби без притоа да размислите добро и да ги споредите техничките перформанси кои ги добивате." Ако мене ми ги задоволува потребите па која е поентата да плаќам по скапо?Претпоставувам дека ти е потребен простор, затоа и ти е важно да имаш 50ГБ (што незначи дека неможеш да го имаш и тука со custom барање). Перформансите на серверот не зависат од просторот кој го имаш, многу поважно е да не е серверот oversell и пренатрупан со клиенти.
10 клиенти на shared сервер со 1cpu и 10 клиенти на shared сервер со 8 cpu не е исто.
За карактеристиките на хардверот не би навлегувал и споредувал, за корисничката подршка исто така![]()
Прочитај овде која е разликата.
Ова подолу е од земи.мк. „Неограничено“ никаде не е неограничено.
„Корисникот се согласува да не користи прекумерни количини на ресурси. Секое прекршување може да резултира во преземање корективни мерки за да ја одржиме стабилноста на серверот со убивање на сите процеси, оневозможување и/или суспендирање на вашиот хостинг акаунт.
Корисникот не смее да користи 50% или повеќе од достапните системски ресурси (процесорот или меморијата) подолго од 30 секунди или повеќе од 2% CPU дневно и 3% меморија дневно. Корисникот не може да работи повеќе од 10 симултани процеси по корисник или да дозволи секој процес да работи подолго од 30 CPU/секунди или да изврши било кој процес кој троши повеќе од 32MB меморија. Базите на податоци се ограничени на 16 врски по корисник максимум.
Cron Jobs не смеат да се вршат повеќе од еднаш на секои 30 минути, освен ако во договор со тимот на Земи.мк не е договорено поразлично ограничување.“
Сите имаме различни барања. и очекувања. Моите барања и очекувања се исполнети за ниска цена.
Првиот момент кога нема да бидам задоволен имам можност за промена. Се до тогаш ја ќе се задржам на zemi.mk
Испратено од ANE-LX1 преку IT.mk форум апликација
