Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Tesla Cybertruck

zipi123

lurker
14 јануари 2016
559
492
Скопје
zipi123's setup  
Processor & Cooler
Intel I7 9700+Gigabyte Aorus atc700
Motherboard
Asus Tuf B360-Gaming Plus
Storage
NVMe kingston a1000 240gb+Kingston UV480gb+1TB seagate barracuda
PSU
Riotoro enigma G2 650w 80+ gold Full modular
RAM
2x8gb Gskill SniperX 3000mhz cl16
Video card
RTX 2060 Ventus 6GB GDDR6
Case
Aerocool xpredator x3
Mouse
Corsair Harpoon Gaming
Keyboard
Razer Cynosa v2
Audio
Razer Kraken Tournament Edition
Monitor
Benq ex240n mobiuz 165hz
OS
Win 10 pro x64
Rено велсатис е моника белучи за "колава"
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.100
7.786
Ова прв пат го гледам и малце ме буни...
Како може двојна конверзија на енергија да биде поефикасна? Од физика коефициент на полезно дејство е секој пат < 1 што значи каков год систем да имаш дел од енергијата се губи најчесто во топлинска енергија итн, пошто нели секој мотор загрева...
Овде конвертираш гориво во кинетичка енергија за генераторот да ја конвертира во електрична енергија што потоа се конвертира во кинетичка енергија од електромоторите наместо директ да ја употребиш кинетичката енергија од моторот на внатрешно согорување.
Нешто малце прогуглав но пак не ми се склопуваат коцките зошто RAM тврди дека е ова поефикасно?
Сто години се плеткаат со ова
 

acekorg

hello world
5 октомври 2010
422
706
Сто години се плеткаат со ова
Ова не го одговара моето прашање, прочитај пак…

Освен ако не мислеше на diesel electric возови но тоа води пак кон истиот проблем… како е ова пишаното од @Ron26 поефикасно на толку конверзии на енергијата?

А регенеративно кочење е сосем друга работа и е само начин да вратиш дел од загубата на енергија. Пошто за таа брзина и движење по инерција да ја добие колата пред да кочиш секако го потрошила горивото. Така да не добиваш туку само спасуваш енергија затоа што претходно си стиснал гас и си потрошил, па излегло да мораш да кочиш.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.805
6.500
SK
Oва долу го покажувам чисто заради илустрирање на димензијата на вложувањето што е потребно само за да се почне со инфраструктура за електрични возила... Ова не го чекајте кај нас во догледно време, веројатно и не во нашиот животен век.

 

kirev

senior
31 мај 2010
9.100
7.786
Ова не го одговара моето прашање, прочитај пак…

Освен ако не мислеше на diesel electric возови но тоа води пак кон истиот проблем… како е ова пишаното од @Ron26 поефикасно на толку конверзии на енергијата?

А регенеративно кочење е сосем друга работа и е само начин да вратиш дел од загубата на енергија. Пошто за таа брзина и движење по инерција да ја добие колата пред да кочиш секако го потрошила горивото. Така да не добиваш туку само спасуваш енергија затоа што претходно си стиснал гас и си потрошил, па излегло да мораш да кочиш.
Дизел локомотивите не возат на дизел. Дизелот генерира струја. Возат со електрични мотори. Не им требаат менувачи и брзини и сл., ваљда тоа ги прави поефикасни, така? Мислам и новиот Qashqai е таков
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.662
3.256
Дизел локомотивите не возат на дизел. Дизелот генерира струја. Возат со електрични мотори. Не им требаат менувачи и брзини и сл., ваљда тоа ги прави поефикасни, така? Мислам и новиот Qashqai е таков
дизел локомотиви возат на струја оти нема ламела што ќе издржи да мрдне воз од 50 вагони, па уште товарени.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.109
6.053
Иднината е тоа. Opel Ampera, Chevrolet Volt, BMW i3, BMW i8 само малку да се уозбилат.

Електрични возила се иднината, батерииве не се иднината.

Електромотор од 100KW, батерија од 20KWh, и мотор на бензин со аткинсон циклус со 2 клипа земен од моторцикл хонда. Тоа е були. Ништо повеќе не треба за било која кола. Смислиле веќе луѓе топла вода.

Моторот е оставен сам да си работи на свои апсолутно оптимални обртаи и опгеретување за да вади максимална моќност во однос на потрошено гориво согласно BSFC графикот на моторот. Батеријата е доволна за да апсорбира пикови и да даде брст моќност кога треба. И електромоторот си слуша команди од возачот.

Сето ова јас сам можам да го направам во гаража и да го командам со едно ардуино побогу. Како Мате што си правеше. Само ќе е ружно до зла бога ако го правиш дома
Тука доаѓа силата на корпорацијата која сето тоа може да го запакува во тело на кола како што е Инсигнија/пежо5008/ампера и да си биде пиц пец.
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.346
2.769
Ова прв пат го гледам и малце ме буни...
Како може двојна конверзија на енергија да биде поефикасна? Од физика коефициент на полезно дејство е секој пат < 1 што значи каков год систем да имаш дел од енергијата се губи најчесто во топлинска енергија итн, пошто нели секој мотор загрева...
Овде конвертираш гориво во кинетичка енергија за генераторот да ја конвертира во електрична енергија што потоа се конвертира во кинетичка енергија од електромоторите наместо директ да ја употребиш кинетичката енергија од моторот на внатрешно согорување.
Нешто малце прогуглав но пак не ми се склопуваат коцките зошто RAM тврди дека е ова поефикасно?

па потрошњата на гориво се минимизира пошто моторот работи на фиксни обртаи и генерира струја од која се полни батеријата. На ист принцип ти работи и секоја дизел локомотива. Моторот служи само како генератор кој ги напојува моторите.

Тоа е типично Plug-In Hybrid Vehicle, како што е Тојота или Сукузи Hybrid.

не е исто, plug-in хибрид го користи моторот и електромоторот паралелно. Овде моторот е само генератор на струја.
Мислењето е автоматски споено:

дизел локомотиви возат на струја оти нема ламела што ќе издржи да мрдне воз од 50 вагони, па уште товарени.

зошто тогаш имаш бродови кои тежат стотици тони и работат на дизел?
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.206
16.355
не е исто, plug-in хибрид го користи моторот и електромоторот паралелно. Овде моторот е само генератор на струја.
Како кај Хонда Цивик новиот... и како кај diesel electric локомотивите и багерите :LOL: и како Фердинанд Порше што направил концепт за тенковите од втора светска војна, King Tiger и остали
 

acekorg

hello world
5 октомври 2010
422
706
Дизел локомотивите не возат на дизел. Дизелот генерира струја. Возат со електрични мотори. Не им требаат менувачи и брзини и сл., ваљда тоа ги прави поефикасни, така? Мислам и новиот Qashqai е таков
Ама јасен ми е принципот мене само ми е некако сомнително дека сето ова работи без ниеден drawback?

Еве @mdeni ги пиша убаво оптимизациите, аткинсон циклус, помал број клипови, турбо итн.
Оптимизиран бензински мотор што ќе достигне колку? Да речеме 50% ефикасност. Конверзијата во електрична енергија ќе ја сведе целокупната ефикасност на 40% ?
Кога би користел стандарден мотор, без батерии и електромотор тоа би било 25-30% ефикасност...
Бројките не ми се проверени пошто не ни знаев дека ја актуелизираат технологијава за во коли... ако некој има детални информации нека ме поправи... но треба да е тука негде со заштеда од 1-2л гориво.

Но пример возиш по регионален пат којшто има угорници. Дали може да се случи да оптимизираниот мотор не може да произведе доволно енергија за да ги задоволи потребите на возилото а од батеријата веќе си искористил колку можело?
Би било смешно да треба да се паркирам и чекам пола саат да ми произведе генераторот уште струја...
Немам време сега да го анализирам предетално но накратко што видов од carwow, X-trail e-Power во ваков случај искача порака EV Mode Unavailable - Accelaration Demand Too High мада не знам што точно менува тоа... не префрла погон на гориво ваљда...
For the record лани возев на тест Qashqai пошто бев заинтересиран за купување и не ми спомнаа вакво нешто. Најверојатно пошто е доста поскапо :D
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.346
2.769
Како кај Хонда Цивик новиот... и како кај diesel electric локомотивите и багерите :LOL: и како Фердинанд Порше што направил концепт за тенковите од втора светска војна, King Tiger и остали

принципот не е нов, но до сега мислеа дека со чисто електрични возила мислеа дека ќе заменат све. И добро е што се повеќе компании се свестија и гледаат дека и на други принципи може да ги направат возилата поефикасни.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.100
7.786
дизел локомотиви возат на струја оти нема ламела што ќе издржи да мрдне воз од 50 вагони, па уште товарени.
Благодарам за информацијата. Туку дали од секогаш возовите биле на струја? Каков бил преносот во минатото? Бродовите?
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.206
16.355
принципот не е нов, но до сега мислеа дека со чисто електрични возила мислеа дека ќе заменат све. И добро е што се повеќе компании се свестија и гледаат дека и на други принципи може да ги направат возилата поефикасни.
Па тоа е добро. Не е ефикасноста единствен најбиден параметар. Искористливосе е исто така битен параметар, долготрајност, одржливост и слично, екологија.
Добро е што има различни правци во кои експериментираат. Solid State Batteries се неколку години далеку од коменрцијализација. Ама кога ќе ги усовршат, да се полнат за 10 минути, да имаат домет од 1000 километри, да не тежат и да се произведуваат со еколошки постапки тогаш хибридниве погони ќе исчезнат преку ноќ. За одредени возила можеби ќе останат мали моторчиња од по 300 кубика со по 10 литри бензински резервоари кои во место би произведувале струја за полнење на батериите,.
Така да, која технологија ќе успее да се издигне како најдобра по некој компромис на параметри, таа нека се употреби масовно.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.100
7.786
Патем, личните возила во било која форма и со било каква технологија НЕ СЕ иднината. Само јавен превоз е иднината. (22 часа во денот стои на паркинг или во гаража. Тоа не е ни превоз, ни иднина)
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.346
2.769
Патем, личните возила во било која форма и со било каква технологија НЕ СЕ иднината. Само јавен превоз е иднината. (22 часа во денот стои на паркинг или во гаража. Тоа не е ни превоз, ни иднина)

тоа е комунизам ти што збориш. Со одземањето на личниот превоз му ја земаш слободата на народот.
Мислењето е автоматски споено:

Па тоа е добро. Не е ефикасноста единствен најбиден параметар. Искористливосе е исто така битен параметар, долготрајност, одржливост и слично, екологија.
Добро е што има различни правци во кои експериментираат. Solid State Batteries се неколку години далеку од коменрцијализација. Ама кога ќе ги усовршат, да се полнат за 10 минути, да имаат домет од 1000 километри, да не тежат и да се произведуваат со еколошки постапки тогаш хибридниве погони ќе исчезнат преку ноќ. За одредени возила можеби ќе останат мали моторчиња од по 300 кубика со по 10 литри бензински резервоари кои во место би произведувале струја за полнење на батериите,.
Така да, која технологија ќе успее да се издигне како најдобра по некој компромис на параметри, таа нека се употреби масовно.

џабе е, било какви батерии да имаш. Батеријата се празни многу кога е под тешко оптеретување. Апликации како камиони, бродови, и остала тешка индустрија никогаш нема да ги замениш со батерии.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.100
7.786
тоа е комунизам ти што збориш. Со одземањето на личниот превоз му ја земаш слободата на народот.
Well, ако е слобода одењето на работа два саати во денот, мислам дека не нѝ треба таа слобода.

А и види ги комуњариве маме им е*ам кпп, Free public transport - Wikipedia

Човештвото не може да го издржи товарот на масовниот личен превоз. Нема доволно патишта, паркинзи, гаражи, секојдневно гинат илјадници, од кои кај нас сигурно најмалку едно дете месечно, или завршуваат како инвалиди. А уште не го ни споменав загадувањето
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.201
18.878
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech MX Master 4
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6
Monitor
Dell U2725QE
OS
Windows 11 + MacOS
Една од поголемите капиталистички лаги е дека сите (читај, обичните смртници) треба да користиме јавен транспорт па уште и дека е за наше добро.
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.346
2.769
Well, ако е слобода одењето на работа два саати во денот, мислам дека не нѝ треба таа слобода.

А и види ги комуњариве маме им е*ам кпп, Free public transport - Wikipedia

Човештвото не може да го издржи товарот на масовниот личен превоз. Нема доволно патишта, паркинзи, гаражи, секојдневно гинат илјадници, од кои кај нас сигурно најмалку едно дете месечно, или завршуваат како инвалиди. А уште не го ни споменав загадувањето

цела Европа смрди на комунизам, го користат работникот и ранат ојле дојле од африка и азија место да прават инфраструктура да му го олесни животот на тој што плаќа даноци. Идејата на Шваб токму тоа е, да ги укине личните слободи како кола, и да воведе некоја врста комунизам.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.206
16.355
џабе е, било какви батерии да имаш. Батеријата се празни многу кога е под тешко оптеретување. Апликации како камиони, бродови, и остала тешка индустрија никогаш нема да ги замениш со батерии.
Потрошувачката на енергенсот е правопропорционално со оптеретувањето. Дали енергенсот ќе биде струја или дизел тоа е небитно. И Вејрон троши цел резервоар бензин за 12-15 минути под оптеретување. Кога батериите ќе содржат повеќе енергија по единица волумен одошто фосилното гориво, тогаш веќе нема да биде разликата битна. Кога ќе добиваме струја од атомска фузија и струјата ќе биде речиси бесплатна, тогаш други муабети ќе правиме.
 
Последна промена:

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.425
5.585
Идеално е комбинација од одлично организиран јавен превоз и рентање на јавни автономни возила. Нема потреба да се поседува возило, освен точак, тротинет и слично.
Слично како сега со тротинетиве. Ќе го викнеш, веднаш ќе дојде, ќе те однесе каде треба, ќе си продолжи кон следниот муштерија.
Ќе нема сообраќаен застој, нема потреба од огромни паркинзи и гаражи, од толку широки булевари за сегашниве возила, намалено загадување, нема сообраќајки и жртви од идиоти што не почитуваат правила итн. итн.
За другата страна нема огромни трошоци за купување возило, сервисирање, гориво, паркинг, трошење гориво и време за барање паркинг, регистрации, осигурувања, зимски гуми, летни гуми, перење и куп други ситни трошоци.
Исклучок може да се комерцијални возила, ама и тие може слично да се организираат.
Ама далеку сме ние како раса од ова...
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.805
6.500
SK
Еве @mdeni ги пиша убаво оптимизациите, аткинсон циклус, помал број клипови, турбо итн.
Оптимизиран бензински мотор што ќе достигне колку? Да речеме 50% ефикасност. Конверзијата во електрична енергија ќе ја сведе целокупната ефикасност на 40% ?
Кога би користел стандарден мотор, без батерии и електромотор тоа би било 25-30% ефикасност...
Бројките не ми се проверени пошто не ни знаев дека ја актуелизираат технологијава за во коли... ако некој има детални информации нека ме поправи... но треба да е тука негде со заштеда од 1-2л гориво.
Јас од друг аспект ќе те коментирам, не за ефикасност и заштеда туку за безбедноста на литиум-јон батеријската технологија во вакви примени.

Не да заштедам туку пари да ми даваш не сакам да седам врз огоромен куп литиум-јонски батерии под напон. Па какво сака куќиште нека имаат со најдобра заштита, автомобили некогаш влагаат во несреќи кои ја оштетуваат структурата на возилото. Тоа што со обично ауто може да биде само повреда, вака ќе биде јагленисување... И не ми е гајле колку тоа статистички ретко се случува, за тоа што на тие што ќе им се случи - за нив статистиката е 100%.

Видеа за запалени и самозапалени EV како овие долу има купишта, ова се првите што ми налетаа... И да, пред некој да каже вистина е дека се палат и обичните аута, ама обично од прегревање за кое добиваш предупредување на шал табла и се што треба да напавиш за да спречиш е да застанеш и да видиш што се дешава со разладниот систем и течност. Дури и да почне а гори тоа не е инстант пекол од кој немаш време да избегаш.


View: https://www.youtube.com/watch?v=uVSZ7KMJKWg



View: https://www.youtube.com/watch?v=gmlDVmoz3ns

Мислењето е автоматски споено:

Eве што се дешава со мали батерии, замислете што се дешава со огромни сетови од такви батерии...

View: https://youtu.be/8nz5ijXcckI?t=28

Мислењето е автоматски споено:

Ако се запали, не сакаш да си блиску до ЕВ, во него па ич.
Oва.
 

gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Не знам кој влегол и возел Тесла, ама секој што влегол и разбира нешто за автомобили знае какво ѓубре квалитет се возилата на Тесла. Фушерај од материјали, крцкаат пластики на сите страни, недовршен производи....Просто кажано тоа се канти со електромотор, а особено ова последново што буквално личи на контењер и му се допаѓа единствено на Иљче Маската и неговиот дизјанер...Фиат Мултипла долги години седеше на тронот како апсолутна грдосија на 4 тркала. Но сега тоа место му го зеде Тесла контењеромобилот.

До сега беше што беше, од сега Тојота влага многу посериозно во сегментот на електрични возила и тоа со револуционерни батерии. За брзо време Тесла ќе си ги спакува парталите и ќе замине во аналите на историјата.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.662
3.256
И јас со тебе да се сложам конечно
Секоја зависност од државата е воведување робовладетелство.
Колата е слобода.
Со тесла не се сложувам со неможноста сам да ја поправаш. Не сакам гаранција од производител, сакам можност да ја модификувам по моја желба (ко секоја друга кола).

Жално е што слободни луѓе сакаат да се робови и да зависат од милост на државата.

Гојдо, тесла е компјутер/робот на тркала.
Воедно е најбезбедниот автомобил според тестовите.
Тоа е тоа
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно