Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Paywall на портал?

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.820
5.526
Чек, сакаш да кажеш дека ит мк го измислија пејволот?
Па у оваа бранша, на овој регион, 100% пејвол изгледа дека они измислија. Дури и пошироко не знам за 100% пејвол. Ај да е некоја ексклузивна содржина, ама ... Ај, ОК може јас сум во грешка.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.820
5.526
За што да прават. За да им се исмеваат и зае*аваат во коментари.
Со почит и чест за некоја мала групација на публика, ама голем дел е само мани наоѓање и ситење.
Не викам дека сме совршени, ама имавме неколку јутуб канали, (рецезенти за коли - пример), кои се откажаа од снимање.
Може да исклучат коментари или да не се замараат да ги читаат ботовите.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.185
18.823
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Секако 84,6% од луѓето читаат само наслови така да нема мн голем импакт да има секако.
 

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.318
5.313
Скопје
hackitfree.github.io
За што да прават. За да им се исмеваат и зае*аваат во коментари.
Со почит и чест за некоја мала групација на публика, ама голем дел е само мани наоѓање и ситење.
Не викам дека сме совршени, ама имавме неколку јутуб канали, (рецезенти за коли - пример), кои се откажаа од снимање.
У хејт убедливо водиме и тоа во светски рамки !
Или што би се рекло народски „ Да му умре на комшијава магарето па што сака нека биде„ :cautious:
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.185
16.293
Епа така паѓа стандардот во светот, кога интелектуалците им се плашат на дебилите наместо да ги решаваат на различни начини, ќе нема работи, ни рецензии, ни тестови ни ништо интересно и така ќе си се валкаме во калта со свиинте!
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.721
3.393
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Големи веб страни со тимови згаснале поради тоа што не биле одржливи затоа што покрај време, финансиите играат најголема улога. Веб страната наплаќа за некој што изгубил време, не зборам дали кликнал 2 копчиња на четџипити, или пишал статија од нула, изгубил време. Форумот од друга старна (освен огласи) е бесплатен за да моето и вашето мислење се запише во датабазата каде што некој таа датабаза (хостинг) ја плаќа.

Да ставиме прст на глава и да се се ставиме ние во позиција на основачи. Дали вие би одржувале нешто, би платиле за истото, би одвоиле време од денот, а за возврат да не добиете ништо?

^ На ова ќе ми дадете 300 ваши „АМА НЕ Е БАШ ТАКА...“ одговори, ама верувајте имам водено форум и ги знам трошоците, го знам времето изгубено на истото и знам дека некогаш идат моменти кај што си викаш „па што к*р јас изигравам црвен крст“ (не ми дојде идеја за друга компарација).

Муабетот е за нештото да опстојува мора да се тестираат методи, дали тоа ќе ви биде трепкачки реклами на секои 3 мислења тука, дали со плаќање на статии, некако мора да се наплати изгубеното време на луѓето кои вложуваат напори.

Само за споредба, јас бев сам на крај, а тука гледаме и автори и модератори и админи, значи имаме повеќе луѓе кои го губат времето за јас и вие да пишуваме тука зошто ИТ страната да биде целосно со отворени статии.

Еве нека ги отворат статиите, не мора да плаќате за членсто, ајде да донираме сите?

Треба да заклучиме дека ништо не е бесплатно, или ќе добиеме се на тацна “бесплатно“ а ќе имаме реклами од многу други безвезни фирми, или нема да имаме реклами, ама ќе мора да платиме за нешто, трето нема (односно има, а тоа е ит да згасне и да почнат англиска содржина на јутуб).

Не знам ама буквално сме народ ни се води, ни се тера, како да вртиш никако не чини.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.185
18.823
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS

kolesk

lurker
6 февруари 2016
781
1.212
Без разлика, дали ќе има или нема видеа, Бранко е крив. :D
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Напротив, цитирам “Народот е секогаш во право, дури и кога греши!” - Б.Ц.

Па сигурно не е @pipelin во право кој само опиша како функционира еден портал, нешто кое 20 години го прави пример Кајгана, он реферати изнапиша како да го открил моделот денес.
Мислењето е автоматски споено:

Инаку еве го проектот кој е утнат

1744052007093.png

Успеавте со најскапите да се врзете, па дури и 1337 цената ви е поскапа него нормалните цени во други продавници.

А еве го проектот кој целосно го пропуштивте и ви го собра студент од Финки од трета година

Мислењето е автоматски споено:

За што да прават. За да им се исмеваат и зае*аваат во коментари.
Со почит и чест за некоја мала групација на публика, ама голем дел е само мани наоѓање и ситење.
Не викам дека сме совршени, ама имавме неколку јутуб канали, (рецезенти за коли - пример), кои се откажаа од снимање.
Абе така е, греота тие рецензенти, ист квалитет како другите на Балкан, само никако да се пробијат - народов крив.

Ај спореди ова

View: https://www.youtube.com/watch?v=6trsIReq6Lg


Со ова

View: https://www.youtube.com/watch?v=h0X7u6l7ZdE


Е сега, знам дека ќе речеш - ама хрватов има и камерман, бла бла бла. Тоа е зашто има правилен бизнис план, не брка производители за спонзори, туку трети извори што финансираат. Некои од светските јутјубери на оваа тема - Doug DeMuro пример, си имаат свои портали за продажба на половни возила со кои прават дополнителен приход. Со тоа може да вложи во опрема, едитинг и тим.

Да речеме кај нас АутоВелт му даваат брдо пари на Лазаров за глупости. Кој вели дека не може некој портал/јутјубер да им пристапи со вакви квалитетни рецензии и да го финансираат него?

Само тешко е да имаш бизнис план, лесно е народот да е крив.
 
Последна промена:

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.185
18.823
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Па сигурно не е @pipelin во право кој само опиша како функционира еден портал, нешто кое 20 години го прави пример Кајгана, он реферати изнапиша како да го открил моделот денес.

Ваљда поентата беше дека да се долови дека тоа "превземање готови текстови и ПР статии", односно зимаш нешто беспари и после бараш пари за да го презентираш истото не е баш така без никаков трошок. Очигледно кај некои сеуште постои мислењето дека ако е на интернет е беспари, because it runs on... magic!

Да се разбереме, не велам дека ит мк треба да постави целосен пејвол пошто соджината им е to die for, имам платено 10 години претплата, ама имам некаков проблем што не сум го ни пријавил и постојано ме одлогира од порталот и тие неколку пати кога ке кликнам на статија некоја, не можам да ја прочитам ради пејволот, а во исто време ме мрзи да се логирам затоа што ќе ме однесе на форум па после пак барај ја статијата. Сакам да кажам дека не ме засега лично толку, не се отепав од читање, ама ете, пробуваат да опстојат некако и да имаат некаква рентабилност. Doubt дека цела редакција возат Кајени од нашата претплата, видовме дека 5 години се собираа 200 претплати, пари од некаде мора да идат, ако нема приход нема ни развој.
За пример, видете ги другите портали/форуми. Еве карклуб форумот видете го, буквално истиот дизјан/тема е од првиот ден. Прикачување на слика е преку 3рд парти сервис, уплоад на имгур па после линк па сега 90% од сликите се мртви линкови. Портало од друга страна, има реклами, носи пари и нормално постојано се работи на него.
Кајгана... кајгана имаат продавница, продаваат мебел, штрафцигери, тегови и слично. Имаат реклами а имаат и значително поголема публика. И сигурен сум дека ако воведат членство од 50 денари месечно како ит.мк, 200 претплати ќе соберат во првиот саат.
Мислењето е автоматски споено:

Да речеме кај нас АутоВелт му даваат брдо пари на Лазаров за глупости. Кој вели дека не може некој портал/јутјубер да им пристапи со вакви квалитетни рецензии и да го финансираат него?

Не е проблем да се врзеш со аутовелт, проблем е да направиш искрена рецензија после тоа. Земи ти пасат од аутовелт и кажи дека е најдосадна кола и изругај ја прописно да видиш дали ке добиеш друга кола после за рецензија.
Мислењето е автоматски споено:

Сега ми текна дека едно време ит мк правеа неколкуи рецензии, имаше една за ТЦЛ телевизор мислам, некоја 70 инчи... не беше баш нај наклонета рецензијата... наредниот модел на тцл не видов да беше ривјуиран, не знам, ама јас имав впечаток дека тој што го дал телевизорот на тест, не бил најсреќен.
Затоа мораш да правиш рецензии кајшто ќе кажеш дека челични бандажи баш добро изгледаат на новиот цитроен од 25-30к евра :|
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.820
5.526
Големи веб страни со тимови згаснале поради тоа што не биле одржливи затоа што покрај време, финансиите играат најголема улога.
Никој никаде не го кажал тоа за дотичниот веб сајт. Иако не дека не е можно, ама ...

Веб страната наплаќа за некој што изгубил време, не зборам дали кликнал 2 копчиња на четџипити, или пишал статија од нула, изгубил време.
И за тоа има други начини на наплата.
Форумот од друга старна (освен огласи) е бесплатен за да моето и вашето мислење се запише во датабазата каде што некој таа датабаза (хостинг) ја плаќа.
Па како е тргнато и за тоа ќе се наплаќа.
Да ставиме прст на глава и да се се ставиме ние во позиција на основачи. Дали вие би одржувале нешто, би платиле за истото, би одвоиле време од денот, а за возврат да не добиете ништо?
А ти сигурен си дека не добиле или добиваат ништо?
Муабетот е за нештото да опстојува мора да се тестираат методи, дали тоа ќе ви биде трепкачки реклами на секои 3 мислења тука, дали со плаќање на статии, некако мора да се наплати изгубеното време на луѓето кои вложуваат напори.
Е така де и за тоа има веќе измислено топла вода, нема потреба од нула да се подгрева.
Треба да заклучиме дека ништо не е бесплатно, или ќе добиеме се на тацна “бесплатно“ а ќе имаме реклами од многу други безвезни фирми, или нема да имаме реклами, ама ќе мора да платиме за нешто, трето нема (односно има, а тоа е ит да згасне и да почнат англиска содржина на јутуб).
Е така де реклами, зошто да не. Paywall за ексклузивни статии, или рецензии или статии со додадена вредност прифаќам. Ете јас си плаќам, ти си плаќаш, Тајлер не плаќа, па кој како сака. Ако не ти се гледаат реклами ќе си платиш, се сложувам, ако не ќе трпиш малку.
Инаку ако ИТ.МК е главниот производ, а огласи, форум, и остали под продукти споредни, испаѓа дека еден од под производите на проектот го финансираат целиот проект.

И ајде сега и за тебе истото прашање на кое досега не се најде јунак да одговори. Ќе те молам за пример на медиум од браншата (па и пошироко), во МК, Балкан, Европа, Свет кој одеднаш преминал ни помалку ни повеќе на 100% paywall на статии, независно од нивната вредност, навременост, итн...

Ете тоа ми е проблемот мене. Мислам дека уште еднаш си пукаат сами у нога. Инаку од секогаш сум поддржувал, и членство и сѐ, ама едноставно ова е сега и овде ту мач.
И можеби ќе се повторам, ама сите најдобронамерно разговараме овде бидејќи некои од нас овде израснаа со години и децении, и не сакаме да пропадне едно од подобрите и ретките работи кај нас на ова поле.
Мислењето е автоматски споено:

Ваљда поентата беше дека да се долови дека тоа "превземање готови текстови и ПР статии", односно зимаш нешто беспари и после бараш пари за да го презентираш истото не е баш така без никаков трошок. Очигледно кај некои сеуште постои мислењето дека ако е на интернет е беспари, because it runs on... magic!

Да се разбереме, не велам дека ит мк треба да постави целосен пејвол пошто соджината им е to die for, имам платено 10 години претплата, ама имам некаков проблем што не сум го ни пријавил и постојано ме одлогира од порталот и тие неколку пати кога ке кликнам на статија некоја, не можам да ја прочитам ради пејволот, а во исто време ме мрзи да се логирам затоа што ќе ме однесе на форум па после пак барај ја статијата. Сакам да кажам дека не ме засега лично толку, не се отепав од читање, ама ете, пробуваат да опстојат некако и да имаат некаква рентабилност. Doubt дека цела редакција возат Кајени од нашата претплата, видовме дека 5 години се собираа 200 претплати, пари од некаде мора да идат, ако нема приход нема ни развој.
За пример, видете ги другите портали/форуми. Еве карклуб форумот видете го, буквално истиот дизјан/тема е од првиот ден. Прикачување на слика е преку 3рд парти сервис, уплоад на имгур па после линк па сега 90% од сликите се мртви линкови. Портало од друга страна, има реклами, носи пари и нормално постојано се работи на него.
Кајгана... кајгана имаат продавница, продаваат мебел, штрафцигери, тегови и слично. Имаат реклами а имаат и значително поголема публика. И сигурен сум дека ако воведат членство од 50 денари месечно како ит.мк, 200 претплати ќе соберат во првиот саат.
Мислењето е автоматски споено:



Не е проблем да се врзеш со аутовелт, проблем е да направиш искрена рецензија после тоа. Земи ти пасат од аутовелт и кажи дека е најдосадна кола и изругај ја прописно да видиш дали ке добиеш друга кола после за рецензија.
Мислењето е автоматски споено:

Сега ми текна дека едно време ит мк правеа неколкуи рецензии, имаше една за ТЦЛ телевизор мислам, некоја 70 инчи... не беше баш нај наклонета рецензијата... наредниот модел на тцл не видов да беше ривјуиран, не знам, ама јас имав впечаток дека тој што го дал телевизорот на тест, не бил најсреќен.
Затоа мораш да правиш рецензии кајшто ќе кажеш дека челични бандажи баш добро изгледаат на новиот цитроен од 25-30к евра :|
ОК и за тебе дали е нормално 100% paywall на сѐ? Тоа е тоа што мене бар ми смета (иако не ме засега како и тебе си имаме членство) и е самоубиствено во моментов (и ќе се докаже за кратко).
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Не е проблем да се врзеш со аутовелт, проблем е да направиш искрена рецензија после тоа. Земи ти пасат од аутовелт и кажи дека е најдосадна кола и изругај ја прописно да видиш дали ке добиеш друга кола после за рецензија.
Не бе нема начин, тоа е карклуб пропаѓа, ит.мк пропаѓа народот крив, спонзорите криви
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

mimica

hello world
15 декември 2010
136
78
Се развила дускусија поврзана со моето прашање па ајде да си кажам и јас мое мислење, можеби не сум компетентна но што да не форум е :)

Да за може ова да функционира мислам дека мора да има текстови кои се со повеќе труд. Овде има многу текстови кои се интересни и ги читам редовно, ама за да има покритие плаќањето сметам дека треба квалтет на содржина, ако нека има и како до сега ама еднаш неделно да има текст кој ќе биде и спреман 10-15-20 дена. Од друга страна, ако размислиш па за такво нешто треба пари...повеќе пари така да... Пуштете ни да си читаме, има нешто интересно се наоѓа.

Поздрав.
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
781
1.212
Не бе нема начин, тоа е карклуб пропаѓа, ит.мк пропаѓа народот крив, спонзорите криви

Карклуб е "создаден" во 2010, како форум за дружба. Еден администратор и 2 модератора го држат во живот.

Аутомаркет (хрватска) постои од 2001-ва година. Го имаш и Шебаљ на јутуб од тие години. Се работи за голем тим, кој веќе 25год има место на нивната национална телевизија.

Исто и Сат (Србија), од 1991-ва, со патроли и секакви анализи.


Ајде тогаш ти Тајлер, купи некој производ (или најди од некаде), направи детална рецензија и постави јс тука. Ем ќе научам нешто ново, ем ќе ме поттикнеш мене а и некој друг за друга рецензија ние да направиме.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Ајде тогаш ти Тајлер, купи некој производ (или најди од некаде), направи детална рецензија и постави јс тука. Ем ќе научам нешто ново, ем ќе ме поттикнеш мене а и некој друг за друга рецензија ние да направиме.
Што зборуваш ај објасни ми
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.803
33.943
roka.mk
@mimica ова го пишувам како член, не како администратор, читај го исклучиво како и секој друг член овде.
Јас имам пишувам токму такви текстови мојот скромен придонес можеш да го видиш на линкот (Мартин Рајовски, Автор на IT.mk ). Се е 100% авторски и пишувано со труд, во време кога немаше вештачка интелигенција да ми генерира текстови. Една рецензија, тест... наречи го како сакаш го средував за 7-10 ден. Постапката идеше вака некако.
1. Идам да си го подигнам од салон (на мој трошок).
2. Го распакувам и го сликам.
3. Читам за производот доста за да знам што треба да тестирам.
4. Го активирам/вклучувам и почнувам со тестирање 2-3 дена во зависност од тоа колку тестови ми се потребни.
5. Сите материјали слики и резултати од тестови ги сублимирам и почувам со пишување.
6. Одкако ќе завршам го чистам и пакувам како фабрика и го враќам назад во салон (исто така на мој трошок).

Оваа постапка да би била оддржлива на долг рок би чинела од 150-200е на нагоре, по рецензија, а секако Македонскиот пазар не е спремен за таква егзибиција ни сега а не па тогаш.

Втора исто така круцијална работа зошто тоа што го кажуваш е тешко за реализација под овие услови е слабиот интерес и не почитување на квалитет.
Еве ќе ти дадам само лични примери од форум.


Сето свое знаење сум го преточил во нешто корисно кое е вредно за дискусија за моабет, за искуства, за споделување бура од идеи.... има само 6000 прегледи од 2017. Само за споредба на линкед ин имав 10000 импресии за 1 недела.

Еве уште еден пример Project [K] NZXT s340 (Work Log)

Проект во кој сум вложил, време, пари ,труд, љубов, мерак, срце... помина речиси незабележано без претаран мотив за некој друг да се обиде да направби нешто и поддршка од заедницата за сработеното... ете ги пропаѓаат негде низ страните на форумот, и тука се постојат! да сведочат за тоа колку се сакало да се издигне една зедница без никави награди, пари што ти ја знам...тоа било јаготката на шлагот.

И така дојдоа други времиња каде што ме хејтаат без никаков разлог, без никакво покритие, истите тие кои заедно да ги собереш не напишале и придонеле за оваа заедница колку јас самиот, а тука има уште дооооста членови од тоа време кои и те како придонесувале во градење на зедницава. Разлистајте низ форумот ќе ги најде сите теми кои сум ги отпочнал, па потоа размислете дали ќе имавте денес вакво нешто каде што можете да си фаќате сеири и да се објаснувате до недоглед, правејќи небитни Ит теми популарни со по скоро милион прегледи....


Поздрав
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
И ајде сега и за тебе истото прашање на кое досега не се најде јунак да одговори. Ќе те молам за пример на медиум од браншата (па и пошироко), во МК, Балкан, Европа, Свет кој одеднаш преминал ни помалку ни повеќе на 100% paywall на статии, независно од нивната вредност, навременост, итн...
New York Times
 
  • лол
Реакции: marv

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.864
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Реално ја не верувам дека некој ќе плаќа за да чита статии или рецензии. Луѓето кај нас најчесто плаќаат за да добијат нешто практично за возврат, на пример за огласникот или учеството во месечните наградни игри. Така да не гледам поента на paywall-от освен што ќе ја намали публиката и само 5 души ќе ги читаат рецензиите.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.820
5.526
@mimica ова го пишувам како член, не како администратор, читај го исклучиво како и секој друг член овде.
Јас имам пишувам токму такви текстови мојот скромен придонес можеш да го видиш на линкот (Мартин Рајовски, Автор на IT.mk ). Се е 100% авторски и пишувано со труд, во време кога немаше вештачка интелигенција да ми генерира текстови. Една рецензија, тест... наречи го како сакаш го средував за 7-10 ден. Постапката идеше вака некако.
1. Идам да си го подигнам од салон (на мој трошок).
2. Го распакувам и го сликам.
3. Читам за производот доста за да знам што треба да тестирам.
4. Го активирам/вклучувам и почнувам со тестирање 2-3 дена во зависност од тоа колку тестови ми се потребни.
5. Сите материјали слики и резултати од тестови ги сублимирам и почувам со пишување.
6. Одкако ќе завршам го чистам и пакувам како фабрика и го враќам назад во салон (исто така на мој трошок).

Оваа постапка да би била оддржлива на долг рок би чинела од 150-200е на нагоре, по рецензија, а секако Македонскиот пазар не е спремен за таква егзибиција ни сега а не па тогаш.

Втора исто така круцијална работа зошто тоа што го кажуваш е тешко за реализација под овие услови е слабиот интерес и не почитување на квалитет.
Еве ќе ти дадам само лични примери од форум.


Сето свое знаење сум го преточил во нешто корисно кое е вредно за дискусија за моабет, за искуства, за споделување бура од идеи.... има само 6000 прегледи од 2017. Само за споредба на линкед ин имав 10000 импресии за 1 недела.

Еве уште еден пример Project [K] NZXT s340 (Work Log)

Проект во кој сум вложил, време, пари ,труд, љубов, мерак, срце... помина речиси незабележано без претаран мотив за некој друг да се обиде да направби нешто и поддршка од заедницата за сработеното... ете ги пропаѓаат негде низ страните на форумот, и тука се постојат! да сведочат за тоа колку се сакало да се издигне една зедница без никави награди, пари што ти ја знам...тоа било јаготката на шлагот.

И така дојдоа други времиња каде што ме хејтаат без никаков разлог, без никакво покритие, истите тие кои заедно да ги собереш не напишале и придонеле за оваа заедница колку јас самиот, а тука има уште дооооста членови од тоа време кои и те како придонесувале во градење на зедницава. Разлистајте низ форумот ќе ги најде сите теми кои сум ги отпочнал, па потоа размислете дали ќе имавте денес вакво нешто каде што можете да си фаќате сеири и да се објаснувате до недоглед, правејќи небитни Ит теми популарни со по скоро милион прегледи....


Поздрав
Најпрвин да ти кажам дека во скоро сѐ си во право (добро освен Пајтон туториалот кој на LI сигурно бил на англиски, а македонскиот овде инаку лично сум и го препорачувам на многу почетници). Билдот го следев исто со голем интерес бидејќи и сам сакам вакви DIY чепкања и експерименти. Значи навистина си многу во право, ако би збореле општо за нечив придонес, знаење, форум, дали вреди или не, или било што друго , АМА...

Значи имам едно големо АМА, што има целиот пост врска со горе дискутираното за 100% paywall на ИТ.мк порталот. Тоа беше прашањето и темата на последните десетина постови овде а и во другата тема. Па волку логички грешки на едно место одамна не сум видел. На едно место собрани Strawmen, appeal to emotion, tu queque и на крај запечати со Ad Hominem и тоа пуштен на најако со широка генерализација.

Дечки, абе одлични сте, се давате колку можете, дури и повеќе можеби од што треба. Се трудите на еден мал пазар, истовремено негувајќи го нашиот јазик и азбука (добро освен кога треба штрафилица со попуст - извини џиги морално беше), итн. Симнувам капа. Ама дечки бе, многу сте осетливи на критика, дури и кога по сите параметри е добронамерна. Не знам за другите, веќе напишав и во другата тема, ама ова е сѐ најдобронамерна критика, мислење, рент како сакате разберете го, барем од моја страна. А верувам и од многумина од другите што имаат различно и спротивно мислење од тебе, Д и остала администрација и/или сопственици.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.803
33.943
roka.mk
@marv постот како што наведов беше напишан како член, не како администратор и беше мое мислење зошто нема голем труд во текстовите и директен одговор на членот кој беше цитиран.
1. Пајтон тутоаријалот е авторски во ваков формат како што е не постои нигде. Материјали користени за самоучење и искористување при пишување е леџит ствар. И професорите кои напишале книги од кои учат на финки се од негде видени, проучени, едноставо со споделување се учи зар не?

2. Ти си исто така член од дамна кој учествувал во градењето на форумот и нема поента да ги набројувам сите кои се дел од тоа. Ние знаеме да цениме. Јас ги знам скоро сите такви лично, меѓу кои и тебе, па сме седеле во кафана и разговарале на многу теми... тригерот ми беше друг во постот.

Е сеа како администратор

3. Не знам што значат термите што ги наброја точно ме мрзи да гуглам 7 саат сабајле е... ама Д кажа дека тестира модел. Ако стварно сметате дека некој е чуствителен на критки и не прифаќа и уважува туѓо мислење тогаш дефинитивно не го знаете и не сте работеле со Дамјан. Мисењата се читаат (скоро од сите членови), ставови се бранат и на крајот од денот се пресекува со одредена одлука.
За тоа сведочат еден куп конструктивни идеи кои се прифатени и реализирани.
Така и ова еве има дискусија, си влече секој на својата страна но не значи дека некој емотивно донесува некоја одлука, ова е бизнис, дали добар или не бизнис е.
 

mimica

hello world
15 декември 2010
136
78
Вероватно сте во право, новите ТикТок генерации не може ништо да им задржи внимание повеќе од 30секунди, а уште помалку да читаат.
Сакаат да гледаат содржина за која не мораат да размислуваат премногу, чим има нешто што се нарекува здрав контент луѓето како да имаат одбивност да се едуцираат... што знам ајде тестирајте ќе си почекаме... :)
 

D

Администратор
31 март 2007
4.077
4.277
www.aqtos.com
Ќе те молам за пример на медиум од браншата (па и пошироко), во МК, Балкан, Европа, Свет кој одеднаш преминал ни помалку ни повеќе на 100% paywall на статии, независно од нивната вредност, навременост, итн...

Не мора да има пример за да направиш нешто, не ни бараме, особено не во МК на сцената на онлајн медиуми. Пазарите Балкан, Европа и свет кои ги именуваш не соодвестуваат со пазарот кој се вика МК. Не се исти пазариве во регионов, за жал според информациите кои ги имаме Македонија има најлош пазар за онлајн медиуми и маркетинг индустрија која има многу мал капитал и капацитет. Има потенцијал да се развива, ама дур да се направи капитал треба мини светски чуда или многу време да помине...

И можеби ќе се повторам, ама сите најдобронамерно разговараме овде бидејќи некои од нас овде израснаа со години и децении, и не сакаме да пропадне едно од подобрите и ретките работи кај нас на ова поле.

Фала на добронамерноста, се слагам и ќе додадем дека некои од нас покрај тоа што израснаа со медиумов, скоро две децении (18 год и 1 месец поточно) имаат инвестирано време и доста средства дополнително на трудот за да се создаде местово. Баш од причини да не пропадне го пробуваме ова што го пробуваме и мора да изнаоѓаме начини да најдеме некое чаре.

Инаку еве го проектот кој е утнат

1744052007093.png


Успеавте со најскапите да се врзете, па дури и 1337 цената ви е поскапа него нормалните цени во други продавници.

@TylerMkD никаде не е кажано дека имаме или ке имаме најевтини цени од било каде на пазарот. Од наша страна, за Нексио еве веќе некоја година и стотици нарачки можеме да кажеме само пофални зборови - има активна комуникација, се разбираме и најважно обострано фер однос задржуваме спрема потрошувачите.

Имав грешно очекување дека ти како економист малку подлабоко ќе гледаш во ценовните аспекти на производите од најниска цена. Бркај си најевтина цена и пазари кај ти е најевтино. Нема љутиш.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно