Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Ама ако јас добро разбирам со двата програма можеш само на својот компјутер да вршиш мониторинг и контрола, а не да ги следиш и ограничиш другите во мрежата колку трошат.
Види ова дали ќе ти помогне. Јас моментално немам начин како да го тестирам бидејќи немам на кого да забранувам Одамна сум го користел и сум заборавил.
Значи повторно е нешто слично, преку VNC пристапил до другиот компјутер (дозволата за тоа ја имал од претходно) и потоа инсталирал netlimiter. Тоа ти е исто како да отидеш и да им речеш на тие на кои делиш интернет дај да ви инсталирам програм со кој ќе ви го ограничам интернетот. Типот во горенаведениот линк имал среќе што имал далечински пристап до тој компјутер, и што тие што го контролирале не ја разбирале баш работата бидејќи ако имам некоја нова икона во таскбарот ќе приметам, а и ако видам со која брзина симнувам, а не е таа таа брзина со која редовно си работам ќе знам дека нешто не е во ред.
Значи ограничување на интернет преку некој програм од твојот компјутер на други компјутери ми звучи како невозможна работа. Значи и да постои таков програм (каков и да е) кој не би барал да се инсталира програм на другите компјутери, би било услов твојот компјутер цело време да биде вклучен и програмот да чепка во туѓиот компјутер. Ако тресам зелени нека ме корегира некој! )