l1d0v1c
lurker
- 10 март 2011
- 700
- 1.596
Малце е оф топик, но чим некој уште верува дека пошта си ја врши работата поштено, бујрум:Дали навистина имате такво некое искуство, дали ви има некој земено нешто или само претпоставувате?
Лично мене ми се јавува братот од царина и ми вика: господине, се јавувам во врска со една пратка што ја имате, ќе ве замолам да ме барате подоцна, ако можете на WhatsApp. WTF муабет, но ај си викам ќе се јавам. Имате пратка таква и таква и давачките се тотал 11,000 (а требаше околу 2-3,000 да искочи). Му викам грешка имате, а всушност и зашто ме барате на мобилен (пошто прв пат ми се случува ова) и што е ова со WhatsApp. Нема грешка, 11,000 денари е, али, али. ако ме разбирате што ви го кажувам. Знаете, може за 6,000 да наредиме... Ми светна што сака мисирот и му викам те молам не ме замарај, пуштај ја пратката до пошта, нека биде и 11,000. Ама господине, да не платите толку. Абе бркај работа и му спуштив. Пак ми ѕвонеше уште 2-3 пати и се откажа. Веднаш му свртев на близок од пошта, одма ми побара број, го најде кој е како, long story short, од оние рамковните, бркање на куково лето.
И НЕ, НЕ ИМ Е ПРВ ПАТ да го прават ова, ПОТВРДЕНО, а веќе читам и некој претходно го спомна ова тука на темава, така да се начуле муабети за истото и низ луѓево.
Веќе не нарачувам без претходно да најдам вработен кој знам дека ќе може да ми помогне при царина. Сум нарачувал премногу, сум бил и меѓу првите од CU што имаат нарачано, секогаш сум го поштувал процесот со пошти и без замерка ми бил, но после ова што се случи, повеќе не оставам пратка во северно македонскиве пошти. ДХЛ, УПС, ќе си платиш, ќе те одерат, али раат ќе си бидеш. Или познат ако имаш. Во спротивно, ќе читате циркузи од типот на помешале, две кутии биле. Жими таквото.Ги набутаа у царина ДУИнг бизнис и почнаа да прават малверзации, се јавуваат по луге бараат мито за да ти помине со помала царина, крадат пратки, страшно.