1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од ARMac, 12 Јуни 2014.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,408
    11,631
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Понекогаш (за многу скапи работи) вреди и да го пратиш назад. Се изненадив кога прашував во пакетско кај нас, не беше многу скапо * (пред тоа од сајтот на наша пошта најдов ценовник и врска нема). Ја сликаш фискалната и им ја праќаш на Фастек и они ќе ти ги вратат парите за поштарина. Инсистираат да го пратиш со најевтината опција, ти нормално ќе си го пратиш со регистрирана (тракинг) за да не го снема по пат и ќе кажеш дека таа е најевтината. :)

    Е сега, многу време се губи, ама тоа е.

    * Пет пати ги прашав, не ми се веруваше, дали може до Хонгконг (адресата на Фастек), може. Може ли мало плико (да не е пакет)? Може. Големо? Може. За најмалото, ако добро се сеќавам, беше 200 и нешто денари со тракинг. Ама одамна беше, може да поскапеле, но колку можат да поскапат?
     
    На Maki_SM и krema им се допаѓа ова.
  2. dim na struja

    dim na struja
    Gaining Experience

    244
    270
    23 Март 2016
    Машко
    Друштво абе ова скајлајнов у последно време ме дрибла, ова воздухов некако превише него што беше порано. Ги пробав сите влошки за воздух но небива, иначе највеќе го користам оној со 3 дупчиња те 3×0,8мм. Пробав и сите гумици да ги сменам и пак исто едино да не има некоја гумица што сум ја испуштил ама неможам да приметам да фали. Е сега има ли некој со ваков проблем и како да го решам.

    Sent from my A7 using Tapatalk
     
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,493
    10,506
    13 Јуни 2009
    Гумици на AFC само ако се отидени. Или евентуално влошката да не е убаво настегана т.е. да пушта по ѕидовите.
     
    На Tomica Jovevski и dim na struja им се допаѓа ова.
  4. dim na struja

    dim na struja
    Gaining Experience

    244
    270
    23 Март 2016
    Машко
    Сменети сите гумици дури и она најмалото на внатрешниот оџак, него и јас се сомневав на искривени ѕидови кај влошката за воздух што влегува незнам може несакајки сум ја искривил при чистење.

    Sent from my A7 using Tapatalk
     
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,408
    11,631
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Кога сме кај гумиците, пак нешто за нив...

    Од страницава извадив податоци за некои видови гуми што ги имаат:

    Guma.png
    1 Одлично (<10% набабрување)
    2 Добро (обично е OK кога не е во подвижни делови)
    3 Слабо (20-40% набабрување)
    4 Не се препорачува
    X Недоволно податоци

    Табелата е за хемиската отпорност на видовите гума во однос на течностите што ги користиме ние. А гумите се:

    N Buna-N (Nitrile) -40° to +250F°
    E EPDM FDA Grade (Ethylene Propylene, EPM) -40° to +140°C
    C Neoprene -40 to 225°F
    S Silicone FDA VMQ
    V Viton (FKM or Fluorocarbon) -20° to +400F°
    P Polyurethane (urethane)
    F Fluorosilicone FVMQ up to 392°F (од друго место -60°C до 177°C)
    A Aflas (AG Fluoropolymers, FEPM)
    K FFKM - Simriz (Isolast, Kalrez, Perfluoroelastomer) up to 230°C (од друго место до 327°C)

    Ги извадив само имињата и евентуално температурите ако ги има, па понатаму може да се истражува повеќе ако треба.

    Етанол (вотка; алкохол од аптека за чистење) влијае на гумите исто како неговиот братучед PG, ама нека стои. Дополнето со многу други работи што ми изгледаше дека можат да се најдат во атомизерите (не сите одеднаш :)) и средства за чистење. Воздухот/пареата не достигнуваат превисоки температури, инаку ќе се изгориме и ќе знаеме. Веројатно и некои работи што не се во големи концентрации - се разредени или хемиски се врзани со други работи не треба премногу да ги земаме предвид (никотин, вода, benzoic acid што ја има во nic salts). Ако ги имаме последните две работи од табелата, си имаме многу поголем проблем за кој треба да се секираме одошто за гумичките. :hay:

    Значи, бараме E, F, K, а можеби и C, во крајна нужда S.

    Од Кина, освен ако не е наведено поинаку, мислам дека се C/N (црните) и S (проѕирните), и тоа не со добар квалитет (силиконските не се FDA - food grade, а и црните не се поарни).

    Но општо, површината на гумичките што е изложена на допир со течностите е многу мала (обично се притиснати меѓу други метални/стаклени/пластични делови, па ова веројатно е само теоретски; како што знаеме, дури и кинеските неквалитетни гумички најчесто работат задоволително.
     
    На Lokvan, bicikle, Chicco69 и уште 7 други им се допаѓа ова.
  6. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,408
    11,631
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Кај Али имало и лулиња... Само треба да се одбере кое има 510 конектор, затоа што некои од атомизерите што доаѓаат со нив се прилично стари и не ги бидува за ништо.
     
    Lokvan, Gajche-X и на Tom Ford им се допаѓа ова.
  7. comakot

    comakot
    Gaining Experience

    242
    133
    23 Февруари 2017
    Машко
  8. Tomica Jovevski

    Tomica Jovevski
    Gaining Experience

    177
    295
    3 Февруари 2019
    Машко
    Дечки здраво,ме интересира што е разликата помеѓу дварв верзија 1 и верзија 2. Колку што можам да забележам декот е ист,над него има некое дополнително капаче и овални малце поголеми отвори за подобро да викува.. но што со овие промени,подобрувања,ако воопшто се подобрувања. Јас го имам на копервапе мтл верзија 1. Презадоволен сум од аромата,пареата и лесно се викува..

    Подоле се линковите од двете верзии:
    Верзија,која ја имате доста од вас
    $14.80 Coppervape Dvarw MTL Styled RTA Rebuildable Tank Atomizer - 5ml / 316 stainless steel + PEI / 22mm diameter at FastTech - Worldwide Free Shipping



    Верзија 2
    ,која воедно ја има @Tom Ford
    $10.32 Dvarw MTL V2 Styled RTA Rebuildable Tank Atomizer - 5ml / 316 stainless steel + PC / 22mm diameter at FastTech - Worldwide Free Shipping
     
    На Tom Ford му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,408
    11,631
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @comakot Јас имам порачувано, нормално кинеско дуќанче. Често имаат попусти 10-12 %, јас чекам да биде 15 % (многу ретки се тие), оти инаку не се поевтини од другите. Фри шипинг беше над некоја граница, заборавив колку. Мислам дека праќаа со Сингапурска пошта.

    @Tomica Jovevski Разликата е во овалните дупчиња на комората и во малку поголемата дупка за внес на воздух од надвор. Значи, внесува повеќе воздух и троши повеќе манџа, но разликата е мала. Имаше и некои примероци на V2 (не знам дали сите) со поинаков облик на влошките за воздух, значи не фаќаат оние од Coppervape, како и со проблеми со тие влошки (не дихтуваа/не беа мазни, па пропуштаа воздух или течеа). Или со позитивниот пост/неговиот изолатор. Но само кај некои примероци (или веќе ги средија тие проблеми и кај нив).

    Кај капачето нема промени, исто е, само што кај Coppervape останува во оџакот поради малку потенка гумичка (тоа не го средија и не го средија).
     
    gokica, Tom Ford и на Tomica Jovevski им се допаѓа ова.
  10. Tom Ford

    Tom Ford
    Gaining Experience

    157
    386
    20 Декември 2017
    Машко
    Фино си заприметил.

    Поновата верзија има нов прстен со поголеми овални отвори, па џусот многу подобро циркулира и натопува, што истовремено овозможува и поголема слобода за работење со памБукот - правење осмици:


    [​IMG]

    или протнување низ отворите:

    [​IMG]

    со што се овозможува уште подобра и побогата арома и посочна пареа. Ова второво е многу битно, бидејќи мн корисници се жалат дека Копервејп испорачува сува пареа.

    Капачето е маст хев и тука е механички многу подобро средено.

    Трета работа е опремата и цената. В2 се нуди како поопремена и поефтина верзија.

    Кога истражував која верзија да ја земам, после видеово, Копервејп дефинитивно отпадна, бидејќи има огромни проблеми со машининг, односно гумички, што и да е:

     
    Последна промена: 7 Април 2019
    Chicco69, gokica и на Tomica Jovevski им се допаѓа ова.
  11. Tomica Jovevski

    Tomica Jovevski
    Gaining Experience

    177
    295
    3 Февруари 2019
    Машко
    Јас ја имам копервапе верзијата 1,сега за сега немам проблеми со него,ако добро го викнам нема ни капка да процури. Добро викува,го користам со 1.5мм влошката. По мој вкус кајфун прајмот може вода да му носи на џуџево. Незнам дали ке биде упгрејд ако ја земам втората верзија..
    И додека коментираме за џуџињава ние го наоѓам клипов од Бурсаро пуштен пред некој ден


    View: https://youtu.be/9KGK8Qzg7kk
     
    На Chicco69 и gokica им се допаѓа ова.
  12. Verask

    Verask
    Intern

    3
    13
    3 Април 2019
    Женско
    Здраво на сите,

    Се извинувам ако е оff-topic - дотолку повеќе што ова е мојата прва порака на форумот - но само што завршив со пробување на сите 4 течности купени од @Sharlovski, па чесно е да се придружам кон пофалбите :)

    Мене особено ми се допаднаа Roasted pecan cream и Nutty RY4.

    Кој не пробал - вреди!
     
    Metuzalem, bicikle, krema и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. Gajche-X

    Gajche-X
    Unbeatable

    3,081
    5,380
    22 Август 2014
    @Tomica Jovevski

    Мислам дека ништо посебно не добиваш од Дварф В2 освен поедноставно викување(со В2 не се замараш како си го поставил памукот и дали си расчешлал убаво).

    Ја ги имам и двата(и копервејп в1 ултем и друг в1 клон) и В2 клонот од 9.7$.
    Мене сите ми работат исто/слично со 1.2 или 1.0мм влошка.

    Дворф-ов е Мајка за арома.

    Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
     
    Tomica Jovevski, Chicco69 и на gokica им се допаѓа ова.
  14. krema

    krema
    Professor

    10,119
    9,733
    24 Јуни 2009
    Машко
    Поздрав @Verask и добредојде во нашата секта :)
    Убаво би било да ни кажеш што од опрема користиш и како се носиш со електронските цигари. :)
     
    На b.a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tomica Jovevski

    Tomica Jovevski
    Gaining Experience

    177
    295
    3 Февруари 2019
    Машко
    Имам hussar, dvarw и kayfun prime. Имам пробано уште 6-7 атомизера од кој повекето вични мтл атомизери. За мене до сега џуџето ми е на пиедестал по арома,пареа,лесен вик,малце подвижни делови склони на абење протекување,со еден збор премногу едноставен и функционален. Сакам да земам уште еден,па затоа прашував за втората верзија.
     
    Изменето од модератор: 8 Април 2019
  16. zdrnik

    zdrnik
    Gaining Experience

    60
    72
    31 oктомври 2016
    Машко
    Umbrella NEO POD Tecnology-Е-цигари

    Случајно некој на форумов да не го има купено чудово? Интересно изгледа, на умрела под систем е...
     
  17. krema

    krema
    Professor

    10,119
    9,733
    24 Јуни 2009
    Машко
    Под системите обично се возат со никотински соли, инаку цената е многу висока, на FT имаш голем избор.
     
    Изменето од модератор: 9 Април 2019
  18. zdrnik

    zdrnik
    Gaining Experience

    60
    72
    31 oктомври 2016
    Машко

    Чекам да ми стигне Uwell Caliburn од FT, ама изгледа ќе треба убаво да го почекам :) На 25ти го нарачав, scheduled shipping беше за 4/4 и моментално стои restocking на нарачката...
     
  19. Gajche-X

    Gajche-X
    Unbeatable

    3,081
    5,380
    22 Август 2014
    @Tomica Jovevski

    Ако париш цело време MTL и ако бараш атомизер со in the face арома како Dvarw-от, топло ти препорачувам By-Ka V6 или V7 или V8, кој и да го земеш аромата е идентична.(комората на Бај-Ките им е слична, скоро идентична, ниска а широчка, слична на Дворфот, и нема кај да губи аромата на јачина, директ у оџак и уста :) )
    Лесен за билд и полнење(полниш одозгора) собира 5мл со големиот tank, В7 о В8 клоновите доаѓаат со "влошки" па можеш да си подесиш каков еефлоу ти одговара под греач плус да си подесиш на прстен колку "дупчиња" ерфлоу ти одговара.

    Ако сакаш balanced м2л арома(да не мава ептен у фаца/јазик) новиот КФ Лајт 2019 е одличен, поготово за тобако-иш ароми, сличен на Прајм-от али аромата е побогата каде-каде. (ако си го пробал стариот Кајфун Лајт од 2012, многу сличен со новиот КФ Лајт 2019-aroma wise)

    Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
     
    На Tomica Jovevski и Chicco69 им се допаѓа ова.
  20. comakot

    comakot
    Gaining Experience

    242
    133
    23 Февруари 2017
    Машко
    Abe znam deka kinesko e samo prasvuvav deka nekako neznaev dali stigat ili se fejk, kako za test ke poracam od tamu drag mini pa ke vidime
     
  21. krema

    krema
    Professor

    10,119
    9,733
    24 Јуни 2009
    Машко
    А си зеде ли и резерва кертриџи?
     
  22. zdrnik

    zdrnik
    Gaining Experience

    60
    72
    31 oктомври 2016
    Машко
    Да, 4 комада за 9.95$ + 2 во самото паковање, вкупно 6. Би требало да се таман за месец ипол.
     
  23. krema

    krema
    Professor

    10,119
    9,733
    24 Јуни 2009
    Машко
    Е тоа ќе зависи каква течност ќе користиш.
     
  24. zdrnik

    zdrnik
    Gaining Experience

    60
    72
    31 oктомври 2016
    Машко
    Ќе му ставам 50PG/50VG, ама како што читам топ си било и со погуста течност. Штета што нема "солен" никотин кај нас.
     
  25. krema

    krema
    Professor

    10,119
    9,733
    24 Јуни 2009
    Машко
    Јас чекам купон кај FT, кошницата ми е полна со сол. :)
     
    На zdrnik и Ace Lud им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...