1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари втор дел

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 9 Април 2019.

  1. krema

    krema
    Professor

    9,095
    8,827
    24 Јуни 2009
    Машко
    А зошто да не IPower 80w?
    Според мене најдобар избор за скромни пари.
     
  2. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    827
    633
    29 Март 2011
    Јас пред еден месец со пп платив имав нарачано некој работи сега пак под нарачав и зица она ова пак со пп се е ок :)

    Испратено од DRA-L21 преку IT.mk форум апликација
     
  3. Saso Trpenoski

    Saso Trpenoski
    Intern

    63
    35
    21 Мај 2019
    Машко
    Малку грдичок ми е


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  4. krema

    krema
    Professor

    9,095
    8,827
    24 Јуни 2009
    Машко
    Тогаш барај некој фенси. :)

    Некои работи од Aspire не може да се платат со РР, вероватно имаат некоја посебна политика за плаќање на нивните производи.
     
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,396
    10,203
    13 Јуни 2009
    20190829_201444-01.jpeg

    3 сони втц5 и ЛГ за 30 + 12 евра од Неа Муданиа. Добро снабден шоп. Steamers, 50 метри од плоштадот.

    Инаку во космос медитеранеан нема повеќе вакви батерии. Само оние познати кинези за 15 евра парче.
     
    На Astraion, OldSchoolPvP, fis1976 и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. krema

    krema
    Professor

    9,095
    8,827
    24 Јуни 2009
    Машко
    Честито нека се новите акумулатори иии,
    do not use outside of battery pack :D
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    442
    835
    15 Март 2016
    Машко
    Стигна Милениумот.

    [​IMG]

    Прво да кажам дека Ултон завршил добра работа и се е како што треба, од завршна обработка (пошто има доста вдлабнатинки, гравури и канали на самите оџаци кои ги држат на базата) до навои, о-рингови дури додале и еден бонус што мене многу ме израдува, редуцир од 1мм :) (оригиналот има два редуцири 1.8мм и 2х1.2мм). Немаше никакви траги од машинско масло и лоша миризба ама сепак беше избањат. Од резервни делови има о-рингови, штрафчиња за базата, редуцири, peek изолатори и алатче за отварање на долниот дел од базата.

    [​IMG]

    Нема втор дрип тип и резервно стакло, среќа што нарачав две резерви пошто при прво затварање ми се лизна и отиде јабана.

    [​IMG]

    Прв билд стандард грејач, 2.5 мм, 29 AWG, 6 намотки, 1.5 Ω. Го пробав само со една течност (Пирамида од Инавера) со редуцирот од 1мм и најмалиот оџак и дава одлична арома, вејпот е мазен и тивок ама не како кај Expromizer-от кој ме "разгали" кога е тоа во прашање, throat hit-от појак од сите атомајзери што ги имам.

    [​IMG]

    Ќе треба време да се тестираат и другите оџаци ама за тутунски верувам дека овој ќе биде најдобар. Атомајзер кој сигурно ќе го задржам и секоја препорака за сите кои сакаат тутунски ароми.

    [​IMG]

    Ако сум изоставил нешто и ако има прашање слободно кажувајте.
     
    На Astraion, Tomica Jovevski, Sharlovski и уште 5 други им се допаѓа ова.
  8. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ако оваа комора е степенеста од внатре (има прекршување некаде), мислам дека подобра за вкус ќе биде онаа куполастата.

    (одам да пуштам брада и да си ја сплетам во плетенка) :hay:
     
    На fis1976 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Евтини сквонкери за екстра мерак со попустот:

    Рестриктивно дробно

    Рестриктивно дробно

    Усно

    Не се баш ѓубре, релативно се понови и поквалитетни (но како и кај сите клонови, работата е како ќе ти се погоди) и имаат премалку делови за да може нешто сериозно да се расипе.

    И другите намалени работи не се потрошени, јас си звизнав едно коцкиче.

    -----

    На Али заврши или е при крај попустот на Клупорот (беше 11,69$ со фри шипинг). За кој не знае, овој (многу стар) мод на времето го набедија дека се самозапалувал и имаше многу заебанции во врска со тоа, а јас и уште некој од форумов го здробивме од користење без никаков проблем. Модот беше еден од најмалите за со една батерија. Сега не го препорачувам некој да го купи, но ми беше интересно кога го видов (ни јас не го купив).

    Инаку, таа продавница има многу стари и евтини работи што ми се интересни мене од „историски“ аспект, но би препорачал внимание ако некој мисли да купува нешто од таму, материјалите (најмногу пластиките/изолаторите) не ми изгледаат добри.
     
    На Tomica Jovevski, Ace Lud, gokica и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. nino.09mk

    nino.09mk
    Intern

    8
    11
    3 Август 2019
    Машко
    Јас имам два исти...ги користам со Molicel батерии, и се ОДЛИЧНИ...е сеа јас на малце поголема ватажа ги влечам, со sub-ohm тенк...додека не стигне новиот :) Со sub-ohm, со окулу 45-55w, си варирам, како ми одговара, и менувам вкусови....ми излегува ден ипол батерија, или окулу 450-550 влечења. Модот не се загрева, не ми ги прегрева тенковите, и најбитно, батеријата е константно ладна (предходно имав лошо искуство со кинезарија). Лесен е, мал е, а горе можеш и доста широк тенк да ставиш, мислам дека 28мм му беше макс, без да виси. Ако нарачуваш, препорачувам 18650УК, мене ми стигнаа батериите од таму за 6 дена од нарачка, без царини, без дрнкање на царина. Предпоставувам со profile rda-то, ке имам повеќе батерија, јер не планирам на висока ватажа да го бркам, чисто убав вкус да вадам :) Немам доволно зборови да го испофалам модов, посебно фактот што барав нешто помало, нешто за во џеб повремено...и издржливо...доста и сум трапав :)
     
    На Saso Trpenoski и Chicco69 им се допаѓа ова.
  11. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    555
    2,391
    21 Април 2016
    Машко
    Мало потсетување, попустот на ароми во Inawera завршува на полноќ.
    Воедно и да се пофалам, си направив едно пињауууу. :hay:
    IW 1.JPG
    1133 денари за 130 мл ароми, или во просек 87 денари за 10 мл. :carefree:
     
    На fis1976, gokica, krema и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,632
    743
    3 Март 2018
  13. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Толку ми требаше... :D

    Clipboard01.jpg

    Над ова растеше шипингот за евро, не дека правеше разлика, ама вкупната сума се приближуваше до ДДВ лимитот. Вака Царина може само да се слика од мене (или да пие две кафиња за 104 денари :oops:).

    @bicikle Ова.
     
    Последна промена: 1 Септември 2019
    fis1976, krema и на Chicco69 им се допаѓа ова.
  14. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,632
    743
    3 Март 2018
    Оти толку скапо?

    Линк од апликацијата?
     
    Изменето од модератор: 1 Септември 2019
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Оти има едно шишенце од 100 милилитра. Споредив со аромаши (само за тоа едно шишенце; сосе шипинг), за 2 евра е поевтино овде, попустот е добар. Башка и тие другите ароми од 4 злоти, му доаѓаат по евро и нешто.

    За апликацијата, идеш на PlayStore и бараш Aliexpress. Ваљда нема 100 апликации, појма немам. Гледаш да биде official.
     
    На Ace Lud и bicikle им се допаѓа ова.
  16. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,632
    743
    3 Март 2018
    Мислев од али има линк. Ај ќе барам ...
     
  17. zoki977

    zoki977
    Gaining Experience

    106
    211
    6 oктомври 2009
    Машко
    Во петокот ми пристигна Vandi Vape Berserker 1.5 mini . Првичен впечаток за пакувањето и додатоците - одличен. Малце мирисаше на машинско масло, ама двојна доза бања заврши работа.
    berserker.jpg
    Според ревјуата требаше да има мазен цуг, без протекување, без spit-back, без гурглање... арно ама во реалноста не е баш така, барем кај мојот примерок.
    1. Прво се обидов со намотките кои доаѓаат со него ( Ni80 30*2/38 AWG) со дијаметар 2.5, 0,68 оми . Spit-back за сите пари. На трето полнење од горе, со затворен воздух, поплава. При полнење од доле поплавата се решава, spit-back-от помалце изразен, но ако се повлече појако тука е. Минимум на кој може да се има прифатливо ниво на телност во уста е 18 W . Се обидов и со различен дрип-тип и со тој од кајфун прајм добивам некое прифатливо решение, ама губам на арома. Позитивно во целата ситуација е дека аромата е фантастична.
    2. Кантал AW 28, 2,5 дијаметар, некаде на 1,2 оми, повторно поплава и протекување со течност во уста.

    Да напоменам дека пробав со помалце, повеќе памук, со пократки и подолги опашки (односно спуштени или не до дното на каналот за течност), ама првичен впечаток ми е дека каналите за течност (би рекол бунари) се премногу големи и се случува пренатопување на памукот.
    Можно е да се контролира ситуацијата со силината на повлекување, арно ама кога ќе се изнагледаш ревјуа, очекувањата се поголеми.
    Ме интересира, дали некој има искуство со атомизеров, за да знам дали е фаличен мојот примерок или се работи за општ недостаток.
    И за крај, фотографија од еден од билдовите.
    berserker_build.jpg
     
    Metuzalem, Chicco69, Saso Trpenoski и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,010
    2,259
    28 Јануари 2017
    Машко
    Единствено заради ова не ми се експериментира, секој нов тенк го осеќам како да имам нова жена со ПМС и треба да и го учам одново табиетот.

    Ќе научиш и помалку да им веруваш на ревјуата, што се однесува до тенкот мислам дека @fis1976 го имаше.
     
    zoki977, fis1976 и на Tomica Jovevski им се допаѓа ова.
  19. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    442
    835
    15 Март 2016
    Машко
    @Sharlovski @zoki977

    Јас го немам овој модел, го имам првиот мини и 24мм V1.5. Mini V1 е малку попроблематичен во однос на викување а поготово во однос на полнење. Секогаш го полнам од долу и нема течење. Полнењето од горе е 50/50.
    24мм V1.5 секогаш го полнам од горе и никогаш не протекол, единствено прослинува горе при затварање на top cap-от. Tоа се решава или пак значително се намалува ако се избрише горниот дел каде што затвара top cap-от и самиот top cap пред затварање од насобраната течност и/или конденз.

    Побај со овој начин на викување

    [​IMG]

    Јас немам dry hits и убаво натопува. Користам само обична кантал жица, 28-29 AWG, 2.5мм , 6 намотки 1.2-1.5Ω
     
    Последна промена: 2 Септември 2019
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zoki977

    zoki977
    Gaining Experience

    106
    211
    6 oктомври 2009
    Машко
    Прв атомизер на кој за два дена имам направено десетина билда. Последен ми е 3.0, 28 AW, со количина на памук спротивно на секоја логика. Го терам првиот тенк и сега за сега е ОК, но проблемите обично почнуваат со вториот, односно третиот ако полнам оддоле.
    Мислам дека во оваа верзија проблем се каналите кои се комплетно отворени оддоле, за разлика од оргиналниот берсеркер. Едноставно, премногу течност. Од друга страна со премногу памук, се прави компромис со арома и е на граница на dry hit. Ќе терам утре вака, па ќе пишам како сум поминал.
     
    На fis1976 му/ѝ се допаѓа ова.
  21. zoki977

    zoki977
    Gaining Experience

    106
    211
    6 oктомври 2009
    Машко
    Некое искуство со германскиве пошти. Решив да се почастам квалитетно PG VG 0mg/ml, пола со пола, ама како што гледам веќе 4 дена дреме на германската царина ? Untitled.png
     
  22. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не дреме, излегла (мислам). Гледај го долниот статус од оригиналната пошта.
     
    На zoki977 му/ѝ се допаѓа ова.
  23. zoki977

    zoki977
    Gaining Experience

    106
    211
    6 oктомври 2009
    Машко
    Ме буни што последниот долен статус е во 14:30, додека горните со царина се во 15:49. Останува да чекам :) .
     
  24. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Нема тоа, којзнае што испогрешиле нашиве при пренесување на пораките. Меродавна е поштата каде што се наоѓа пакетот, а засега тоа е германската.

    Последен статус им е дека излегла (или дека треба да излезе) од Германија. Нема што повеќе да апдејтираат, нема пакетот да пишува писма „еве сега се возам со авион/воз“. Кога ќе стигне до некоја нова точка, ќе има нов статус (се надеваме).

    Кога ќе стигне кај нас, тогаш повеќе ќе и` веруваш на нашата пошта (а и тоа со усул :hay:).
     
    На Saso Trpenoski и zoki977 им се допаѓа ова.
  25. krema

    krema
    Professor

    9,095
    8,827
    24 Јуни 2009
    Машко

Сподели

Вчитување...