MarioB
read-only
- 20 септември 2018
- 20
- 13
Можеби и не е правото место за ова но после 2 годишно истражување конечно налетав и на македонскиов форум за кој не бев свесен дека воопшто постои. Не бев свесен дека имало голем број на вејпери и во Македонија хаха и моето прашање е можеби поставено повеќе пати, но ќе ме извинете молам. Како што приметив повеќето од вас набавуваат VG и PG и си прават сами свои течности. И јас сам правам течности, а VGто и PGто ги добив од пријател кој работи во болница. После неколку тестови открив дека PGто има некаков си проблем затоа што првите течности што ќе ги направев обично имаа вкус на некаква си хемикалија како сапун... одвратно, па почнав да ги правам само со арома VG и дестилирана вода и беа добри. Моето прашање е од каде вие ги набавувате вашите бази VG, PG и доколку некој набавува никотин од некаде би било супер да сподели. И да не ја должам уште многу приметив дека и кај нас во Umbrella имаат донесено многу делови (волна,жици,греачи...) и VG и PG, дали се добри дали да ги купам од тука или пак да нарачувам онлајн.