Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Дали треба да се забрани или регулира ТикТок во Македонија?

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Како ќе го решиш тоа, секое дете ќе стави +18 години возраст,ќе промени датум на раѓање кога ќе се регистрира на апликацијата и успешно ќе креира акаунт , иако е реално 12+ години.
Како што го решиле сите други апликации. На истиот начин.
 
Mar tiN

lurker
2 јануари 2014
877
633
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-12400F
Motherboard
ASUS PRIME B660M-A D4
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus M.2 + Western Digital 4TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston HyperX FURY™ 64GB
Video card
ASUS Dual GeForce RTX™ 3050 OC Edition 8GB
Case
Cooler Master K350
OS
Windows 11 Pro x64
Како што го решиле сите други апликации. На истиот начин.
Пример : имам 13 години , и сакам да се регистрирам на FB кој е за 18+ ,ок ми бара датум на раѓање и јас внесувам 12.01.1993 место 12.01.2010 и слободно го креирам акаунтот . Кој ќе ми забрани да креирам акаунт , едино само лична карта да почнат да бараат .
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
Пример : имам 13 години , и сакам да се регистрирам на FB кој е за 18+ ,ок ми бара датум на раѓање и јас внесувам 12.01.1993 место 12.01.2010 и слободно го креирам акаунтот . Кој ќе ми забрани да креирам акаунт , едино само лична карта да почнат да бараат .
Верификација на профил , испрати лични документи па профил ќе стане активен :D
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.219
2.652
Социјалните медиуми се една голема сива зона што е нерегулирана од никого, освен за некои правила на приватност кои им ги бараат за да работат. Деца од 7 години си праат фејсбуци, инстаграми, тиктоци и слично. А тие работи, поготово инстаграмот треба да се плус 18. Голема работа една брадавица ако забраниле да се покаже кога све друго е извадено.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Социјалните медиуми се една голема сива зона што е нерегулирана од никого, освен за некои правила на приватност кои им ги бараат за да работат. Деца од 7 години си праат фејсбуци, инстаграми, тиктоци и слично. А тие работи, поготово инстаграмот треба да се плус 18. Голема работа една брадавица ако забраниле да се покаже кога све друго е извадено.
Јас пријавив профил на 10 годишно девојче на инста, имаше слики од него и ставив reason дека е помалце од 13 години. Ме одјебаа, ми пишаа да ставам доказ дека е помало од 13 или така нешто. Си викам ајде, нема што да се замарам.
 
M@RKO

user
3 јуни 2009
1.480
551
Ништо не се решава со забрана на социјална мрежа. Исто нема ни да помогне ако се направат социјалните мрежи за креирање профил да бара лична карта бидејќи секогаш се наоѓа решение оние кој не се полнолњтни да си креираат профил.
 
teokitan

hello world
11 октомври 2017
174
139
Исто нема ни да помогне ако се направат социјалните мрежи за креирање профил да бара лична карта бидејќи секогаш се наоѓа решение оние кој не се полнолњтни да си креираат профил.
Дефинитивно не поддржувам толку екстремно решение како барање верификација пред креирање на било чив профил, меѓутоа не се согласувам дека тоа не би спречило (многу) малолетни да креираат профили. Секако, некои ќе се снаоѓаат и ќе го заобиколат, меѓутоа повеќето
Мислењето е автоматски споено:

Исто нема ни да помогне ако се направат социјалните мрежи за креирање профил да бара лична карта бидејќи секогаш се наоѓа решение оние кој не се полнолњтни да си креираат профил.

Дефинитивно не поддржувам толку екстремно решение како барање верификација пред креирање на било чив профил, меѓутоа не се согласувам дека тоа не би спречило (многу) малолетни да креираат профили. Секако, некои ќе се снаоѓаат и ќе го заобиколат, меѓутоа повеќето ќе се откажат, а со тоа би се намалило (истребило?) и самото општествено влијание на мрежата кај младите.

Истото важи и за „забрана“ - нормално, секој теоретски може да уклучи VPN и пак да користи тикток доколку е забранет, меѓутоа самиот тој додатен чекор спречува масовност, особено кај нови корисници.

Како и да е, и двете решенија се веќе прилично силна цензура што јас не би ја поддржал. Исто така, реалистичен аргумент тука е дека кое решение и да се примени само врз тикток, во најлош случај младите ќе преминат на наредна социјална мрежа.
 
ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
300
1.068
www.IT.mk
После двете ужасни ситуации во Србија, какви што не се паметат во поновата историја на овие простори, се појавија видеа на друштвената платформа ТикТок, на кои што деца го имитираат пукањето во училиштето и го доживуваат како да е некоја видео игра или филм. Покрај видеата, можат да се забележат и коментари под видеата, на кои што дел од соучениците убиецот го доживуваат како некој херој. Кога се читаат коментарите, делува како ова да е некоја видео игра или филм, а не трагедија од големи размери.

Ваквите коментари по платформата допринесоа влијанието на ТикТок да се најде во центарот на вниманието и да се стави на маса предлогот за регулација или забрана на ТикТок и во Македонија, затоа што според многумина ситуацијата е алармантна. Според други, цензурата е ужасна работа.

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com

За тоа треба да се притиснат социјалните мрежи да модерираат каков контент се постира, истиот да се модерира од луѓе, а не автоматски. Истите да се натераат социјалните мрежи да ги пријават во институциите.

А не обратно, да се притиснат корисниците и да се воведе цензура.

Имаме луѓе кои ги плаќаме со наши пари да размислуваат за тоа во оваа држава. Е сега што се неспособни, неедуцирани ропаци тоа е друго. Најдоброто што им текна е „дА Се ЗаБрАнИ ТиКтОК“.

Е за беспари не им давам идеи макар ни на форум.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.623
3.174
1. влажен сон на секоја власт е цензура. Штом се почне нема крај и секогаш ќе има некое глупо оправдание.
2. тик-ток користев и беше супер апликација со фантастичен алгоритам. Кажи му дека те интересира дизајн, маркетинг, филозофија... друго нема да знаеш дека постои. Ама на глупи корисници им нуди глупи содржини. До корисниците е, не е до апликацијата.
3. Проблемот не е дека децата имаат пристап на глупа технологија. Немаат пристап до родителите.
Побарав совет за игри за деца на форумов, оти верувам дека има луѓе што се детални во пребарувањето и филтрирањето. Мајнкрафт не беше на врвот на понуденото. Иако тоа што беше понудено е можеби ок штом е на некоја платформа каде нема да гледа рабтоти што не се за него (роблокс на темава е голем феил).
Да се вратам на поентата. Ако родителите не дремат на тик-ток (или било која друга трошалница на време) туку поминуваат време со своите деца, шансите за децата да гледаат срања и прават срања се драстично намалени.
4. Погледнете во Србија, ужаси какви што не се паметат...
Пишано на 9ти мај, кога имавме жртви од терористи. Во земја во која имаше масакри, резбарени луѓе... Поминете до жена парк, има еден споменик на деца бегалци (уништен и не се поправа од политички причини), оти тоа беше систематско етничко чистење во кое се убиваа бебиња во утробите на мајките. Еј, ама кој да памети тоа кога историја не е кул како што е кул оваа со силикониве што се тресе на тик-ток?
Не е до тик-ток, до вас е, ама боли да го насочиш прстот во себе.
5. А имам и друг предлог. Наместо да се забрани тик-ток, да се забранат деца? Или луѓе? Па децата/луѓето прават глупости, па дај да ги забраниме? Да почнеме од политичарите.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.694
12.537
Skopje
www.wemaxa.com
Kot Kit e кинески, треба да се забрани нормално. Не е инклузивен и толерантен кон маргинализираните групи, за разлика од напредни платформи како фејсбук. На кинескиот тоталитаризам не му е место помеѓу просветлените аспиранти за еу, мрачното доба на социокомунизмот заврши, да живее демократијата и нашите пријатели од еу јуес и нато.

/Авторот се идентификува како _____. Користи заменски форми ______.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.552
19.224
За тоа треба да се притиснат социјалните мрежи да модерираат каков контент се постира
Ете така! Ова чекав некој да го напише

Не знам дали знаете но алгоритмите односно "понашањето" на ТикТок во Кина е сосем различно од она во Европа и Америка.

И така, Сан Сун Син во Кина учи, рецимо, како се пржи јајце на око и како да оправиш лаптоп (вештини, значи) додека Трајче во Македонија му се восхитува на Сејхан додека овој вози 250 по Партизанска.

И така, значи, ако кинезите умеат да го забранат Фејсбук и Гугл, ако го дресираат ТикТок тогаш молим лепо да им се удру еден фин реципроцитет.

И не е случајна фрката со ТикТок насекаде низ светот.

Како што умее да го спастрат Youtube од рандом ретарди кои објавуваа ретардирани цртани така можат и овие.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
758
1.173
И фб да се забрани.
Возрасни луѓе, со навршени 62/64 год, на секоја објава коментираат Амин, и само споделуваат лажни "гивавеји". И после се смееме на кам во поштенско сандаче.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.552
19.224
Проблемот е повеќе слоен, не е само во ТикТок, Фејс и други.

Проблемот е што и самите родител не знаат што им прават децата и што инсталираат по телефони.

"Кризните времиња даваат способни и снаодливи луѓе. Способните луѓе прават добри времиња. Добрите времиња даваат неспособни луѓе. Неспособните прават кризни времиња"

Парафразиран цитат. Не се сеќавам од каде :)
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.928
Ете така! Ова чекав некој да го напише

Не знам дали знаете но алгоритмите односно "понашањето" на ТикТок во Кина е сосем различно од она во Европа и Америка.

И така, Сан Сун Син во Кина учи, рецимо, како се пржи јајце на око и како да оправиш лаптоп (вештини, значи) додека Трајче во Македонија му се восхитува на Сејхан додека овој вози 250 по Партизанска.

И така, значи, ако кинезите умеат да го забранат Фејсбук и Гугл, ако го дресираат ТикТок тогаш молим лепо да им се удру еден фин реципроцитет.

И не е случајна фрката со ТикТок насекаде низ светот.

Како што умее да го спастрат Youtube од рандом ретарди кои објавуваа ретардирани цртани така можат и овие.
Се сложувам со пишаново, подолго време наназад следам (читај: читам написи по интернет) за ТикТок-ов, и од поодамна гледам дека западов и прозападните сателити се наострени контра ТикТок. Без разлика дали е оправдано или не...
Имаше реакции (и веројатно беа услишени) дека серверите за „драгоцениот“ западен „контент“ не смееле да се во Кина, и некои слични прелиминарни потези кои на прво не се препознаваа дека се за да се турни конкуренцијата, туку беа завиткани во целуфанче од грижа за безбедност на податоците.
Малце наликува на западното банирање на Хуавеј, иницирано од естаблишментот на Трамп, после што „верните сојузници“ го следеа наративот и го отсекоа Хуавеј, што во крајна мера резултираше со побавно пуштање на 5ЏИ во западниов свет, бидејќи опремата што требаше да се монтира (или веќе беше монтирана) од Хуавеј, мораше да се замени со друга, западна-френдли....ама, ај, то е друга приказна.

Да се вратам пак на темава: немам ТикТок, а од она што го имам видено досега дека се нуди на таа платформа/апликација, лично мене не ме привлекло да ја имам на телефон.
На детето дома, на неговиот мобилен не му дозволувам ТикТок (ниту друга социјална мрежа), единствено има Вибер за да комуницираат децата од одделението (четврто одделенци се) и две игрички: Roblox и Toca World. Можда ќе звучам тирански, или недемократски, ама прилично рестриктивно се држам до контролирање на тоа што ќе гледа и што ќе прај на телефон. На училиште не го носи, повремено ако се има потреба за јавување ќе го земи, ама интернет има само дома (на WiFi).
Се разбира дека не можам 100% да исфилтрирам што ќе види на телефон, бидејќи другите деца од околината имаат мобилни со интернет (нивните родители им ги дозволиле), со мала катаљарда на игрици и разни апликации, па дури и соц.мрежи, но се обидувам дома да му укажам на непотребноста, безкорисноста и/или штетноста од сето тоа, со надеж дека тоа допрело до мозокот и дека ќе има некоја самосвест да се самозаштити, оти не сме 24 сати со децата.
Инаку јас лично, не сум за „цензура“, но некоја контрола, форма на модерирање или слично е универзално потребна. Бидејќи цензурата... тоа е меч со две острици. Знам дека ова е тешко да се постигни (модерирање без притоа тоа да е цензура), бидејќи кој ќе биди тој што ќе пресечи ова можи - ова не можи? И колкава е веројатноста дека тоа ќе е објективно, во најдобар интерес на заедницата, а не со скриени мотиви, со задни намери од некои помрачни наративи?
Оти сведоци сме на по некој вид на цензура која се случува, која под закрилата од заштита од лажни вести и/или дезинформации (триумфалистички нарекувана како војна против фејк њуз), се протнуваат и непотребни модерирања, и/или дискредитирање на кредибилните извори на податоци, нешто кое го гледаме често во последниве години, а нема да запри тука годинава. А да не навлегувам подлабоко во зајачката дупка, и да не спомнувам за DeepFake видеата, вештачката „интелигенција“ како Chat GPT или слични измислувачи на приказни!

Сметам дека личната одговорност на родителите и кревањето на свеста, поминувањето поќе „квалитетно“ време со децата, и посветувањето на поќе внимание е од клучно значење, ама па, ај да прекинам со клишеава...

И друго, @FLEGMA одговорно твдам дека не му се восхитвам на Сејхан ко ќе вози 250 на сат по Партизанска.
Ама, ногу го следам Арбен ко ќе вози со 220 од Тополчани накај Вашерејца!
:cool:
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Една стара Кумановска поговорка вика „не мешајте демокатију и ќутек“, кинези од нас у гу преземале.
 
bloops666

hello world
22 септември 2022
91
93
Проблемот е повеќе слоен, не е само во ТикТок, Фејс и други.

Проблемот е што и самите родител не знаат што им прават децата и што инсталираат по телефони.

"Кризните времиња даваат способни и снаодливи луѓе. Способните луѓе прават добри времиња. Добрите времиња даваат неспособни луѓе. Неспособните прават кризни времиња"

Парафразиран цитат. Не се сеќавам од каде :)
До негде криви се и самите родители. На секој уред има опција за parental control и мислам дека можи да се ограничи шо можи да прај детето со уредот.
И фб да се забрани.
Возрасни луѓе, со навршени 62/64 год, на секоја објава коментираат Амин, и само споделуваат лажни "гивавеји". И после се смееме на кам во поштенско сандаче.
И за овие треба parental control. Можи звучи смешно ама јбг то е.
 
Ile bocev

hello world
15 ноември 2015
354
294
Апсолутно не сум за забрана на ТикТок
Нашиве чекаат само повод, за да го забранат. Владава е толку американизирана што дозволи да се отвори и база во Криволак, гради патишта со 200% набиени маржи и со ризик во иднина да станеме презадолжена земја, зависна од Турција и САД.

Втора причина, зашто мислам дека не треба да се забрани е тоа што, на платформава може да се разпознае барем еден дел од луѓето. Односно мислам дека ТикТок, па и другиве соц. Мрежи ни помагаат да откриеме дел од глупавите луѓе кај нас.

На пример:
Најнов случај. Пред некое време една жена се снима и си раскажуваше како и кажувала на сверквата дека се е*ела со мажот. И така цел ден се онадела. Ова е жена во некои веќе сериозни 40-тина години

Претходно имаше луди Албанци кои се снимаа дека возат пребрзо со 250км на улици.
За жал имаше луѓе и од АРМ, полиција итн.

Заклучок: благодарение на ТикТок дознавме дека имаме прости луѓе во АРм и по други јавни институции.
Разбравме дека има жени по 40+ години, кои имаат памет на чавка, а камоли пак да чуваат деца, разбравме дека имаме анестезиолог во Тетово, со лажна диплома и луд памет.
Се што треба е на ваквите будали
Да се повикаат во полиција и кривично да одговараат, нормално во зависност од делото. Од парична глоба, одземање на возила, бркање од работа па до затвор.
Така ако сака државата навистина да воведе ред, не треба да им се умилкува на американците и да забранува платформи, туку треба да ги казни луѓето, бидејќи платформата помага да дознаеме кои се будалите и побрзо да ги откриеме дупките во системот.
 
Mr.Kocev

read-only
19 март 2016
23
27
Штип
Mr.Kocev's setup  
Processor & Cooler
i5-13600KF DEEP COOL AK620
Motherboard
GIGABYTE B760 GAMING X
PSU
COOLER MASTER 620M SILENT PRO
RAM
32GB DDR5 6000MHz Kingston Fury Beast Kit CL40 (2x16)
Case
DEEPCOOL CL500
Mouse
LOGITECH G PRO WIRELESS
Audio
Scarlet solo
Monitor
lg
OS
WINDOWS 11
И фб да се забрани.
Возрасни луѓе, со навршени 62/64 год, на секоја објава коментираат Амин, и само споделуваат лажни "гивавеји". И после се смееме на кам во поштенско сандаче.
Баце, не се само 62 64 годишни, од 7 до 77.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.552
19.224
Не заборавајте дека апликацијава има страшни проблеми со приватноста (исто како фејсбук на пример)
Исто така не заборавајте дека во Кина има The Great Firewall па со еден замав се забранети Фејс, Твитер, Јутубе, Гугл итн.

Во врска со приватноста имаме проблем насекаде а не само со ТикТок ама темава е за ТикТок па моментално дискутираме за него.

Не целосна забрана туку употреба на истите алгоритми како во Кина, молим лепо!

А алгоритмите знаат да бидат многу моќни. Еве ви пример кој ми се има мене случено

На Јутубе аплоадирав видео од Крштевка. Видеото беше означено како приватно (значи, никој пристап освен оние кои имаат линк)
Видеото ми беше инстантно блокирано со образложение child abuse (пошто Крштевање, нели, не може да се крсти облечено дете)

После којзнае колку игнорирани мејлови конечно се сетив да им пишам нешто во смисла дека тоа е дел од моите верски убедувања, дека тоа е Црковен обред и конечно видеото беше деблокирано.
(ме фати фрка, не за видеото туку дека можат да ме банираат од Јутубе или уште полошо, од Гугл)

* видеото беше за постари луѓе кои не се разбираат од клауди, симнувања, есктерни плеери и слично. Знам дека можев да го ставам некаде.

Ова го пишувам дека сепак е можно да се регулира што може а што не може да се става и прикуажува на одредена платформа.

Јас лично не користам ТикТок ниту ми е природен тој формат.

Ако родителите не се доволно вични или не знаат како да си ги заштитат децата тогаш државата треба да стави одреден слој на заштита
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно