1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Apple паметни телефони - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 30 Септември 2014.

Тагови:
  1. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,952
    2,191
    19 Јули 2013
    Сосема е нормален и очекуван овој пад.

    Порано, во времето кога се сликаше на филм, фотоопрема купуваа исклучиво професионалци и фото ентузијасти. Обична раја купуваше идиотчиња со кои на еден филм сликаа празник, летување, празник, роденден, зимување. И повторно и повторно го користеа истиот апарат, се менуваше само филмот.

    Потоа се појавија дигиталните апарати и почнаа да ги купуваат и ќоро и сакато. И тоа редовно, на година-две нови модели, затоа што имаше забележителна разлика во квалитетот на сликите кај новите генерации. Тука е тој пикот на графикот. И пикот е од обични компакт апарати, не од дслр.
    Штом телефоните овозможија правење на пристојни фотографии, сите овие преминаа да сликаат со нив. И нормално полека престанаа да купуваат фотоапарати, со што и компактите речиси исчезнаа од пазарот.

    Останаа да купуваат само професионалците и фото ентузијастите и како што се гледа на графикот продажбата си се враќа на нивото од пред дигиталната револуција.
     
    Avid, Oktar и на Скоти им се допаѓа ова.
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,366
    25,786
    4 Септември 2008
    Сакав само да ти кажам дека е веќе пуштен у продукција. Нема да бидат скапи телефоните со тој сензор, т.е. ќе си бидат со цените како што се сега S серија, (зборам за самите уреди на Samsung) проблемот е што тој уред на Xiaomi, е тотален концепт модел, затоа и чини толку, не ради сензорот.
    Па не е толку битно зошто, поентата е дека натака оди работата.....барем за грото од луѓе......оваа година ќе се зголемат и мегапикселите, па ќе биде уште поинтересно, а најдобрата работа која никој не ја спомнува е видеото, во тој сегмент сем дедицирана видео камера, предноста е кај телефоните.

    Значи Телефон - практичност, видео, и фото во денски услови.

    DSLR, Боке, принт, темница, студиска работа.

    Пред 5+ години, преку ден ги газеа телефониве, како за пример. А да не збориме што може додатно да се подобри со монтирање на мини адон леќи на телефониве и сликање во RAW.

    Сега има сегменти во кои се споредливи, тоа е чудното.
     
  3. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    693
    2,299
    27 Јануари 2014
    Машко
    1. Сега загледав во дисплејот на сонито, да raw слики. А, во опис на видеото кажува дека правел само exposure adjustments. RAW фајл си бара колор корекции.

    2. Тука доаѓа до израз користењето. Разликата на аматер и професионалец. Сони А серијата што ја извадија имаат еден од најдобрите фокус системи на пазарот и eye detection, така што нереално ми е дека ајфон ќе вади подобри детали. Ама ако не се користи правилно опремата тогаш делува дека ајфонот вади кристални слики, што е и разбирливо.

    3. Се слагам. Се слагам дека е и нефер споредбата на телефон со дслр. Скроз различна намена и пазар.

    4. Да, верувам дека ајфонот уште подобар ќе биде со фјужнот. За принт многу повеќе фактори играат улога не само пикселите.

    5. Ајфон 11ка има толку добра камера што сериозно размислувам да прејдам од Ноут 9ка.
    Па кога почнував со фотографија пред некој 8 години, имаше од секој бренд Канон и Никон тоа време со Фуџи по 2-3 професионални апарати останатото беше се ентри левел. Сега секој втор апарат што го вадат влага у професионални. Канон на кроп сензор лудило тела извадија со 80д и сега новиот 90д.

    пс. Канон најавија денес 1Dx III, боли глава...
    Да не заборавиме дека дслр станаа и многу популарни поради малите и пристапни цени, и денес фул фрејм тело се наоѓа за 400 евра што е лудило. Нема поента користење DSLR или Мирорлес сем ако не си ентузијаст или професионалец. А, има еден куп и кај нас во Македонија со апарати од 1500 евра, а слика на ауто.
    Пак доаѓа до израз намената за која го користиш апаратот. И денес во 2019 нема апарат што нуди профи слики и видео. Тој што се занимава со тоа има едно тело за фото, скроз друго и за видео. Овде предноста е огромна на телефоните. Практични се за повеќе намени. Дури новиве телефони мислам дека вадат и подобро видео од постари модели на камери. Зборам за обично видео, без raw, без логови.
    И факт е дека телефоните никогаш не биле поблиску до DSLR. Телефоните даваат слика одма од камера и не се замараш со едитирање. Професионални апарати си бараат едитирање троа повеќе. А, јас веќе 3та година како очекувам 120fps на фул хд и никако да дочекам па си останувам разочаран. :(
     
    На Скоти, DaVoRkNe, Sharlovski и уште 4 други им се допаѓа ова.
  4. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,952
    2,191
    19 Јули 2013
    Се зависи за што ти треба фотографијата. Мнозинството никојпат не ни сликало со дслр и нагоре, користеа компакти. Од друга страна мнозинството нема ниту најнов дали ајфон дали андроид, ја користи целокупната палета од телефони за сликање.
    Отвори кои сакаш портали или социјални мрежи каде што има слики направени од мнозинството, мнозинството слики се ѓон. И дневни и ноќни, и ентериер и екстериер.
    Не е се до алатот, зависи и од мајсторот.

    Дека во професионална продукција ќе се најде (а одамна и се наоѓа) слика од мобилен, да. Исто и видео. Дека ќе ги заменат дслр или камерите, не и нема.

    Заменети се потрошувачките (consumer) уреди и фото и видео. Професионалните не се.
     
  5. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,336
    1,053
    2 Јануари 2012
    Машко
    Било кој Сони мирорлес од алфа серијата ти нуди одлично видео и слики. Никогаш нема телефоните да ги достигнат апаратите само поради тоа што не може да се стави стакло како на апарат. Фокусот и острината не може да биде достигната. Зумовите не може да се достигнат.
     
  6. Goran.

    Goran.
    Gaining Experience

    143
    103
    19 Септември 2017
    Машко
    Како што успеав да разбарам од некои постручни за фотографија на форумот:

    На некој дури не му се верува НО,
    Ајфонот 11 про уствари КИНЕ ?

    Со Deep Fusion, конкуренцијата ќе брои плочки во Wc.

    Конечно и Ајфон со ” добра “камера.

    Уште џек за слушалки да вратат и готово
     
    На DrMTR и it_boy им се допаѓа ова.
  7. krema

    krema
    Professor

    9,489
    9,194
    24 Јуни 2009
    Машко
    Од толку што е добра камерата на иПхоне 11 про почнаа и спотови да снимат со него.

     
    На DrMTR и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  8. Goran.

    Goran.
    Gaining Experience

    143
    103
    19 Септември 2017
    Машко
    IMG_0613.JPG
     
    На it_boy, Potop, Speedster и уште 7 други им се допаѓа ова.
  9. krema

    krema
    Professor

    9,489
    9,194
    24 Јуни 2009
    Машко
    @Goran.
    Убаини :)
    Честито
     
    На Goran. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,031
    2,304
    28 Јануари 2017
    Машко
    По постојте мислев тинејџер си ама сум згрешил.

    Со здравје да си го работиш.
     
    На tupacan, Gumirano, Gaston и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,366
    25,786
    4 Септември 2008
    @Goran. Дај low light фотки, со 1 секунда shutter, и со 3, ако воопшто тоа менува нешто. Качи ги на flickr/imgbb.

    Со среќа да се служи, оваа година иПхоне е многу добар, се што им фалеше средија без малце, ќе земам и јас една 11-ка на тест, долгорочно тешко заради iOS.
     
    it_boy, Speedster, DrMTR и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,955
    2,924
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    земи го про моделот, кој ќе те слуша после за големите безели и без олед екран.
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,366
    25,786
    4 Септември 2008
    За иПхоне 1300е? Хахаха само на сон. Го зимам за да ја тестирам камерата, и 480п дисплеј да има ќе се издржи.
     
    На Скоти и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  14. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,955
    2,924
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Не се сеќирај, ајфонот држи цена, истата разлика ќе ја загубиш во пари, било да купуш iphone 11, и го продадеш или iphone 11 pro и го продадеш. Само за прото ќе мора да одвоиш повеќе пари.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На Speedster и Goran. им се допаѓа ова.
  15. Goran.

    Goran.
    Gaining Experience

    143
    103
    19 Септември 2017
    Машко
    Нема да го продаде верувај во брзо време (1год мин)
    Само да го земе .
     
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,366
    25,786
    4 Септември 2008
    Не го можам ios, немам други уред и робија ќе биде, нема стрим од телефон на пример.
     
  17. Goran.

    Goran.
    Gaining Experience

    143
    103
    19 Септември 2017
    Машко
    Батеријата,

    Цел ден сликање,4г, дисплеј скоро цело време надвор е на Мах.
    IMG_0101.JPG
    IMG_0102.JPG
     
    На Gumirano, Speedster, Potop и уште 3 други им се допаѓа ова.
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,366
    25,786
    4 Септември 2008
    dali moze da se instalira ios beta bez da se izbrise/izbagira nisto,ako prethodno si na official?
     
  19. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,026
    886
    4 Февруари 2014
    Машко
    Тоа е единствен начин да се инсталира бета, така да, да. 13.2 бета 4 е актуелна во моментов.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  20. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,366
    25,786
    4 Септември 2008
    кликам верификација за да симнам бета, ништо не се случува?
     
  21. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,336
    1,053
    2 Јануари 2012
    Машко
    Каков стрим?

    Што се дешава со јазиков? Зошто меша англиски и македонски?
     
  22. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,366
    25,786
    4 Септември 2008
    wireless screen share
     
  23. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,079
    3,410
    7 ноември 2014
    Машко


    Ексклузивно видео како Psyside го зима новиот ајфон 11 и го тестира Night Mode.
     
    На Викса, toplel, Gumirano и уште 8 други им се допаѓа ова.
  24. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,142
    4,283
    18 Септември 2013
    Машко
    180К сабскрајбери има :о

    EDIT: АБЕ АБЕ АБЕ АБЕ .... леле почнувам да вриштам :D
     
    На TylerMkD му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Skorp

    Skorp
    Gaining Experience

    327
    258
    25 Август 2016
    Машко
    Псај е меѓу првите џипери :D
     
    На Tomekk, Викса, toplel и уште 4 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...