Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Може ли Chisto.mk стварно да смени нешто?

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
306
1.082
www.IT.mk
Сите се нервираме кога ќе видиме ѓубре по улица, парк или пред зграда. Ама најчесто тука и завршува.
Иван Митковски со Chisto.mk пробува да го смени тоа. Да можеш да пријавиш локација, да се организира акција и луѓето полесно да се вклучат.

Дали ваква платформа стварно може да тè натера да станеш од стол и да направиш нешто?

Би пријавиле локација?
Би отишле на акција за чистење?
Или мислиш дека ова сепак треба да го решаваат само институциите?

Целото интервју тука

Интервју со Иван Митковски, креатор на Chisto.mk. Да се изнервираш од ѓубрето е лесно, кул е да си дел од решението ⋆ IT.mk
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.563
3.197
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Исто како што веќе нема дупки по улиците.
popravi.mk веќе не постои. Ако постоеше може немаше да има дупки :)
Е сега за разлика од дупките, чистењето може да го прават и самите граѓани и тука е клучната разлика. Мислам дека ова chisto.mk е интересна платформа која ќе направи притисок врз општинските власти, а истовремено ќе ја подигне свеста кај граѓаните во поглед на чистотата која мора да признаеме е на многу ниско ниво.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.802
33.938
roka.mk
Почекајте сеа ќе дојде tyler да ви каже дека курцу неваља и дека е клод промпт :)
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.385
5.525
popravi.mk веќе не постои. Ако постоеше може немаше да има дупки :)
Е сега за разлика од дупките, чистењето може да го прават и самите граѓани и тука е клучната разлика. Мислам дека ова chisto.mk е интересна платформа која ќе направи притисок врз општинските власти, а истовремено ќе ја подигне свеста кај граѓаните во поглед на чистотата која мора да признаеме е на многу ниско ниво.
Граѓаните и сега ништо не ги спречува да се организираат и да исчистат. Или барем да не фрлаат ѓубре кај што не е место. Не треба апликација.

Дај боже да грешам, ама и оваа ќе ја снема за неколку месеци како и дузина други, од кои дел беа издадени и од самите општини или комунални претријатија.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.563
3.197
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Граѓаните и сега ништо не ги спречува да се организираат и да исчистат. Или барем да не фрлаат ѓубре кај што не е место. Не треба апликација.

Дај боже да грешам, ама и оваа ќе ја снема за неколку месеци како и дузина други, од кои дел беа издадени и од самите општини или комунални претријатија.
И така е и не е така :)
Ништо не ги спречува, но не го прават тоа. Често размислувам на оваа тема и ми текна порано во Аеродром каде што живеам, речиси немаше двор каде сопствениците самите не си полеваа, чистеа, кастреа речиси секојдневно и плус ќе полеат надвор од дворот, ќе зачистат. И обавезно имаше по некој постар комшија што ќе извади црево па и паркчето ќе го полева. Сега ангажираат други луѓе, поплочуваат, "не се замараат" за дворовите (повеќето).
Истовремено, овие општи работници станаа помрзливи, а почнаа и да недостигаат.
Луѓето како да не се свесни за овие промени и само знаат да кажат - не е чисто, по социјалниве мрежи. Можеби со вакви апликации и иницијативи ќе се промени свеста, а можеби и нема, ама вреди да се поддржи.
 
astojkovski

hello world
12 ноември 2008
260
39

Сите сме многу зафатени нешто за да придонесеме за околината, а се лутиме кога тревата ни е жолто сено.

Инаку Аеродром е станато големо село, и ѓубре волку немало никогаш. Се што се досели не му чуе уво за Аеродром и неговата убавина.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.563
3.197
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Сите сме многу зафатени нешто за да придонесеме за околината, а се лутиме кога тревата ни е жолто сено.

Инаку Аеродром е станато големо село, и ѓубре волку немало никогаш. Се што се досели не му чуе уво за Аеродром и неговата убавина.
Точно. И тоа има голем удел - луѓето едноставно не се чувствуваат како да се од тука (затоа што и не се :) ). Тоа е една од причините зошто вака се однесуваат и не им е срам од фрлање отпад каде стигнат, неодржување на ништо и слично. А нивните деца и кршат што ќе стигнат. Не генерализирам има секакви луѓе и од староседелците и од новите, ама тенденцијата е таа.
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно