Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
На темата од претходно, првата сообраќајка во светот што имало смртни последици е направени при брзина од 6.5 километри на час. И да возиш со 10 km/h постои ризик. :)

Не знам зашто сите се фаќаме за safe city или слично. Лошиот дизајн, односно лошото просторно планирање кај нас е многу понесигурно него ли возење со 2-3 километри на час од пропишаното.

(1) Во последно време пракса е тротоарите да се прават ниски - на исто ниво со асфалт. Ова е лошо поради две причини, првата е зголемен ризик од поплави, а втората е давање предност на автомобилите. Испланирано е со помисла дека пешаците летаат.

(2) Не прегледни раскрсници.

(3) Лошо проектирани приклучоци, ракрсници, кружни текови.

(4) Необележани стеснувања на пат.

(5) Планирање на населби каде што се максизимизира квадратурата на станбениот простор, а не се зима предвид потребите на луѓето. Делот на Аеродром кај Капитол и Бисер се изучува како пример за убаво просторно планирање на светско ниво. За 30 години подоцна, да никнуваат нови населби што наликуваат на ништо друго освен фавела.

Проблемот е многу поопширен него само воведување ред на шоферите.
 
Последна промена:

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.789
4.503
Неготино
Молба до модераторите да стават клуч на темава, привремено.
Премногу експерти се најдоа на темава и про шофери/законодавачи.
Дај бар убаво да си ги поминеме празниците и да мудруваме после 1 февруари кога стварно ќе почнат казните.
 
18 август 2019
1.227
1.202
Молба до модераторите да стават клуч на темава, привремено.
Премногу експерти се најдоа на темава и про шофери/законодавачи.
Дај бар убаво да си ги поминеме празниците и да мудруваме после 1 февруари кога стварно ќе почнат казните.
Не може клуч. Каде ќе си ги празниме фрустрациите?
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Дап, најреално мислам на вработениот во МВР. Во држава кај што има луѓе што во Автоиспитен центар или немаат возачки или коли проверуваат дали луѓе добро возат, имам малце надеж дека во МВР ќе се погоди некои што е по

Да, како некој што е во генерациската група што веројатно ја збориш гледам, посебно кај нас, додека имаат кај да искочат, што да пијат, испушат и шмркнат, нив животот им е таман. По некоку сториња на Инста, да видат сите дека си бил и може да продолжи мизеријата.

Кофата аргументи празна, па отворвиме кофата на некоја форма на потсмев? Многу ме интересира инаку што ќе е изговорот кога ќе прегазат некој со 49км/ч. Ќе сакате повеќе камери или да се смали лимитот на 40? Или како колегата екстримист, ќе сакаш цел град да е пешачка зона? Ете, кога веќе мислиш дека сум/сме морон/и објасни ни тогаш што би ти прошло низ глава?
Не не, не си ме сватил убаво.
Јас сум за да нема камери, полиција и пајак па секој што ќе му падна на памет да прави. Нека газат деца, старци итн итн. Камери ќе ставале на сообраќајници.. Кој век сме? Која нормална држава го прави ова?
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.769
12.739
Skopje
www.wemaxa.com
За слично вакво удирање на девојче пред некоја година го осудија 1 година условно затвор сопруг на моја колешка.

И смртна казна да се пресуди нема да го врати згазнатиот. Камери нема да спречат вакви случаи, супер е да редуцираат но нема да спречат. Пешаците не треба да се опуштат и да бидат безобразни или ментално исклучени кога се на улица мислејќи нечиј страв од казна е доволен фактор што ги штити. Џабе ти е дали некој е во затвор или ти платил отштета ако си осакатен за навек или мртов.

Ако на 20 метри од пешачки ти скокнат од мртов агол (зад грмушки/жардинери) двајца тинејџери или пензионери, и ги згазнеш, со 49км/ч колку треба и дали треба да те казнат? Медиумски линч и притисок ќе има, ти си нели со кола, они се кутри мали пешаци, кревки и кротки.

Заради ваквите камикази пешаци кај Силбо Градежен и кај Олимписки ставија лавиринт ограда за да успорат кутри велосипедисти што не се симнуваат од точак на пешачки и тинејџери што претрчуваа.
 
Последна промена:

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.314
11.865
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Денес бев до шалтерот во МТВ при МВР на РСМ да проверам дали ми се точни податоците бидејќи никаква порака ми нема стигнато откако го пуштија системот во употреба, и да, точни биле, а се утепав од возење (нормално офкорс). Така да горд сум си на себе, а и искрено воошто не ми пречи да дрндам со 45-50, весело музиче, релаксирано возење, милина и за мене и за патниците што ги возам.
 

boriseto

lurker
7 јули 2013
524
493
boriseto's setup  
Processor & Cooler
AMD 5900X
Storage
1TB
RAM
96GB
Video card
6700XT
OS
Windows 11
Ја следев некое време дискусијата и ништо саглам не прочитав.
Не знам дали имам претходно пишано но Скопје е премал град за да се брза.
Да земеме рута од Ѓорче до Лисиче (населба) има околу 20км низ центар да се поминува.
Ако возиш со 80кмч наспроти 50кмч без застанување никакво, најмногу што можеш да заштедиш се 9 минути.
Тоа е под услов да нема семафори, општи гужви и помочана жаба (пошо тогаш Скопје е хаос).
Е, ако ги ставиш у предвид и семафорите, зелените бранови и не знам што, тој со 80 само ќе чека повеќе на наредните семафори, така?

Прашајте и џеманај или шитџипити ако не ви е јасна математиката, ќе ви објасни он пошо иако е вештачка интелигенција, барем „има бешто у главата“. фмп
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
И смртна казна да се пресуди нема да го врати згазнатиот. Камери нема да спречат вакви случаи, супер е да редуцираат но нема да спречат. Пешаците не треба да се опуштат и да бидат безобразни или ментално исклучени кога се на улица мислејќи нечиј страв од казна е доволен фактор што ги штити. Џабе ти е дали некој е во затвор или ти платил отштета ако си осакатен за навек или мртов.

Ако на 20 метри од пешачки ти скокнат од мртов агол (зад грмушки/жардинери) двајца тинејџери или пензионери, и ги згазнеш, со 49км/ч колку треба и дали треба да те казнат? Медиумски линч и притисок ќе има, ти си нели со кола, они се кутри мали пешаци, кревки и кротки.

Заради ваквите камикази пешаци кај Силбо Градежен и кај Олимписки ставија лавиринт ограда за да успорат кутри велосипедисти што не се симнуваат од точак на пешачки и тинејџери што претрчуваа.
Каков мртов агол какви бакрачи? Го удри девојчето кое преминуваше на пешачки во градско подрачје со брзина од 65 км на час на место каде е 40 дозволено.
Девојчето заврши на операција со скршеници.
Итоа како ќе спречат камерите вакви работи. Знаејќи дека има камера во близина нема да летаат, нема да претицуваат на полна а после некое време замисли и ќе застануваат на пешачки да пропуштаат пешаци.
Знам дека за некои членови е тоа нарушување на егото али јбг така мора.
Мислењето е автоматски споено:

Читајќи ги мислењата на одредени членови сега и повеќе од јасно ми е зошто е ваков хаос во сообраќајот во РСМ.
Не сме ни заслужиле подобро
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.769
12.739
Skopje
www.wemaxa.com
Мртви агли заради вегетација има на многу места низ Скопје каде редовно се претрчува, карши Црвен Крст накај олимписки, карши Скопјанка, Зелен Пазар - Браќа Миладиновци.
Пак те прашувам,
"Ако на 20 метри од пешачки ти скокнат од мртов агол (зад грмушки/жардинери) двајца тинејџери или пензионери, и ги згазнеш, со 49км/ч колку треба и дали треба да те казнат? Медиумски линч и притисок ќе има, ти си нели со кола, они се кутри мали пешаци, кревки и кротки."

Бранам центар, или некоја здраворазумска средина, пишав погоре на точак и тротинет сум претежно и користам Кеј како главна рута, ме заболе дали имало или нема камери реално, само не сакам на мала врата авторитативни репресивни мерки кои удираат на слободата на сите наместо оние кои требаа до сега да го јадат по пропис до сега а беа некому нешто (случајот со цајканот што смачка дете пред 2 години кај Рампа).

Утре пак гелиптер некој со нуларица коса, напумпани мускули ама значка од некоја институција, некому корисен идиот, пак ќе направи исто и исто ќе биде само плеснат по рачето и казнет со 10% помала плата и никому ништо.
 
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Мртви агли заради вегетација има на многу места низ Скопје каде редовно се претрчува, карши Црвен Крст накај олимписки, карши Скопјанка, Зелен Пазар - Браќа Миладиновци.
Пак те прашувам,
"Ако на 20 метри од пешачки ти скокнат од мртов агол (зад грмушки/жардинери) двајца тинејџери или пензионери, и ги згазнеш, со 49км/ч колку треба и дали треба да те казнат? Медиумски линч и притисок ќе има, ти си нели со кола, они се кутри мали пешаци, кревки и кротки."

Бранам центар, или некоја средна здраворазумска целина, пишав погоре на точак и тротинет сум претежно и користам Кеј како главна рута, ме заболе дали имало или нема камери реално, само не сакам на мала врата авторитативни репресивни мерки кои удираат на слободата на сите наместо оние кои требаа до сега да го јадат по пропис до сега а беа некому нешто (случајот со цајканот што смачка дете пред 2 години кај Рампа).
Треба него шта да се одговара ако некого не дај боже удриш на пешачки.
Многу пати ми се дешавало кога ќе се наоѓам во близина на пешачки ако има луѓе( без разлика дали чекаат да преминат) да застанам пред пешачкиот или ептен да намалам брзина.
Многу пати ме прашувале абе зошто застануваш?
Било кој од тие луѓе во одреден момент можно е да сакаат да преминат улица и треба да ги пропуштиш. Управуваш возило кое е доста тешко и може да биде и смртоносно ако вниманието не ти е цело време на сообраќајот( овде мислам и на пешаците како учесници). Кога возиш автомобил посебно во градско подрачје треба да бидеш одговорен возач не само за тебе, за совозачите, за останатите возачи него и за останатите учесници во сообраќајот( во случајов луѓето што се движат по тротоар во близина на пешачки).
Јас поминувам преку 30к годишно километри и досеа не ми се десило такви камикази од пешаци каква што опишуваш ами камикази што летале по булевари и улици и згазиле голем број пешаци.
 

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.065
3.517
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
"Ако на 20 метри од пешачки ти скокнат од мртов агол (зад грмушки/жардинери) двајца тинејџери или пензионери, и ги згазнеш, со 49км/ч колку треба и дали треба да те казнат? Медиумски линч и притисок ќе има, ти си нели со кола, они се кутри мали пешаци, кревки и кротки."
И пак ќе ти кажеме, 50км/ч е ограничување на брзина, не е загарантирана брзина. Брзината мора да ја прилагодиш на условите на патот. Ако има „мртви агли, жардињери“ и сл. што те спречуваат да реагираш на време, ќе ја намалиш брзината. тоа ти го пишува во правилата кои треба да ги научиш пред да земеш возачка
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
И пак ќе ти кажеме, 50км/ч е ограничување на брзина, не е загарантирана брзина. Брзината мора да ја прилагодиш на условите на патот. Ако има „мртви агли, жардињери“ и сл. што те спречуваат да реагираш на време, ќе ја намалиш брзината. тоа ти го пишува во правилата кои треба да ги научиш пред да земеш возачка
This!
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Ја следев некое време дискусијата и ништо саглам не прочитав.
Не знам дали имам претходно пишано но Скопје е премал град за да се брза.
Да земеме рута од Ѓорче до Лисиче (населба) има околу 20км низ центар да се поминува.
Ако возиш со 80кмч наспроти 50кмч без застанување никакво, најмногу што можеш да заштедиш се 9 минути.
Тоа е под услов да нема семафори, општи гужви и помочана жаба (пошо тогаш Скопје е хаос).
Е, ако ги ставиш у предвид и семафорите, зелените бранови и не знам што, тој со 80 само ќе чека повеќе на наредните семафори, така?

Прашајте и џеманај или шитџипити ако не ви е јасна математиката, ќе ви објасни он пошо иако е вештачка интелигенција, барем „има бешто у главата“. фмп

ама не е баш така. Во дадена ситуација ако забрзаш да фатиш некој семафор на зелено ќе заштедиш многу повеќе од 9 минути, бидејќи голем дел од времето ќе ти биде поминатo седејќи во место, на семафор. Од Ново Лисиче до Ѓорче има над 20 семафори. Затоа hard cut на одредена брзина сметам дека е жива глупост. Во дадена ситуација ќе наидеш на камион/автобус паралелно на тебе, кој можеби исто така вози 50, па од десна страна поред тротоарот ќе се погоди и некој велосипедист, и оп, небезбедна ситуација.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.383
5.521
Пешаци сме сите. Пешакот може да е со физички недостаток, нестабилен, пијан, дрогиран, со суицидални намери, со психички проблеми...
Може да се затетерави, сопне или да му се слоши и да падне на коловоз, може некој да го бутне, може од рационални или нерационални причини одеднаш да претрча преку улица итн. итн.

Затоа законот и правилата се такви какви што се, на страната на пешакот и велат „возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин“. А во сите други ситуации да вози со брзина прилагодена на условите на патот за да не ги загрозува другите учесници во сообраќајот и да не се изложува себеси на опасност.

Кога сите би се придржувале до прописите, нема да има потреба од камери, сејф сити и други мерки. Ама, за жал, многу се тие што не ги почитуваат прописите и заради нив гинат невини луѓе, не само пешаци, туку и возачи и патници во други возила.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.769
12.739
Skopje
www.wemaxa.com
Прашањето не ми е одговорено сеуште и се релативизира, сега не 50 требало 10 да се вози како најсигурно, т.е. најдобро е да не се вози.

Ова едноумие креира во Русија тежок опортунизам за заработка од индуцирани незгоди каде осигурани пешаци скокаа пред коли во движење и земаа отштета од осигурување или преку приватни тужби.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.786
3.962
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Не е доволен Safe City кај нас, сепак треба да се донесе закон или што и да е да мора да има камера в кола.
Само така ќе се види кој што прави, дали возачот е крив или пешакот.
Safe City + камера в кола = поголема сигурност
 

FikanA

hello world
3 април 2025
217
264
Средe никаде...
Не е доволен Safe City кај нас, сепак треба да се донесе закон или што и да е да мора да има камера в кола.
Само така ќе се види кој што прави, дали возачот е крив или пешакот.
Safe City + камера в кола = поголема сигурност
Е ова веќе може.
Не може секогаш тој зад волан да е крив.
Очигледно не возите доволно да видите какви морони пешаци има. И 20 на саат да возам они ќе умрат како се однесуваат.
 
15 септември 2012
1.164
1.300
Да земеме рута од Ѓорче до Лисиче (населба) има околу 20км низ центар да се поминува.
Ако возиш со 80кмч наспроти 50кмч без застанување никакво, најмногу што можеш да заштедиш се 9 минути.
Тоа е под услов да нема семафори, општи гужви и помочана жаба (пошо тогаш Скопје е хаос).
Е, ако ги ставиш у предвид и семафорите, зелените бранови и не знам што, тој со 80 само ќе чека повеќе на наредните семафори, така?
Добра ти е калкулацијата, ама многу теоретска.
Еве ти практична:
Наутро, во 7 часот (± 5 мин) тргнувам од Карпош 4 и возам 7.5 km преку булевар Илинден, булевар Гоце Делчев, улица Беласица и булевар Александар Македонски према Автокоманда. Во 7:20÷7:25 сум веќе паркиран и влезен во канцеларија.
Во 15:30 тргнувам назад од Автокоманда према Карпош. Возам 7.5 km преку булевар Александар Македонски, улица Беласица, булевар Гоце Делчев, булевар Илинден и паркирам на мое купено место (не трошам време како наутро да најдам место за паркирање) и дома доаѓам:
а) 16:10 (± 5÷10 мин) летно време кога скопјанишчана се вратени дома по селата;
б) 16:30 (± 5÷10 мин) сите други денови;
в) 17:00 (± 5÷10 мин а најчесто покасно) кога врне дожд или улиците се мокри;
Ја почитувам брзината од 50 km/h и на оваа релација не можам да постигнам брзина од 80 km/h затоа што:
а) на булевар Александар Македонски асфалтниот слој е максимално нерамен, има денивелирани шахти, пропаднати делови од асфалтот и „колотрази“;
б) улица Беласица е многу кратка и има пешаци кои невнимателно поминуваат од една на друга страна;
в) на булевар Гоце Делчев има кратки делници меѓу семафори, делот под стоковна куќа Мост е не осветлен и не безбеден а и реки возила се сливаат од улица Лазар Личеноски па редовно е блокиран сообраќајот на мост Гоце Делчев;
г) на булевар Илинден делниците меѓу семафорите / раскрсниците се многу кратки;
д) малите улички низ населба не ги спомнувам оти се кратки, има паркирани возила од двете страни и има многу пешаци.
Добивката од побрзо возење 80 km/h наспроти 50 km/h може да е валидна само надвор од населено место, на автопат или некоја друга класа на пат. Во градска средина е неизводливо да заштедиш некоја минута заради побрзо возење.

Барам на паметниве членови на форумов да ми објаснат зошто за истата делница од 7.5 km низ Скопје, наутро ми се потребни 20÷25 мин а попладне, на враќање 40÷100 мин?
Порано џандарите регулираа сообраќај на раскрсниците и ги пропуштаа возилата кои одат во спротивен правец од моето движење, па и наоѓав некое објаснување во интелигенцијата на заменикот на семафорот. Во последно време џандарите се само страшила покрај раскрсниците и немаат толкаво влијание во регулирањето на сообраќајот низ раскрсниците како порано и повторно се движам со иста брзина, односно стигнувам во исто време.
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно