Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

lukanoski

read-only
9 август 2010
43
16
Ене го оној Васко Праско што ја прегази Фросина на почеток на година, практично ништо не му бидна? Он за некоја година пак ќе го направи истото, ама пак мама и тато на колена ќе се спуштат и ќе решат работа...
- “Васил Јованов доби казна затвор од 12 години поради сообраќајната несреќа во која загина Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот Партизански одреди во Скопје„
 
18 август 2019
1.229
1.204
Мислам дека ќе го санират тоа и дека казни нема да стигат за 51/52 км/ч. Мене нешто друго ми падна во уши дека мора и денски да возиш со светла вклучени зошто и за тоа ќе имало казни. Ај на старите коли го разбирам тоа ама на новите што имат лед решќи или како и да се викат тие дали мора да палиме кратко светло или тие лед ленти што светат се признават?

Како што знам отсекад е законски кај нас да се вози исклучиво со вклучени светла...
Колку што знам поновите автомобили кои имаат „дневни светла“ преку ден не мораат да возат со оборени светла. Дневните светла се баш за таа намена.

А можеби грешам, ама досега не сум имал проблем.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.387
5.531
Од ненамерно поминување на црвено значи дека не можеш да удриш пешак/кола?
Не постои такво нешто како ненамерно поминување?! Какво е тоа ненамерно?
Не си имал намера да поминеш на црвено, ама си се загледал во телефонот и не си забележал дека светнало црвено и така си помиинал. Ненамерно, случајно. Се дешава.
;)
 

FikanA

hello world
3 април 2025
220
266
Средe никаде...
- “Васил Јованов доби казна затвор од 12 години поради сообраќајната несреќа во која загина Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот Партизански одреди во Скопје„
Па ако според тебе тоа е доста за одземање туѓ живот, ок. Не сме на исто.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Не си имал намера да поминеш на црвено, ама си се загледал во телефонот и не си забележал дека светнало црвено и така си помиинал. Ненамерно, случајно. Се дешава.
;)
GospoT dane cuva samo!!
Мислењето е автоматски споено:

На системот му фали тоа што тие кои се проблемот ПОВТОРНО НЕМА ДА ГО ПОЧИТУВААТ.
Пак ќе го јаде секојдневнецот, односно "your average Joe" пошто тој нема тетка која стрина и е другарка со мајката на зетот на чичкото што има позиција у мвр.... а да не ги ни спомнам тие што ВТОР ЈАЗИК им е Македонскиот... тоа е посебна тема.
Едина нефалинка на системот ќе биде кога ќе накачат нормален лимит и одново ќе разгледаат околу дозволените брзини низ градот, бидејќи они моментално си користат брзини на улици кои не земале предвид дека сите од Кумново па се до Кривогаштани ќе им текне да дојдат во велико Скопје, па ние да имаме град-држава.
Ене го оној Васко Праско што ја прегази Фросина на почеток на година, практично ништо не му бидна? Он за некоја година пак ќе го направи истото, ама пак мама и тато на колена ќе се спуштат и ќе решат работа... зошто јас да плаќам ако сум возел 53 а не 50 кога он убиј некој, и помирно од мене ќе спие?
Службените возила ќе плаќаат ли? Џандарите што не почитуваат ќе плаќаат ли? Или они многу се битни па затоа добија црвено на црвено таблици што комплет обелуваат ако пробаш да ги сликаш? Хммммм....

Едино се надевам камериве имаат способност да чуваат тоа што се снима, немам толку читано за нив, а не само да сликаат и да „фармаат“ пари за Мицко и компанија. Да видиме малце како се понашаат и пешаците пошто сите што возеле коли се неписмени, освен тој што пишал дека другите се неписмени нели.
Ако поентирам кон тебе, не можам јас да сум ист нели....
Да видам како ќе одбранат пешак што си поминува на диво и ќе го бупнат па ПАК ќе е шоферот крив LOL

Лол, ти ќе си првиот што ќе плаче коа ќе ти бапнат една казна, ПОШО ти од старт си се сметаш за безгрешен очигледно. Али добро, се надевам не сум во право, јас колку и сите сакам да имаме побезбеден и среден сообраќај
Мислиш дека до сеа не сум платил? Неколку казни од по 45( 23е на пола) и неколку казни од по 20е( 10е на пола) сум платил до сеа. И ќе си плаќаме чим возиме над дозволеното, таков е законот во цел свет.
 
Последна промена:

FikanA

hello world
3 април 2025
220
266
Средe никаде...
GospoT dane cuva samo!!
Мислењето е автоматски споено:


Мислиш дека до сеа не сум платил? Неколку казни од по 45( 23е на пола) и неколку казни од по 20е( 10е на пола) сум платил до сеа. И ќе си плаќаме чим возиме над дозволеното, таков е законот во цел свет.
Ако тебе ти се плаќаат казни за возење 52 во 50 зона, нема јас да ти го скратам тоа задоволство.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Прв пат возам денес по почнувањето на тест периодот. Согледувања, лични ама со обид за објективност.

Првична оценка: Позитивно.
Баланс добро/лошо: Малку повеќе накај позитивно.


Добро:
  • порелаксирано се вози, делува побезбедно
  • не видов ниедно поминување на жолто/црвено

Аналитичко:
  • неколку пати се обидов да менувам лента пред семафор како идиот, на краткиот дел со полна линија, не добив „казна“
  • возев со малку повисока брзина на ~100тина метри пред мерни места, па успорував, не добив „казна“, делува како да се мери блиску до мерните места ама сепак се мери па со време и идиотите ќе се истребат дури иако се летаат на „безбедни делници“ и иако веќе има POI со камерите
  • апсолутно за почеток треба гпс/мобилен со гпс апликација за звучни предупредувања за надминување ~40-45 км/ч

Лошо:
  • многумина кочат нагло уште на првото трепкање зелено, дури се дешаваше и панично кочење уште на ххх метри пред семафор (како на 50 метри пред семафорот да има невидлива ласерска линија која ги сече на половина автомобилите и нивните возачи)
  • има многу имбецили кои возат како успорена снимка уште на почнување зелено светло, како да има закон против нормално забрзување и мора од 0 до ~40-45 км/ч да се дојде за ~пола минута, фул ретард моде е пуштен на најјако кај многумина, и најсрањето е што обично се првите на семафорот откако „безбедно“ застанале 5-10 секунди пред да мораат да застанат
  • општо земено многумина кои возат како шоферот во „Driving Mis Daisy“ (за помладите: глуп филм за геријатрија патник и нејзиниот шофер)


Сублимирано, мешан впечаток но давам позитивна оценка пошто сепак е обид за подобрување за срањата.

Што треба да се подобри:
  • треба после тест периодот да воведат минимум 10% толеранција за баждарени/небаждарени мерни уреди, ќе направи разлика за секојдневните (релативно) нормални возачи но нема да направи разлика за имбецилите
  • треба да тие џандарите што сега немаат изговор за губење време со правење заседи со радари, да почнат да работат нешто, на пример на имбецилите што на „5-15 минути“ паркираат со четири жмигавци НА БУЛЕВАРИТЕ а пред обложувалници, или пред трафики, итн, а блокираат една цела лента во шпиц сообраќај.
  • треба да се почне макар со предупредување за казни за споро возење како вид за загрозување на безбедност во сообраќај, на пример за хх метри ако не се забрза до ~30 км/4 одземање дозвола за возење :D
 

AleksandarBR8

hello world
8 февруари 2015
199
318
Скопје
Интересен феномен како се навива за рестриктивни мерки, па се паламуди, па се игнорира, па се депилираат тестиси со зелено џамче, па се душкаат задници циркуларно, па се тапша по рамо и се честита за добро завршена работа - сето ова во земја со скандали за преслушување, злоупотреба на моќ и позиција во секоја сфера на власт - од извршна до судска, ама не, ова е тоа за добро :).

Вакви абдали пред 200 години каменувале "вештерки" и палеле луѓе на клада :) па го терале горенаведениот круг.

Од кај за каде ако има антаганозам кон начинот, оправдан и тоа, со аргументација, се оди на класик ад-хоминем атак без да се чепнат натегнатите аргументи.

Нејсе, да оставиме времето да покаже кој бил во право. Денес веќе се збори за условно ретерирање од позицијата 01.2026 па се оди на 02.2026, во оваа форма не е одржливо. Закони и мерки што не можат да се спроведат или да се спроведуваат одржливо во континуитет на крај паѓаат во вода, али весело е да се гледа како за секоја радикална позиција има возбудени мажоретки.
ова не го скокајте
 

Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.166
3.219
Струмица
не видов ниедно поминување на жолто/црвено
Според МВР, над 5.000 случаи се минување на црвено светло

 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.962
6.054
Skopje
На французите им текнало па ставиле во она 208-чено мое и speed limiter. Да не му ја мислиш, прекрасна работа.
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.720
3.393
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
А што ако овие сите камери се за провинцијалци да не идат во Скопје?

Или женска ти пишува да одиш дома кај нејзе додека не се нејзините дома, додека стигнеш од еден крај до друг на Скопје, нејзините ќе се вратат дома.

Не си никако.
 
18 август 2019
1.229
1.204
Или женска ти пишува да одиш дома кај нејзе додека не се нејзините дома, додека стигнеш од еден крај до друг на Скопје, нејзините ќе се вратат дома.
Епа женската нека пише три часа пред нејзините да излезат...
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.790
3.970
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Скопје 2026....им ги земале возачките...:)
 

Атачменти

  • 593605615_1497405938584711_7765356061312438913_n.jpg
    593605615_1497405938584711_7765356061312438913_n.jpg
    97,2 KB · Прегледи: 96

kirev

senior
31 мај 2010
9.068
7.751
И пак се враќаме на мојот муабет - за македонските возачи МОРА физички пречки, СТОЛБОВИ, лежечки полицајки, рампи, рапав асфалт, првата лента СЕКОГАШ да е за паркирање а до неа велосипедската (од внатрешна страна, не кон втората лента), комунални редари да ставаат паркинг тикети без да мора да се ангажира МВР... Емтое
 

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.067
3.526
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Искрено не сакав да се вклучам во дебатава но мене не ми е јасно како се радувате да бидете казнувани.
ја возам by the book. Пеесет, пеесет. Триесет - триесет.

Ме нервира кога ми се лепат шупаци што сакаат да возат 60-70 пошо така му лепело ноџето, па влегуваат у макази, па на „жуто поминав“ (читај на црвено) „веќе бев тргнат“, луѓе што не знаат во кружен тек како се влегува и изглегува, кој знак што значи, итн итн итн.

Све ова го загрозува сообраќајот вклучително пешаците и велосипедистите кои се најмалку безбедни.

пс.
има улици што се 40 дозволено што треба да се 30. баш се надевам ќе се среди тоа некогаш вклучително камера.
Мислењето е автоматски споено:

Да не има некој некакво инфо како е состојбата со возила кои се водат на фирма? Ќе се казнува правното лице и управителот па и возачот?
јас колку знам - оставам простор да ме информирале погрешно - DeJure тоа останува исто кај што се казнува И возачот И фирмата. Можда да е и казната поголема ако возиш службено возило.
Мислењето е автоматски споено:

Не било од секогаш. законски стана во времето на грујо. Иако ова за скандинавија би имало логика ама кај нас е без врска. Колку само акумулатори отидоа фира кога почна законот да функционира :)
има скроз смисла - точно знаеш дали некое возило е во сообраќај или не е. посебно кога е намалена видливост од X причини (не зборам за ноќе, зборам за не се гледа од паркирани коли, грмушки итн итн).

А додека возиш не троши од акумулатор.
Мислењето е автоматски споено:

  • има многу имбецили кои возат како успорена снимка уште на почнување зелено светло, како да има закон против нормално забрзување и мора од 0 до ~40-45 км/ч да се дојде за ~пола минута, фул ретард моде е пуштен на најјако кај многумина, и најсрањето е што обично се првите на семафорот откако „безбедно“ застанале 5-10 секунди пред да мораат да застанат
  • општо земено многумина кои возат како шоферот во „Driving Mis Daisy“ (за помладите: глуп филм за геријатрија патник и нејзиниот шофер)
во град не си на трки и нема да ти падне п...нисот ако почекаш малку на семафор
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.068
7.751
На Варшавска во Тафталиџе кај кружниот кај Ѓорѓи има знак за зона на смирен сообраќај. Тоа значи пешачка зона каде што можат и коли да се движат со брзина помала од одењето на пешаците. НО, малку подолу има и пешачки премин (чуму?) и знак за 30 кмч. Тоа се тие сообраќајни инжинери. Ах, и ги преполовија тротарите и плус им ставија онакви ниски рабови за да се олесно поткачувањето на колите. Ги снема стоп знаците од малите улички после една од реконструкциите. Самоубиство од заседа.
И најгрозното од сѐ - не се наплаќа паркинг и затоа има шаренило од комбиња и брендирани коли што паркираат после работно време до сабајле... Башка што сите семејства имаат по две коли и ниедно паркинг место. Сега му е мајката да се нацртаат бели ленти пред сите дворови (освен пред вратите) и да се наплаќа по 20 денари. Ништо бесплатно. А тие што си имаат гаражи и дворови ќе си имаат каде да си паркираат.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.790
3.970
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
 
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Нека пишуваат казни и треба да пишуваат само мене не :)
Мислењето е автоматски споено:

Него не спомнаа ништо за камериве по автопатиштата? Кога ќе профункционираат тие? Или веќе функционираат?
 

noc32

hello world
21 март 2016
356
313
Него не спомнаа ништо за камериве по автопатиштата? Кога ќе профункционираат тие? Или веќе функционираат?
Функционираат. Го фатиле татко ми со 16км над дозволеното, одма му стигна порака.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.790
3.970
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
И знациве на некои патишта се ошмара. Некаде на исти пат има 3 знака со различни брзини..ај фати крај после која е дозволената брзина
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно