Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Канцелариска столица

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Здраво на сите, видов многу добри предлози низ пораките на нишкава, но сепак не можам да одлучам за што точно да земам.

Конкретно го сретнав Brado Kind 203 како е спомнат повеќе пати (исто така која е разликата помеѓу овој што го пишав и овој). Имам добро искуство со столевите од работа, но едниот не можам нигде да го најдам (не е во продажба мислам веќе) а другиот е 400 € (малце над мој буџет е) и е екстремно многу удобен. Дали воопшто да ризикувам со зимање на некој што не знам како би било ако седам долго време на него, или дали само да го земам овој што веќе имам искуство со него.

Мојот буџет моментално е 300 € (ако фермате дека ако дадам 400 € би добил стол што е многу подобар тогаш би дал и толку), препорачајте, мислења ако може и слично. Отворен сум за се, не ни мора „канцелариско“ може и „гејмерско“, само да е удобно и да не седам на дрвен стол што е за на трпезарија.
Купи го тој со кој имаш искуство. Тоа што на многу им одговара некој стол, не значи дека и на тебе ќе ти одговара. Затоа има толку многу избор. Пиши ни што фирма/модел е тој што тебе ти одговара, како препорака барем за и други да знаат :)
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.608
1.563
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Конкретно го сретнав Brado Kind 203 како е спомнат повеќе пати (исто така која е разликата помеѓу овој што го пишав и овој).
Освен металните ногарки, друга разлика мислам дека беше во потпирачите за раце, на тој со металните ногалки ако добро се сеќавам се малку потесни и се гумирани, за разлика од другиот каде што се пластични... и тркалата се разлика, ама можеш само нив да им кажеш да ти ги додадат....

П.С. Горе јас потпирачот за глава не го земав, не ми одговараше, неможам да се потпрам на него... ако не ти треба ни тој, неколку илјадарки е поефтин моделот....

П.П.С. оди до нивниот салон, седни и види дали добро ќе ти легнат... а после порачај си ги од тука https://it.mk/market/?srch=brado на попуст...
 
Gordon123

read-only
4 август 2025
15
4
Купи го тој со кој имаш искуство. Тоа што на многу им одговара некој стол, не значи дека и на тебе ќе ти одговара. Затоа има толку многу избор. Пиши ни што фирма/модел е тој што тебе ти одговара, како препорака барем за и други да знаат :)
Имам веќе на самиот коментар пратено ама еве и тука како link M-295 . Овој е тој што го имам пробано и што ми е многу комотен.
Мислењето е автоматски споено:

Освен металните ногарки, друга разлика мислам дека беше во потпирачите за раце, на тој со металните ногалки ако добро се сеќавам се малку потесни и се гумирани, за разлика од другиот каде што се пластични... и тркалата се разлика, ама можеш само нив да им кажеш да ти ги додадат....

П.С. Горе јас потпирачот за глава не го земав, не ми одговараше, неможам да се потпрам на него... ако не ти треба ни тој, неколку илјадарки е поефтин моделот....

П.П.С. оди до нивниот салон, седни и види дали добро ќе ти легнат... а после порачај си ги од тука Маркет ⋆ IT.mk на попуст...
Што е финтава со тркалцава, гледам спомнати се неколку пати. За да не гребе на паркет или полесно да се движи?

Исто така фала ти многу, не знаев дека има тука на страницава маркет, со тоа 1337 членство шо треба да земеш за попустот испаѓа пак 2000 денари поефтино. Ако зимам од тука би земал, а би отишол само за да го пробам како ти што кажа. Исто така дали може ако порачувам од тука да побарам да ми ги стават другите тркалца како што викаш ти, или можам да ги земам јас и сам да ги ставам, дали е иста цена итн.?
 
Последна промена:

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Имам веќе на самиот коментар пратено ама еве и тука како link M-295 . Овој е тој што го имам пробано и што ми е многу комотен.
Мислењето е автоматски споено:

Што е финтава со тркалцава, гледам спомнати се неколку пати. За да не гребе на паркет или полесно да се движи?

Исто така фала ти многу, не знаев дека има тука на страницава маркет, со тоа 1337 членство шо треба да земеш за попустот испаѓа пак 2000 денари поефтино. Ако зимам од тука би земал, а би отишол само за да го пробам како ти што кажа. Исто така дали може ако порачувам од тука да побарам да ми ги стават другите тркалца како што викаш ти, или можам да ги земам јас и сам да ги ставам, дали е иста цена итн.?
генерала има два типа тркала .. за тврд под и за тепих.
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.608
1.563
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
@Gordon123 тркалцата силиконски се помеки, веројатноста да оставаат траги на под е помала...
Јас исто мојата пред 2 години ја порачав преку ИТ маркетот, во забелешка ставив дека ја сакам со силиконски, ќе доплатам при достава (тогаш во салон ми имаа кажано 450 денари се доплаќало)... ја добив со силиконски, ама ако добро се сеќавам не ми побараа доплата...
 
Software

lurker
15 август 2007
591
357
јас ја имам Тулио од Салон 29 купена ми е во 2021 година по цена од 8800 денари со силиконски тркала доплатив околу 400 денари и беше со пластична ѕвезда. Пред 2 месеци ми се скрши ѕвездата и лифтот ми го изгреба паркетот. Се јавив во Салон 29 им ја однесов ми сменија метална ѕвезда (на лик е многу грда и делува ефтина кинеска роба) за која платив 1900 денари. Пластичната беше 1100 денари и некако за малку пари реков ќе одам на метална.
Во поглед на останати делови ја сум задоволен многу од столот. Инаку мојата килажа е околу 80 до 90 килограми. Нема седено некој потежок над 100 кг. и не ми е јасно како се скрши ѕвездата пластична
 
rade_strongest

read-only
12 август 2024
4
3
здраво, веќе недела дена истражувам по нет што има столици во скопјево и само овој пост успеа да ми помогне и покаже каде се продаваат квалитетни столици кај нас а и воедно да ме бутне down the rabbit hole..

значи, веќе скоро 7 години седам на генсис гејмерска столица (демек гејмер бев) па од короната навака продолжив 99% WFH и сега сфаќам дека всушност јас третина ден (ако не и повеќе) поминувам на ГОМНО...

е сега после читање и размислување решив да одам до делигт и б2 салоните за да разгледам во живо (буџет 500-700е) ама и за Хедра сериозно се замислив дека ми личи убава и таман во буџет.. е сега поентава на постов ми е зошто ништо не можам да најдам на нет за нејзе ? (за разлика од steelcase, humanscale,yoce etc)??

и каде им е салонот на Хедра да се проба?? бев решен за неа вака од "слика/пари" ама сега па се двоумам дали е подобра да го зголемам буџетот и земам некоја од попознат бренд?
 
Rilind

professional curtain replacer
26 февруари 2019
577
896

Хедра ти е рибрендирана столица од некоја друга компанија, како што знам јас не е фирма туку еден човек кој го препродава, нема салон во Скопје за пробање. Кога ја земав јас столицата, продавачот направи некако кај друг корисник на столицата во Скопје кај него да пробам (беше малце незгодно али битно пробав пред да купим) - сум кажал порано и пак ќе кажам - за мене столицата е предобра, многу прилагодлива, не крцка ни пушта веќе 3 година (90кг сум).
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.215
2.644

еве ти ја хедра Ergonomic Chair for Full-Body Support - Autonomous ErgoChair Pro. Да се купи овде е 449 долари.
Но со оглед на тоа што има даноци за увоз, ддв, плус маржа, и оваа цена тука на Хедра не е лоша.
 
фала за искуството ја сум 187 со 95+ кг само ептен ми е шубе да дадам толку пари без видено ама сериозен кандидат е.. единствено прашање за тебе да ли го користиш сталакот за глава ?

фала ти многу е ова го барав.. да фатам да си анализирам и споредам цени (откако ке отидам да ги видам фамозните стеелкасе) вака од прво ми личи сепак дека е кинеска столица али high енд кинеска.. што за парите не се бунам личи дека вреди..
 
иначе ако си учен на гејминг, не знам колку ќе ти пријаат овие ергономски. Јас имам од двете и гејмингот боље ми лежи некако. Да се опуштиш ко цар чувството го немаш кај ергономскиве.
 
Rilind

professional curtain replacer
26 февруари 2019
577
896
фала за искуството ја сум 187 со 95+ кг само ептен ми е шубе да дадам толку пари без видено ама сериозен кандидат е.. единствено прашање за тебе да ли го користиш сталакот за глава ?
180, столицата е доста висока, на највисоко можно нозете ми стигат али не е толку убаво, така да ми е спуштена малце столицата. И сталакот за глава го користим, не нонстоп ама има корист особено при уморување или кога си легнувам со столицата.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
здраво, веќе недела дена истражувам по нет што има столици во скопјево и само овој пост успеа да ми помогне и покаже каде се продаваат квалитетни столици кај нас а и воедно да ме бутне down the rabbit hole..

значи, веќе скоро 7 години седам на генсис гејмерска столица (демек гејмер бев) па од короната навака продолжив 99% WFH и сега сфаќам дека всушност јас третина ден (ако не и повеќе) поминувам на ГОМНО...

е сега после читање и размислување решив да одам до делигт и б2 салоните за да разгледам во живо (буџет 500-700е) ама и за Хедра сериозно се замислив дека ми личи убава и таман во буџет.. е сега поентава на постов ми е зошто ништо не можам да најдам на нет за нејзе ? (за разлика од steelcase, humanscale,yoce etc)??

и каде им е салонот на Хедра да се проба?? бев решен за неа вака од "слика/пари" ама сега па се двоумам дали е подобра да го зголемам буџетот и земам некоја од попознат бренд?
Добредојде во дупката. Нема назад. Кај нас вака фунцкионира што е добро:
Лада нива е најдобро теренско возило. Секој што пробал подобро, знаеш што е подобро, ама чини и многу повеќе.
Секој што не пробал сериозно добра ергономска столица мисли дека кинезарија што ја викаат ергономска е ергономска затоа што така кажал продавачот.

hedra е преименувана autonomous ergo... Не знам зошто е преименувана или е комплетна кинеска копија

Додека не ја пробаш, не давај пари за други. После тоа нема да сакаш друга. Е сега цената е висока.
Ама го немаш мојот проблем и многу столици ти се прилично добар избор. Повеќето столици се направено за луѓе до 190 и ако си над тоа, наслонот не е таму каде што треба да биде.

Еден салон си рипнал
имаш супер избор и тука, добри германски столици но и оваа што ти ја пратив.

Дупката е длабока ;)
 
се сложувам и денеска убаво разгледував аутономус по нет/youtube (фала уште еднаш до рон26 што ми ја откри) и се разочарав ...
ќе поминам и до фрееформ (планирам петок сите 3 ако имам време) па да размислам пак дома убаво бидејки јас веќе сум во home espresso дупката и не можам подлабоко во друга затоа што ќе ме разведат :ROFLMAO:
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Конкретно го сретнав Brado Kind 203 како е спомнат повеќе пати
Комотно да го скокнеш овој, ептен неудобен стол.
И јас го земав пошто често го спомињаа тука, али добивам впечаток дека или се другарчиња со газдата или претходно само на клупа седеле.
А има и такви што ќе го препорачаат од што им е само на хартија прочитано што нуди столот и изгледа добро по спецификации, или од што виделе неколку души тука дека го препорачале/препорачуваат па повторуваат по нив.

Ставиле све во него, али ништо не е промислено до крај за да функционира како што доликува.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
се сложувам и денеска убаво разгледував аутономус по нет/youtube (фала уште еднаш до рон26 што ми ја откри) и се разочарав ...
ќе поминам и до фрееформ (планирам петок сите 3 ако имам време) па да размислам пак дома убаво бидејки јас веќе сум во home espresso дупката и не можам подлабоко во друга затоа што ќе ме разведат :ROFLMAO:
Да, и јас се разочарав од столицата. Впрочем ако е добра, нема да биде ребрендирана за локалниот пазар.

Пак ќе кажам. Со тоа што си во рамки на глобалната популација, имаш многу поширок избор на столици и може да си поминеш добро и со релативно поскромен буџет (400-500еур).
Под тоа нема добра столица. Да, има луѓе што столица од 500 еур им е многу, ама графичка од 1500еур е ок. Секој со своите приоритети и потреби.

За да осетиш столица, треба да поседиш на неа. Некои во старт ќе ти бидат лоши и нема што да трошиш време, ама за некои ќе треба да седиш. Затоа со среќа во дупката.

Ко ќе седне после невестата на столчето со добро еспресо во рака...
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Комотно да го скокнеш овој, ептен неудобен стол.
И јас го земав пошто често го спомињаа тука, али добивам впечаток дека или се другарчиња со газдата или претходно само на клупа седеле.
А има и такви што ќе го препорачаат од што им е само на хартија прочитано што нуди столот и изгледа добро по спецификации, или од што виделе неколку души тука дека го препорачале/препорачуваат па повторуваат по нив.

Ставиле све во него, али ништо не е промислено до крај за да функционира како што доликува.

Јас сум еден од тие што ги фали брадо. Нит ги знам нит ги познавам луѓето од Салон 29. Дури имав и на граница лошо искуство. Второто столче кое го купив пред година-две (со пластични ногарки) се раскрцка веднаш. Им го однесов во салон и ми рекоа дека не можело да се врати. Па малку запнав за да одобрат замена за столче со метални ногарки (со моја доплата) кое еве до ден денес функционира кај друг член од семејството.

Јас сеуште седам на брадо и е ОК за тие 300 евра кои ги платив пред некои 7-8 години. Е сега верувам дека столици од 500 или 1000 евра се подобри. Не сум имал и не сум седел за да зборувам. Меѓутоа саати и саати имам поминато на брадо и сум ОК. До душа додадов анатомско перниче на него.

Брадо сигурно не е фантастчна зделка. И ви верувам дека има многу подобри. Меѓутоа е подобро и покомотно од низа поефтини столици кои сум ги имал претходно.
 
Не се осеќај па ти прозван, реков "добивам впечаток"(што не мора да значи дека е така), впечаток кој е базиран на моето искуство со столицата.

Пишав пред некое време и во другата тема.
Нит потпирачот за глава е ко што треба(на тил потпира а не на врат) и неможе да се подеси соодветно.
Нит лумбалната ја направиле флексибилна па да ти легне(него ако ти се погоди аголот, ако не после некој саат ќе почнеш да осеќаш како ти се укопува во кичма), или па недај боже да потрошеле уште 200 денари па да ставеле сунѓерче на неа.
На верзијата со "меки"потпирачи за раце има 5мм сунѓер, ако се потпреш со лакт скоро ко да го нема тој сунѓер.
Мрежата на грбот се растегна за прилично кратко време, што уште повеќе го влошува моментот со заебаната лумбална поддршка. А генерално во исправена положба се користи столот или на ептен лабав федер што значи нема некој голем притисок на истата.

И јас за оприлика толку го земав од салон, и за тие пари очекував повеќе. Пошто пред него имав некој нонејм кинезарија стол од 10К(без џиџимиџи, само навалување без синхро) кој ми беше ептен поудобен. И тој бајаѓи години истера.

Иначе уште е во употреба 203-ката(после 3-4 години) али со едно 4-5К инвестирани во перничиња со мемориска пена, кај и да е ќе ги стигне и тие 500 евра што ги викаш :).

На тој мој претходен коментар во другата тема што го спомнав, уште неколку души се одзваа со негативни импресии(од аспект на удобност) за Brado Kind 203.
 
Здраво, фала за feedback-от, дали би можел да препорачаш тогаш подобра столица за 300-400€? Сепак утре ќе отидам до Салон29 колку да ја пробам.

Исто така мислење за оваа шо ја имам во канцеларија и ми е преудобна ама над буџет? M-295
 
Alex3

hello world
20 декември 2018
212
251
Здраво, фала за feedback-от, дали би можел да препорачаш тогаш подобра столица за 300-400€? Сепак утре ќе отидам до Салон29 колку да ја пробам.

Исто така мислење за оваа шо ја имам во канцеларија и ми е преудобна ама над буџет? M-295
ако столот ти е преоудобен („екстремно многу удобен“ како што напиша во претходен пост) и веќе седиш на тогаш ќе го развлечеш буџетот (1. повикај пријател; 2. кредит; 3. дособери пари; 4. ќе се растрчаш, ќе се снајдеш...) за таа разлика од 100 евра и ќе го купиш. тие 100 евра не се никаква разлика на долг рок, пример, ако го користиш секој ден по неколку часа со години

тој стол ти е веќе пробан и нема да те изненади како некој друг (поефтин или поскап) што може да покаже проблем по одредено време, дали самиот стол, или најлошо, болки по твоето тело.

за тркалата, силиконските се подобри за тврди подови (ламинат, паркет, плочки...) и не ги гребат, пластичните се подобри за теписи/теписони и слични подни прекривки. обично по продавниците сакаат околу 1.000 денари доплата за силиконски, или ако немаат, ќе си порачаш комплет 5 тркалца од тему, исти пари се.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Здраво, фала за feedback-от, дали би можел да препорачаш тогаш подобра столица за 300-400€? Сепак утре ќе отидам до Салон29 колку да ја пробам.

Исто така мислење за оваа шо ја имам во канцеларија и ми е преудобна ама над буџет? M-295
на око, дизајнот е пофлексибилен од Брадо-203 .. лумбарот изгледа подобро решен, и потпирачот за глава е прилагодлив. У пракса ти си знаеш подобро чим веќе ја користиш на работа :)
 
noviot

hello world
1 февруари 2008
152
129
Комотно да го скокнеш овој, ептен неудобен стол.
И јас го земав пошто често го спомињаа тука, али добивам впечаток дека или се другарчиња со газдата или претходно само на клупа седеле.
А има и такви што ќе го препорачаат од што им е само на хартија прочитано што нуди столот и изгледа добро по спецификации, или од што виделе неколку души тука дека го препорачале/препорачуваат па повторуваат по нив.

Ставиле све во него, али ништо не е промислено до крај за да функционира како што доликува.
И јас од лично искуство потврдувам дека не е добра столицата. Барајте нешто поудобно, никако овој модел!
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Здраво, фала за feedback-от, дали би можел да препорачаш тогаш подобра столица за 300-400€? Сепак утре ќе отидам до Салон29 колку да ја пробам.

Исто така мислење за оваа шо ја имам во канцеларија и ми е преудобна ама над буџет? M-295
Тоа што ќе отидеш во салон и ќе седнеш на некоја непозната столица 5 минути, може само да те подлаже дека си направил правилен избор, пошто и јас ја пробав пред да ја земам и ок ми беше. Дури кога ќе ја ставиш дома и ќе ја покористиш неколку саати или денови, и ќе почнат да искачаат на виделина недостатоците, тогаш ќе видиш дали стварно изборот бил добар. Така да идеално би било ако можеш да најдеш некој салон што дава столици на тест период(прашав за ова во Salon29 пред да ја земам мојата, давале али само на фирми, физички лица се ирелевантни).

Или бар да си се изгорел ко ја :), па горе доле да знаеш што да бараш во следната, како се изведени функциите.
Идеална лумбална поддршка мислам дека би била со слој сунѓер, ако е ригидна со регулација на длабочина, ако е флексибилна со регулација на тензија.
Потпирач за глава со регулација и на висина(со ход доволен за твојата висина) и на длабочина.
Ако се меки потпирачите за раце да им шибнеш еден лакт за проверка колку бркаат работа доколку понекогаш знаеш да седиш во таква поза.

И како резултат пак да се изгориш откривајќи нешто ново што смета :p :).

Така да би рекол ако нејќеш да се коцкаш, чим веќе си ја пробал таа М-295 и знаеш што квалитет е, знаеш дека ти е преудобна, и си задоволен од тие 2 аспекта, тогаш земај ја таа. Не ти е многу над буџет(нели до 400 евра ти е), а и многу веројатно ако отидеш во салон и поразгледуваш и се помислиш, ќе ти дадат некој попуст(а може и да си побараш) па ќе биде некоја иљадарка поефтина.
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.405
1.639
Ако некој е за одличен стол - продавам Joyce моделот од B2 салон.
Ја го земав пред 3 месеци, со главо-наслон.
Супер си е столчето но поради лични причини не можам веќе да го користам.
Мислам дека го имаат на залиха во Б2 (на Партизанска) за проба.

1761319173934.png 1761319192360.png
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно