Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Tesla Cybertruck

JonnyDark

Баниран/a
10 јуни 2022
532
365

Мислењето е автоматски споено:

ОК! Добри сме засега... Но ако од наши пари им се даноците, тогаш кој навистина би ги платил оние срања на батерии и ако ни ги плаќаме дали навистина „бесплатно“ ќе ни ги дадат? Пошто не ти се чини дека нашите пари можеме и попаметно да ги потрошиме? :)
Епа они се тое кој што рекламират ја ова пропаганта :ROFLMAO: Штом се толку добри екологисти....тогаш треба да ми дадат без пари да возам кола на батерија инаку не би купил ни 1000 евра да коштаа.Зошто би дадел 100к еура за срање на батерија кога они загадуват воздухот со авиони и јахти од милион евра? Нема ништо еколошко во овие коли на батерија....Само е еден обичен хајп.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.732
И самите димензии на автобомобилот (независно од моторот) се проблем за екологијата - зазема исто место, 23 од 24 часа во денот не се користи, ги блокира другите учесници во сообраќајот, ... Истите проблеми. Само што вака се осеќаш дека „нешто си направил за околината“... Всушност, единственото решение е само јавен превоз (воз, автобус, такси па и авион).
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.643
3.219
Кога читам јасно ми е како добиваат избори партииве...

1. не би купил ни за икс пари....
Немаш пари да ја купиш, затоа не би ја купил. Немаш пари за кола од 100к евра. Тоа се фактите.
Воопшто не си таргет за возилово од темата. Не си го ни разбрал зошто постои а не па да го купиш.

2. да ни го даде некој бесплатно...
Имам дете од 7 години и веќе знае дека не постои бесплатно. Ништо не е бесплатно на светов.

3. загадуваат...
Загадува кола што се расипува и што кородира.
Ако имаш кола што користи помалку метал за електрика (75%), користи метал што не кородира и е отпорен на глупости, нема 20 кила фарба (исклучително нееколошка), може да работи на струја од сончеви панели, во производство користи драстично помалку чекори за да се произведе, да тоа е прилично еколошко возило

Дали е курч?
Која кола не е курч?
Само курчот е колку ти се може.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Kypч е дефинитивно - во споредба со стотици класични модели на возила, кои се:
  • поевтини
  • поквалитетни (добар дел од нив)
  • всушност можеш да ги возиш од овде до каде можеш да останеш буден, со минута паузи да наточиш гориво еднаш на ден
  • после помал/среден судар нема да мораш да ја прогласиш колата за тоталка затоа што никој не сака да ти ја осигура
  • итн

Тоа и моментот дека и да можам да си дозволам да фрлам 100К на глупост, има подобри глупости на кои пре би ги потрошил парите отколку на техничко помодарство како што е сајбер камионетов. Утре ако ова отиде меинстрим, цената ќе му падне барем на пола и ќе има минус 80% детски болести. Само што нема да отиде меинстрим затоа што инфраструктурата нема да биде спремна уште неколку децении, и заради х други моменти.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.643
3.219
Ај одлучи се што е.
Колата е слобода.
Ти дава можност да одиш кога и каде сакаш.

Моделот што го имаш е курч.
Можеш да одиш и со старо југо. Ќе те однесе и тоа. Можеш и со мајбах.
А за некаде ти треба и соодветно возило. Ако ти е работа да патуваш многу, ќе земеш соодветно возило, ако ти е работа да сервисираш антени по планини, ќе земеш соодветен теренец.
Што ќе земеш и колку над потребите е тоа што го зимаш е курчот.
Немање кола е немање на слобода и зависење од милоста на други.
 
stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
Мислењето држи вода. Така да, да затвориме тема, бидејќи Сајбертраков не е за ништо? Ни за пат, ни за низ град, терен да не збориме.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Југо јаде двоцифрен број литри гориво, не е баш исплатливо... Идеш во крајности. Иако сајбертрак е баш крајност, за дискутирање на тезата „кypч“ подобро е спредлив со нормални доверливи модели на класични аута кои до целта те носат удобно и економично и од тој аспект не се ништо полоши од сајбертрак. И долгорочно/среднорочно гледано шансите се дека таквите возила ќе имаат барем неколку пати подолг работен век од сајбертрак, па и повеќе од неколку пати (во рацете на одговорен газда што си го пази и правилно си го сервисира возилото).
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.076
6.011

Пример:
Сузуки Свифт Хибрид 16.000евра
Тојота Камри 2.5 Хибрид 40.000евра

Се е кажано.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Колата е слобода.
Ти дава можност да одиш кога и каде сакаш.
Чекај, како немањето кола те ограничува во одењето?

Моделот што го имаш е курч.
Можеш да одиш и со старо југо. Ќе те однесе и тоа. Можеш и со мајбах.
А за некаде ти треба и соодветно возило. Ако ти е работа да патуваш многу, ќе земеш соодветно возило, ако ти е работа да сервисираш антени по планини, ќе земеш соодветен теренец.
Што ќе земеш и колку над потребите е тоа што го зимаш е курчот.
Немање кола е немање на слобода и зависење од милоста на други.
Значи сепак секоја кола не е курч? Тогаш што одредува која е или која не е?
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Што од технолошки новини има во Сајбер трак-от. Вртење на задни тркала, отпотно на куршуми, 4х4, камера позади место ретровизор, само да паркира, ауто пилот...што има ново уникатно?
Аке се погледнат футуристички концепти на други аумобилски брендови, има поубави и пофраерски аута.
Ако екологија е проблем...струјата не паѓа од небо.
Чудно ми е што седиштата не се од Веганска кожа и гумите напунпани без компресор во воздух од Нијагара...
 
JonnyDark

Баниран/a
10 јуни 2022
532
365
Каков хејт се удри на Cybertruck , прав македонски хејт му се даде.
Мене ми се бендисува сајбертракот ама сакам да ми го дадат без пари да го возам за да бидам у тренд еколошки фенси гик ...Инаку не би го купил за та цена 60к еура.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.643
3.219
Што од технолошки новини има во Сајбер трак-от. Вртење на задни тркала, отпотно на куршуми, 4х4, камера позади место ретровизор, само да паркира, ауто пилот...што има ново уникатно?
Аке се погледнат футуристички концепти на други аумобилски брендови, има поубави и пофраерски аута.
Ако екологија е проблем...струјата не паѓа од небо.
Чудно ми е што седиштата не се од Веганска кожа и гумите напунпани без компресор во воздух од Нијагара...
те молам отвори едно видео за колата и не прашувај глупости.

Чекај, како немањето кола те ограничува во одењето?

Значи сепак секоја кола не е курч? Тогаш што одредува која е или која не е?
Курч е имање на нешто што не ти треба од што ти се може.
Имање кола е потреба. Тоа не го разбира само некој што не живее и нема обврски. Може е дете од 12 години и тогаш е сосем ок.
За да стигнеш од било која точка до било која точка имаш опција да одиш пеш или да одиш со превозно средство. Ако одиш со превозно средство тогаш решаваш кое најмногу ти одговара на потребите.
Ако надминеш од потребите (пример купуваш теренец а не излезеш од град) тогаш е курч.

Е сега, форумов е за ИТ ентузијасти. Некои купуваат хардвер оти сакаат брза машина. Некои не купуваат таков хардвер оти не им се може. Исто е и со коли (само повеќе пари се во игра). Исто е и со било што што се купува, од гардероба до храна.

Секој сака подобро и поубаво и си дозволува колку што дозволува чергата.

За многумина сајбертрак ќе биде одличен избор. Тоа што 99,9% од членовите тука не влегуваат во клеинтелата, не е проблем на сајбертрак :)
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Ако веќе се „ложиме“ на коли шо никад нема да ги имаме 99.99% од нас тука вклучувајќи го и ЈасСум, зашо да не се ложиме на Бугати, Ламборџини, Ферари наместо да се ложиме на Тесла со дизајн на Porygon покемонот? Дури ни јас не сум толку Покемон фан.

Porygon.gif

А патем од технологии Сајбертрак има:
- Steer by wire (без редундантна или на англиски кажано beckup опција за воланот) - многу производители има кои имаат Steer by Wire пред оваа кола но оваа е прва без никаква физичка/аналогна врска меѓу воланот и тркалата. Шо значи тоа? Тоа значи дека може да има пократок нос и дека ако откаже системот/електроника колата нема да може да ја контролирате.

- 48 волти систем со единствена врска меѓу сите компоненти, нешо као мрежа со лан кабли - со ова заштедуваат тон бакар но проблемот е дека повеќето производители не користат единечна врска пред се ради - you guessed it - редундантност. Имаат повеќе линии за backup низ возилата за сите побитни па и помалку битни функции.

48 волти делот е добар пошо треба помалку ампери да минува низ каблите и веќе има доста производители кои користат бар доминантно 48 волти инсталации но ретко кој користи примарен акумулатор за стартерот од 48 волти. Се си има причина и причината за тоа што други производители не преминуваат целосно на 48 волти е усогласување на делови од разни производители но и префрлање на цената на деловите на краен потрошувач. Акумулаторите се скапи но сепак достапни со цени ко шо е ситуацијата, коа би се преминало на 48 волти ќе заштедуваат производителите но не и корисниците кога ќе треба да менуваат делови. Не џабе еден редовен сервис на Тесла чини илјадници долари во делови во Америка.

- Најголем и најгрд брисач на цел свет - и комично е тоа што стои цело време во горе позиција освен коа се користи кога мора прво да се врати доле па да работи ко нормален брисач за да може да ги исфрла водата и нечистотијата нанадвор. Уште потрагично е што пола стакло пак е нечисто заради тоа што има само еден брисач на крај на денот.

- Одлични панели од цврст челик кои не се виткаат макар го клоцеле, мавале со палки и чекани и слично возилото - шо е фантастично освен во ситуации кога би удриле во нешто. Што и да удрите ќе биде преполовено, а и поради тоа што цврст челик кој не се витка не апсорбира енергија туку само ја пренесува, енергијата ќе иде во cast iron шасијата одоздола која ќе се раздроби ко порцелан и колата и во најмала сообраќајка ќе биде тоталка и непоправлива - и тоа ако и само ако ја преживеете таа сообраќајка бидејќи е прашање колку од таа енергија ќе заврши како g-force врз патниците.

- Нови подобрени поголеми батериски ќелии што може да истраат повеќе current да се влече низ нив. Ова е океј, но веќе има производители со semi-solid-state батерии кои ветуваат многу повеќе и од аспект на безбедност и отпорност на пожари па се до поголем капацитет и сподобност да работат во повеќе температурни екстреми. А наводно и solid state батерии се зад ќошот.

Како шо гледате пратам доста околу камионов и толку е комично а уште не се ни сите детали јавни пошо само 15 има произведено и кој знае колку и дали ќе се произведат до крај на 2024... и има строга контрола над тоа кој добива шанса да ги тестира и како.

Нема тестови за колку може да влечат и колку тоа влијае на range, нема тестови за тоа колку имаат и онака range, нема crash тестови од независни валидни тела... нема ништо освен хајп и пак се повеќе смешка отколку фалени. Освен од фанбојс нели.

Толку од мене за сега за повеќе на мојот Тед Ток на Тик Ток во Клик Клак Чат Пат.

ТЛ;ДР: дај не ме смејте со грдосијава преценета.
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
те молам отвори едно видео за колата и не прашувај глупости.

Курч е имање на нешто што не ти треба од што ти се може.
Имање кола е потреба. Тоа не го разбира само некој што не живее и нема обврски. Може е дете од 12 години и тогаш е сосем ок.
За да стигнеш од било која точка до било која точка имаш опција да одиш пеш или да одиш со превозно средство. Ако одиш со превозно средство тогаш решаваш кое најмногу ти одговара на потребите.
Ако надминеш од потребите (пример купуваш теренец а не излезеш од град) тогаш е курч.

Е сега, форумов е за ИТ ентузијасти. Некои купуваат хардвер оти сакаат брза машина. Некои не купуваат таков хардвер оти не им се може. Исто е и со коли (само повеќе пари се во игра). Исто е и со било што што се купува, од гардероба до храна.

Секој сака подобро и поубаво и си дозволува колку што дозволува чергата.

За многумина сајбертрак ќе биде одличен избор. Тоа што 99,9% од членовите тука не влегуваат во клеинтелата, не е проблем на сајбертрак :)
Изгледав 100 видеа и глуп сум...дај ти просветли ме што е револуционерно и поврзано со ИТ.
И ако отпорен на куршуми не е курч ...сосема излишно за било кое ауто за домашна употреба.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Изгледав 100 видеа и глуп сум...дај ти просветли ме што е револуционерно и поврзано со ИТ.
И ако отпорен на куршуми не е курч ...сосема излишно за било кое ауто за домашна употреба.

Отпорен на НЕКОИ куршуми, со мала брзина и мал калибар. Поспецифично од специфично. Нормален пиштол со нормални рунди ќе го пробие без проблем. Ама пак ќе кажам лимитирано е кој и како смее да го тестира се уште, а и има во договорите за купување клаузули и за продавање и за позајмување на други да го тестираат и све друго шо не му се свиѓа на Елмо е во договор и во спротивно имаат наведено казни од 50 илјади нагоре.

Ќе треба некое време за непристрасни и асални тестови за се поврзано со колава. Ама ќе стигнат. Ја највеќе чекам crash тестови ко шо спомнав да видиме колку е небезбедна за патниците но и повеќе за другите учесници во сообраќајот.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.643
3.219
Изгледав 100 видеа и глуп сум...дај ти просветли ме што е револуционерно и поврзано со ИТ.
И ако отпорен на куршуми не е курч ...сосема излишно за било кое ауто за домашна употреба.
што е револуционерно праша?
Сериозно си гледал видеа за сајбертрак? Да не збориме за две различни коли?
Од форма, до начин на правење и од што се прави, се е ново и различно од тоа до сега. Ама не е доволно изгледа за ваков врвен познавач на автотехнологија.

Отпорен на НЕКОИ куршуми, со мала брзина и мал калибар. Поспецифично од специфично. Нормален пиштол со нормални рунди ќе го пробие без проблем. Ама пак ќе кажам лимитирано е кој и како смее да го тестира се уште, а и има во договорите за купување клаузули и за продавање и за позајмување на други да го тестираат и све друго шо не му се свиѓа на Елмо е во договор и во спротивно имаат наведено казни од 50 илјади нагоре.

Ќе треба некое време за непристрасни и асални тестови за се поврзано со колава. Ама ќе стигнат. Ја највеќе чекам crash тестови ко шо спомнав да видиме колку е небезбедна за патниците но и повеќе за другите учесници во сообраќајот.
1. нормален пиштол не го пробива
2. најреномирани автотестери го пробаа, ама не, ќе чекаме некој хејтер ко тебе.
3. нов уред со многу нова технологија и не го продаваат на конкуренција, бар не ефтино.
 
JonnyDark

Баниран/a
10 јуни 2022
532
365
што е револуционерно праша?
Сериозно си гледал видеа за сајбертрак? Да не збориме за две различни коли?
:ROFLMAO:
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Курч е имање на нешто што не ти треба од што ти се може.
Имање кола е потреба. Тоа не го разбира само некој што не живее и нема обврски. Може е дете од 12 години и тогаш е сосем ок.
За да стигнеш од било која точка до било која точка имаш опција да одиш пеш или да одиш со превозно средство. Ако одиш со превозно средство тогаш решаваш кое најмногу ти одговара на потребите.
Ако надминеш од потребите (пример купуваш теренец а не излезеш од град) тогаш е курч.

Е сега, форумов е за ИТ ентузијасти. Некои купуваат хардвер оти сакаат брза машина. Некои не купуваат таков хардвер оти не им се може. Исто е и со коли (само повеќе пари се во игра). Исто е и со било што што се купува, од гардероба до храна.

Секој сака подобро и поубаво и си дозволува колку што дозволува чергата.

За многумина сајбертрак ќе биде одличен избор. Тоа што 99,9% од членовите тука не влегуваат во клеинтелата, не е проблем на сајбертрак :)
Гледиштето ти е многу црно-бело и автоцентрично. Затоа и ставовите ти се контрадикторни.

Зошто превозното средство од А до Б мора да е кола, а не некое друго што е веќе поекономично и поеколошко напр.?
Од другата страна, зошто е курч а не е удобност и безбедност?

Проблем е за сајбертрак што цели на 0,01%, наместо на 1 или 10%.

А што се однесува до формата, видена е, направена е и напуштена како таква.
И веќе пишав, видеата се рекламни, не се објективни. Наивно е да изградиш мислење и став од реклама.

И одговорот за слободата се изгуби некаде...
 
acekorg

hello world
5 октомври 2010
414
673
Зошто превозното средство од А до Б мора да е кола, а не некое друго што е веќе поекономично и поеколошко напр.?
Не си женет и немаш деца претпоставувам…
Затоа ти е и тебе се црно бело.
Кога ќе запнат децата да понесеш куп играчки, точак или количка јавен превоз или Сузуки Свифт не бркат работа…
 
psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.503
31.942
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Гледиштето ти е многу црно-бело и автоцентрично. Затоа и ставовите ти се контрадикторни.

Зошто превозното средство од А до Б мора да е кола, а не некое друго што е веќе поекономично и поеколошко напр.?
Од другата страна, зошто е курч а не е удобност и безбедност?

Проблем е за сајбертрак што цели на 0,01%, наместо на 1 или 10%.

А што се однесува до формата, видена е, направена е и напуштена како таква.
И веќе пишав, видеата се рекламни, не се објективни. Наивно е да изградиш мислење и став од реклама.

И одговорот за слободата се изгуби некаде...

Сакаш да кажеш дека сите видеа до сега не се објективни? Кој дел од спецификациите или приказите во видеата е лажен?

Постојат луѓе со кредибилитет кои името го изградиле на тој начин, не може сите да се платеници, овој наратив и за друг вид на рецензии постои и не можам да го сфатам.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Повеќето јуруб журналисти се меки во рецензиите затоа шо ако претераат со критики нема да добиваат ексклузиви. Топ Гир бандата на пример партали го направија една година Бентли шо не им даде кола го заменија со Застава. Тоа е увереност и авторитет. Им се можеше. На јутубериве ем не им се може ем многумина се фанбојс ко МКБХД на пример па и Мет Вотсон.

Хагерти имаа добро ривју но пак следеа многу работи шо се буквално ПР од тесла. И тоа не е нивна кривица нема други независни податоци кои може да се цитираат.

Ќе забележите дека ја се фокусирам на безбедност пред се, домет, реални технички способности, квалитет и мала мера дизајн. Тоа се прашања чиви одговори нема да се знаат без независни crash и pedestrian safety тестови, независни тестови за ете пукање со оружје во панелите, независни тестови за offroad, независни тестови за work capabilities на приколката (да ја напунат со песок пример - ете Зек од Џери Риг на ривијанот така ја расипа ролетната на приколката дека влегло песок кај шо не треба), независни долги тестови за range, towing капацитет и како влечење ќе влијае на домет итн итн итн.

Н И Ш Т О од вакви тестови се уште нема.

Дур не ги има не може објективно никој да каже дали е добар камион па и добра кола.

Единствено може да коментираме дали ни се свиѓа дизајнот шо е субјективна ствар, да ги коментираме евтината изработка на ентериерот шо сите ја посочуваат, забрзувањето од 0-100 за 2.6 секунди кое не знам кому му треба у камион…

И да коментираме за тоа што тие шо до сеа го возеле кажале за самата вожња бидејќи не можеме да го пробаме сами во тест драјв дека 12 има само произведено а и нема да е легално у европа ради тоа шо е ко гилотина на тркала.

Така шо бидете објективни до сеа независни и детални тестови на Сајбертракторо немало.

Но затоа имаше видео како заглавило на угорница на ридче со една елка у приколката и го влечеа со ф-150 хахаха.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.300
5.276
Скопје
hackitfree.github.io

Го среди компјутерот па сега „Удри„ по темиве .. :ROFLMAO:
Да надокнадиш :)
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Не си женет и немаш деца претпоставувам…
Затоа ти е и тебе се црно бело.
Кога ќе запнат децата да понесеш куп играчки, точак или количка јавен превоз или Сузуки Свифт не бркат работа…
Да де, пошто децата цел живот се мали, не растат.
Сакаш да кажеш дека сите видеа до сега не се објективни? Кој дел од спецификациите или приказите во видеата е лажен?

Постојат луѓе со кредибилитет кои името го изградиле на тој начин, не може сите да се платеници, овој наратив и за друг вид на рецензии постои и не можам да го сфатам.
Не знам за сите видеа, зборувам за оние постирани на темава. Сите ниту сум ги гледал ниту имам намера.

Но, никаде не реков дека лажат, туку дека се рекламни. Се истакнуваат само добрите страни на возилото. Ете @toshex наброја куп работи што воопшто не се ни спомнати а камо ли тестирани, а се итекако важни. Многу посуштински од продавањето на муда за бубрези, како забрзувањето, челикот, воланот, не знам што. Прават камионче, а рекламираат спортско и оклопно возило.
Башка што излегуваат видеа каде сајбертраков заглавува и шлајфува, а други возила поминуваат. Не дека и овие видеа не треба да се земат со резерва.

Многу се зема здраво за готово сѐ што се објавува на јутуб и општо на интернет, а отсуствува критичко мислење. Тоа е проблемот.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно