Мислам дека пишав на темава за ситуацијата број еден.Случајно налетав на темава и приметив дека повеќе месеци уназад сум правел ненамерна грешка при пресметка на данок од доход од консултантски услуги, па би ценел ако некој може да ми ги одговори прашањава:
1. На фактуриран износ $500, јас добивам некои $491, веројатно $9 ми е банкарска провизија. Кој износ го внесувам кај бруто доход?
2. Како прикачувате фактура/извод од банка? Не гледам таква опција на е-пдд, јас само во забелешка го внесувам бројот на фактура по која е направено плаќањето.
3. Дали за да се регистрираш за ДДВ се рачуна и приходот од плата? Пример, годишно земам плата 600.000 денари а годишен приход од консултантски услуги ми е 1.700.000 денари.
Засега толку, понатаму може ќе има уште прашања![]()
Сакаш да кажеш дека треба да се плаќа данок на сумата што на крај ти легнува на сметка, после сите тие трошоци и провизии од банките? Ако не се лажам на изводот прво ти легнуваат парите па после ти ги одзема од сметка, го прифаќаат ова?Мислам дека пишав на темава за ситуацијата број еден.
После неколку месеци пријавување и плаќање данок на тој начин (логично ми е да платам за тоа што сум го добил на сметка не да плаќам на целата сума од фактура пред провизии) ми се јави непознат број кој испадна дека е вработен во УЈП.
Вознемирано ми рече дека разбирал зошто така сум праќал ама него шефот го искарал затоа што они не можеле да потврдат каде се губеле парите за провизија. И му реков, добро јас што да правам? Ми рече од сега ќе ги праќаш и фактурата и изводот од трансакцијата од банка и тоа е тоа.
Така да си продолжив да плаќам според конечната сума што ја добивам и во прилог праќам два документи. Т.е. некогаш праќам и три документи ако проаѓа преку Wise (извод од Wise, извод од мојата банка и фактурата).
Еве еден пример за плаќање на данок.Сакаш да кажеш дека треба да се плаќа данок на сумата што на крај ти легнува на сметка, после сите тие трошоци и провизии од банките? Ако не се лажам на изводот прво ти легнуваат парите па после ти ги одзема од сметка, го прифаќаат ова?
Извини мислев зборуваме за странската провизија. Прост пример, праќам фактура на 1,000 евра на клиент од Малта, добивам 990 на мојата девизна сметка затоа што банката од Малта одзела 10 евра провизија. Во мојот случај НЛБ не ми зема провизија за овие трансфери барем не веднаш откако ќе се прокнижи (така да на изводот од трансферот си пишува од која банка, кој пратил па мислам и за провизијата дека пишува). Другиот ден или после два дена знаат да ми земат 50 денари или 100 денари максимум ама тие се независни односно на друг извод се гледаат.Сакаш да кажеш дека треба да се плаќа данок на сумата што на крај ти легнува на сметка, после сите тие трошоци и провизии од банките? Ако не се лажам на изводот прво ти легнуваат парите па после ти ги одзема од сметка, го прифаќаат ова?
Претежно било платено за трансакцијата од страна на испраќачот, па не можам да најдам образец 743 со таква содржина. Последно што ми се случи проблем е тоа што трансферот одеше преку некоја друга банка и после преку Шпаркасе кај нас за да дојде до Комерцијална, а Шпаркасе си наплатила провизија (иако трансферот е платен од испраќачот). Ова никако ми немаше смисла и прво Шпаркасе се правеа наудрени за на крај да ми кажат дека банките во МК си имаат договор меѓу себе да наплаќаат провизија. Се сомневам дека ова е легално и е сосема друг муабет, но оваа провизија ја нема на образецот така да најверојатно треба да си се плаќа данок и на тоа...Извини мислев зборуваме за странската провизија. Прост пример, праќам фактура на 1,000 евра на клиент од Малта, добивам 990 на мојата девизна сметка затоа што банката од Малта одзела 10 евра провизија. Во мојот случај НЛБ не ми зема провизија за овие трансфери барем не веднаш откако ќе се прокнижи (така да на изводот од трансферот си пишува од која банка, кој пратил па мислам и за провизијата дека пишува). Другиот ден или после два дена знаат да ми земат 50 денари или 100 денари максимум ама тие се независни односно на друг извод се гледаат.
Јас во УЈП пријавувам 990 евра и на толку плаќам данок.
Е сега дополнително гледав некои муабети за трошоци демек може да бараш да ти одбијат или пак за избегнување на двојно оданочување, ама не знам дали е тоа изводливо а не се ни замарам...
Муабетот е за плаќање данок на провизија.Еве еден пример за плаќање на данок.
Копам пример 30.000 денари месечно со ригови. Плаќам струја 20.000 денари и интернет и кабловска 1000 денари.
УЈП ти ги рачуна тие 30.000 како приходи и на нив плаќаш данок. Нив не ги интересира колку трошоци имаш за струја и разни други давачки.
Тоа важи само за 2022, а не до денес. Цифрите ги ваѓаат од годишната даночна пријава за 2022.И на мене ми стигна емаил сабајлево, малку и не е јасен делот прилив на средства ОД 2022, најверојано се мисли од 2022 па до денес? Како го толкувате ова?
Мала е разликата на целиот износ (пример 10 евра провизија, 1 евро данок), мене ме интересираше од правен/формален аспект:Се плаќа данок на целата сума. Не се одбиваат никакви провизии. Нема врска тебе колку ти легнале. Исто како што царина се плаќа на целата сума заедно со транспорт и др.
Во емаилот пишуваше и изводи од банка да им однесеш или само договор?Тоа важи само за 2022, а не до денес. Цифрите ги ваѓаат од годишната даночна пријава за 2022.
Инаку ете поминаа неколку недели откако јас им приложив договор и изводи од банка за легнати средства, сеуште немам никаков абер.
Емаилот мислам дека го пастирав тука, провери во претходните страници ќе го најдеш постот. Во мејлот немаше никаква информација, само дека треба да приложам докази. Кога се јавив во локалната канцеларија, ми кажаа договор и изводи/фактури да им однесам каде што се гледа дека се работи за консултантски услуги за странство. Договорот пошо ми беше на англиски требаше да го преведам кај овластен судски преведувач на македонски јазик.Во емаилот пишуваше и изводи од банка да им однесеш или само договор?
Не лажеш ако ставиш 1.000 бидејќи тоа си го заработил. Приливот ти е 1.000 а ти си земаш 991-ППД отприлика 980Мала е разликата на целиот износ (пример 10 евра провизија, 1 евро данок), мене ме интересираше од правен/формален аспект:
И праќам фактура на американска фирма од 1000 долари
Ми стигнуваат 991 (9 се загубиле попат)
Ако пријавам 1000, лажам затоашто приливот е 991 според извод
Ако пријавам 991, фактурата е на 1000
Не е голем проблем, само што сакам да сум чист со УЈП и некако ситуацијава е зафркната.
24info.mk
Кажете со кој документ да си ги побарам парите назад од УЈП ?Можеби данокот од 10% не е превисок за програмерите и за другите работници, но за компаниите кои работат со странство и имаат можност наплатата да ја вршат во крипто, не сакаат да плаќаат данок во државата, бидејќи сметаат дека парите заработени надвор од Македонија не треба да ги пријавуваат во државата.
Не сум сигурен сега како е. Но ако се регистрираш како физичко лице и немаш УСБ токен мора да одиш во УЈП лично па да те регистрираат на шалтер. Откако ќе добиеш јузер ќе може после да пријавуваш данок.ја прочитав цела тема пробав да се регистрирам тука вајда ова е правата страна?
избирам општина и ја нема мојата улица...
Почнав да работам за клиент од уса ми прака неделно преку хоом.
како да пријавам данок сега?
предпоставувам во банка ке ми бараат потекло на пари, и им давам од хоом потврда.
во е-данок после од банка уплатницата?
колку % е за ИТ услуги, има ослободување нешто читав 30%?
за ддв колку што разбрав од читање на темава не подлежат од странтсво пари.
Здраво.
Дали знаете дали се ослободува данок од прва линија на роднини? Дали е само меѓу родители и дете, или и меѓу браќа и сестри?
Како да пријавам електронски, а да не платам данок доколку сум ослободена?
Си пишува на страната на ујп коинсе даночни обврзници, со прилив од странство не се станува даничен обврзник
Не се станува даночен обврзник со приливи од странство и да се над 2 милиона.
SSD 2,5" 240GB MSI SPATIUM S270 S78-440N070-P83
3.650,00 ден
MOUSE WIRELESS USB XIAOMI COMFORT EDITION, 2.4GHz, BLACK, XMWXSB04YM
760,00 ден
COMBO KEYBOARD MOUSE AND MOUSEPAD WIRED GEMBIRD RGB, Black, KBS-UML-01
1.000,00 ден
VGA ASUS DUAL RTX5060 OC 8GB GDDR7,3xDP, HDMI, 90YV0N12-M0NA00
22.580,00 ден
HEADPHONES LOGITECH ZONE 305 MIDNIGHT BLACK Wireless + bluetooth, w/microphone 981-001458
5.790,00 ден
MONITOR 27" GIGABYTE GS27FA SS-IPS, 1ms, 180Hz, 1920 x 1080, 2x HDMI, DP
8.560,00 ден