Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Кога би бил твој IT.mk....

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.495
Скопје
Сметам дека Фаталити постапи мудро и ептен фер. Прво му даде шанса да корегира цена а потоа на барање на ОП ја заклучи темата. Има доволно информации што и како. А и правата на членот се реализирани.

Иако купи/продај е наше местенце за размена, сметам дека цените треба да се право на продавачот без да се мешаме освен ако не се бара проценка. Не би сакал за ова да се прави притисок.

Наше како заедница е да информираме како се проверува кои се тековните цени. Како луѓето да може сами да проверат и да бидат во тек. Ако некој се излаже нема да биде фер, ама па и никој нема да биде крив што не е информиран/а доволно.
Контрадикторен си ми малку.
Прво викаш фер и мудро постапил Фаталити, а после викаш цените требало да се на продавачот, а Фаталити баш на некој начин го спречи тоа, лол.
Тотално е небитно колку коштало во Солун, на ибеј, во Дубаи, Охајо, Шангај или кај брачедот од швицарска што ги собира паднати од камион.
Во случајов баш е битно затоа што корисникот рече дека е од Грција купено тоа, и баш му се даде линк од Грција кај што е многу поевтино од првичната цена.
Или колку пари било купено.
Па не е битно да ама според пишувањево како да се ставаш на страната на продавачон, а он цврсто нагласи дека му е битна.
кога Фаталити кажа дека проценката е за продавачот да оформи реална цена.
Не може така. Кога се става проценка таг ќе си проценуваат сите.
Каква е таа црна проценка само за продавачот, лол.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.792
10.109
Супер се постапи во ситуацијата. Огласите овде се за продавање во мала заедница каде што се цени фер пристап од двете страни. Кога админ/модератор гледа дека нема фер пристап, според мене слободно може и треба да реагира.

За продажба по реклама5 цени ќе си одиме на реклама5 така? За продажба за иста цена како ново или повисока, ќе си го купиме на ново нели?
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Не може така. Кога се става проценка таг ќе си проценуваат сите.
Каква е таа црна проценка само за продавачот, лол.
Да го ставеше OP тагот проценка, да, важи за сите. Во случајов го стави модератор и експлицитно беше наведено зошто е ставен тагот. Како и да е, требаше да се изрегулира цената, спомнав и прееска дека е daylight robbery, и на крај се реши работата.
 
nashio

lurker
14 јануари 2011
768
1.052
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
како некое тркало сте, те-едно те-исто и вртите од прееска со истите аргументи без ниту еден разумен предлог за фер решавање на ситуацијата

Кога админ/модератор гледа дека нема фер пристап, според мене слободно може и треба да реагира.

„фер“ без договор е многу релативна работа.
 
Rufflesaurus

hello world
16 јуни 2018
246
528
Скопје
davorminchorov.com
Ок, ајде да Ве чуеме...

Сценарио: Вие сте одговорни за овој форум и е во Ваша сопственост... Што би направиле? Што би промениле?
Знам дека темава е повеќе за фидбек на сајтот, но чисто како идеа би го направил следново:

Bи го преработил од ново и би го модернизирал да биде поинтерактивен сајт како за 2020та. Форумот би се претворил во социјална заедница, каде што секој тип на објава би била дизајнирана врз база на тоа од кој тип е (настани, огласи за купување и продавање, огласи за работа, компаниски индекс и друго). Исто така би додал и нови секции на сајтот кои би биле поврзани со луѓе кои сакаат да учат и ресурси за учење, и да има секција за промоција на продукти од наши компании.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
Во неколкуте други огласи кај што реагирал Фаталити, баш така и постапи, и со тоа потполно ќе се сложам. Ама во конкретнава ситуација, стави префикс проценка, со што други членови почнаа да коментираат за цена. Ова е она кое мислам дека не е во ред.

Да не ме сфати погрешно @Fatal1ty_ , забелешката не ми беше за него. Ми беше за дечките кои си зедоа за право да коментираат со нивни проценки, кога Фаталити кажа дека проценката е за продавачот да оформи реална цена.

Fair enough!

Не дека сакам да бранам постапка. Но искрено мене насловот на темата сам по себе ме асоцираше на дискусија. А не на класичен оглас.

„(Интересенти) ASUS VP249..."

Плус по наведување на цена во подолен пост, повторно се произнесува ОП дека е проблем што не се знае кога ќе се оди. Ова е специфично во ситуацијата. Инаку никогаш не сме реагирале по дадена цена.
 
igor_igor

poweruser
2 септември 2012
2.286
3.985
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-14400F + Deepcool AG400 V2 ARGB White
Motherboard
ASrock B760M-HDV/M.2 White
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master V750 GOLD V2
RAM
2 x 16GB (32GB) Kingston HyperX FURY RGB 6000MHz DDR5
Video card
ASRock Phantom Gaming D RX 6800 16GB OC
Case
White Shark Bullet Gaming GCC-2303 White
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
Cooler Master GM238-FFS 144hz IPS / AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 11 Pro
Интересенти е исто што и "куповина" во постот на Фаталити. :)

Постојат македонски зборови како:

Куповина - Купување
Интересенти - Заинтересирани
 
Последна промена:
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Во случајов баш е битно затоа што корисникот рече дека е од Грција купено тоа, и баш му се даде линк од Грција кај што е многу поевтино од првичната цена.
Па не е битно да ама според пишувањево како да се ставаш на страната на продавачон, а он цврсто нагласи дека му е битна.
Реши се сега, битно е или не е.
Тој што продава може и бакшиш да го добил, но тоа не значи дека и тој треба беспари да го даде.
Затоа е небитно колку кошта некаде на друго место исто како што е небитно и колку е првично платено.
Општо зборам, не за конкретнив случај.
 
hehexd

hello world
18 септември 2019
156
239
Реши се сега, битно е или не е.
Тој што продава може и бакшиш да го добил, но тоа не значи дека и тој треба беспари да го даде.
Затоа е небитно колку кошта некаде на друго место исто како што е небитно и колку е првично платено.
Општо зборам, не за конкретнив случај.
Ајде нека не е битно колку коштало некаде, ама да може да се пише дисклејмер во коментар на огласот - која е реалната цена и дека продавачот пробува да продаде изнад цена, без под тој коментар да има прикаски од огласувачот како тој имал право своето да си го цени колку сака. Па натаму кој сака нека купува, ама барем да може да се даде до знаење дека таа цена не е фер.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
707
1.010
Кога се продаваа графички по х2 цена од куповната, тогаш беше се ок...
Тргам пари од пејпал за провизија и тоа е во ред...
Која е причината да рониш солзи оти цената која ја определил продавачот ти е превисока?
Со постапката правите полза само на неколкумина кои демнат по огласи и препродаваат по реклама и пазар. Ништо друго.
 
А кој ја определува реалната цена?

Затоа и пишав, единствено прифатливо е да се коментира цената доколку производот што се продава на оглас е достапен во локална малопродажба по иста или пониска цена.

Сѐ друго е предмет на понуда и побарувачка.
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
Нелогична ви е споредбата со графичките што биле х2 цена. Тогаш графички по продавници немаше, а и тоа што беше на залиха исто беше со многу поголема цена ради копачите. И тој проблем не беше на форумов и во Македонија туку низ цел свет.
Вие таа графичка може да си ја вреднете и 5000 евра, но ако реалната цена во продажен салон на ново е поефтина, огласот ќе биде корегиран. На форумов нема место за такви огласи, има форумски цени.
Ако цените дека ова не е фер повелете на пазар 3 и реклама 5, и објаснувајте се со секоја будала и ценкајте се со месеци, тоа право не ви е скратено.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.792
10.109
„фер“ без договор е многу релативна работа.

Фер е како модератор/админ одлучи, затоа е поставен на таа позиција. Другото е логика, да беше мониторот достапен тука и веднаш (а го нема на лагер) па да релативизираме. Случајот беше што членот има заглавен монитор во Грција за кој кога ќе го купите од него треба да чекате да оди да го земе, гаранцијата да гласи на негово име и плус да си платите фул цена како кога го купил он пред 4 месеци, а не според сегашната цена која е 20% пониска.

Не знам што е тука „нефер“ или предмет на дебата, ова е ситуационо и определува модератор/админ. Во овој случај сосема коректно постапи админот и не даде простор за нефер игра.
 
crash

hello world
6 декември 2013
111
160
Реши се сега, битно е или не е.
Тој што продава може и бакшиш да го добил, но тоа не значи дека и тој треба беспари да го даде.
Затоа е небитно колку кошта некаде на друго место исто како што е небитно и колку е првично платено.
Општо зборам, не за конкретнив случај.

Неточно. Барем половина. Неважно е колку го набавил предметот, а важно е колку може да се набави предметот. Достапноста е релативна, бидејќи за некои членови, предметот е подостапен во Солун, наместо во Скопје.
Целта на модераторите е да се заштити заедницата, поготово новите членови, да не бидат "заклани" на почеток, сметајќи го форумот, членовите и огласите за фер.

Кога се продаваа графички по х2 цена од куповната, тогаш беше се ок...
Тргам пари од пејпал за провизија и тоа е во ред...
Која е причината да рониш солзи оти цената која ја определил продавачот ти е превисока?
Со постапката правите полза само на неколкумина кои демнат по огласи и препродаваат по реклама и пазар. Ништо друго.

Баш би било добро доколку некој примети таква злоупотреба со препродажба, членовите да бидат јавно прикажани.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Јас ко што разбрав членот купил монитор, не можел да си го земе, и во меѓувреме излегол некој подобар монитор за исти пари.

Моментално мониторот шо сака да го препродаде е поевтин во истата продавница а членот го продава по цената која тој ја платил.

Ефективно членот сака бесплатно да му излезе новиот монитор. Е сега прашањата се:

- дали стариот монитор е веќе платен по таа цена или допрва треба да се плати (резервирано пример и цената е таа која била)
- ако не е платен зошто да мора да го вреднува тој или било кој по таа стара цена, зошто не го плати по новата цена која е поевтина (и по таа да им го продава на членовите тука)
- дали членот има намера да враќа ДДВ (ако си враќа ДДВ ефективно цената е пониска)
- дали членот смета дека услугата на подигање на мониторот кој го препродава од Грција треба да си ја наплати, а не да ја анулира со тоа што некој ќе му го земе од раце за да може он да си ќари подобар монитор

Се на се јас вака гледам на работава:
Ситуацијава е иста ко да го има мониторот дома членот и да сака нов да си купи. Го купил 250 евра, но во Грција моментално тој монитор е 200 евра така? Реално кога се прави проценка на форумов ако го нема кај нас на залиха тој монитор 250 евра ќе беше океј проценка.

Проблемот е шо се споделени информациите дека мониторот е во Грција, и дека е по тамошни цени базирана проценката.

Морално гледано има пропусти, членот сака да си ќари. Ама според правила на форумов се е океј, и цената беше океј. Само требало да почека членот да го има нов неотпакуван тој монитор спремен за уште утре да го прати по карго на кој сака. Тогаш никој немало да му замери пошо го нема кај нас тој монитор никаде, пошо му бил платен колку шо му бил платен, а границите се затворени така шо немате опција да споредувате цени во странство пошо нема како да идете да го земете.

Проблемот во ситуацијава е тоа што премногу сака да ќари членот, ем да договори за мониторов да му го земе некој од раце, ем тој да си земе поарен, ем да не загуби ни денар, ем да си врати ДДВ за двата монитори (шпекулирам тука веќе), ем да чекаат сите играчи у математикава да се отворат граници (а до тогаш може пак сто работи да се сменат).
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.797
33.932
roka.mk

TL;DR
82d9343c083b0f9ff80daa9501b3f2cb.jpg
:)
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.792
10.109
12 април 2017
1.918
1.259
Ова не е Пазар3 па кој сака да си става каква сака цена. Јас мислам дека оваа заедница треба да биде пофер од нормален огласник.

Ипак, да објавиш дека мониторот е 200 евра нов (169 + ДДВ) и пак да напнуваш со цена 300 евра мислам дека е ептен глупо и нефер. Очигледно е дека огласникот се покаја што го зема тој монитор и сакаше нов да си купи за беспари - коа ќе врне ДДВ испаѓа дека купувачот му го плаќа новиот монитор.

Значи без разлика колку колку е платен, цена „на старо“ се мери по СЕГАШНАТА продажна цена, па од таму се оди надоле.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.489
7.758
Скопје
www.facebook.com
секоја будала и ценкајте се со месеци, тоа право не ви е скратено.
Сум го поминал овоа хахахах.
Сум се ценкал за одредени графички околу 5 месеца.. Се додека не ги дадоа по моја цена :D
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
707
1.010
Ова не е Пазар3 па кој сака да си става каква сака цена. Јас мислам дека оваа заедница треба да биде пофер од нормален огласник.

Ипак, да објавиш дека мониторот е 200 евра нов (169 + ДДВ) и пак да напнуваш со цена 300 евра мислам дека е ептен глупо и нефер. Очигледно е дека огласникот се покаја што го зема тој монитор и сакаше нов да си купи за беспари - коа ќе врне ДДВ испаѓа дека купувачот му го плаќа новиот монитор.

Значи без разлика колку колку е платен, цена „на старо“ се мери по СЕГАШНАТА продажна цена, па од таму се оди надоле.
Значи не е работата само за мониторот. Имаше неколку огласи со конфигурации, кои имаа сосема ок цена , а истите беа затворени.
Ако не, админот нека стави цена чим била таква работата. ЛОЛЈ.
ддр3 рам нема никаде, плочи постари од 6 генерација на интел нема никаде, процесори исто така.
На крај краева никој не те тера да купиш ако не ти се бендисува цената.
Пазар си е пазар, доста мешате баби и жаби , фер било, нефер било.
Веќе кога сте тргнале по тој пат , ставете и правило за зачленување, новите членови да мора да поделат од хардверот кој го поседуваат со старите, или оние кои имаат послаби конфигурации да добијат по една графичка гратис од Пане и Гојдо.
И заборавив, сакате да кажете дека типците кои продаваа по 100-200 графички за време на копачката криза ги продаваа по форумска цена ?? Или ги продаваа за профит ??
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.797
33.932
roka.mk
Ок дечки затворете ја дискусијата,
Ќе продлжиме со истите активност како и до сега за вакви работи. case closed
Се уважувале и ќе се уважуваат мислења и предлози од секого ако истиот има основа, а млатење празна слама од ликови кои имаат 0 учинок не може да бидат земени како став на заедницата.

Благодарам.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.792
10.109
Одамна трубам дека особено за IT сајт со дизајн сте катастрофа, ама денес ја направивте кардиналната грешка - autoplay на видео и тоа од 3 статии подоле.

Прв турнир во Valorant во Македонија ⋆ IT.mk
Овде се лоадира автоматски Twitch од 3 статии подоле, брука...

П.с. Тоа што вашиве едитори не научија hyperlink што е посебна работа. :D
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно