Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Сериозни проблеми со Anhoch сервис

7 март 2014
1.293
748
Skopje
despotovikj's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X + AMD Ryzen Wraith Prism RGB
Motherboard
ASUS TUF GAMING ATX B550-PLUS
Storage
500GB Samsung 980 NVMe M.2 + ADATA LEGEND 710 512GB
PSU
CoolerMaster Elite V3 500W
RAM
x2 Kingston 8GB 3200MHz DDR4 CL16 DIMM FURY Beast RGB
Video card
GeForce® GTX 1660 SUPER™ OC 6G
Case
ATX Midi Tower Case Deepcool CC560 Black
Mouse
ASUS ROG Strix Impact II Wireless
Keyboard
AOC GK500 Gaming Full RGB Mechanical Keyboard
Audio
AOC GH300 USB Gaming Headset
Monitor
AOC Gaming Monitor 24G2SAE 1080p/VA/165 Hz
OS
Windows 11 PRO
Колку е само непотребна темава.Нема ниеден веродостоен доказ, останатата дискусија се одвива со водење сеир.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
^ ^
Ова е навредливо за сите што овде преку учество на дискусијава се обидуваат да допринесат кон подобар однос на продавачите кон купувачите.
 
7 март 2014
1.293
748
Skopje
despotovikj's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X + AMD Ryzen Wraith Prism RGB
Motherboard
ASUS TUF GAMING ATX B550-PLUS
Storage
500GB Samsung 980 NVMe M.2 + ADATA LEGEND 710 512GB
PSU
CoolerMaster Elite V3 500W
RAM
x2 Kingston 8GB 3200MHz DDR4 CL16 DIMM FURY Beast RGB
Video card
GeForce® GTX 1660 SUPER™ OC 6G
Case
ATX Midi Tower Case Deepcool CC560 Black
Mouse
ASUS ROG Strix Impact II Wireless
Keyboard
AOC GK500 Gaming Full RGB Mechanical Keyboard
Audio
AOC GH300 USB Gaming Headset
Monitor
AOC Gaming Monitor 24G2SAE 1080p/VA/165 Hz
OS
Windows 11 PRO
^ ^
Ова е навредливо за сите што овде преку учество на дискусијава се обидуваат да допринесат кон подобар однос на продавачите кон купувачите.
За да донесеш нешто добро, мора да изнесеш факти за тој што ќе прочита да се увери во истото. Ајде сега сите ќе отвараме теми за ругање на некого без факти. Не застанувам на ниедна страна, ваков став треба да има секој ако има докази за остото. Обезбеди ги доказите после ќе се дискутира.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.219
Што ќе се случи ако некој од нас влезе во кафез полн со гладни лавови?
При што трговците се гладните лавови а n00b-от е наивкото кој мисли дека влегол во кафез со мачиња.

Во право си за „не се замарам“ типовите. Ако некој влезе во Анхоч продавница и рече „Склопете ми компјутер, цената не е битна. Ионака ме боли к*р за компјутери. Тоа све се глупи машини!“ заслужува да биде бричен на суво иако не е коректно да биде така третиран.

Но не верувам дека има така направено. Дури и Авид не би направил така.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
За да донесеш нешто добро, мора да изнесеш факти за тој што ќе прочита да се увери во истото. Ајде сега сите ќе отвараме теми за ругање на некого без факти. Не застанувам на ниедна страна, ваков став треба да има секој ако има докази за остото. Обезбеди ги доказите после ќе се дискутира.
Друже, требаат „докази“ за да дискутираме дека во конфигурација со одврзан буџет е ставено напојување какво повеќето овде не го ставиле ни во буџет варијанта? Треба „докази“ за да спориме дека на перформанс конфигурација (па и на било која) и треба солидна вентилација на куќиштето?
Зошто сметаш дека муабет за ова е „водење сеир“?

Мислиш дека не е можно дека повеќето овде се само уморни од универзално лошиот однос на продавачите? И на крај, навистина ли мислиш дека и продавачиве не треба малку да се замислат што ќе се деси со нив кога ќе можеме како луѓе да нарачуваме од продавници како Амазон?

едит:
При што трговците се гладните лавови а n00b-от е наивкото кој мисли дека влегол во кафез со мачиња.
Епа тоа е типично за „не се замарам“ ликовите - одбиваат да се соочат со реалноста. Таа болест се лечи само со реалност (читај со дружење со гладни лавови). Па кој преживее, ќе раскажува. ;)
 
Последна промена:

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Ова со не се замарам е точно но не е етички да коа некој не се замара или не знае да биде искористен. Затоа збориме тука фирмата треба да го има најдобриот интерес на клиентот у предвид ако сака добра репитација, иначе ризикува ете ваков lashback и негативен фидбек ма сметка на стрижење и поголем профит. Пошо кај нас сме навикнати да траеме дур не дтрижат ќе си тераат фирмите така.

Тотално неповрзано ама да илустрирам поента: јас најдов парче гумена ракавица у пица од доминос. Веќе не купувам од нив. Но џабе пишав на твитер џабе прво пробав да се жалам у доминос - никој не се замара. Доминос операторот као се извини и рече пријавил и ќе ме барале - ниту ме бараа ноту ништо. Се јавував пак не дека беа неучтиви ама не се замараа многу. Ставив на социјални мрежи - нема линчување.

Исто е и со други брендови пошо или се популарни или немаат конкуренција и им се може да поминуваат со ниско ниво на услуга.

Не се здружуваат конзумерите коа треба и не ги казнуваат. Сите сме "не се замарам не ми се десило на мене". Тоа е. Ко шо кажав дур нема последици ќе не стрижат како сакаат и ќе ни се обраќаат ко анхоч шо настапи тука па и полошо.

Да резимирам: филозофијата ако си глуп и ако траеш па ќе те стрижат може е докажана кај нас, ама ниту е етичка ниту треба да биде величена и оправдувана.

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
@gOJDO Пренеси му на колегата дека на форумов му констатираа болест, со време да си побара професионална помош пред да му се влоши уште повеќе состојбата и не дај боже да заврши фатално.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
@moongose зборував општо, но се разбира дека некој ќе се пронајде во описот колку и да е генерален.

Да резимирам: филозофијата ако си глуп и ако траеш па ќе те стрижат може е докажана кај нас, ама ниту е етичка ниту треба да биде величена и оправдувана.
Се согласувам, само би сакал да укажам на фактот дека моето пишување погоре е констатација на реалноста во која живееме - но не е ни „величање“ ни „оправдување“. :)
 

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Мислам токму како што напишав. Но ќе појаснам пошто ми се чини дека или не сум разбран, или сум изваден од контекст.

Вака, има една болест која овде е ендемична и е многу раширена. Болеста се вика „не се замарам бе“. Заразените мислат дека тоа е некој лајфстајл и дека проблемите ги снемува со банално одбивање да се размислува и истражува (читај: да се замара). Во случајов имаме „незамарање“ со истражување и читање за актуелен хардвер пред да се вложи голема сума пари во - хардвер. Или макар да се почести нешто пријателот залуденик во хардвер, да предложи конфигурација според потребите и можностите на корисникот.

Што се случува кога таквиот „не се замарам“ лик ќе влезе во продавница и ќе каже сакам добра конфигурација - по ваш избор и парите не се проблем?

Што ќе се случи ако некој од нас влезе во кафез полн со гладни лавови? :)
Не можеш од продавач да очекуваш да не ти направи upsale, исто како што не можеш да очекуваш од глутница гладни лавови да не те изедат - ако можат.

Јас се извинувам ако некој ме доживува како нечуствителен, ама тоа е реалноста. На продавачот му е работа да ти го продаде поскапото. Секој што не знае точно што сака, ќе му се деси upsale. Тоа и не е проблемот. Проблемот како што реков, моментите како куќиште без соодветна вентилација и несоодветно напојување. И кулер без паста, ако е вистина тоа за кулерот.

Ништо не е извадено од контекст. Можеш уште милион реченици да допишеш и тој дел повторно ќе го има тоа значење.

Дали ти кога одиш на доктор прво читаш за проблемот кој го имаш? Да погодам - ДА. Дали кога купуваш клима уред прво читаш детално за таа област? Нема да погодувам туку сум сигурен дека читаш. Дали пред да одиш на електричар да побараш помош за инсталацијата во твојот дом или за поправка на некоја машина ти прво читаш детално како се прави тоа? Да погодам - ДА. Да не продолжувам да карикирам. Која е поентата на овие примери? Ти читаш за секој проблем на кој ќе наидеш. Дали сметаш дека тој е начинот на којшто треба да функционираат работите? Јас мислам дека не е тој начинот, но дека причина за тоа е што во ова поднебје каде што не ја сфатиле поентата на капитализмот се раководат по тоа дали некој е упатен или не е. Доколку не е - да се злоупотреби по секоја цена, па макар и тоа да значи пропаѓање на бизнисот подоцна.

Точно е едно нешто - КАЈ НАС скоро секој се труди да те заколи каде и за твое добро најубаво е да се информираш добро пред да им скокнеш во уста на лавовите. Ова во никој случај не значи дека така треба да биде. Никој не треба да спрема дипломски труд пред да купи апарат за домаќинство. Ниту да станува доктор. Ниту е возможно да научи доволно од одредена област за кратко време колку што треба да трае донесувањето на една толку тривијална одлука. Едноставно, доколку никој не би се раководел по тоа - ако начекаш неинформиран злоупотреби го тоа, туку кога секој би се трудел на секого да му обезбеди услуга како да се работи за себе, сите работи ќе се одвиваат побрзо и поквалитетно и нашите животи ќе бидат поквалитетни. Не можеш да очекуваш секој да чита детално за одредена област, ниту пак дека ако прочита ќе го разбере тоа. И ти самиот да одиш да купуваш компјутер сега поискусен член од форумов ќе сврти кругови околу тебе со информациите за хардвер. Или планираш прво да читаш ривјуа цел месец? Некои работи не се читаат од еднаш и за огромен дел, оној искуствениот, нема да најдеш ниту од каде да прочиташ.

Мислам дека ова ќе ти помогне да сфатиш дека твојот исказ дека тоа така треба да биде значи единствено едно нешто - дека ТИ го одобруваш тој начин на фукнкционирање на работите. Никој не смее да го подржува овој лоповски систем на злоупотреба на купувачите. Невоможно е секој поединец да биде доволно информиран во сите области. Доколку во системот паралелно постојат две работи - супер потковани со знаење продавачи и квази информирани купувачи (оние кои како тебе потчитнуваат пред да купуваат), сеуште нема да може да се избегне појавата на злоупотреба. Твојот совет да се информираш пред купување може да ти помине само во систем каде ни продавачите не знаат доволно, па би знаел приближно како нив или можеби и повеќе. Па во таков систем не постои опција каде што некогаш за парите ќе го добиеш максимумот, бидејќи ни тие ни самиот ти знаеш доволно за да го направиш најдобриот избор. Затоа, оптимално е да продавачите си ја знаат својата област одлично и сите би биле поштени и не би се раководеле по тоа што го кажа ти - ако ти дојде неиформирам кој не сака да се замара и сака само со своите тешко заработени пари да купи нешто најоптимално. Кај нас е евидентна појавата на непочитување и презир. Твојот став зрачи со тоа. Затоа и ваков ни е системот - распаднат. Кога секој секому би му се обраќал со максимален почит и би му мислел само добро никогаш немаше да стигнеме до ниво да имаме пропаднато здравство, судство, администрација, образовен систем.

Се ова кажано погоре важи за продавници - трговци. Не важи за продавници - производители ( пример - автосалон ).
 

Charles

read-only
17 јануари 2019
4
60
Нити Сетек,нити Анхоч не бараат да се стави потпис на документ од физичко лице,само од правни лица тоа е обавезно,се додека не ги искараат од "горе" дека секоја гаранција треба да има потпис од купувачот дека е проверен уредот и е во фукнција и тоа трае максимум 3 месеци а после тоа се иде со убрзаниот процес "нема потреба од потпис" така да за воља на вистината (иако во поглед на административните правила @gOJDO e комплетно во право) не е битно дали имало или немало потпис а понатаму ке ви објаснам зашто.Сега тука има еден друг проблем.На конфигурацијата земена конкретно во Анхоч (ова не важи за СЕТЕК) на самата фискална стојат делови (пример i7-8700,SSD 120gb итн) а не ставка за конфигурација ( пример Конфигурација GOLIATH),така да тоа значи дека ти купуваш делови кој они ти вршат услуга да ти ги склопат (правно гледано без разлика дали наплаќаат за тоа или не),но тебе ти ја даваат конфигурацијата запечатена и не смее да биде отворена уште во моментот на купување така да ти не можеш да имаш увид што како е ситуацијата внатре бидејки ако провериш на своја рака не ти важи гаранцијата(најголемата баналност е тоа што не можеш да си го исчистиш компјутерот од прашина без да изгубиш гаранција,мора "стручњаци" да го чистат).Во Сетек се коректни за тоа,се додека нема физичко оштетување на дел можеш да отвараш и да менуваш и делови тебе гаранцијата ти важи конкретно за секој дел посебно,но сепак и таму има пропусти во процедура со потписи,со валидност на потпис на гаранција бидеќи кога важи кога не важи правилото "мора потпис".
Најитересното е што кога мора да се стави потпис на гаранцијата повеќето од продавачите викаат "мора да си ја потпишете гаранцијата" без никакво објаснување зашто тоа се прави чисто колку да се откачи муштеријата дури и во случаи каде што продавачот воопшто не ни го проверил производот.Така да потпис имало или немало воопшто не е битно,бидејќи:
-некогаш важи некогаш не правилото за потпис
-немаш опција да го провериш комјутерот бидејќи конфигурацијата е веќе склопена кога ќе ти побараат потпис
-презентацијата на која морфира од "ке ве замолам да се потпишете на гаранцијата дека уредот го земате во исправна состојба" во "мора да се потпишете на гаранцијата" или "ај ке ве замолам за еден потпис тука" без никакво дополнително објаснување.

И ке ги замолам вработените да не си ја бранат фирмата како слепци бидејќи тие највеќе си патат од истиве пропусти во процедура и секојдневно се расправаат со муштерии за тоа,мора да се прифати критика дека има гооолем проблем во процесите на работа во СИТЕ компании од овој тип кај нас.Бранејки го нивното лице со вашиот задник ,тие се наполни ја со пари додека вие ги сносите последиците.Сами си пукате во нога.

П.С. Само да ве потсетам на казните и минусите на попис (КОИ СИ ГИ ПЛАЌАТЕ ОД СВОЈ ЏЕБ) поради ТУЃИТЕ административни пропусти во процедури.
 

toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
Намерно туркате off-topic за принудно да се затвори темава или како ви е планот? Јас, како и многу други, не сме убедени и задоволни од пристапот на Ахноч и нивниот одговор на темава. Гојдо ги достави, условно кажано - доказите онолку колку што е во можност и парцијално си ја заврши својата работа. Ништо немам против Анхоч, напротив имам само позитивни искуства со тоа што првиот комјутер во 2003та ми беше конфигурација Goliath XD токму од кај нив, ама објективно гледано нивниот аргумент е без врска со документ што нема потпис на него не е начин за да децидно да се затвори аргументот. Чекам одговор од @Anhoch. Дотогаш, знам дека е „pain in the ass“, ама ги молам модераторите да ги префрлат third-party/off-topic аргументите во боречки клуб, или која и да е секција соодветна во случајов, па таму нека продолжат со убедување.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.436
11.481
Скопје
Не важи за продавници - производители ( пример - автосалон ).
Зш бе? Таму имаат дозвола да те „кољат“, лажат, итн?
Кога секој секому би му се обраќал со максимален почит и би му мислел само добро никогаш немаше да стигнеме до ниво да имаме пропаднато здравство, судство, администрација, образовен систем.
Пуу колку лесно решение имало.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
@Costigan_Jr
Moралистички и етички гледано, можам да се соживеам со твоите гледишта. Всушност ги поддржувам, како едно начело што треба да биде водилка во животот - но никако како догма. Затоа што не можам и не сакам да дозволам соновите за она што во оваа реалност е утопија, да ми наштети на мене и на моите во реалноста.

Тоа сакав прво да го кажам, и тоа на страна сега малку ќе се осврнам на пар моменти кои ги посочуваш.

Јас лично сум прилично љубопитен човек, многи работи ме интересираат и за многу работи читам. Најмногу заради тоа што интересно ми е да читам за нови работи, и нови аспекти на старите работи. И сакам паралелно да читам за многу работи. Можеби се работи за некоја форма на ADD, којзнае не дека тоа е важно во муабетов. Но јас не сум и не можам да бидам, ниту па сакам да се претставам како некаков репер и шаблон за тоа како другите треба да се постават кон одлуките во животот. Јас само пишувам за моите гледишта, ги покажувам моите ставови.

За хардвер нормално дека има дечки кои знаат многу повеќе од мене. Секогаш има некој што знае повеќе. Затоа една многу паметна опција кога се купува нешто како хардвер, е да се праша некој што знае повеќе од тебе - ете можеби баш на ваков еден форум. Не дека мора месец дена да се истражува но нема ама баш никакво оправдување за некој што целосно неспремен и со фалусот во рацете ќе отиде во продавница и таму ќе го остави продавачот да направи избор за него, и притоа уште па да очекува дека продавачот нема да се обиде да му го продаде најскапото нешто што може да му го продаде. Да се очекува вакво нешто, е да не се разбира што е трговија. Тука во моментов, се разбира мора да оди клипот од Брајановото Житие, кога Брајан купува лејка на пазарот во Ерусалим:


Инаку ова што го посочуваш, нефер искористувањето на наивните... Тоа е принципот на кој функционира целиов овој свет. Нефер свет, но реален суров свет во кој секоја секунда лавовите јадат еден наивец. Не велам дека тоа е добро, ниту го одобрувам тоа. Све што јас реков е, дека тој кој одбива да се соочи со реалноста тој самиот си ја заслужил истата.
 
Последна промена:
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid
O

Oliver!

Гостин
TLDR
TLDR
TLDR
TLDR
TLDR

М'к м'каница т'к тканица, кој прв презборе, а не е анхоч или гОЈДО, аловото г***о да га изеде.

Аман, бе, луѓе. Трпението е виртуозност, зарем не?
 

Charles

read-only
17 јануари 2019
4
60
Не можеш од продавач да очекуваш да не ти направи upsale, исто како што не можеш да очекуваш од глутница гладни лавови да не те изедат - ако можат.

UPSALE се користи да го максимизираш профитот според потребите на купувачот,во спротивно се граничи со долгорочната перспектива на компанијата и на тебе лично како продавен референт.Исто како што во CROSS-SALE не можеш и не треба со лап топ од 12 000 денари да нудиш РОГ ранец или RAZER маус и гејминг пад,не треба ни UPSALE го модифицираш своеволно во OVERSELL или жаргонски кажано OVERKILL.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Во теорија целосно си во право, но во пракса... Верувам ја знаеш приказната за жабата и за шкорпијата. :)
 

Charles

read-only
17 јануари 2019
4
60
Во теорија целосно си во право, но во пракса... Верувам ја знаеш приказната за жабата и за шкорпијата. :)

Теоријата е многу практична во пракса,само проблемот е во сите тие "амерички" обуки ние додаваме "македонштина" и денес за утре менталитет и завршуваме со низок професионализам почнувајќи од дуќан па до сервис па се до најгорните слоеви во компаниите.Ако работиш по веке дадена процедура на некој систем кој си го преземала за да правиш отстапки треба голем trial and error период за да видиш што функционира и да го имплементираш,а не како македонскиве фирми тоа што го прават поради тоа што е полесно така и менталитет дај денес да зеам пари утре е друг ден.Најголемата грешка е што ваквиве ставови доаѓаат од највисоко од компаниите,а рибата смрди од главата,и после надоле се е усмрдено.
 

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Зш бе? Таму имаат дозвола да те „кољат“, лажат, итн?
Доколку те излаже производител тоа ќе резлутира со бојкот на тој бренд, а доколку те излаже трговец тоа ќе резултира со бојкот на тој трговец(истиот тој трговец кој со непоштено заработените пари подоцна после затворањето на постоечката фирма може да отвори друга вложувајќи ги тие пари, а ти да не знаеш дека е истиот сопственик). Како што можеш да забележиш, НЕОПХОДНО е лажење и "колење" да отсуствува кај трговците. Кај производителите-продавачи тоа е непожелно за нив и погубно за нивниот бизнис, па следствено не се ни бара од нив да бидат поштени и да ги почитуваат купувачите, туку е пожелно за нивниот бизнис. Доколку тие сами не се свесни за значењето на тој момент за нивниот бизнис, нема што да се бара од наша страна. Сигурен сум дека и многу брендови пропаднале заради таков третман на купувачите, па шансата да иден купувач има последици заради таквиот нивни однос е сведена на минимум.

Пуу колку лесно решение имало.
Решение има за се и често решенијата се лесни и очигледни.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Колку е само непотребна темава.Нема ниеден веродостоен доказ, останатата дискусија се одвива со водење сеир.

Колку само ти не знаеш што зборуваш другар и колку ти е непотребен коментаров.
Има еден многу битен факт поткрепен со доказ: секој може да тврди што сака, а другиов нема поима дали е тоа така или не. Факт!

Мене тоа ми е доволно од темава. Доволно ми е што се потсетив дека кога ќе влезам следен пат во Анхоч (и сите други, за мене Анхоч е сепак No.1) да купам конфигурација (хипотетички) треба да ми го отворат компјутерот пред мене, да ми објаснат што е што, да ми покажат на работниот налог за составување, да видам дали навистина точно е фактурирано па да им потпишам па тек тогаш да ми лепат лепенки (што е глупава идеја од свој аспект но да не терам офтопик то а е друга тема).
 
Последна промена:
O

Oliver!

Гостин
Добро, бе, зошто побогу сè уште претерувате?

Ќе го пишам моето последно искуство со сервисот, нека постои еден ден, па ако треба после нека се избрише, само да не е веднаш. И јас да се почуствувам важен. :)

Пред 2 години однесов стар Altea на сервис.
Воопшто не функционираше, и немав намера да се замарам лично со него.
Беше мој комп (пред 10+ години), а одамна го користат старци.

Го дадов на сервис откако го отворив и разгледав, ама бидејќи е стара машина не пипнав ништо.

За 1 ден ми се јавија и ме повикаа.
Ми рекоа дека е среден.
Прашав за цена, ми рекоа дека нема потреба ништо да платам бидејќи се работело за фалична компонента и само ја отстраниле.
(Не, не ми земаа ништо, изваден дел - ми го дадоа на увид да си го носам дома за у оѓин, кога видов каков е :)) )
Имено, не извршиле никаква поправка, само дијагностицирале и го отстраниле "туморот".

Истата машина до ден денес супер работи, откако му уфрлив нешто екстра рам + 1 SSD (фала @gOJDO за маќината! :D )
и еве сè уште се чудам дали да му акнам камен на гОЈДО или на Анхоч што излегоа волку нефер со мене...
Што викате, а? :)

Ајт... ми иде повторно од форум да излезам, а не од темава, додека другите суштествени теми д.р.е.м.а.т.
 
Изменето од модератор:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Абе и ти ја утињаш метата за 90 степени западно ама јбг :)
Гледам нема никаков инпут од играчот што ја држи топката, така да мислам може да се напуштат трибините.
 
O

Oliver!

Гостин
Абе и ти ја утињаш метата за 90 степени западно ама јбг :)
Гледам нема никаков инпут од играчот што ја држи топката, така да мислам може да се напуштат трибините.

Темата е "Сериозни проблеми со Anhoch сервис"
актерите сите ги знаеме.

Нема топка тука, улетавте сите на терен за неа, а уште ја нема топката.

Да му ебам стопанката ако не се разбравме :)
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Добро, бе, зошто побогу сè уште претерувате?

Ќе го пишам моето последно искуство со сервисот, нека постои еден ден, па ако треба после нека се избрише, само да не е веднаш. И јас да се почуствувам важен. :)

Пред 2 години однесов стар Altea на сервис.
Воопшто не функционираше, и немав намера да се замарам лично со него.
Беше мој комп (пред 10+ години), а одамна го користат старци.

Го дадов на сервис откако го отворив и разгледав, ама бидејќи е стара машина не пипнав ништо.

За 1 ден ми се јавија и ме повикаа.
Ми рекоа дека е среден.
Прашав за цена, ми рекоа дека нема потреба ништо да платам бидејќи се работело за фалична компонента и само ја отстраниле.
Имено, не извршиле никаква поправка, само дијагностицирале и го отстраниле "туморот".

Истата машина до ден денес супер работи, откако му уфрлив нешто екстра рам + 1 SSD (фала @gOJDO за маќината! :D )
и еве сè уште се чудам дали да му акнам камен на гОЈДО или на Анхоч што излегоа волку нефер со мене...
Што викате, а? :)

Ајт... ми иде повторно од форум да излезам, а не од темава, додека другите суштествени теми д.р.е.м.а.т.

Една риба не прави јато, ко шо ни едно океј искуство не значи дека немало и лоши искуства за други луѓе со истиот сервис. И со други сервиси по секоја од фирмиве наши.

И во секоја од продавниците. Луѓе сме сите, ден сме позитивни и на сите ќе им завршиме работа, друг ден не ни е денот и ќе утнеме. Ама треба да прифатиме дека се прават грешки.

Кога корисник ќе излезе со мислење, позитивно или негативно тоа е едно. Но кога компанија ќе увиде дека имало ПОТЕНЦИЈАЛНА (читај може и да немало) грешка или недостаток во услугата и прво шо прави е напаѓа пошо читале Лао Це и знаат дека нападот е најдобра одбрана сфаќаш дека сепак си на балканот и дека нешто смрди.

Не го сфаќај ова ко критика мене ми е ептен мило дека си имал одлично искуство и јас сум огромен фан на алтеа линијата, анхоч и според мене се најдобрите од овие фирмиве шо останаа за компјутери - бар за ситнурии - стално достапни и ако знаеш шо ти треба идеш си зимаш.

Ама пристапов шо го направија на форумов само ми потврдува пак (заедно нели со сите негативни лични искуства - покрај тоа позитивните секако - и со нив и со другиве фирми и нивни сервиси).

Така шо пак ќе кажам, супер е шо сподели ама лично го разбрав како мислење во стилот: мене ми помогнаа и затоа се супер.

Тоа не ги исклучува од одговорност за други случаи ни нив ни останатите фирми и тоа @Astro шо го кажа е сосема на место - следен пат и ти ако зимаш конфигурација од било која од фирмиве убаво би било да бидеш сосема сигурен дека е добро склопена и дека се шо си платил е унутра, и дополнително да се осигураш дека не ти ставиле Гембирд напајање а ти го наплатиле по цена од подобар бренд (инсистирај ако треба за друг бренд со иста цена со поголема гаранција индивидуална на делот).

Пошо убаво е се се дури ти не си тој шо е зезнат, после кукањето ќе ти го наплатат со „ти не се разбираш, ете фактурата без твој потпис потврдува“. Учи од несреќата на другите, пошо ако не си зезнат сега не значи дека нема да те зезнат подоцна.
 
12 април 2017
1.918
1.259
Ако ништо друго, има добра драма, ако некој сака да чита нешто интересно, месо да оди на /r/nosleep, може тука да дојде.
 
O

Oliver!

Гостин
Све у реду @toshex
Те разбирам јас тебе, ама ти не ме разбираш мене.

И тоа е во ред, да не те замара фактот.

Сè што сакам да кажам е "многу галама за ништо", ама не од гОЈДО, туку од вас другите... сите.

Са не биде те откачувам без врска:
- Ништо не сфаќам како критика
- 20 години купувам од Анхоч
- 15 години купував од Сет
- Многу пати бев со сервис во Анхоч
- Неколку пати бев во сервис во Сет
- Ниту еднаш Анхоч не ме заебале
- Сет ми беа одлични во продажба (Рузвелтова)
- Еднаш однесов 2 недели стар HDD во Сет на сервис, покрај должноста да ми се замени со нов, шефицата на сервис се однесуваше со мене комплетно кучкасто, покрај моето примерно поведение. Не еднаш, во ТРИ наврати.
- Сè уште ги сакам тие од продажба во Сет. Тања, Аце и уште 2-ца - ОДЛИЧНИ луѓе. Еј, имам и другар што работеше таму, Мики! :D
- Немам лоши зборови за Анхоч
- Немам лоши зборови за гОЈДО
- царе, ако ме читаш уште, ме разбираш ли? :) Ако е форум - понекогаш треба прво посматрање, после коментирање. Овде моментално имаме 13 х 20 коментирања, гојдо и анхоч немаат ни 2% од тоа леб да извадат, а не пак да нè удостојат сите нас гладните и жедните за шпанска серија како оваа :))

Нејќу више да збору за овоа бре! :D
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно