NikacXMKD
hello world
- 7 јули 2010
- 369
- 401
Глеј, анхоч што се шит, тоа вистина. Али може да биде и многу полошо. На кратко ќе се навратам на една дешавка у легендарните сетек - сЕ оД тЕхНиКа.Над 20 години без проблем имам менувано процесори, следејќи ги сите правила и прописи, но ете овојпат и тоа се случи...
Оттогаш немам купено производ од Анхоч кој чинел повеќе од 1000ка. Не вреди за потенцијалниот стрес кој може да следи.
Ноември 2017та купив прв во МК i7 8700k за 26 илјадарки од кај нив, на скроз нов пц билд, со водено ладење и супер хај енд делови, но процесорот од нигде никаде си рикна после 6 месеци. Викам ај се дешава, веројатноста да се деси е една у катаљон, али ништо не ме чуди од сетек. Идам да го однесам у сервис кај нив цело куќиште, утврдуваат дека процесорот е рикнат и дека ми е под гаранција, дечките доле ми викаат еве ти лист за замена со нов, оди си горе и свиркај си и уживај си.
Арно ама, фините моми на шалтер ми викаат и цитирам: "да, имаме на залиха, повелете ставете потпис тука и тоа ќе биде дополнителни 3.000 ДЕНАРИ бидејќи процесорот сте го купиле по цена од 26 илјади на промоција со клуб картичка, а сега е покачена на 29 илјади".
Ја гледав бледо мислев ме дупи нешто, почнав да се смеам, викам дај не ме ребри жити се многу е рано во денот за ова, па дојде едно бате од позади да ми објасни како политиката за замена на производ не ме иззема мене од одговорноста дека може дошло до квар на делот ради моја кривица.
Ме напнаа, па после 10 минути карање со некое татино менаџерче у салонот на рузвелтова, ми удрија печат на документот и ми го дадоа процесорот, без да им доплатам нормално.
На прашање дали ако процесорот поевтинел у меѓу време, они би ми дале нов процесор плус би ми вратиле назад 3.000 денари, добив само насмевка без одговор.
И такви ти работи....