flashgordon007
user
- 15 септември 2012
- 1.161
- 1.300
Имаме проблем со мувла и затоа мислиме дека со камена волна е подобро,бидејќи е паропропусна.За стиропор мајстор ни има кажано дека кај што местел имале луѓето проблем ќе се угушеле,а стиродурот не е паропропусен што значо би имале поголем проблем со мивла и влага.
Да ти ги подигнам информациите на повисоко ниво. Паметов, информациите во следните неколку редови, не го добиваш од мајстор (за кој не си сигурен/на дека има мајсторско искуство и/или писмен документ дека е мајстор на својот занат), туку од овластен енергетски контролор кој има валидна лиценца и овластување за тоа што го пишува:
Бадијала ќе фрлите средства за изолација која ќе ја поставите од внатрешната страна на ѕидот, за да решите проблем со мувла на тој ѕид.
Исправното решавање на термоизолацијата е поставување од надворешната страна. Се друго е фрлање на пари. ТОЧКА. Ова можам да ти го елаборирам со многу технички факти, а можеш и да си ги побараш на интернет.
Мувлата е последица на ладен ѕид и влажен воздух. Ако неможеш да го затоплиш ѕидот со ставање на изолација од надворешната страна, тогаш намали ја влажноста на воздухот.
Наједноставен и најевтин начин е со вентилација, било природна или принудна. Природната вентилација во народот се вика луфтирање и е бесплатна. Вентилацијата е задолжителна за простории каде престојуваат луѓе заради трошење на кислородот и доведување на нов воздух со кислород од надвор. Промената на воздухот е задолжителна: согласно Правилникот за енергетските карактеристики на зградите е пропишан Број на измени на воздухот со природна вентилација и се движи за различни намени на простор од 0.4 до 3. За еднофамилијарна куќа бројот на измени на воздухот е 0.4 пати во час (на 2.5 часа треба да зе манени целиот возух), градинки е 1.2, училишта и факултети е 1.8, болници и ресторани е 2 (на секои 30 минути треба да се замани возухот), спортски објекти и затворени базени е 3.
Пред да почнете со луфтирање, оддалечете го мебелот барем 15 cm од ѕидот, а ѕидовите обелете ги со посебна боја која не дозволува растење на мувла.
Што ми е поентата на пораката.
Сакате да добиете соодветна информација? Побарајте докажани (лиценцирани) експерти. Колку и да ја платите информацијата што ќе ја добиете од нив, пак ќе бидат повеќе економски оправдани отколку да собирате информации од било каде и било кого.
P.S. Мајсторка диплома не е издадена во Македонија во последните 30 години и према тоа мајстори не постојат или се мноогу старии во пензија. Сите се тие работници.
Последна промена: