Не за слична цена, и никако не со сличен квалитет... Парксајд рачунај дека се употребливи функционални апарати за многу конкурентска цена. Ова не е апарат за сервис, ова е за пецкање по дома. Ти ако навистина го распаднеш од употреба, рачунај дека барем 10 пати си му ги извадил парите.Има и кај нас такви од 120 или 140 ампери комбинирани кинески апарати со интегриран пиштол кабел кој не се вади за слична цена. Системите за водење и буткање жица им се пластика и со тек на време ќе отиде тоа на корзо.
Тоа кажано ако некој иде до Лидл, за тој апаратот на жица PIFDS 120 B2 и неколку котури жица, плаќам илјадарче фазла за носење. Ви следува и може да си земете такс фри, даваат во Лидл за техника, само носете си фотокопии од пасош да не трчате по фотокопири на граница. До Врање е саат време возење со се граница поминување.
Едино ако не испадне и сам да идам до таму (ако најдам друштво), секако нека ми пише ПП пред да ми купи некој ако иде. Овој модел или сличен го има секоја година во Лидл, и увек се раскупуваат во еден ден, можеби два.
Исто и тој малиот ММА треба да е топ бејзик апарат за ич пари. Мислам дека е истиот модел еден Србин што тестираше, можеби 10 мин топеше 2.5мм електроди без престан. 99% ќе работите се 2.5 и/или 2ка.
Исто и маските се добри, погледајте ревјуа. И Брусилката треба да е бејзик ама функционална.
Еве ви топ прилика кој сака да почне да учи да пецка со швајс апарат за мали пари..