Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Предлог компјутер за Hi-Fi аудио слушање

D

Администратор
31 март 2007
4.018
4.200
www.aqtos.com
Јас сум ептен лаик на темава, ама постојано си подучувам нешта и си истражувам. Дел од истражувањето ми кажува дека членот над мене ја има доволно истражено областа. За тие што не знаат за што зборувам, истражете го ова џиџето подолу и поврзете го со никот на членот и тоа е тоа:)

Еден од најдобрите грамофони во светот се произведува во Македонија ⋆ IT.mk

OT
@InSides држи вода ова? :)
Твое дело е грамофонот?
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.169
18.781
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
@InSides запознај го @Lokvan. Не си многу активен на форумове па не си налетал на него. @D, да, @InSides е творецот на тоа дело.

П.С. Поздрав од Dodo од CC, уште го чекам пивото ;)
 

D

Администратор
31 март 2007
4.018
4.200
www.aqtos.com

Видов, ама не ми беше доволно па затоа прашав.

@InSides запознај го @Lokvan. Не си многу активен на форумове па не си налетал на него. @D, да, @InSides е творецот на тоа дело.

П.С. Поздрав од Dodo од CC, уште го чекам пивото ;)

@InSides, kudos за делото.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.554
19.228
Мене ме интересира зошто се одлучиле за дрво како носач на рачката и каква рачка и звучница користат.

Можеби, заради густината, е идеално за гушење на вибрации од одреден тип но дрвото има незгодна мана да упива влага и со самото тоа да доаѓа до деформации. Можеби микронски но тоа е премногу за грамофон.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.763
6.472
SK
Флегма, јас па мислев дека те нема пошто спремаш одговор на муабетот за линеарните напојувања. Или барем за слабостите на Toslink, и S/PDIF врските. Нејсе штом немаш што понатаму да кажеш.


На прашањето на ОП, мојата препорака беше - "за тие звучници, тој засилувач, конкретно тој DA конвертор (со сите негови спецификации) препорачувам Mac Mini со USB врска како опција која ги исполнува и останатите барања (највисок квалитет на HiFi датотеки, и PnP ракување со уредот).
Вешто избегнато, Но на крај сепак останува фактот дека за опрема од највисока класа даде совет да продолжи да користи инфериорен DAC, и тоа преку инфериорна врска (USB). При што дури како извор препорача и Мек кој е само преплатен РС со сите слабости заради купиштата електронски шум од свичинг напојувањата кои се користат во тие машини.

Точно, или пак „филувам“ нешто? ;)


Мал проблем е што немаме компатибилен handshake, па дискутираме за различни аспекти на една иста работа.
...
Ајде да се обидам повторно - назначете, ве молам, доколку е неразбирливо.
Не е проблемот во „хендшејкот“ пред дискусија, проблемот е што воопшто не дискутираме. Не е дискусија кога банално избегнуваш да одговориш на културно поставени прашања.

Но можеби нејасно се изразував. Ајде недвојбено јасно да те прашам пар прашања:
- Која е за тебе најдобрата врска за пренос на аудио, и зошто?
- Што е проблемот со користење на I2S како стандард и врска за директна комуникација од извор до DAC, ако се запазат неопходните потреби на врската?

Во случај да не сакаш да одговориш би ценел јасно да го кажеш тоа а јас се разбира дека ќе ја почитувам таа одлука. Вака добивам впечаток дека избегнуваш дискусија. Всушност целиот муабет овде почнува да ми наликува на ехо комора посебно откако се спомна грамофонот.
Кудос за тебе, ако навистина си инволвиран во проектот со грамофонот, но за волја на вистината освен општи кратки критики за I2S јас од тебе овде сеуште не видов ништо од техничка дискусија.
 

Gaston

user
9 февруари 2011
1.728
3.159
Gaston's setup  
Audio
AR
У пичку матер колку знае овој @Lokvan еј!!!
Горд сум што сме современици. И на внуците ќе им кажувам дека не постои тема за која не си експерт. Како старите грци, целото знаење на светот го имаш во глава.
Секоја чест!

п.с. мора малце ребрање другар локван, порано со ќеф те читав, сега веќе ти ги скокам постовите, напорен стана, со све живо у фајт влезе.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.763
6.472
SK
Друже, тоа е пошто не разбираш дека за квалитетна дискусија мора да има спротиставени мислења. Спротиставените мислења ги разбираш како „фајт“. ОК, донекаде Е фајт ама фајт во позитивна а не во негативна смисла.

На жалост мнозинството ги мешате поимите за дискусија и караница, до таму да често гледам кога дискутирам со некој дека било какво несогласување со неговото мислење автоматски се разбира како непријателство. Јасна ми е желбата сите со се да се согласуваат, но тоа тогаш нема да биде дискусија туку ехо комора. Тука очигледно не можам да помогнам.


Патем не знам дали приметуваш ама ти сегa ме дискутираш мене лично, наместо да ги дискутираш моите ставови и тези. Постои име за тоа, а повеќе ве има што го практикувате истото.

@Gaston
 

Gaston

user
9 февруари 2011
1.728
3.159
Gaston's setup  
Audio
AR
Не не не не не, напротив.
Ја многу сакам убава квалитетна дискусија.
Работата е што твоите дискусии се полни со нихилизам, антагонизам и провокации.
Немаш пријателски тон во муабетите, да си знаеш.
А тоа што пишуваш предугачки постови, башка.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.763
6.472
SK
Проблемот е што ти подразбираш под „квалитетна дискусија“. Пошто мене ми се чини дека некои од вас квалитетна дискусија разбирате како ехо комора (а има и едно друго помалку фино име, метафорички гледано). Антагонизам и провокации? Се разбира, не сме деца (ваљда а?) и кога некој ме закача подобро нека биде спремен дека и самиот ќе биде закачан (веројатно повеќе одколку што очекувал). Се разбира сето тоа во рамки на правилата на играта и со задржување на некое општо ниво на културна комуникација како што доликува на еден јавен форум. Но за мене секогаш во сржта на дискусијата е самата дискусија... А ете сега не дискутираме за темата на дискусијата туку дискутираме за (eх) мене. Тоа често се случува, кога снемува аргументи за моите мислења и ставови - тогаш почнуваат „аргументите“ за мене лично. Ад хоминем, и офтопик. А пошто спомна досада и долги постови: Колку мислиш дека ова е интересно за другите на темава, и кој почна со офтопиков?

На крај не мора да ви се „допаѓам“ за да имаме квалитетни дискусии, нели?


П.С. „Нихилизам“ ??? :hay:
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Извинете за офф, кај е грамофонот на инсиде ? да не читам све, а не забележав фотка.
Онда во разговор со пријател, кој е добро технички информирам ми спомна дека дигитално појачало дава звук што ниеден аудиофил на тестот не можел да го го разликува од лампаш, па сега колку аудиофилите биле аудиофили, не обрнав внимание, битно на осцилоскоп давале иста линија (99,999%).
Нели оптиката е најдобар медиум за пренос на информации ?
 

Gaston

user
9 февруари 2011
1.728
3.159
Gaston's setup  
Audio
AR
Гледаш друже? Повторно истиот ти, само си продолжуваш по старо.

Со ист тон цело време си верглаш. Дал за прочистувачи, политика, аудиофилија, вијагра или за рецепти за лазањи, све исто. Све мора да биде дугачко, дугачко, дугачко исправање влакна.

Ај, неам намера да ти солам памет, плус некако не се разбираме.
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
759
2.019
Мене ме интересира зошто се одлучиле за дрво како носач на рачката и каква рачка и звучница користат.

Не би сакал да продолжиме да офтопичариме, па затоа извинување до ОП, особено откако беше љубезен да ги наведе сите дополнителни параметри, по што следеше препорака од моја страна. И тука требаше да заврши мојот придонес на темата.

@FLEGMA, не избегнувам да го одговорам прашањето. Можеме да развиеме дискусија на ПП, ако си заинтересиран, чисто затоа што не и е местото на таа дискусија тука. Секако сум достапен и за пиво (му должам на @Oktar веќе две пива) па можеме да споделиме и подлабоки детали.

Точно, или пак „филувам“ нешто? ;)

Филуваш секако (без наводници), но поважно е тоа што читаш очигледно различно од мене. Никаде не советував "да продолжи да користи инфериорен DAC".

Но неважно, секако му ја уништивме темата на човекот со конструктивнава дискусија.

Вешто избегнато

Ајде, барем комплимент добив.

Морам да ти честитам на неуморноста. Првично мислев да ти посочам пораки во оваа тема кои веќе ти ги одговараат прашањата, но повторно, изгледа читаш различно, а нема зошто да трошиме ресурси на Форумов за да се повторуваме.

Ако ти е поважно да имаш последен збор наместо утврдување на факти, и ако ти е поважно да имаш конфронтација (ОК, нека биде дискусија) и тоа е во ред.

Но не за мене. :)
 

alek99

hello world
28 јануари 2008
476
398
Работава тргна накај кафана :)
Би ја сумирал дискисијава меѓу Lokvan и InSides.
Се слагате дека I2S е најдбар за комуникација, но меѓу самите IC-а-InSides, а Lokvan го понуди тој начин на пренос меѓу уреди, за што процени дека нема интерес и не го образложи. Додека за inSides тоа е аудиофилска будалаштина. (за овој сегмент треба да се кршат копјата и да се доискажат членовите)

@D, Дали DAC-от е моделот со руската лампа 6Н3П на излез?
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
„P.S. Мал офтопик. Ако некој има некоја шема за релативно евтино изводливо DIY линеарно напојување, овде би било добро да ја сподели. Исто и некоја шема за адаптација (пеглање на промените во напонот) на 12 волтен акумулатор како напојување. Ова се разбира не соодејствува со премисата на ОП за „највисока класа“, но сепак зборуваме за прилично квалитетни алтернативни опции.“
1. трифазно трафо, за ептен испеглан напон, плус л-ц „пеглач“, ако е за мали струи и линиски напонски срегулатор.
2. само линиски пеглач.
линиските пеглачи најмногу зависат дали елементите ќе бидат оригинал или некоја кинеска копија, и наједноставен регулатор да не речам една зенерка ќе брка иста бработа од некој комплексен модлул со 50 транзистори. lm7812 ако е од добар произведувач за мали потрошачи е одлично, ако е кинеска копија подобро да го извадиш. Не знам конкретно за што би сакал да користиш, оти од акумулатор макс ќе добиеш 20w на 4 оми со 10% тхд...
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.169
18.781
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Само јас ли мислам дека целиот муабет е чисто хипотетички и дека ОП всушност го нема сетапот, туку само само да покрене дискусија меѓу "аудифилската" популација и да гледа како светот гори? Се шалам за последното, ама ја сватив дека целиот сетап непостои, него е што би било кога би било...

П.С. Што е тоа ОП бе?
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.763
6.472
SK
Хипотетички или не, темата на дискусијата е интересна. Или би била интересна кога би имало дискусија. ОП инаку е кратенка за зачнувачот на темата (original poster).

Би ја сумирал дискисијава меѓу Lokvan и InSides.
Се слагате дека I2S е најдбар за комуникација, но меѓу самите IC-а-InSides, а Lokvan го понуди тој начин на пренос меѓу уреди, за што процени дека нема интерес и не го образложи. Додека за inSides тоа е аудиофилска будалаштина. (за овој сегмент треба да се кршат копјата и да се доискажат членовите)?
Токму така, само на жалост наместо тоа цитираното не се води никаква техничка дискусија. Иако (наводно) имаме присутен лауреат кој конструирал (или учествувал во констукцијата) на квалитетен современ грамофон. Ако креденцијалите се точни, би требало никој од нас да не е поспремен и порасположен од него за дискусија на I2S. Но гледаш дека освен површни критики за I2S, тој избегнува секаква техничка дискусија за I2S. Освен ако за некој „аудиофилска будалаштина“ претставува техничка дискусија.

За сумирање на дискусијата со Инсајдс, проследи го крајот од постов.



Никаде не советував "да продолжи да користи инфериорен DAC".
Баш тоа го направи. Ете де поназад е достапно за читање, за било кој што сака да се увери дека не си во право.

За разлика од тебе, јас уште од старт кажав дека тој DAC нема што да бара со таква опрема. Додека ти предложи истиот DAC да се користи преку USB на Мек Мини. Само ајде доста за ова, доста го користиш овој момент како причина за избегнување на техничка дискусија.

Но неважно, секако му ја уништивме темата на човекот со конструктивнава дискусија.
Јас не се согласувам со оваа констатација. Баш НА ТЕМА е дискусија за избор на врската за преносот. Напротив, конструктивно е да се укаже на слабата компонента во комбинација со едни такви звучници и појачало. Неконструктивно е тоа што тебе техничката дискусија ти се сведува на преведување дефиниција за I2S, без ниту барем кратко да ja дискутираш истата.


Првично мислев да ти посочам пораки во оваа тема кои веќе ти ги одговараат прашањата, но повторно, изгледа читаш различно, а нема зошто да трошиме ресурси на Форумов за да се повторуваме.
Ништо не си одговорил со тој краток превод на дефиниција за I2S.

Jaс мојата комуникација со тебе ќе ја сублимирам со твоето избегнување да одговориш на две прашања кои се критично важни за темата на дискусијава:
Не е дискусија кога банално избегнуваш да одговориш на културно поставени прашања.

Но можеби нејасно се изразував. Ајде недвојбено јасно да те прашам пар прашања:
- Која е за тебе најдобрата врска за пренос на аудио, и зошто?
- Што е проблемот со користење на I2S како стандард и врска за директна комуникација од извор до DAC, ако се запазат неопходните потреби на врската?
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Само јас ли мислам дека целиот муабет е чисто хипотетички и дека ОП всушност го нема сетапот, туку само само да покрене дискусија меѓу "аудифилската" популација и да гледа како светот гори? Се шалам за последното, ама ја сватив дека целиот сетап непостои, него е што би било кога би било...

П.С. Што е тоа ОП бе?
operator, прво в база за телекомуникации т.е. в пошта, најверојатно за преспојување на линии, па во мирцон имаше оп и сега оп ака админ. Ваљда
Само да не стигне муабетов до кабли плетени строго од девици на не знам ти која надморска висина, демек тамо понемало кислород, а со девициве нз што е поентата, демек вањда по не им се потеле рацете па немало сол да се угради во кабелот, иако мапината уопште не се поти, а може и во вакуум да работи :)
 

alek99

hello world
28 јануари 2008
476
398
...
@FLEGMA, не избегнувам да го одговорам прашањето. Можеме да развиеме дискусија на ПП, ако си заинтересиран, чисто затоа што не и е местото на таа дискусија тука. ...

Повеќе би ценел ако најавената дискусијата ја водите на форумов.
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
759
2.019
Повеќе би ценел ако најавената дискусијата ја водите на форумов.

Секако, ако (1) не е во спротивност на основната тема на форумот, и (2) ако не му пречи на @D, како автор на темата.


Иако (наводно) имаме присутен лауреат кој конструирал (или учествувал во констукцијата) на квалитетен современ грамофон. Ако креденцијалите се точни, би требало никој од нас да не е поспремен и порасположен од него за дискусија на I2S. Но гледаш дека освен површни критики за I2S, тој избегнува секаква техничка дискусија за I2S. Освен ако за некој „аудиофилска будалаштина“ претставува техничка дискусија.

Другар, навистина е ОК.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.763
6.472
SK
^ ^
Штета.

Назад на темава, едно парче опрема за кое само што читав ривју:
Naim ND5 XS 2 media player
ND%205%20XS%202%20-%20Intro%20Product%20Shot.jpg

ND%205%20XS%202%20Tech%20Product%20Shot%20-%20Back%20_0.png
 
  • ми се допаѓа
Реакции: D

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв