Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Плати во ИТ индустријата во Македонија

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
420
523
Има некоја чудна динамика, во светски рамки добри инженери сеуште се барани, но "другарите" од Индија имаат напумпани CV-а со мало или речиси никакво знаење и работна етика. Големиот број на згаснати центри во Индија од одредени компании резултира со ефтина работна сила во моментот. За почетници би кажал дека тоа златно доба во ИТ е поминато, но гледајќи кон иднината треба почетниците да бидат реалистични за вредноста што ја носат во фирмата и да се борат за поголемо знаење што долгорочно ќе резултира со поголема плата.

Многу иритантно е кога ќе почнат да фрлаат бројки од ракав за плати и сите имаат некои идеји како треба само да завршиш обука и да заработуваш лесно. Таа приказна трае кратко, зошто многу од таквите кадри се лесно заменливи. Затоа таквите кадри се заменливи со АИ, квалитетниот кадар како што кажаа погоре нема да биде заменлив во брзо време. Плус во светски рамки има многу интерни полиси за information security според соодветни ISO стандарди и прво ќе треба да се креираат процеси за начинот на користење на АИ и пристапот до тие сервиси моментално е забранет.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Па пред неколку години вработија и босо и шуто и рогато во Ајти сектор. Не само кај нас , туку по цел свет. Бетер од јавна администрација го направија. Фирми плаќаа особи на бенч по две години демек да не изгубат кадар. Полека полека се кристализира ситуацијата. Твитер можел да функционира со 20% од вработените, Џуро од Секирци не можел.
За квалитетен кадар има и вработувања и плати. Нема што да се плаши особа која си ја знае струката. А за останатите, има и ниви и продавници и што уште не.

View: https://www.youtube.com/watch?v=3EATmTa1EEo
Мислењето е автоматски споено:

А да, заборавив: Не можам да работам од канцеларија o_Oo_Oo_O. Принцезиве :love:...
 
Последна промена:

cudnoime

read-only
3 јули 2024
7
6
А програмерскиве фирми осигураат на висока сума на плата, за да може да се земе поголем кредит? На огласиве од аврм на сите програмерски позиции стои 23-4к, ептен ретко некоја повисока сума се појавува.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.104
2.343
Го почитувам мислењето ама од мое искуство AI е сеуште најмалку 5 години too late too little (во најпесимистичко сценарио) да има било каков придонес и да замени девелопери.

Тоа „бидете среќни ако влезете во фирма воопшто“ е најмалку 10 години далеку од сегашноста, ако не и 15 години.
Каква улога работиш во ит моментално?
 
lumixoid

hello world
22 септември 2008
217
257
А програмерскиве фирми осигураат на висока сума на плата, за да може да се земе поголем кредит? На огласиве од аврм на сите програмерски позиции стои 23-4к, ептен ретко некоја повисока сума се појавува.
Најчесто да. Зависи како ќе се договориш и колку данок сакаш да плаќаш на државата.
 
TheGamerTeacher

hello world
9 декември 2016
451
555
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
Во канцеларијава каде што работам колегите девелопери (и фронт и бекенд) се жалат дека нагло пресушиле понудите а богами и огласите. Сите се со по 2-3-4 години искуство, не дека е нешо ептен многу, ама барем не се од клупа излезени. Сите активно аплицираат последниве 6 месеци, само .НЕТ девелоперот имаше едно интервју. За дизајнерските позиции има по 200+ апликанти минимум, од кои 99% се со 0 искуство. Во однос на платите, од 1400 до 2600 се движат (QA најниска, .нет највисока). Не го сметам менаџерот бидејќи не знам колку зема.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
А програмерскиве фирми осигураат на висока сума на плата, за да може да се земе поголем кредит? На огласиве од аврм на сите програмерски позиции стои 23-4к, ептен ретко некоја повисока сума се појавува.
Нешто не ти е јасно. Повеќе не постои стапка на осигурување - т.е. постои ама не како што ти мислиш.
Колку плата земаш околу 38% ти зема државата. Другото е за тебе.

MacedonianBro

hello world
5 декември 2015
94
86
Претпоставувам дека е во "духот" на зададената тема плати во ИТ индустријата па дали може да поставам прашање или би замолил искрено совет од вас "постарите" членови кој многу ми е потребно во моментов.Сакам да донесам одлука

Сакам да направам промена на кариерата.Сакам да влезам во ИТ индустријата како аргат кој би се калел на било кое ентри место аматерско дали како волонтер за повеќе знаење или секако за подобра иднина/пари/плата.

Со години се мислам чекор во network индустријата па подоцна и cloud полето.
Барав и читав на форуми,гледав понуди во Македонија,ми падна око на Qinshift/Seavus академијата поготово на Нетворк и нивната обука која трае околу 9 месеци, ми се допадна многу што имаат физичка пракса за network labs.Но ептен е скапо изгор околу 2400 евра.
Ме интересира ваши коментари и искуства какви имаат со нивната програма или е само ветер програма да дрпаат пари.Искрено не ми е до фрлање пари кои ги собирам 15 месеци. План ми е и да дадам отказ на работа не баш отказ туку да направам промена од цело работно време на пола работно време.Сепак да имам некој приход месечен од 250 евра месечно/3 пати неделно работа.
Реално и сега ми е ок работата,блиску до дома ми е,земам околу 650 евра плата што за македонски услови е солидна.
Но презаситен сум,работам едно исто 10 години а сите околу мене пријатели или отидоа напред во кариера или некако се подобро ситуирани од мене.
Сакам да завршам за мене,да имам сертификати некои,да имам некој занает сепак зошто искрено сум со средно образование.Имам правен но не ми помага искрено ништо без специјализација/мастер во правото или пак врски како мама/тато да превземам некои нивни клиенти како адвокатска канцеларија.Сељак сум од село фамилија и некако самиот се стабилизирав во животот.

План ми е нетворк па после со господ напред и клауд системи како специјализација.
Се мислев да се спремам за CCNA 200-301 сиско сертификат но сам е екстремно тешко.
Дали е ок Qinshift/Seavus како академија и секој ваш совет е добродојден за мене дури и да е критичен.

Простете ако е офтопик. :)
 
Rufflesaurus

hello world
16 јуни 2018
247
537
Скопје
davorminchorov.com

Зошто баш ИТ? Што те влече натаму?

Ако пробуваш да влезеш во ИТ само затоа што си чул дека има пари, нема да ти се допадне кога ќе сфатиш дека само мал дел од луѓето земаат високи плати.

Што се однесува до академии, основите што ги нудат во програмата нивна ги има и на курсеви од Udemy, Pluralsight или пак на YouTube. Не е нешто посебно тоа што го нудат освен ако си човек што преферира да му предаваат на македонски, во тој случај можеби ќе ја најдеш вредноста.

Имај во предвид дека ќе се очекува да учиш долго време пред да најдеш работа што ќе ти се допадне. Таква е индустријата, бара многу учење и пред се личен развој ако сакаш да успееш во неа.
 
Последна промена:

kalina1

read-only
10 јануари 2013
14
29
Претпоставувам дека е во "духот" на зададената тема плати во ИТ индустријата па дали може да поставам прашање или би замолил искрено совет од вас "постарите" членови кој многу ми е потребно во моментов.Сакам да донесам одлука

Сакам да направам промена на кариерата.Сакам да влезам во ИТ индустријата како аргат кој би се калел на било кое ентри место аматерско дали како волонтер за повеќе знаење или секако за подобра иднина/пари/плата.

Со години се мислам чекор во network индустријата па подоцна и cloud полето.
Барав и читав на форуми,гледав понуди во Македонија,ми падна око на Qinshift/Seavus академијата поготово на Нетворк и нивната обука која трае околу 9 месеци, ми се допадна многу што имаат физичка пракса за network labs.Но ептен е скапо изгор околу 2400 евра.
Ме интересира ваши коментари и искуства какви имаат со нивната програма или е само ветер програма да дрпаат пари.Искрено не ми е до фрлање пари кои ги собирам 15 месеци. План ми е и да дадам отказ на работа не баш отказ туку да направам промена од цело работно време на пола работно време.Сепак да имам некој приход месечен од 250 евра месечно/3 пати неделно работа.
Реално и сега ми е ок работата,блиску до дома ми е,земам околу 650 евра плата што за македонски услови е солидна.
Но презаситен сум,работам едно исто 10 години а сите околу мене пријатели или отидоа напред во кариера или некако се подобро ситуирани од мене.
Сакам да завршам за мене,да имам сертификати некои,да имам некој занает сепак зошто искрено сум со средно образование.Имам правен но не ми помага искрено ништо без специјализација/мастер во правото или пак врски како мама/тато да превземам некои нивни клиенти како адвокатска канцеларија.Сељак сум од село фамилија и некако самиот се стабилизирав во животот.

План ми е нетворк па после со господ напред и клауд системи како специјализација.
Се мислев да се спремам за CCNA 200-301 сиско сертификат но сам е екстремно тешко.
Дали е ок Qinshift/Seavus како академија и секој ваш совет е добродојден за мене дури и да е критичен.

Простете ако е офтопик. :)
Vo odnos na akademijata mozam da ti kazam deka e vrv. Predava Marija Fero eden od najdobrite predavaci. Jas 2008 koga prv pat pocnav da se zanimavam so Network otidov na kurs CCNA i iskreno mnogu nauciv.Zenata e vrv. Samo sto jas veke rabotev i imav mreza pred mene kade aktivno kucav. Mnogu ke naucis,bi ti rekla da pocnes so sertifikacii koi se barani.Ostaj toa sto ti zborat ke naucis od Udemy,drugo e koga nekoj ke ti gi kaze rabotite i ke vezbas na lab.Vo odnos na rabota ne ocekuvaj deka odma ke najdes i deka ke bides platen. Treba da ocekuvas da pocnes od nula. Jas posle 15 god.dojdov do nekoja pristojna plata. So sreka...
 
MacedonianBro

hello world
5 декември 2015
94
86
Зошто баш ИТ? Што те влече натаму?
прво зошто имам екс работно искуство како А1 каде работев 7 месеци и второ скоро две години кога бев помлад учев на ФЕИТ на ЕРПС насока но заради лични економски причини морав да се откажам порано.Ова е еден вид враќање на интереси персонални/покрај гејмањето што го имам :D
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.031
1.842
Скопје
прво зошто имам екс работно искуство како А1 каде работев 7 месеци и второ скоро две години кога бев помлад учев на ФЕИТ на ЕРПС насока но заради лични економски причини морав да се откажам порано.Ова е еден вид враќање на интереси персонални/покрај гејмањето што го имам :D
сакаше да каже дека треба да имаш доза ентузијазам за да почнеш и тераш успешно, да не ти е главен мотив парите за планот за промена пошто така ќе удриш ѕид.
 
MacedonianBro

hello world
5 декември 2015
94
86
сакаше да каже дека треба да имаш доза ентузијазам за да почнеш и тераш успешно, да не ти е главен мотив парите за планот за промена пошто така ќе удриш ѕид.
природно дека да за повеќе пари зошто тоа и нормално е но и дека ме газат години бидејки немам "занает".
 
Pulse

user
26 октомври 2014
1.552
1.665
127.0.0.1
природно дека да за повеќе пари зошто тоа и нормално е но и дека ме газат години бидејки немам "занает".
Нај другарски совет, имам околу 30 години и неколку пропаднати инвестиции, НО не се откажувам, 1 од 10 обиди да ми успее јас сум се пензионирал.
Ако веќе имаш нешто настрана, вложи ги во бизнис што во иднина ќе го градиш него, а не да работиш за некој друг.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.086
14.192
Независно од ИТ индустрија, „свој бизнис“ и „да работиш за некого“ си имаат свои предности и недостатоци.

Не секој е талентиран да развива свој бизнис. Зашто свој бизнис освен знаење и вештини во областа бара и афинитет за комуникација. Па афинитет да истражуваш, менаџерски способности. Да можеш да продадеш идеја, па да развиваш односи и пријателства со бизнис сектор и / или државни органи.

Предноста да работиш за некого е што многу веројатно ќе имаш многу помал психички напор, имаш некаков континуитет за кој се грижи друг, повеќе простор да може да се посветиш на својот живот и на семејството.

Е сега секогаш има измеѓу. Не е се црно и бело. Секоја планина својата тежина. Меѓутоа не е секој роден за да може да биде сам свој газда. А тој што е, се разбира дека пред него има можности да стигне материјално подалеку од оној кој работи за некого. Ама пак и не е се во парите.
 
најреално да правиме муабет работник сум аргат кој воопшто нема занает за пазарот за вештини освен што знам три јазика и моментално не вредам многу.Затоа барам да почнам да учам нешто.Би сакал да почнам бизнис сум го мислел прво тоа очајно,сепак 35 години сум и ме газат години,до 40 блиску ми се еве ги.Да почнам бизнис спомнавте за врски со партии или јаки луѓе но проблем е што сум "сам" и "ниска работничка класа" и не сум дел од некое јако друштво да имам прилики да се врзувам,сепак треба да имаш нешто претходно од наследство од јака фамилија,мама тато пријатели едноставно да градиш после,тоа немам јас.
 
Кој те лажи дека за бизнис ти требаат „врски“. Битна е самодовербата и упорноста. Толку.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
780
1.209
Кој јазици ги знаеш?
Во денешно време, каде работите се одвиваат онлајн, може да работиш за надворешни фирми. Дали продажба, виртуелен асистент, е-комерц, итн.
Имаш многу можности.
 
15 септември 2012
1.164
1.300
најреално да правиме муабет работник сум аргат кој воопшто нема занает за пазарот за вештини освен што знам три јазика и моментално не вредам многу.Затоа барам да почнам да учам нешто.Би сакал да почнам бизнис сум го мислел прво тоа очајно,сепак 35 години сум и ме газат години,до 40 блиску ми се еве ги.Да почнам бизнис спомнавте за врски со партии или јаки луѓе но проблем е што сум "сам" и "ниска работничка класа" и не сум дел од некое јако друштво да имам прилики да се врзувам,сепак треба да имаш нешто претходно од наследство од јака фамилија,мама тато пријатели едноставно да градиш после,тоа немам јас.
Батка, правописот на македонскиот јазик не го употребуваш, не се фали со другите јазици.

Ако понудиш квалитет на пазарот, работата сама ќе ти доаѓа. Тогаш не ти требаат врски, ниту вујко владика.
 
Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.538
1.038
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@MacedonianBro еве ги и моите 2cents бидејќи јас сум поише по реална математика...
Викаш 2600Eur заштеда за 16 месеци... Тоа е 150 по месец...
Велиш работиш за 650 што значи 500 ти се трошоци и би работел пола работно време за 350 што значи волен си да го стегнеш малку каишот (за 150 според математика).
Курсот е 9 месеци, но биди спремен ако не те вработи Qinshift на работа во три смени да работиш дури и по две, две и пол години на сакана позиција со почетна од да речеме сегашни 45...
Можеш да правиш математика кога економски ќе бидеш break even (најверојатно 40 кои ти се чинат доволно блиску од перспектива на страв што не треба да е така).

Е сега ова беше оптимизам.
Од страна на "песимизам" да знаеш дека во IT сектор, секој ден се учи и дека притисокот дека треба да исполниш нормално постои и таму.
Рачунај дека до она целно за да ги стигнеш оние што створиле нешто и велиш дека се далеку напред ќе биде 45-50 што пак ќе речам не е далеку.
И секако да вложиш 2500 во себе е смешна сума (од поглед дека сега толку трошиш за 4 месеци).

Јас би играл вака:
Ко тебе едно пола работно време. Реално не се поставува голем прогрес само за викенд и цело работно време.
Во остатокот од денот нешто по лабораторија (Сивус ако не ти даде работа ќе ти овозможи лабораторија што тешко како лаик сам ќе си ја обезбедиш). И спремај уште дополнителни средства за дополнителни online ресурси, meetups и слично networking манифестации од форма на кафе до пиво.

Ако си решен нема зошто да не успееш!!!
Реално треба да си спремен да те газат најмалку две (читај неколку) години и затоа најди си муза и почни.

Не треба толку лесно да те деохрабрува некој коментар за правопис.

А да и уште нешто... Од толку професии во IT зошто баш Network?
 
25 ноември 2014
1.538
1.969
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
My 2 cents.

Скроз не ме занима дали некој влага у IT за пари.
Таков тип на gatekeeping ми е глуп.
Пазарот е таков да ако те бива те бива, макар и да го мразиш.
Мене ме бива, и сакам програмирање, ама не сакам да работам. Јебига.
Да сакав да сум уметник и да не ми носеше пари па ќе програмирав ако ме бива.
Утре ако ми испадне комбинација да продавам улошки, ќе станам мастер у улошки продавање ако е доволно монетарно лукративно. Така да тој муабет фрлете го у вода.

Дечкото е доволно изнервиран од неговата ситуација да сака да се проба дур е сеуште релативно млад и витален у друга сфера - со цел да си го подобри квалитетот на живот, и тоа го поштувам ептен. Дали ќе успее е друг муабет и тоа е целосно у негова контрола.

Е сеа, мрежи се малце чуден домен кај што најголемото искуство се добива на работа. Ти колку сакаш дома чачкај знај читај полагај тестови, друг е реалниот свет. Што те става у малце бош позиција кај што ти требаат пари и не моеш да стажираш за беспари по фирми, а и фирмиве имаат биас кон помлади луѓе за такви позиции.

За среќа тој биас лесно се заобиколува а тоа е:
  • да покажеш дека со годините си стекнал одредено професионално искуство и си посветен работник
  • да покажеш дека земаш иницијативи во свои раце и дека може да се потпре некој на тебе
  • дека пошо си постар не си дојден да се заебаваш и да им трошиш време туку планираш да правиш кариера по секоја цена
  • и да не набројувам али има предности да си 35 годишен јуниор

Е сеа има и негативности да си 35 годишен јуниор, една е ко шо сам знаеш, слободно време и пари. Рачунај дека ќе мора да се згнеш онака мушки и да ГРИЗЕШ. Збориме да не оставаш ниеден друг да нешо реши место тебе. Ако нешто не знаеш да се замараш да научиш. Секоја интеракција да си ГЛАДЕН за да научиш и да не оставаш друг да ти решава проблеми него “ОСТАЈ ЈА МОЖАМ“. Нормално тука си бара и финеси, да знаеш кои битки да ги бираш, да не бидеш тврдоглав, да не бидеш летаргичен, да знаеш асертивно да комуницираш и секогаш да размислуваш трезвено. Дали е лесно? Не. Дали е изводливо? Да.

Една јако битна работа кога веќе “бираш кариера“ ако више влагаш у ИТ е НАПРАВИ АНАЛИЗА НА ПАЗАР.
- Ама сакам нетво...
АНАЛИЗА. НА. ПАЗАР.

Отвори ги сите места кај што има огласи, кариера.мк, вработување.мк, линкдин, све.
РАЗГЛЕЈ што све има од побарувачка во МКД на пазарот за труд во ИТ секторот.
Направи група статистика пр. 25 огласи видов за Фронтенд (20 реакт, 3 ангулар, 2 вуе), 20 огласи видов за Бекенд (16 јава, ).....
И после направи си малце математика дали уопште вреди да ти се улага у нетворк шо и да е.

Као човек што е ван сферата ти немаш ни појма уствари што тој нетворк човек прави на работа. Ни ја не знам, не е курчење ова. Фората е шо ти сега како не ИТ човек романтизираш што тој нетворк човек прави. Ако мислиш дека нетворк човекот иде мести рутери и влече лан кабли само ондак немаш доволно перспективно размислување зашо твоето размислување за нетворк завршува во ИТ поддржка во НЕ-ИТ сектор. Верувам дека тоа екшли не ти е целта пошо платата па ќе ти биде не-ИТ и згора на тоа ќе станеш експерт во “зашо принтерот не ми работи“ и “ми се изгуби аутлук иконата од десктоп“.

Така да направи си убава анализа на што сакаш, и што е уопште РЕАЛНО постигливо на нашиот пазар. Едуцирај се првично што повеќе можеш САМ (знам, знам дека те мрзи, знам дека сакаш да платиш негде и да те научат, знам и дека не работи тоа така, никој нема на курс да ти тури знаење у уво за жал).

После тоа размисли уште еднаш:

- дали сум спремен за директно да влагам ко јуниор? ако се осеќаш дека да, седни среди ЦВто и праќај ко луд. Праќај на огласи за јуниор, праќај на огласи за сениор, праќај само. Ќе пратиш еден куп ЦВа пред да добиеш повратен мејл, од тие ќе идеш на мал % интервјуа од кои 90% ќе те одјебат, и од тие 10% се надеваш дека ќе те викнат на второ интервју и таму треба да ги шармираш доволно да добиеш ЕДНА понуда. И тоа ти е златниот тикет. Чим си внатре е полесно ама не значи дека треба да се опуштиш. Тука иде делот со гризањето за одговорности, посветеност, учење, работа, и не заборавај ДРУЖЕЊЕ. Не си свесен (а можеби и си) колку уствари фирми иам сменето зашо некој колега си отишол и сум бил првиот што го препорачале за да дојде кај нив. Се ради тоа што сум бил секад фер, сум помагал на секој колега колку и да бил глуп и ми трошел време, сум бил секогаш фин, насмеан, и лесен за разговор.

- ако не си спремен за тоа, уплаќај курс како знаеш и умееш. Јади леб и паштета, скрати на све живо шо ти троши пари, позајми се, продај телевизорот, не знам, снајди се, плати. Нема да ти помогне да научиш верувај ми. Ама не е тоа поентата. Ако можеш да ПЛАТИШ да влезеш у круг на луѓе каде можеш да се покажеш со финоќа, разговорливост, радозналост и желба за знаење - ова е ти е реално огромна шанса да добиеш “Еј абе слушнав онде и онде се бараат луѓе, прати ми ЦВ па види напрајте си муабет...“ и таму си. (Што е само почетокот како што кажав ама да не се повтарам).

Остај ги овие со муабетите оваков бизнис онаков бизнис, шо ќе ти ИТ ако не ти се сфиѓа а у. Супер е шо си развил свест на 35 и си рекол чекај малце, не ми се сфиѓа животов аргатски, ИТ глеам нешо чалабрцкаат и зимаат добар кеш, МИСЛАМ дека ми фаќа акалот, сакам да пробам. ПРОБАЈ. Овој план не е fool-proof и може екшли си глуп или едноставно не си ни вољен нит имаш енергија да играш game of thrones со колеги, рекла казала, лижење гзови, учење СЕКОЈ ебан ден и не спиење мирно пошо некој нов ChatGPT модел излегол и наеднаш си без работа, така да спреми се за не успее работата и глеј да не паднеш у депресија ако се деси тоа. Глеј го како едно искуство што те направило да даеш се од себе да смениш кариера, и у најмала рука потенцијално ќе направиш и неколку другари по пут кои можеби ќе упаднат со некоја друга комбинација утре задутре, или ако ништо друго ќе пиете кафе на некој убав сончен ден.

Make of this what you will. :)
 
Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.538
1.038
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Јас секогаш препорачувам долги структуирани четива или мислења особено на форум. Вреди да се прочита и двапати со оглед на тоа дека членот не тропа воопшто често на ламарина.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.068
7.751
Во реалноста тоа значи дека е доволна една понуда за работа. Beg, borrow or steal. Постојат луѓе кои што успешно смениле професија. Ама мора да си спремен да работиш на себе и надвор од времето што треба за курсот. Не постои курс што ќе те направи стручен. И не постои курс што рекрутерите го ценат за веднаш да те вработат без да те тестираат и без дополнителни интервјуа. Курсеви, онлајн, проекти, работа за џабе кај пријателот, ... До првата понуда за работа ќе работиш и учиш за без пари. После и ќе работиш и (пак) ќе учиш ама за пари.

(Мујо и Хасо ги бркал лав а Мујо ги врзува патиките и Хасо му се смее, „Не можеш да трчаш побрзо од лавот“ а овој му вика „Ама можам од тебе“...)
 
MacedonianBro

hello world
5 декември 2015
94
86
Дечкото е доволно изнервиран од неговата ситуација да сака да се проба дур е сеуште релативно млад и витален у друга сфера - со цел да си го подобри квалитетот на живот, и тоа го поштувам ептен. Дали ќе успее е друг муабет и тоа е целосно у негова контрола.
работам 10 години во индустријата за среќа каде што сум работел да речеме од сам почеток до некоја позиција каде што сум со голема одговорност и да речеме контролирам големи суми на пари.
Веќе сум презаситен,тоа е прва причина,второ години ме газат,трето немам занает тоес имам работа и моментален занает што што искрено да сакам да идам надвор тешко дека многу ќе најдам слично.
Друго имам некое претходно искуство со интернет и телевизија каде работев скоро 8 месеци во А1 како Л1 ниво или нашки подршка хотлајн за пензионери кои ме прашуваа како да укључат Бразерс на канал 92 и кој е пинот или нешо слично :ROFLMAO: али тоа пред Корона периодот.
Па се вратив назад на старо работно место и упишав општ факултет ванредно со будучна цел дека ќе биде нешто ама кога видов дека кое лајно е и таму,значи џабе ми е 300 евра од семестар + презапишување на предмети ако имам само папир диплома за бришење гз.
Затоа очајно се мислев, ок програмирање ми е с*клет,не можам едноставно повеќе сум физичка работа и општо нешто така што праев муабет и со колеги што ми се во ИТ подршка кај мене на работа,ми викаат тоа не тоа не тогаш најдобро ти е нетворк или слично.Кабли местење,инсталација,модеми,рутери, итн итн итн со секако траблшутери кои си доаѓа.Па коа ќе ми текне дека се ебавав во А1 слична работа па веќе имам и на СИФИ резиме некое работно искуство зошто да не заковам шајка и едноставно да пробам неколку лиценци и путуј роџак ако има можност бојле од Македонија, дали кај дада во Флорида или кај бато во Готеборг, Шфиден.
Како што е срање во Македонија,35 години,еве ги 40 години,кога ќе фатам и цице на некое младо пиле и да се санкаме вечер во кревет.
Живот иде даље ама роџак мора да се врбује за подобро утре :D
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно