Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Најдобар бојлер кај нас

bxxxn

user
11 март 2011
1.659
1.812
Имаш два типа на проточни бојлери со хидраулични прекинувачи (зависни од одреден притисок) и електронски. Старите хидраулични се баш како што ги опишува @Lokvan работат на принцип се или ништо и потребен е малку поголем притисок да ги вклучи сите фази (грејачи). Пред некоја година грејачот за Siemens (сега ист Bosch) бојлер за купатило беше 4500 денари.

Bosch бојлерот за кујна е со електронски прекинувач, може да работи и со притисок од половина бар (идеално за згради) и единствено што имав проблем со него е што треба да најдеш добар кабел од 4 mm2 (сепак е 6 kW) и можно да треба да смениш осигурувач, т.е. да ставиш од 32 ампери.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Во зграда/стан живееш?
Прашувам за температурата на водата, во згради е нешто потопла водата.

Јас го имам 24 киловатниот Сименс (со бакарни цевки) и мојов е со три чекори на притисок. Кога е на 12кв (еко) на вториот чекор ми е водата ок во есен/пролет, во лето морам да додавам и ладна, но во најладните месеци во зима знае и да не биде доволно топла водата на излез и тогаш морам или да идам или на третиот чекор или на 24 киловати сетингот на вториот чекор (претопло е во двата случаи и мора да се додава ладна вода).


Сега кога го гледам напишаново погоре, гледам дека нема да ме разбере никој што нема ваков тип на проточен бојлер... Веројатно ни солиден број од тие што го имаат. :)

Не да предомислувам потенцијален купувач, но има и модели со електроника на кои само местиш температура на вода на излез и тоа е тоа. Но и ова лесно се совладува еднаш кога ќе разбереш како функционира. Додуше малку е контраинтуитивно да додаваш притисок на славината за топла вода - за на излез да добиеш поладна вода, и обратно. :D

Е да во стан. На макс. притисок на еко со сите 3 клика температурата е околу 60 степени, малце да намалиш пред да исклучи третиот клик иде нагоре до прилично вруќа. Ова за мојот ти зборам 9/18.

Тој 12/24 е доста појак. Сега незнам точно пошто не ми е дома, еднаш се имам туширано таму и мешав малце ладна вода. Занеш сега има тука улога и протокот на батеријата (дали е подзапушена итн). Двата се во стан со парно.
 

architect

poweruser
27 ноември 2008
2.727
4.304
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Бојлер ко бојлер, земете го најефтиниот и после пар години менувајте. Скопската вода е катастрофа, кај мене дома после 2 години користење, тешко грееше па решив да го отворам. Што да ви кажам, едвај го средив а извадив преку 20 кг бигор на 50 литарски уред ....
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Занеш сега има тука улога и протокот на батеријата (дали е подзапушена итн). Двата се во стан со парно.
Тоа имам проблем да објаснам кога ме прашуваат, дека грејачите освен 3-те чекори треба да се рачуна дека фиксно грејат, на три јачини - и дека сетирањето е „играње“ со пуштање намалување притисок додека не се намести температурата на водата... Се разбира некогаш мора да се додаде и ладна вода, но најчесто не мора (освен во екстремите во лето и зима).
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.507
3.110
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
За проточен бојлер (имам Сименс 18 Kw со бакарни цевки) - наместен ми е на ЕКО секогаш. Процедуре за туширање - влегуваш во туш кабина, пушташ до крај на топло, за 20тине секунди има изгор топла вода, после тоа вртиш накај пола од топлата чекаш 2-3 секунди и имаш идеална температура :) Добро сега секој различно реагира на температурите. Како и да е, сум кажал еднаш и ќе кажам пак - ако има можност за проточен бојлер (соодветна инсталација) не би се мислел никогаш - секогаш проточен бојлер (многу помалку место зафаќа, не му ја мислиш дали си го вклучил/исклучил, нема чекање (освен тие дваесетина секунди) а за потрошувачка не знам мислам дека исто пари фаќа месечно).
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
а за потрошувачка не знам мислам дека исто пари фаќа месечно).
Дискутабилно, јас би рекол со обичен бојлер плаќаат повеќе - посебно ако во секое време треба да има топла вода. Можеби би поминале исто/слично по потрошувачката ама тоа сметка на комфорот, значи постојано да пазат да затоплувааат вода исклучиво на евтина тарифа И веднаш да ја искористат (во спротивно ладење и догревање)... И пак можеш да бидеш на победничката страна на балансот, ако со проточниот бојлер пазиш на евтина/скапа тарифа. :p
 
7 февруари 2013
948
1.086
Тоа сега ме замисливте, која е математиката за потрошувачка? Имам Леов 2KW 80литарски, доволно за три туширања дневно, еднаш го загревам во евтина струја во 2 сат до 4 попладне, и еднаш 30 минути сабајле во 6ипол за да има за од сабајле глава да се измие и слично. Месечно трошам околу 300 350денари струја за тоа. (Контролиран е со Соноф ПовР2).
Дали некој направил пресметка колку троши месечно 18кв протечен бојлер?
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Дали некој направил пресметка колку троши месечно 18кв протечен бојлер?

Само „на салфетка“, пошто сето ова е многу релативно... На пример, ти ако загреваш фиксно време фиксна количина вода иако си ограничен на таа количина (ако е доволно тогаш супер) муабетот е дека точно знаеш колку си потрошил. Е сега со проточниот бојлер нема ограничување на количина, никогаш нема „да снема топла вода“... Сакам да кажам се зависи од корисникот, некој е брз, некој е спор, итн. Додатно комплицира тоа што тешко е за мерење, пошто нема достапни евтини/кинески апаратчиња што мерат ~24 киловати на три одделни фази. Веројатно е можно да се направи некој тајмер, и потоа да се пресметуваат киловат часовите со тоа што другата варијабла киловати (ампери) се помалку или повеќе - фиксни.

Како што реков, метематиката „на салфетка“ вели дека просечниот корисник со класичен бојлер троши осетно повеќе. Едуцирани корисници со тајмери на обичен бојлер сигурно поминуваат многу подобро (условено со тоа ако им е доволен капацитетот на бојлерот односно количината стоплена вода на евтина тарифа.

На крај уште еден аспект е комфорот, топла вода во секое време во неограничени количини - теоретски гледано, а теоретски тоа може да биде и лошо. ;)
 

yasho

hello world
11 јануари 2014
479
636
Скопје
Еве практичен пример... порано користев обичен бојлер, наместен на 65-70 степени одоко, пуштен да грее само на ефтина струја (кога имаше сијаличка што команда контактор), по замената на дотичниот со проточен (електронски, со протокомер наместо сензор на притисок, Stiebel Eltron), никаква осетна разлика во сметката за струја, ни нагоре, ни надолу.
Објективно, повеќе топла водамтрошиме со проточниот, не снемува, децава се киснат на тушот значително подолго (а и јас не сум поарен).

мој заклучок, скроз емпириски, без салфетка: сметката иста,ќефот поголем.
 

bxxxn

user
11 март 2011
1.659
1.812
Електронските проточни бојлери трошат помалку струја од проточните бојлери со хидраулични прекинувачи до кај 30-тина %, аналогијата е иста со сплит и инвертер клима, т.е. не мора грејачот да работи со максимална сила.
 

MacRazor

hello world
15 ноември 2017
234
148
Тогаш користи ги и црвената со коњот или девојката со грозје од ЈУ, шо се мешаш со АДА, ЕОС, НЕМ итн.
 

yasho

hello world
11 јануари 2014
479
636
Скопје
Поголем ќеф за иста сметка... Добра работа нели? :)
Абе ќеф цена нема... ама па раат на умот, се враќаш од работа, викенд, одмор, пуштил ли бојлер некој или не... што знам, многу поудобно за користење. Никад од бигор не е чистен, бидејќи не фаќа (како-зошто не сум навлегувал) мал, компактен, стварно скап малку на почеток (бојлерот, инсталација, диференцијална склопка...) ама па мене ми е оправдана таа работа со лезет у користење. Секој си цени различно...
 

goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
А го пробал ли некој методот на wim hof туширање со ладна вода. Некои викаат дека има најголем ќејф, бенефит по здравјето а најмала сметка.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Никад од бигор не е чистен, бидејќи не фаќа (како-зошто не сум навлегувал)...
E oва и јас би сакал да знам дали е така. Во проточни бојлери грејачите загреваат до пониски температури отколку во класични бојлери, тоа сигурно придонесува до помалку бигор.

Но се сервисира таква работа, имам некаде линк до видео како ги прават тоа. Прават затворен круг и со некоја пумпа одредено време вртат некаква течност внатре во цевките (веројатно беше оцет/киселина за јадење). Можам да го побарам видеото ако некој го интересира.
 

brasica

lurker
18 април 2010
688
1.052
brasica's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7800X3D Arctic Freezer III 360 RGB
Motherboard
Asus X670E-F Gaming
Storage
Kingston KC3000 M.2 2TB II KC3000 M.2 1TB
PSU
Lian Li EDGE EG1000
RAM
G.Skill Ripjaws M5 Neo RGB 6000Mhz CL36
Video card
EVGA RTX3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Lian Li O11 Vision
Mouse
Logitech G Pro Wireless
Keyboard
Logitech G Pro
Audio
SMSL Sanskrit 10th MKII + PSB Alpha PS1
Monitor
Asus PG348Q
OS
Win 11 Pro
Јас колку што знам новиве со пластични цевки е препорачливо да се чистат на неколку години пошто може да пукнат и после сервис нема, само нов.
 

yasho

hello world
11 јануари 2014
479
636
Скопје
E oва и јас би сакал да знам дали е така. Во проточни бојлери грејачите загреваат до пониски температури отколку во класични бојлери, тоа сигурно придонесува до помалку бигор.

Но се сервисира таква работа, имам некаде линк до видео како ги прават тоа. Прават затворен круг и со некоја пумпа одредено време вртат некаква течност внатре во цевките (веројатно беше оцет/киселина за јадење). Можам да го побарам видеото ако некој го интересира.
Конкретниот модел што го имам веќе 8 години има мало бакарно казанче, пола литар-литар од око, и греачи директно во водата што се грее. За разлика од оние кои работат на притисок, кои според тоа што сум видел индиректно ја греат водата, има цевка низ која тече водата паралелно со електричните греачи. Од таа причина, заедно со проточниот бојлер ставив 30мА диференцијална (ФИД) склопка само за бојлерот, за секој случај, и покрај коментарите на “мајстори” дека не е потребно.
Лани прв пат го растурив бојлерот заради тоа што еден кондензатор имаше пуштено душа, во казанчето колку што можев да видам со сијаличка низ цевките, немаше бигор, се гледаше бакарот од внатре... нема никаква пумпа внатре, само има едно казанче со греачи, протокомер, модул со тријаци за палење на греачите и троа електроника што ги команда тријаците зависно од температурата на излез... релативно проста направа, иако значително многу покомплицирана од “аналоген” бојлер. Водата никаде не поминува низ пластика низ бојлерот, цевките сите се бакарни внатре.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Најбитната фора кај обичен бојлер е да не се дозволи температурата на водата да не падне под 30 степени.
Од 30 па се до 65 степени потребни се 30 мин.
Имам и проточен (Stiebel Eltron 24 kW) и TING 100L од 2,5 kW.

И математиката вели дека проточен троши 6 kW за 15 минути или грубо 3 kW за 6~7 минути "партизанско" капење.

Leov со 3 kW се полни "топ" и има фора 3-4 луѓе да се капат со таа литража и температура.

Нема супериорен начин. Инаку ќе преовладуваше тој.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
има цевка низ која тече водата паралелно со електричните греачи. Од таа причина, заедно со проточниот бојлер ставив 30мА диференцијална (ФИД) склопка само за бојлерот, за секој случај, и покрај коментарите на “мајстори” дека не е потребно.
Уф да, фид склопки за повеќе апликации - ќе кажам само дека на некои работи не треба да се штеди.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
30мА диференцијална (ФИД) склопка само за бојлерот, за секој случај, и покрај коментарите на “мајстори” дека не е потребно.
Ако не е потребно на проточен тогаш никаде не е потребно.
Проточен без ФИД е руски рулет.

Само што ФИД бара идеално заземјување а нашиве мајстори немаат воља да решаваат такви проблеми.
 

yasho

hello world
11 јануари 2014
479
636
Скопје
Па, сега, идеално... Попрво би рекол функционално... Можда измерено од време на време, на пр.секои 5 - 10 год... Ама никој тоа не го прави.
Башка, затоа 30мА Фид, низ било какво заземјување ќе потечат 30мА.
 

G4M3R

user
26 јуни 2012
1.078
1.378
Да се вклучам и јас во дискусијава. Од пред 3год имам ставено дома проточен бојлер, 24KW Siemens. Поточно овој модел DE2124407М | Vudelgo

Подобра инвестиција здравје! Мал е, не зафаќа многу простор, вода има кога сакаш и колку сакаш. Нема тепање дома дали ќе стигне вода за сите, дали некој заборавил да го уклучи бојлерот па да јадеш туш со ладна вода ака Вим Хоф метод.

Е сега драстично е поскап, мислам накај 16-17К ме фати бојлерот. И нешто плус за инсталацијата на кабел, а монирањето го направив сам. Си имаше темплејт, лепиш на ѕид, бушиш, рестото ти е како од кит за поврзувањето и за еден час си готов.

Единствено што требаше кај мене е да се пушти нов четирижилен кабел и 3х32А осигурачи кои секако одат преку фид склопка. Бојлерот мислам е поврзан „ѕвезда“, без нула, трите фази и заземјувањето.

А за фид склопки, би ставил закон секој стан и куќа да мора да имаат. Јас незнам за 1000ка како несакаат луѓево да си додадат дополнителна заштита дома која може еден ден да им спаси живот.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно