Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    725

Optipro

lurker
5 мај 2021
622
466
Не се исплати да го враќаш кактусот, гледај да си вратиш колку толку парички.
Ич, не враќаат, 2 пати отворив и затворив диспут, единствена опција ми понудуваа е да се врати..денес пак му отворив, ке видам што ке речат...
П.с се искурназиле изгледа на секој диспут нудат солуција,, return"
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.777
15.876
youtu.be
Направи видео каде ќе покажеш дека кактусот е неисправен, ако продавачот не сака да те рефундира алиекспрес би требало да пресуди во твоја корист.
 
Optipro

lurker
5 мај 2021
622
466
Направи видео каде ќе покажеш дека кактусот е неисправен, ако продавачот не сака да те рефундира алиекспрес би требало да пресуди во твоја корист.
И видео им пуштив, а иначе е некоја официјална дропшипинг Алиекспрес продавница..
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.777
15.876
youtu.be
Епа истерај го спорот до крај, не му попуштај на продавачот (не прифаќај негови решенија) и судија од Али ќе улета и ќе пресуди, за вакви случки најчесто суди во корист на купувачот.
 
JonnyDark

Баниран/a
10 јуни 2022
532
365
Ми стигна едно џиџе неисправно од АлиШит, прв пат после толку време отварам диспут, и гледам ,, return" на производот како солуција од АлиШит (производ од околу 8 долари) и парите за поштарина што ке сум плател ке ми врателе како купон..
Чисто ме интересира, има враќано некој пратка, и колку му зеле од пошта ?
П.с џиџето е ,,dancing cactus shit "
"Free Return" е најголема превара што може да биде од алишит. Еве да речеме ќе платеш поштарина за препорачана пратка од 50-100 евра за испорака до кина , ама на крајот голема е можноста продавачот да не ја подигне да се праве мутав дека не му е стигнало и на крајот ќе ја вратат назат пратката,
и ќе останеш и без пари и залудно изгубено време.
Епа истерај го спорот до крај, не му попуштај на продавачот (не прифаќај негови решенија) и судија од Али ќе улета и ќе пресуди, за вакви случки најчесто суди во корист на купувачот.
Нема повеќе како порано што беше, сега ако стигне нешто неисправно одма да враќат пари...Сега имат други сменети правила. Треба многу да се внимава. Ја пример кога го порача тандорио часовникот со сеико механизам, првин беше му нагласил на продавачот да одбере убав примерок со рамен и точен ротирачки безел.
 
Optipro

lurker
5 мај 2021
622
466
"Free Return" е најголема превара што може да биде од алишит. Еве да речеме ќе платеш поштарина за препорачана пратка од 50-100 евра за испорака до кина , ама на крајот голема е можноста продавачот да не ја подигне да се праве мутав дека не му е стигнало и на крајот ќе ја вратат назат пратката,
и ќе останеш и без пари и залудно изгубено време.

Нема повеќе како порано што беше, сега ако стигне нешто неисправно одма да враќат пари...Сега имат други сменети правила. Треба многу да се внимава. Ја пример кога го порача тандорио часовникот со сеико механизам, првин беше му нагласил на продавачот да одбере убав примерок со рамен и точен ротирачки безел.
Ами и да го подигне продавачот и слично, Али ти дава некој,,условен купон" во замена за тоа што си платил поштарина.. во секој случај во губиток си од старт, со самото тоа што ке купиш..пошо заприметив дека сега едно 60% од стварите се со 0 квалитет!
И 2ра најака работа е, ОДБЕГНУВАЊЕ НА КУПУВАЊЕ ОД ОФИЦИЈАЛНИ АЛИ ШИТ ПРОДАВНИЦИ!!
Да е нештото купено, од обичен продавач, би било полесно да се разбереш, околу цела проблематика и слично.
А овде кај официјалниве продавници, со само отварање на диспут, директно оди на ,, AliExpress step in" ..
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.818
4.530
Неготино
А овде кај официјалниве продавници, со само отварање на диспут, директно оди на ,, AliExpress step in" ..
3 пати по default имаат али stepped in за нарачка од официјална продавница и 3 пати ми вратиле пари, нормално со доказ дека нештото не работи.
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860
Ама човекот ве праша дали некој знае колку отприлика ќе го чини да го врати, не побара животни совети. Многу ми е јако дека буквално никој не ни спомна тоа што праша човекот.

Исто како да прашам дали денес е вторник и да ми одговорите дека не се јаде грав во среда, туку во петок; дека понеделник се вика така затоа што е после недела; дека во недела ништо не работи... :rolleyes:
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.441
5.609

Нов си на форуми, а? :)
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.144
7.825
3 пати по default имаат али stepped in за нарачка од официјална продавница и 3 пати ми вратиле пари, нормално со доказ дека нештото не работи.
Арно ама и мене исто све идеше добро и фрас - да сум ја врател маицата...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Moмци, UPS Worldwide ExpeditedSM иде преку Пошта до дома? Или малтретирање со локалните разбојници кои се претставници на УПС?
 
Optipro

lurker
5 мај 2021
622
466
Арно ама и мене исто све идеше добро и фрас - да сум ја врател маицата...
Заебани играчи, Кинез си е Кинез, за 5 евра ѓубре, да го вратиш треба да платиш 20тина евра поштарина, и АлиШит ке ти надомести 20 евра купон(условен, ако купиш нешто над таму 80 евра, имаш 20 евра попуст)
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860
Па, нормално. Да не беше така, ќе се викаа:
Хуманитарна организација за помош на настраданите македонци од општата беспарица „АлиЕкспрес“.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.350
5.377
Скопје
hackitfree.github.io
1699822819678-png.131531

1699823221103.png

33 дни !
Сега може да се подигне у пошта под железничка или да чекам дома ? Царина ваљда не треба да влага или ?
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.683
13.740
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Сега може да се подигне у пошта под железничка или да чекам дома ?

Чекај. Уште не е сортирана. 1003 е, како што пишува, IO - Input/Output, ништо не можеш да правиш додека е таму.

Царина ваљда не треба да влага или ?

Ќе се знае откако ќе излезе од 1003 и ќе видиш каде ќе оди. Чекај.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.350
5.377
Скопје
hackitfree.github.io
Погледнете го атачментот 131665

И ?
Биди стрплив - ова -она ...
Сеа “Андифајнд„ - наздравје бричење...:unsure:
КАТАСТРОФА !
Го менувам своето мислење за Македонски пошти во - апсолутна катастрофа..
Одам во Понеделник (пратката во Недела стигнала во Скопје) - вика ќе си чекаш да се распредели во пакетско или на адреса кај што си ..
Во Среда - нов статус излага - ништо јасно...
Одам денес во пакетско - прво не го запишува бројот ко што треба - вика „У Кина ти е уште„ - како може у Куна кога и пакажувам статус на пратка примена у Скопје.
Вика „Згрешив бројче ај уште еднаш прочитајте ми „. И ? - „Нема ја вика - чекај да се распореди треба „
Пак назад кај царина таму - вика - „Иди кај шефот у 1003- Мечународно„
Идам кај шефот - вика „ Абе се дешава - вратена е назад - нешто не било у ред„
Што може да не е у ред со лед лента од 10 евра ?
Катастрофа... Сага... Голгота...:eek:
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.038
1.846

сега гледам статусиве .. за два дена ти се десило се. Обично ги враќаат ако не се подигне и сл по 10 тина дена. По ова горе најверојатно има шанси да ти била оштетена пратката и да немало цела адреса на неа (или тој што ја праќал да не турил целосна адреса пример).

Во годиниве еднаш ми се има десено мене лично, вратена поради нецелосна адреса .. стигна ја распределија до Карпош и после ја вратија само што стигна ..
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.350
5.377
Скопје
hackitfree.github.io
сега гледам статусиве .. за два дена ти се десило се. Обично ги враќаат ако не се подигне и сл по 10 тина дена. По ова горе најверојатно има шанси да ти била оштетена пратката и да немало цела адреса на неа (или тој што ја праќал да не турил целосна адреса пример).

Во годиниве еднаш ми се има десено мене лично, вратена поради нецелосна адреса .. стигна ја распределија до Карпош и после ја вратија само што стигна ..
Абе у недела -навечер - случајно проверив - стигнала у Скопје - излезе на тракинг.
Уште у 10 сабајле (имав работа у град и викам ќе им поминам)... Чекај вика .. Да се распореде ...
И денес кога бев - пак на крај прашав - изгледа бил оштетен пакетот па е вратен. Викам - ако е оштетен - може ли да го подигнам ? Не вика - таква ни е полисата - не може . ..
А имам оставено и целосна адреса на Али и телефон (дека ми рече -да имаше број телефонски на пратката обично се јавуваме - ќе ти се јавевме)
 
можеш со ова да си тераш диспјут веќе мислам, пошто имаш доказ дека излага од држава и нема да ти се испорача .. ќе чекаш уште некој месец за ледоите
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.350
5.377
Скопје
hackitfree.github.io
можеш со ова да си тераш диспјут веќе мислам, пошто имаш доказ дека излага од држава и нема да ти се испорача .. ќе чекаш уште некој месец за ледоите
Напишав - фотки само од тракинг закачив -не ми дадоа слика од пошта - а рекоа - ние сликаме такви оштетени пакети и ги враќаме.
Прво што напишав - вратена е пратката - АлиЕкспрес вика - автоматизиран одговор - „Солушн - Но рифаунд !„ - после има таму да напишеш - не се слагам со тоа и приложи зошто.
Среќа само за 10 евра се работи.. Ако искуство за другпат..
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно