1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Настани, вести, занимливости

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 4 Јануари 2018.

  1. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,632
    743
    3 Март 2018
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Список на сите досега познати експлозии/запалувања на батерии за електронски цигари што се случиле во светот. Не ни оди во прилог, ама тоа е. Со стотици илјади (или веројатно веќе и милиони) примероци што се користат низ целиот свет, има само 316 експлозии од 2009 до денес (што можеле да се најдат во медиумите, сигурно има многу повеќе кои не биле пријавени или не се знаел причинителот).

    Затоа треба многу внимателно ракување со батериите.
     
    krema, ТАТА_МАТА, Chicco69 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. krema

    krema
    Professor

    9,096
    8,827
    24 Јуни 2009
    Машко
    И внимателен избор на истите.
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  4. comakot

    comakot
    Gaining Experience

    164
    60
    23 Февруари 2017
    Машко
    built in ftw мада и со нив можи исто да се случи
     
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
  6. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,397
    1,537
    25 Март 2013
    Машко
    ^Тие се тие современи терористи. Па ни помалку ни повеќе ги фатиле со осум шишенца течност, доволни за разврат и пир од неколку дена
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  7. krema

    krema
    Professor

    9,096
    8,827
    24 Јуни 2009
    Машко
  8. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Кај секој од нас дома би влегле со специјалци, ако не и тенкови, и би скапале доживотно на робија. :hay:
     
  9. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,010
    2,259
    28 Јануари 2017
    Машко
    Сан Франциско е првиот Амерички град кој ги забрани електронските додека не се испитаат целосно. Цигарите барем се знае дека се штетни, за нив пу пу не важи.
     
    На Metuzalem и krema им се допаѓа ова.
  10. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    442
    835
    15 Март 2016
    Машко
    Вака во UK се борат против пушењето, а во USA ^

    [​IMG]
     
    На Chicco69 и Metuzalem им се допаѓа ова.
  11. krema

    krema
    Professor

    9,096
    8,827
    24 Јуни 2009
    Машко
    ^Убаво, но во ШвеЦка од скоро забранија пушење и на јавни места, забраната важи и за електронски цигари.
     
  12. krema

    krema
    Professor

    9,096
    8,827
    24 Јуни 2009
    Машко
    Станува збор за Малезиски авион МХ370 со 239 патници и членови на екипажот кој исчезна на 8. март 2014 година.

    Ова е една од причините што не можеме да дојдеме до евтини батерии.

    Извор
     
  13. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Врска немаат, не знаат ни да преведат. Собрале повеќе делови од оригиналната статија и направиле каша-попара. А и оригиналната е жута штампа. Во неа се шпекулира дека дополнителниот непријавен товар е 89 килограми, односно демек можеби е човек (слеп патник). Јас викам дека нема шанси да се качи од товарниот дел и да го грабне авионот. И тие не го викаат тоа, само „мудро“ навестуваат. Тоа за батериите е дел од стара теорија што се појави веднаш по падот и беше побиена. Ја набројуваат меѓу другите теории на заговор.

    Главната работа што не ја кажуваат е што авионот бил фатен од сателит шест саати по исчезнувањето, но на начин (протокол) со кој не може да биде лоциран, па има огромен лак од Антарктикот до Казахстан. Пилотот првично бил истражуван и било заклучено дека не бил самоубиствено настроен, но подоцна дознале дека бил тазе разведен и на симулаторот што често го користел имал еден лет токму како овој на MH370.
     
    bicikle, Sharlovski и на krema им се допаѓа ова.
  14. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Епидемија во САД, многу случаи на тинејџери кои вејпале и потоа завршиле во болница со тешки проблеми со белите дробови.

    Навидум страшно, но во овие, а и во други написи дури на крајот се спомнува дека можеби вејпале THC или којзнае што друго, а во насловот и низ целиот текст има само вејпинг, вејпинг...

    Читав коментар од познавач пред некој месец кога беше еден од првите случаи и се мислев да го пишам, но мислев дека е изолиран случај. Што е работата? Во последно време имало многу улични продавачи на марихуана затоа што и по легализацијата им е скапа во регуларни продавници, а и не може секој да ја купи... Па овие продавачи прават сами, а THC-то најдобро (или единствено) се раствора во... масло. А масло во бели дробови во големи количини и внесувано често е штетно. Плус разни сечења/разредувања со се` и сешто како кај сите дилери... Не се сеќавам, веќе заборавив, дали и синтетичките канабиноиди се посебен процес кој може да се прави и го прават во домашни услови, и дали ова се однесуваше на тоа.

    Главно, очигледно е дека се работи за дечишта кои никогаш нема да признаат што земале. Добро де, има и постари, ама мислам дека и тие земале од уличните продавачи, инаку ќе имаше многу повеќе случаи, во Америка има стотици илјади вејпери, ако не и милиони.
     
    Chicco69, ТАТА_МАТА, krema и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Како реакција на заболувањата и смртните случаи од маслата во канабисот, Трамп ги забранува... аромите (освен тутунските) во течностите за е-цигари?! :rolleyes:

    Ова е дамнешна цел на тутунската индустрија, веќе во неколку сојузни држави им се забранети аромите, демек за децата да не се навлекуваат. Истовремено се продаваат ментол цигари. :rolleyes:

    Општо, ова нема да влијае многу за вејперите, ништо друго не е забрането, а кој си правел течност сам пак ќе си прави (аромите не можат да ги забранат за други намени), ама популарноста/распространетоста на е-цигарите ќе се намали (многу луѓе не знаат или не сакаат да муќкаат сами).

    Вејп-шоповите веќе прават планови да ги продаваат посебно аромите, посебно базата, ама во пакет, само ставиш едно во друго и измешаш (како shortfill-овите или One-Shot аромите во Европа), но не се знае дали тоа ќе биде дозволено.
     
    На zoki977, Sharlovski, angeld и уште 3 други им се допаѓа ова.
  16. zoki977

    zoki977
    Gaining Experience

    106
    211
    6 oктомври 2009
    Машко
  17. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    442
    835
    15 Март 2016
    Машко
    [​IMG]

    Подомекнал малку :) сега на ред е регулација и поголеми даноци :)
     
    Chicco69, Metuzalem и на Sharlovski им се допаѓа ова.
  18. OldSchoolPvP

    OldSchoolPvP
    Practice makes perfect

    753
    1,184
    13 Февруари 2014
    Машко
    Ме шепнале таму дека ке изгуби 2 милиони гласови и морал да омекне. Сепак популацијата на вејпери во америка не е мала група на луѓе.
     
  19. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Индија ги забрани... :(

    Привремено, но нема да биде проблем за 6 месеци да изгласаат трајно.

    Аргументите се тенки: „не се знае што има во нив, во САД (не во Индија) 6 души умреле од илегални кертриџи со ТХЦ, да ги заштитиме децата“.

    Тутунското лоби трие раце...
     
    fis1976, Saso Trpenoski, zoki977 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Има нови случаи на заболени од белодробна болест во Милвоки и Северна Каролина, сите се поврзани со ТХЦ кертриџи.

    САД влегоа во омилениот режим на дејствување - лов на вештерки, фрштат забрани во поединечни држави, сослушувања пред комисии (со цел понатамошни забрани), сето тоа е поттикнато од невидена пропаганда. Ми доаѓа да повратам секој пат кога ќе почнам да го читам текстов, нема ниедна вистина, се` се полувистини или извртување на вистината...

    Гласовите на разумот не се слушаат.

    Најмногу забрануваат вејпинг оние држави што имаат најголема финансиска корист од тутунските компании (според некој договор за отштета). Follow the money...
     
    krema, ТАТА_МАТА, Chicco69 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. Astro

    Astro
    Guru

    6,169
    8,416
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    New York Bans Flavored E-Cigarettes
    With vaping increasingly blamed for respiratory illnesses and even deaths, Gov. Andrew Cuomo declared an emergency executive action Sunday prohibiting the sale of most flavored e-cigarettes. The ban targets manufacturers Cuomo says are “intentionally and recklessly targeting young people” with fruit and candy flavors. Undercover operations will also make sure retailers comply with the minimum age to purchase nicotine products, which will increase from 18 to 21 in November.
     
  22. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Преместив, се измешаа темите, таа беше замислена за научни или квази-научни истражувања, но веќе не можам лесно да ги отплеткам темите без да се изгуби дискусијата, па нека седат старите мислења, а ќе преместувам што ќе видам да се појави ново, ако треба.

    Оваа забрана не е ни прва ни последна, не е ни најдрастична (забрана на се` за вејпинг која стапува на сила ВЕДНАШ, продавниците нека банкротираат). Како што пишав, ова е омилениот американски спорт, лов на вештерки, а најголема мета нацртана на грбот има Џуул, и каква случајност, директорот на Џуул дава оставка и го заменува директор од Алтириа (производителот на Марлборо, кој има 35% удел во Џуул). :rolleyes:

    Се` се ова политички игри, а во ловот на вештерки не се стеснуваат ни од лаги (ова е на некое сослушување; разобличен е во одговорите на твитот, а тоа е и општопознато знаење за некој што следи, како што многу пати сме пишувале во темата).

    Едит: Исто имаше и коментар за ова...
    На 18 години во САД можеш да се жениш, коцкаш, одиш во војска, поседуваш оружје, пиеш, пушиш цигари/марихуана*... Само не смееш да вејпаш.

    * Беше пред да се знае дали забраната ќе опфати и аналогни цигари, но во секој случај забраните се разликуваат од држава до држава. И возраста се разликува, но принципот е ист.
     
    На Sharlovski му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Конечно и предоцна, Центарот за контрола и превенција на болести на САД потврди (или призна) дека мистериозната болест со многу жртви е поврзана со употреба на канабис. Поофицијално не може.

    Поради тоа што податоците се добиени со анкетирање, дури и процентот од 16% пациенти што тврделе дека земале само никотин, е сомнителен (бидејќи не сакаат да признаат) и е најверојатно многу помал, јас би рекол и 0, ама кој ме прашува мене. :hay:

    Да повторам зошто мислам дека е нула: За преку 10 години колку што масовно се користат електронски цигари во светот, немало вакви случаи никаде и никогаш, а тоа што се географски и временски ограничени укажува на лоши состојки.
     
    На krema, Saso Trpenoski, ТАТА_МАТА и уште 4 други им се допаѓа ова.
  24. krema

    krema
    Professor

    9,096
    8,827
    24 Јуни 2009
    Машко
    Значи сега може пак да ги вклучиме парните локомотиви. :)
     
  25. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Најава за новиот испарувач на Мајк Блумберг (медиумски магнат во чии медиуми досега крваво се плукаа е-цигарите, со невладина, со се`), кој ќе има медицинска лиценца, „медицински никотин“, „фармацевтски ПГ/ВГ“ (повеќето што ги користиме се такви), патенти и се` што треба... А се зборува и дека Бил Гејтс е вклучен во тоа.

    Тоа што ќе има медицинска лиценца значи дека ќе биде исклучен од забраните и веројатно ќе се труди да се прошири максимално и да стане монопол на разорениот пазар во САД (со многу повисоки цени на крајот). А инаку е многу сличен на Џуул, да не речам копија, само со блутут. :)

    Сега гледајте како волшебно ќе престанат да бидат штетни. :hay:
     
    На Chicco69, fis1976, Sharlovski и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...