1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Истражувања, експерименти и здравствени аспекти

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 24 Декември 2017.

  1. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,462
    11,730
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Има милион написи деновиве што го потврдуваат тоа, сите заболени случаи вејпале THC/CBD, не сакав да пренесувам затоа што скоро никој не прави разлика меѓу тоа вејпање и нашево вејпање (иако и двете технички се вејпање, опремата не е иста и ние не можеме да ги вејпаме тие работи со нашата опрема).

    Само уште ова, што го прочитав од познавач, зошто ги разредуваат: кога купуваат од улични продавачи, муштериите го оценуваат „квалитетот“ според густината, па затоа уличните продавачи го згуснуваат „производот“ со вакви масла/витамин Е и слично (останува тоа дека активните материи во THC/CBD се растворливи во масло, па мора нешто такво). Тоа згуснување е практично разредување на основната супстанција, или пак има за цел само нејзино чување, а веројатно ги користат најевтините средства што ќе ги најдат.
     
    На Sharlovski му/ѝ се допаѓа ова.
  2. krema

    krema
    Professor

    10,795
    10,344
    24 Јуни 2009
    Машко
    Купујеш - продајеш,
    одузимаш и додајеш.
    :cool:
     
    Astro, GGTT1, bicikle и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,871
    913
    3 Март 2018
    За згустување желе или скроб користат, но во тој случај не смее да се вејпа. Ем тхц ектрактираат со бензин, па зависинод умешноста од "врачот" колку бензин и што ти не ќе има во крајниот производ. Исто и со алкохол може да се врши екстракција, но краниот продукт е демек послаб...
     
  4. Avid

    Avid
    Guru

    4,506
    6,813
    21 Јануари 2009
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,469
    7,456
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    ENDS liquid and dosage. We randomly assigned mice to the following groups: Air (room air only), Smoke (traditional tobacco smoke), ENDS-vehicle (PG/VG only), and ENDS-nicotine (PG/VG with 33 mg/mL nicotine). After random assignment to each treatment group, mice were exposed to their respective conditions for a total of 4 months, unless otherwise specified.

    Глувците живееле во пареата 4 месеци лол. Па и слон да е ќе рикне со 33 мг/мл. И на крај пак

    We show here that long-term exposure to ENDS vapor, which delivers nicotine in amounts equal to those of conventional cigarettes, did not result in excessive lung inflammation or emphysema. Despite these findings, mice exposed to ENDS and infected with the flu virus had significantly delayed immune responses to the infection and showed persistent lung inflammation when compared with the Air-exposed group. (превод: им паднал имуниот систем. Да, на глувче од 150 грама што живеело во пареа 4 месеци).

    Цела студија:

    JCI - Electronic cigarettes disrupt lung lipid homeostasis and innate immunity independent of nicotine

    Јутуб видеата се направени за лајкови и да бидат интересни. Фактите ретко се целосни.
     
    Chicco69, Sharlovski, Metuzalem и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    474
    914
    15 Март 2016
    Машко
    Почнаа и нашиве да пишуваат глуости, колку да пишат нешто, преземено од еден извор а тој ја земал веста од некој друг и на крај како онаа играна глув телефон. Ќе го цитирам цел текст пошто е многу "опширен"

    Плус Инфо

    Канал 5

    Едит: А дека ги забраниле во Њујорк, ги забраниле
     
    Последна промена: 16 Септември 2019
    На TATA_MATA и Metuzalem им се допаѓа ова.
  7. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Unstoppable

    1,727
    2,044
    25 Март 2013
    Машко
    Прво амриканските статии неточни, нашиве новинари достигнуваат ново дно и не знаат ни copy paste да направат како што треба и на крај каша попара.
    Аромите создавале зависност од никотин? Wtf? Тоа е исто како да кажеш состојка во кока кола ствара зависност од пиво. И еден куп други поситни глупости...
     
    На Chicco69 и fis1976 им се допаѓа ова.
  8. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,133
    2,578
    28 Јануари 2017
    Машко
    Како електронските цигари предизвикаа епидемија во Америка

    Да ви ги одвојам интересните работи:
    Витамин Е има малсо од канабис

    Расипан телефон помножен со нашиве новинари.

    Навистина не е повеќе смешно нити интересно, 3-4ца другари (пушачи) веќе ми укажаа дека биле во право ко ми викале да не користам електронска.
     
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,462
    11,730
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ова е најдобро:
    Таа всушност се „огласи“ прва и имаше заебанции дека го фатила Барон со „Џуул“ и затоа била толку... изнервирана. Па го потегнала Дончо за уши да реагира некако. :hay: Штом веќе збориме за жута штампа... :innocent:

    За споредба, еве истражувачко новинарство, со детална историја, кој снабдувал со витамин Е ацетат, кого снабдувал, зошто и колку и кога... По стоти пат, не е поврзано со е-цигари, туку со THC.
     
    Chicco69, TATA_MATA и на Sharlovski им се допаѓа ова.
  10. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    474
    914
    15 Март 2016
    Машко
    Им пишав на FB во коментар сегде кај што ја видов веста (а1он, +инфо, канал 5 ... ) не дека ќе има некој ефект ама барем малку од малку да бидат поинформирани и тие што читаат, "новинарите" не верувам дека многу многу се замараат за тоа што го пишуваат (пастираат).
     
    На aalekso0 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    588
    2,577
    21 Април 2016
    Машко
    Денес добив мејл од Inawera, со следнава содржина:
    mail.png
    "
    IMPORTANT TOPIC

    SUCRALOSE
    This sweetener is recently very rumoured. The more often the opinions appear, the more often it is considered as an unwanted ingredient in vaping liquids. Although there’s no evidence of sucralose in Inawera’s products we decided to have a closer look at it.

    WHAT IS IT?
    Sucralose, ie. 4,1',6'-trichloro-4,1',6'-trideoxygalactosucrose, TGS it is an artificial sweetener, conceived from a selective replacement of three groups of hydroxylose sacharose by the chlorine atoms. What makes it different from others sweeteners? It’s above 600 times sweeter than refined sugar, ie. the purest one [1]. Having consumed by a human is not metabolized and above 90% of it is getting rid in an unaltered form [2].
    Pobierz obrazki

    On the grounds of European regulations sucralose has been accepted to consumption as a food additive with a number E955. The situation seemed to be clear. The authorities confirmed sucralose and there is nothing to frown upon as the authorities know what they are doing the best. However, you will not call it a day as recently a German organistaion’s BfR-Risikprofil report surfaced [3] and sucralose’s termostability came into fire. While heated sucralose is not kept as you can wish. At once we must notice that the researches were not conducted during vaping. Sucralose was heated and then organoclorines substances as 3-clorine-1,2 propanediol (3-MCPD) or 1,3-dichlorin0-2-propanol (1,3-DCP) were conceived [2,3,4]. Already their labels are nasty. But there is more: these substances, according to the above mentioned researches in food security [5], can be carcinogenics in the tissues.

    SWEETENERS IN THE FLAVOURS
    As we had mentioned: you will not find sucralose in Inawera’s products. We have never used it and we are not going to. We are also not using others, artificial sweeteners. Our specialists have others, approved and safe ways of making everything which is sweet.
    "

    Линкови до споменатите истражувања:
    [1] Polychlorinated dibenzo-p-dioxins and dibenzofurans formed from sucralose at high temperatures. Shujun Dong, Guorui Liu, Jicheng Hu & Minghui Zheng, 2013

    [2 ]Sucralose metabolism and pharmacokinetics in man A.G.RenwickaJ.SimsbD.J.Snodinb

    [3] Süßstoff Sucralose: Beim Erhitzen von Lebensmitteln können gesundheitsschädliche Verbindungen entstehen (BfR-Stellungnahme Nr. 012/2019 des BfR vom 9. April 2019)

    [4] Thermal degradation of sucralose: a combination of analytical methods to determine stability and chlorinated byproducts. Diogo N. de Oliveira, Maico de Menezes & Rodrigo R. Catharino, 2015

    [5] CHLOROPROPANOLS IN FOOD An Analysis of the Public Health Risk TECHNICAL REPORT SERIES NO. 15 FOOD STANDARDS AUSTRALIA NEW ZEALAND, October 2003..
    - За последново не успеав да најдам директен линк.

    ~~~~~~~~~~~~~~~~~~
    Поедноставено, сукралозата е релативно стабилна на ниски температури (далеку од безазлена), но при загревање веќе од 125C, се формираат канцерогени материи што ние ги инхалираме во нашиот организам...

    Памет во глава кај сите што изигруваат "шефови" и миксаат повеќе различни ароми за да доловат разно разни пудинзи, торти, овошја и сл. Обично тие миксови имаат и големи проценти на арома во крајната течност.

    Генерално, секоја течност за електронски цигари што содржи повеќе од 2-3% арома, носи и зголемен ризик од несакани хемикалии. Сукралозата не е единствена, ги има многу - Acetyl Propionyl, Acetoin, Diacetyl...
     
    На Lokvan, cacko1, Astraion и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    474
    914
    15 Март 2016
    Машко
    Како електронските цигари влијаат на кардиоваскуларно здравје, Dr. Farsalinos

     
    TATA_MATA, Tomica Jovevski и на Metuzalem им се допаѓа ова.
  13. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,462
    11,730
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    ^ Поврзано со тоа, но мислам дека не е истата студија, многу позитивни резултати за кардиоваскуларниот систем кај корисници на електронска цигара наспроти пушачи, што почнуваат веќе од еден месец користење. Се разбира дека не е подобро одошто кај непушачи, но преминување на електронска цигара претставува значително намалување на кардиоваскуларниот ризик на долг рок. И тоа, интересно, повеќе корист имаат жените.

    Во написот се спомнува и има линк до една негативна студија што исто така се појави неодамна, мислам дека д-р Фарсалинос зборува за неа во претходното видео, а и авторите на оваа нова студија ја побиваат (ги гледа само краткорочните ефекти). Линк до новава студија.
     
    TATA_MATA, krema и на fis1976 им се допаѓа ова.
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,780
    27,512
    4 Септември 2008
    Еве ги двата најбитни теста, за вториот ти зборев прееска. Е сега, проблемот е што луѓето кои се ранат лошо, нема поента да се секираат за електронските цигари, ефектот на храна богата со заситени масти/рафинирани масла/шеќери би требало да е ист/полош од аспект на здравје на ендотел/артерии со ефектот на е-цигари/цигари, поготово ако индивидуата е инсулин-резистентна (must see) - aко ви е долго скок до 6:25.

    Ако имате лоша диета, а згора на тоа пушите, двава теста од горе нема да ги поминете. Двата теста се силен индикатор за срцева болест/значајно зголемена шанса за влошување на истата.

    П.С. Акутен дроп на функција на ендотел, кој се повторува повеќекратно низ денот, станува хроничен, така да грков не ми е баш веродостоен во ставовите.

    П.П.С.

    https://www.jvascsurg.org/article/S0741-5214(18)31477-0/fulltext

    A plant-based diet and coronary artery disease: a mandate for effective therapy
     
    Последна промена: 18 ноември 2019
    Chicco69, Sharlovski, krema и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,462
    11,730
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Според новава студија, вејперите имаат 1,3 пати зголемен ризик од белодробни болести во споредба со непушачи. Јас тоа го читам како 30 % или за третина зголемен ризик во споредба со непушачи. Се однесува на „класичните“ белодробни заболувања вообичаени за пушачите (астма, бронхитис, COPD), не на она труењето со витамин Е ацетат од летоска.

    Но пушачите на цигари имаат 2,6 пати зголемен ризик да заболат, а кај двојните корисници (и на е-циг и на аналогни) тој ризик е поголем од три пати. :eek:

    Исто така, во оваа студија, иако е долгорочна (2013-2016) и огромна по број (32.000 испитаници), само 1% од вејперите биле „чисти вејпери“, користеле само е-циг, па се поставува прашањето дали сепак примерокот е мал (не е јасно, 320 души ако тоа 1% се однесува на сите испитаници или многу помалку од 320 ако 1% се однесува само на вејперите). Но тоа не ги спречува медиумите да креваат паника, место да споредат со пушачи, што е огромно намалување на ризикот.

    Исто така, познато е дека и бивши пушачи и „лесни“ пушачи не се поштедени од ризикот...

    Едит: Еве ја студијата. Бројките ми изгледаат тие, само заклучокот е КРАЈНО НЕЛОГИЧЕН (имало многу двојни корисници, што е поголем ризик, како и корисниците на е-циг не се откажуваат од пушење, па затоа не препорачуваат е-циг).

    Плус, истражувањето било со анкетирање (им се верувало на луѓето на збор), па на пример велат дека заболените од белодробни болести веројатно повеќе пријавувале користење било какви цигари од другите. :)
     
    На fis1976, krema, Sharlovski и уште 2 други им се допаѓа ова.
  16. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    474
    914
    15 Март 2016
    Машко
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,682
    9,375
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Тоа пошто откако почнаа сите да ги оставаат цигарите веќе никој не умира, па кардиолозите немаат бизнис.
     
    На Ace Lud му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,462
    11,730
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Малку информации, малку си ја рекламира фирмата...



    Не дека кажува нешто револуционерно ново, но да се потсетиме. Во однос на коронавирусот и вејпингот, уште ништо е научно потврдено (дали му погодува или го ништи). Има (теоретски) аргументи и за едното и за другото. Едното (за) е тоа што го кажува во видеото и што е општо познато, дека ПГ е (благо) средство за дезинфекција, а против дека внесување на било што во белите дробови потенцијално е нивно оптоварување и оштетување.
     
    gokica, krema и на TATA_MATA им се допаѓа ова.
  19. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,462
    11,730
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Правда за PG! петти дел:
    Fake news, ПГ е силно средство за дезинфекција, што е докажано уште во 1942 година, во истражување во кое потепал многу видови бактерии и вирус на грип при релативно слаба концентрација на ПГ во воздухот. Во ПДФ-от линкуван таму е интересно што го правеле тоа со атомизер со грејач од 75 оми на 30 волти, при што добиле 10 вати (јас мислам 12 :hay:). Има и шема, со грејач и памукче, со се`, значи оној Американецот и Кинезот не измислиле ништо ново, туку само клонирале. :)

    Изгледа оттогаш почнале да прскаат (дезинфицираат) болници со ПГ, за што јас само сум слушал, а поупатените веројатно знаат повеќе. И други видови гликоли се подеднакво убиствени за бацилите (според ПДФ-от), но ПГ е најнеотровен од нив за луѓе и животни, како што видовме во другите делови на Правда за PG! Веројатно не прскаат со алкохол за да не испијанат се` живо во болниците, а и ПГ е вид на алкохол што црниот дроб многу лесно го „решава“ (елиминира). Јас бев и во дилема дали испарениот ПГ има исти дезинфекциони својства како течниот, но еве, во истражувањето го испаруваат.

    Всушност, ВГ-то (односно глицеринот) таму се спомнува како благ бактерицид, па може да се каже дека само сум ги помешал. :innocent:

    Во светло на тековната пандемија со Ковид-19, се разбира дека не треба да се фрлат сите заштитни средства и препораки и да се удри на парење ПГ, особено затоа што не е тестиран на него, па сепак уште ништо не се знае, а и во секој случај тоа не би било доволно (не можеме да париме нон-стоп, а и има други начини за пренесување освен преку воздух). Но ете, ми беше интересно кога го најдов како информација.
     
    На cacko1, Chicco69, bicikle и уште 4 други им се допаѓа ова.
  20. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,462
    11,730
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Некои сумарни податоци за короната, вејпингот (и пушењето) од најпознатиот истражувач на е-цигари.

    На кратко: ништо не се знае со сигурност. :hay:
     
    TATA_MATA, Chicco69, Sharlovski и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,462
    11,730
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ајдеее... Со намалување на концентрацијата на никотин во манџата, го зголемуваме внесувањето на канцерогени нуспроизводи (формалдехид и ацеталдехид) поради компензирањето (влечеме повеќе и подолго). И плус, според нивните истражувања, тие нуспроизводи се повеќе присутни во манџа со помалку никотин?!

    Но сепак, не треба да заборавиме дека севкупниот ризик е многукратно помал од оној кај аналогните, а студијата е општо позитивна за електронските цигари.

    Алтернативно гледиште би било и дека генијалците од Европската комисија што забранија манџи со висок процент на никотин ни го зголемија ризикот од рак. :rolleyes:
     
    На OldSchoolPvP, TATA_MATA, Sharlovski и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    588
    2,577
    21 Април 2016
    Машко
    Генерално, истражувањето си е ок.
    Како и за се во животот, вистинската формула е повеќе квалитет, а помалку квантитет.
    Џабе сум намалил од 6-ка на 3-ка никотин, ако сум забегал од 250 мл на пола кило манџа месечно...

    Температурната контрола треба да се практикува секогаш кога тоа е можно. И да се пари на пониски температури (до навика е) и троа дестилирана вода во манџичката, плиииз. :)

    Мислам дека проблемот е во ПГ-то (меч со две оштрици). Од една страна ефикасно ништи бактерии и вируси (можам да посведочам, во овие 4 години парење не сум имал грип, настинка или било каква болест на дишниот тракт).
    Особено сега со COVID-19 треба да му обратиме екстра внимание. Ако ништо повеќе, со него си правиме ефикасна дезинфекција на просторот во кој живееме и предметите околу нас. :hay:

    Од друга страна "кривец" е за зголемените количини на формалдехид и сл. Тоа го знаеме од минатите истражувања (чисто за потсетување):
    1 Thermal Degradation in an actual Atty by Temp.png
    2 ug of Formaldehyde per Puff in an actual Atty.png
    Во секој случај далеку сме од отровите и канцерогените материи на класичните аналогни цигари, а тоа е најважно!
     
    На OldSchoolPvP, TATA_MATA, krema и уште 4 други им се допаѓа ова.
  23. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    474
    914
    15 Март 2016
    Машко
  24. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,133
    2,578
    28 Јануари 2017
    Машко
    Да не се заебаваме појќе со 2-3 никотин, да си кренам на 9-10, за секој случај :hay: да почнам да го тренирам грлово.
     
    Chicco69, fis1976 и на OldSchoolPvP им се допаѓа ова.
  25. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    588
    2,577
    21 Април 2016
    Машко
    Има нешто во хипотезата со никотинот... :suprised:

    Low incidence of daily active tobacco smoking in patients with symptomatic COVID-19
    "In conclusion, our results suggest that active smokers may be protected against symptomatic covid-19. This was true for outpatients (who have less serious infections) as well as for hospitalized patients. Nicotine and the nicotinic receptor (and not the smoke of cigarettes per se, which is responsible for a very heavy public health burden with more than 78,000 deaths per year in France) may be indeed involved in the pathway leading to viral infection, and particularly in the most severe forms of the disease. Nicotine administration, e.g. via a transcutaneous route may be tested as a therapy to recapitulate the protecting effect of smoking against SARS CoV2 infection."

    Гледам се замешал и "нашиот колега" Konstantinos Farsalinos.

    Capture.JPG

    Постои и друга верзија од анализите, па да видиме што ќе се изроди од сето тоа.

    Хипотезата не значи сите да се фрлат на пушење (така сигурно не се доаѓа до подобар имунитет и здравје), туку (во иднина) да се дознае дали никотинот може да помогне во борбата со COVID-19.

    Инаку никотинот може да биде внесен во организмот на "чист" начин преку електронска цигара, лепенки, гуми за џвакање и сл.
    Последно што сакаме е негов внес преку аналогна цигара - смрдливка, "обогатена" со преку 7000 отрови, многу од нив канцерогени. :crazy:
     
    krema, Metuzalem и на Sharlovski им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...