Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Кај мене се појавува и на тивко, одма штом ги вклучам преку тоа контролерот.

Треба да пробам се да префрлам на еден продолжен, мада не знам да не цркне нешто. Имам PC, звучниците, рутер, ONT и ТВ. Не ми се пробува баш :D

Јас имам лаптоп, монитор, звучници, LED strip и 2 до 3 полначи во секој момент. Од време на време уклучувам и втор лаптоп, никогаш сум немал проблем. Продолжниот е ваков.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Кабловска врска за ТВ/интернет? Коаксијален кабел?

Оптички кабел и коаксијален поминуваат (во ПОП канал) покрај субвуферот.

Прво пишав само оптички, изменет ми е овој пост, но ми текна дека таму минува и коаксијалниот до ТВ-то. @InSides
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019
но ми текна дека таму минува и коаксијалниот до ТВ-то

Ќе се јавиш во корисничка поддршка за кабловскиот провајдер, и ќе побараш да ти монтираат линиски галвански изолатор.

Нешто како ова.

Можно е да се бунат, но инсистирај. Генерално се обврзани да го стават при секоја инсталација, но избегаваат. За да не мораш ти да го купуваш.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Ќе се јавиш во корисничка поддршка за кабловскиот провајдер, и ќе побараш да ти монтираат линиски галвански изолатор.

Нешто како ова.

Можно е да се бунат, но инсистирај. Генерално се обврзани да го стават при секоја инсталација, но избегаваат. За да не мораш ти да го купуваш.

Да пробам прво да го тргнам коаксијалниот скроз, дали е воопшто до тоа?
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019
Да пробам прво да го тргнам коаксијалниот скроз, дали е воопшто до тоа?

Секако, ако е воопшто возможно. За да го елиминираш проблемот од тој кабел, треба да биде исклучен од сите приклучни места во домот.

Без разлика, добра идеја е да постои овој галвански изолатор.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Секако, ако е воопшто возможно. За да го елиминираш проблемот од тој кабел, треба да биде исклучен од сите приклучни места во домот.

Без разлика, добра идеја е да постои овој галвански изолатор.

Во мојата соба влегува коасијален кабел (заедно со оптичкиот) од кутијата поставена на мојот спрат во зградата.

Со сплитер еден кабел завршува во друга соба, а другиот кабел, заедно со оптичкото влакно (преку ПОП каналот) одат до мојот телевизор, оптичкиот оди до ONT-то.
5 секунди работа е, да го одвртам кабелот од сплитерот. Или ќе го откачам сплитерот скроз, нема да има влезен сигнал од надвор.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Buy Products Online from China Wholesalers at Aliexpress.com

Ги има или ги пробал ли некој слушалкиве? Доста евтини ми стојат ко за Анкер, а кај нас за 2500 денари никакви слушалки бежични се нудат со слаби батерии. Дали вредат за парите ?
Мојте ги испорачаа крајот на Јануари, ќе пишам кога ќе ги добијам. Исто и јас се залетав како тебе, кај нас нема ништо приближно добро за цената како овие (на хартија), најмногу ги зедов за батеријата и цената па ќе видиме.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Buy Products Online from China Wholesalers at Aliexpress.com

Ги има или ги пробал ли некој слушалкиве? Доста евтини ми стојат ко за Анкер, а кај нас за 2500 денари никакви слушалки бежични се нудат со слаби батерии. Дали вредат за парите ?

Од Анкер имам купено 2 различни модела на бежични звучници. Се покажале супер во однос цена-квалитет и ги користам секојдневно.

Немам искуство со нивните слушалки, али ако разгледаш мерења од неколку различни модели, повеќето од нив имаат надгласен бас. Според неколку резенции, би требало и Q10 да бидат такви. Но, неуспеав да најдам мерења за овој модел.

Ако си фан на bass-heavy слушалки, не гледам причина да бидат лоши, посебно не за таа цена.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Кај мене го има тоа само ако се на 80% па нагоре. Подолу од тоа го нема. Инаку се, од звучници, до монитор, до лаптоп, се ми е на еден продолжен кабел врзано. Можно е да е до тоа, ама само еден штек имам во собава па немам баш избор. Секако погласно од 50% не ги пуштам.

Да се поправам - и кај мене тој брум се јавува над 80%, сега тестирав пола саат. Го снемува кога ќе го извадам aux кабелот. Пробав со друг aux, дури полошо беше.

Ама има некој звук кога е потивко, некој шум онака static тивок, ваљда од конекциите за звучниците во субвуферот.

Го извадив цел систем на скроз друг штекер, без никакви кабли и продолжни околу. Исто се однесува.
 
Тогаш би требало да е до вграденото појачало. Обично, активните звичници од тој тип такви се. :)
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Стигнаа слушалкиве пред некој ден.

Buy Products Online from China Wholesalers at Aliexpress.com

View: https://www.youtube.com/watch?v=EV12ZYu1TbE

Од чичко аљи нарачани, убаво спакувани си идат со се торбичка и убави падови.

Исто ко шо викаат у видеава не се пуштаат многу така шо ако имате преголема глава тешко дека ќе ве соберат. Ја на највеќе пуштени ТАМАН ми се, шо е среќа пошо тоа е едно нешто шо би ги уништило као продукт.

Квалитетот на изработка е феноменален. Претежно метал. Чашките (како и да се викаат) за преку уши се доволно големи и за поголеми ушиња, и удобно ти влатаат ушите унутра а перничињата не се премеки ни претврди.

Ова е иницијална импресија. Имаат широк саундстејџ дефинитивно, но не сум си играл доволно споредба со слушалки за да кажам колку се добри/лоши у споредба со поскапи модели.

Квалитетот на звук е феноменален, пуштив и неколку тест noise траки за тестирање на range на бас и високи тонови и можам да кажам дека имаат и голем range. Чист и убав звук, и дефинитивно можам да чујам повеќе од елементите кои со други слушалки не се слушале во различни композиции.

Ги пробав набрзина само, на неколку класични, рок и некоја бас heavy песна.

Доколку имате плејлиста за препорака да ја пробам пратете со тоа шо имајте на ум дека не сум ништо експерт на темата.

Се на се презадоволен, ќе ставам слики деновиве и ќе напишам и нешто плус и ќе одговорам на прашања ако има.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Дечки, само да се надоврзам дека слушам песни шо ги знам до нота (Bohemian Rhapsody на пример) и има толку многу повеќе у песните со слушалкиве, ама и звучат многу поприродно - као да слушаш у живо инструментите... flat се тапаните на пример мноооогу, шо е као не можам да опишам многу подруг звук. Као у студио да слушаш... не е толку exaggerated ништо у звукот.

Сосема ново искуство за мене. Од една страна ми фали малце како звучеле онака нагласено некои делови од песните, од друга ми е фантастично колку се flat. А и не се ова нај-flat слушалки ако се слушаат луѓе шо знаат шо зборуваат... ама за мене се врв!
 
WeiWuWei

hello world
17 јануари 2020
286
171
Имам опција на слушалките 44.1кHz Sample Rate и 48кHz, што е подобро знае ли некој?
 
Андреј

hello world
4 септември 2012
184
470
Варшава, Полска
discord.gg
Стигнаа слушалкиве пред некој ден.

Buy Products Online from China Wholesalers at Aliexpress.com

View: https://www.youtube.com/watch?v=EV12ZYu1TbE

Од чичко аљи нарачани, убаво спакувани си идат со се торбичка и убави падови.

Исто ко шо викаат у видеава не се пуштаат многу така шо ако имате преголема глава тешко дека ќе ве соберат. Ја на највеќе пуштени ТАМАН ми се, шо е среќа пошо тоа е едно нешто шо би ги уништило као продукт.

Квалитетот на изработка е феноменален. Претежно метал. Чашките (како и да се викаат) за преку уши се доволно големи и за поголеми ушиња, и удобно ти влатаат ушите унутра а перничињата не се премеки ни претврди.

Ова е иницијална импресија. Имаат широк саундстејџ дефинитивно, но не сум си играл доволно споредба со слушалки за да кажам колку се добри/лоши у споредба со поскапи модели.

Квалитетот на звук е феноменален, пуштив и неколку тест noise траки за тестирање на range на бас и високи тонови и можам да кажам дека имаат и голем range. Чист и убав звук, и дефинитивно можам да чујам повеќе од елементите кои со други слушалки не се слушале во различни композиции.

Ги пробав набрзина само, на неколку класични, рок и некоја бас heavy песна.

Доколку имате плејлиста за препорака да ја пробам пратете со тоа шо имајте на ум дека не сум ништо експерт на темата.

Се на се презадоволен, ќе ставам слики деновиве и ќе напишам и нешто плус и ќе одговорам на прашања ако има.

Интересно, изгледаат како копија на beyerdynamic DT770 Pro.

Search за open headphones според нарачки

Изгледа дека се популарен избор.

Случајно ги видов и Philips SHP9500 подолу, Rtings ги има во листата на буџет аудиофилски слушалки. Со неколку филтри, може да звучат уште подобро.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Имам опција на слушалките 44.1кHz Sample Rate и 48кHz, што е подобро знае ли некој?
44.1khz, 99% од аудиото е на таа херцажа и е непотребен апскејл на 48 башка то, не добиваш абсолутно ништо чак губиш затоа што има повеќе шанса за грешка ама то е цепидлачење.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Интересно, изгледаат како копија на beyerdynamic DT770 Pro.

Search за open headphones според нарачки

Изгледа дека се популарен избор.

Случајно ги видов и Philips SHP9500 подолу, Rtings ги има во листата на буџет аудиофилски слушалки. Со неколку филтри, може да звучат уште подобро.

Токму на тие се некој вид копија... се одлучив за овие после гледање на рецензии од тој Z на јутуб, по препорака на членови на форумот.
 
Андреј

hello world
4 септември 2012
184
470
Варшава, Полска
discord.gg
@Андреј - Дали може мислење за Samson SR850, нормално ако знаеш нешто за нив?

Би се користеле за слушање музика на PC, игри...

Не би знаел, не сум пробал од овој бренд, изледаат слично како Superlux.

Можеби види ги и тие, Rtings ги препорачува и на Thomann се bestselling под 50 евра со 3648 оценки.
 
9 август 2018
1.172
477
Случајно наидов на темава ама ајде кога сум веќе тука да си прашам.
За едно 8 месеци ќе се селам во нов стан. Таман ќе надоградувам PC и планирам да земам Razer Kraken.
Е сега од Али Експрес и овде во Сетек нема некоја wow разлика во цена, едно на Ali Express се со црна боја а во Сетек се со зелена боја. Ама сепак мене тоа не ми менува ништо. Туку за гаранцијата, ако недајбоже им се деси нешто ако ги земам од Али Експрес ќе треба да ги враќам назад у Кина и пак едно 2 месеци да чекам а вака 500 па макар и 1,000 поскапо ќе ги платам од тука ама еве сервисот на Сетек им е тука, а и прилично сум задоволен. Ми се беше расипал еден Cooler Master маус па одма наредниот ден ми стигна порака и ми дадоа замена.
Сепак тоа нема везе од кај ќе ги земам, него бидејки овие се 7.1 а мене матичната нема да ми извади 7. 1 Audio бидејки вади само Stereo.
Матичната ми е Gigabyte B360 M - H, и немам никаква посебна звучна картица.
Да знам дека самите слушалки си имаат некаков претворувач па дури и на стерео звук ќе може во 7.1 да се префрли ама тоа нема да биде реално 7.1
Е сега прашувам дали да земам посебно 7.1 звучна картица и да си продужам така, или да си остане така со претворувачот од самите слушалки но да земам појачало?
Јас кога прашав и во Anhoch дечкото ми препорача да си земам појачало и така ќе ми се исплатело повеќе, бидејки со 7.1 звучна картица немало тоа многу работа да ми заврши а и плус веќе не се користеле 7.1 звучни картици толку многу.
Што ќе кажете вие?
Инаку посебно само појачало нема да зимам туку најверојатно ќе земам звучници кои што ќе имаат појачало и Audio Output преку самите звучници за слушалки.
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Си немал среќа и/или стратегија. Сум внесувал на тој начин што ги вадам од кутија и ја фрлам кутијата (телефони најчесто и помали парчиња роба). Гитара сум внесил кажувајќи на свирка бев Лерин и моја лично е. Ова само во случај да робата е над 350 евра и да ми е купена од продавници каде одам првпат. Исто така продавницата од каде купувам имам добра соработка и нешто да е над 350 евра ми пишува фактура под таа цена за да не плаќам царина. Ти доста несреќен си бил инаку, мене ретко ми се случува да ми отворат багажник исто така. Роба од повеќе парчиња што надминува 350 евра може да се внесе на повеќе пати исто така (ова во случај да рачуна целокупна вредност на сите делови, а не засебно парче по парче, не сум сигурен).
Кај има во Лерин продавница за музичка опрема?
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Случајно наидов на темава ама ајде кога сум веќе тука да си прашам.
За едно 8 месеци ќе се селам во нов стан. Таман ќе надоградувам PC и планирам да земам Razer Kraken.
Е сега од Али Експрес и овде во Сетек нема некоја wow разлика во цена, едно на Ali Express се со црна боја а во Сетек се со зелена боја. Ама сепак мене тоа не ми менува ништо. Туку за гаранцијата, ако недајбоже им се деси нешто ако ги земам од Али Експрес ќе треба да ги враќам назад у Кина и пак едно 2 месеци да чекам а вака 500 па макар и 1,000 поскапо ќе ги платам од тука ама еве сервисот на Сетек им е тука, а и прилично сум задоволен. Ми се беше расипал еден Cooler Master маус па одма наредниот ден ми стигна порака и ми дадоа замена.
Сепак тоа нема везе од кај ќе ги земам, него бидејки овие се 7.1 а мене матичната нема да ми извади 7. 1 Audio бидејки вади само Stereo.
Матичната ми е Gigabyte B360 M - H, и немам никаква посебна звучна картица.
Да знам дека самите слушалки си имаат некаков претворувач па дури и на стерео звук ќе може во 7.1 да се префрли ама тоа нема да биде реално 7.1
Е сега прашувам дали да земам посебно 7.1 звучна картица и да си продужам така, или да си остане така со претворувачот од самите слушалки но да земам појачало?
Јас кога прашав и во Anhoch дечкото ми препорача да си земам појачало и така ќе ми се исплатело повеќе, бидејки со 7.1 звучна картица немало тоа многу работа да ми заврши а и плус веќе не се користеле 7.1 звучни картици толку многу.
Што ќе кажете вие?
Инаку посебно само појачало нема да зимам туку најверојатно ќе земам звучници кои што ќе имаат појачало и Audio Output преку самите звучници за слушалки.

У галерија или анхоч, може да се поевтини, провери си.
 
Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Кај има во Лерин продавница за музичка опрема?
ПРОАУДИО - ПАСХАЛИДИС, одма зад главната црква.

P.S. Работата е што не држи ништо на залиха АМА може СЕ да порача. Ако го нема во грчките продавници во атина и солун, ќе го тргни од германија.
 
Атачменти

  • chrome_WlsunsYb9s.png
    chrome_WlsunsYb9s.png
    1,6 MB · Прегледи: 58
  • YNaRV6hkWZ.png
    YNaRV6hkWZ.png
    299,2 KB · Прегледи: 55

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно