Gronk
hello world
- 20 март 2021
- 143
- 195
ЧибичанИ 60hz екран.![]()
ЧибичанИ 60hz екран.![]()
Ако може мала помош, имам Iphone купен од телеком на мое име, кој е сеуште под гаранција. Ја имам и кутијата од него, но уредот не е кај мене. Што да направам за уредот да биде блокиран, читам дека операторот може да го стори тоа. Уредот знам каде е, но не сакам да се стигне до полиција, едноставно сакам да биде блокиран и да неможе да се користи. Дали е тоа изводливо? Инаку телефонот си има Apple акаунт кој што не е на мое име.
Ви благодарам.
Не можеш ништо да направиш ако не знаеш iCloud податоци како email и password.„... Инаку телефонот си има Apple акаунт кој што не е на мое име.“
Можеш офлајн да ги користиш овие?
Едино тоа го глеам ко предност, ама ако има офлајн онда тоа е тоа…
Кога купувате скапи играчки на девојките кој ви е крив ко ке раскинетеАко може мала помош, имам Iphone купен од телеком на мое име, кој е сеуште под гаранција. Ја имам и кутијата од него, но уредот не е кај мене. Што да направам за уредот да биде блокиран, читам дека операторот може да го стори тоа. Уредот знам каде е, но не сакам да се стигне до полиција, едноставно сакам да биде блокиран и да неможе да се користи. Дали е тоа изводливо? Инаку телефонот си има Apple акаунт кој што не е на мое име.
Ви благодарам.
не е точно ова, ако чуваш сметка и имаш доказ дека ти си го купил производо и одиш во полиција да пријавиш онда немаш никаков проблем, за купопродажба на половни производи постои нотарски договор и пожелно е да се користи за поскапи производи.Нема да можеш другар ништо да направиш, дури и во полиција да пријавиш.
Пример ти си го купил и мене си ми го продал. Тоа што е на твое име сметката не ти дава право да бараш да се блокира телефонот.
Другата страна може да каже го купив телефонот, не ми даде кутија си ставив мој акаунт...
Sent from my SM-G781U using Tapatalk
не е точно ова, ако чуваш сметка и имаш доказ дека ти си го купил производо и одиш во полиција да пријавиш онда немаш никаков проблем, за купопродажба на половни производи постои нотарски договор и пожелно е да се користи за поскапи производи.
Мој совет до сите е, кога купувате било каков производ половно, претпочитајте разговорите да се на Вибер или друг чет, направете скриншот од целиот разговор и огласот (од реклама 5, пазар3, ит форум и сл.) и ова ќе ви биде доволен доказ за во иднина да докажете дека сте го купиле производот по предходно договорена цена.
Во случај на корисников, ако нема никакви докази дека го продал или дал на поклон, а поседува сметка и кутија, може слободно да побара од полиција да му го вратат. Фер би било најпрво да си го реши ова директно со корисникот на телефонот (по целиот разговор добивам впечаток дека знае точно кој го поседува и делува како своеволно да го има дадено), ако неможе на овој начин онда иди во полиција и врати си го назад уредот.



Абсолутно не си во право, во изминативе 3 години бев повикан 3 пати како сведок на украдени графички карти и ригови.Абе ајде. Полиција ќе му рече да тужи. САМО ако е украден полиција почнува некаква постапка.
Абсолутно не си во право, во изминативе 3 години бев повикан 3 пати како сведок на украдени графички карти и ригови.
Во сите 3 случаеви пријавата беше од вистинскио сопственик кој што си имаше сметки и кутии од графичките, истите им беа уредно вратени на сопствениците, беа вратени само оние за кој што вистинскиот сопственик си имаше сметка и кутија, за сите оние за кој што немаа беше потребно обвинетиот да си докаже дека не ги украл, дел од нив беа купени од мене па беше потребно јас да дојдам како сведок и да приложам сметка и да сведочам дека истите се купени од мене и не се украдени, па дури тогаш им беа враќани.
Сигурен сум дека и за мобилен телефон он над 500е е истата постапка.
Значи се додека има сметка и кутија има право да си го побара уредот назад, како што кажав ќе биде потребно најпрво директно да си го побара од корисникот, доколку корисникот одбие да му го врати тој има право да си пријави во полиција и да си го земе назад.
Ве молам без празни чаршиски муабети од типот "Абе ајде..." дајте конкретен сличен случај, или пример. Потребно е да му се помогне на членов, не да мериме му** овде со прости реплики.

Не не, ти си тој што не чита,Апсолутно НЕ ЧИТАШ. Ова не е крадено. Толку (а и за крадено не им е многу високо на листата на приоритети)
Веќе го напишав ова, еве ќе го издвојам само делот:Има еден куп примери каде што се купува телефон, но поради тоа што истовремено се купени повеќе уреди (најчесто од оператор), газдата не ја дава фискалната и гаранцијата (ако е помината). Или едноставно гаранцијата е помината и не ја земаш воопшто. И што правиме ако во тој случај газдата го пријави телефонот како украден или дека си го сака назад?
Да во минатото купувавме телефони од 100-200 евра па затоа и не се замаравме, денешниве коштаат по 1000 евра и искрено ако некој ти нуди телефон без гарантен лист, кутија и сметка би било паметно да се заштитиш на некаков начин, купопродажен договор е нешто околу 300 денари.п.с. Многу ме интересира дали некој на форумов купил или продал половен телефон со купопродажен договор заверен на нотар? Или дали ти имаш купопродажни договори за сите работи што си ги огласил на форумов (а баш се во голем број)?
Веќе го напишав ова, еве ќе го издвојам само делот:
Мој совет до сите е, кога купувате било каков производ половно, претпочитајте разговорите да се на Вибер или друг чет, направете скриншот од целиот разговор и огласот (од реклама 5, пазар3, ит форум и сл.) и ова ќе ви биде доволен доказ за во иднина да докажете дека сте го купиле производот по предходно договорена цена.
Благодарение на вибер муабети исфотокопирани на обичен лист, успеав да си увезам уред од Србија без да платам царина, на овој начин можев да приложам доказ дека уредот бил на оглас, сум разговарал со продавачот и по која цена сум го купил, во тоа време (пред 3 години) за производи под 350е бевме ослободени од царина.
Законот во тоа време гласеше, доколку неможеш да ја докажеш вредноста на уредот што го увезуваш во тој случај уредот ќе оди на вештачење и "Стручно Лице од Царина" ќе ти направи проценка колку вреди па на основ на тоа ќе бидеш ослободен од царина или ќе си платиш царина.
Да во минатото купувавме телефони од 100-200 евра па затоа и не се замаравме, денешниве коштаат по 1000 евра и искрено ако некој ти нуди телефон без гарантен лист, кутија и сметка би било паметно да се заштитиш на некаков начин, купопродажен договор е нешто околу 300 денари.
Тоа значи дека никој друг ја нема сметката и само ти ја имаш кутијата од тој мобилен телефон.Без да звучам грубо, ти си изгубен со реалноста. Мобилари фискални не даваат(не дека така треба или го подржувам), купопродажен договор… ОК
Sent from my iPhone using Tapatalk