Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.618
19.354
Здраво дечки, ќе ве молам предлог за средство или пена за чистење клима или да се тера со Дезинтал (или комбинација од двете)?
Ако е пушачка просторија тогаш барај пена за која добро ќе си отвориш очи што содржи. Да нема Натриум Хидроксид (Жива Сода) ни во трагови

И да е во пушачка просторија не ти треба пена. Оклопот надвор, нова евтина четка за фарбање, натопи ја во шпиритус и терај нежно.

Крај краева, не мора ни оклопот. Прво усисај колку што можеш.

Јас последно време употребувам од оние електричните дувала (не за лисја :))
Го вадам предниот капак, префрлам влажна ткаенина преку цела клима и под неа дувам.
Потоа со жешки води, дезентали, четки итн.
 

fis1976

lurker
15 март 2016
676
1.300
Скопје
Зедов 2 Mitsubishi MSZ-HR25 во Ноември 2022, до сега филтрите се редовно чистени на секои 2 недели, со усисување и со четкичка долга да се изчисти прашина колку може. Се мислев скроз да ги расклопам и едно темелно чистење да им направам. Едната се користи повеќе од другата и се фаќа повеќе прашина, другата е стакло. И во двете простории не се пуши.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.588
3.063
Зедов 2 Mitsubishi MSZ-HR25 во Ноември 2022, до сега филтрите се редовно чистени на секои 2 недели, со усисување и со четкичка долга да се изчисти прашина колку може. Се мислев скроз да ги расклопам и едно темелно чистење да им направам. Едната се користи повеќе од другата и се фаќа повеќе прашина, другата е стакло. И во двете простории не се пуши.
Ако не осеќаш некоја миризба ко ќе ја работиш, нека ја уште година две, не би требало да имаш проблем.
Мојава ја чистев темелно после 7 години користење (не зборувам за редовното одржување на филтрите, туку викнав мајстор со уред на пареа и останати тракатанци).
Мајсторов рече дека многу малце била валкана ко за 7 годишно користење (во непушачка просторија, како кај тебе). После го замолив и надворешната да ја исчисти, ја погледна и рече дека не и требало на неа сеуште (иако беше прашлива, сепак надвор стој таа).
Сакам да речам, ако функционира најнормално, не ја чепкај.


П.С.
иначе инвертеров од мојов муабет се користи за греење: од ко ќе ја вклучам, нема исклучвање цела грејна сезона (можда намалување на температура повремено, ама толку).
И за ладење се користи, нормално, ама то не е 24/7.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.618
19.354
Зедов 2 Mitsubishi MSZ-HR25 во Ноември 2022, до сега филтрите се редовно чистени на секои 2 недели, со усисување и со четкичка долга да се изчисти прашина колку може. Се мислев скроз да ги расклопам и едно темелно чистење да им направам. Едната се користи повеќе од другата и се фаќа повеќе прашина, другата е стакло. И во двете простории не се пуши.
Време е за расклопување. Особено обрати внимание на задниот дел од испарителот. Тој сега е затестен. Него за да го исчистиш треба да се вади оклоп. Моја препорака ти е тука веднаш да не прскаш ништо затоа што ќе се начука подлабоко.
(прашај од каде знам)

Земи четка за заби, дршката над летката свиткај ја некако под Г и почни на суво низ ливчињата одоздола на горе, потоа усисај и кога ќе видиш дека се ослободило дури тогаш. Но внимавај со турање на течности таму. Задниот канал за одвод е на грбот од климата и може да ти прелее по ѕид а истиот е пиврзан со предната кадичка за одвод.

Засега не ти препорачувам да ја вадиш турбина сам. Ќе ти треба помош од друг. На Јутубе е лесно, во пракса е да си го колнеш денот.
Треба да се крева испарителот нагоре. Ризично е
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно