Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

dŵr & пријателите (или тирада за како да не се направи грамофон).

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.053
1.139
Куманово
Оваа и Џони Ајви да завиди..

Благодарам што го сподели ова со нас. Ова ниво на посветеност, внимание, избор на материјали, мерењата во децимали, па сè до финалната изработка е навистина реткост.

Вистинско ремек-дело!
 
28 јануари 2017
2.097
4.836
Ресен
Не издржавме, со ќејф читаме.

И мене ме интересира една груба пресметка, ако ништо друго само на материјалите што влегоа во проектов. Се колниме дека домашните нема да разберат за цената.
 

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.102
3.575
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / 2x 2TB Samsung NVMe 990 Evo Plus / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
DDR4 3200MHz Kingston Fury Renegade Kit CL16 (2x32)
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855) / Keychron Q2
OS
ArchLinux
Не успеав да најдам бакарни безглавени завртки. Но најдов, и порачав, безглавени завртки од нерѓосувачки челик, со врв од тврд најлон, со што нема веќе да се оштетуваат завршните површини, плус ќе се добие дополнително одвојување.
Titanium ?
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
774
2.068
За денес, груба пресметка на трошокот за изработка на грамофонот, каков што е сега.

Водете сметка дека оваа пресметка ја покрива финалната верзија, а не и сите верзии на деловите. Исто така, релативно е груба, и наместо да наведам финална цифра, се обидов да ги структуирам различните компоненти кои можат да варираат во цена.

Цените понудени се приближни, материјалот може да биде и поефтин, но работната рака може да биде и многу поголема.

Оттука...

1. Сирови Материјали

СтавкаКоличинаЦена
Алуминиум165 кг€12 по килограм
Бронза15 кг€25 по килограм
Полиоксиметилен22 кг€15 по килограм
Дрво36 кг€2 по килограм
Челик2 кг€15 по килограм
Мотор1 парче€200
Погонски компоненти1 комплет€300
SME компоненти3 комплети€200 по комплет
SME 3009 рачки3 комплети€350 по комплет

2. Работна Рака

СтавкаКоличинаЦена
Елоксирање1 комплет€300
Цементација1 комплет€100
Пресвлекувања1 комплет€200
Лакирање1 комплет€200
Машинска обработка250 работни часа€25 по работен час (1)
Дизајн360 работни часа€15 по работен час (2)
Склопување60 работни часа€15 по работен час (3)

Неколку работи:
  1. Пресметката не е финална, туку е груба. Финална сума нема, но кој сака може да си пресмета или со предложените цени по килограм и работен час, или да си замени свои;
  2. Сумите предложени се оние кои ги утврдив деновиве според постоечките понуди, и очекувано се повисоки од цените кои јас ги платив;
  3. Цените за материјалот се стандардни, непривилегирани. Се работи за квалитетен материјал, па цената го рефлектира тоа, иако верувам дека може да се договори нешто пониска цена на овие количини;
  4. Цената по работен час машинска обработка (1) е апсолутно најниска што може да биде за прецизна обработка. Стандардните цени кај нас се повисоки, а надвор од МК се 4-6 пати повисоки од предложената;
  5. Цените по работен час дизајн (2) и склопување (3) се арбитрарни и се базираат на пресметана просечна плата во соодветната индустрија за таков кадар. Јас не се плаќам себе си, но сметам дека се клучни за вклучување во пресметката доколку се сака реална пресметка.
Се надевам се доволно информации да се долови вложениот напор и ресурси.

И со тоа, ве оставам со бесмртните зборови на Бапчо како кандидат за градоначалник за Конопиште:

"Еден лист, една марка. Сто листа, сто марки. Натаму ја не бројам, вија да броите!"
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.091
7.780
Браво. „Меракот нема цена“ ама тука е околу 20.000 евра без ќар... БРАВО!
 

xenon

wemaxa.com
15 јануари 2011
4.812
12.845
Skopje
wemaxa.com
@InSides - како мислиш би постапил условно производител што би сакал да го произведува ова сериски? Од ракав еве, јас би одел на варијанта металните делови да бидат лиени наместо екструдирани, условно кажано можеби некоја поефтина легура.

Или, ако треба да го презентираш ова на некој заинтересиран инвеститор, која алтернатива би ја понудил, да се долови визуелниот момент, 90% од репродукцијата / "вајбот" / со 1 глава.

Реално, исто како и со спортски машини, ова не е можно сериски да се реплицира но некаква "доволно добра" формулација сигурно постои што е можно да ја види светлината на денот.
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
774
2.068
Единствена потенцијална пречка за серијализација се, реално, финансии.

Да појаснам.
  1. Грамофонот, и сите составни компоненти, се дизајнирани со една преференца (најдобар можен перформанс) и едно ограничување (најголемиот дел од деловите да можат да се изработат на рачен струг - дребонг);

  2. Сите ротациони компоненти мораат да бидат изработени со машинска обработка (струг - машина за ротациска обработка) затоа што така се постигнува не само статичка, туку и (многу поважно) динамичка рамнотежа;

  3. Легурата не може да се замени со поефтина затоа што 6061 и 6082 се најдобро подложни на обработка и елоксирање - замена со друга легура ќе повлече нови испитувања во врска со пригушување (damping) како и потреба од истражување на нови пристапи за завршна обработка;

  4. Лиени делови се проблематични од неколку причини - една од поголемите е секако финансиска - калапите за лиени делови се многу скапи и за да се исплатат потребна е многу голема серијализација. Но поважно од ова е фактот што лиени делови се најчесто порозни, што е проблематично за овој пристап, и, без разлика на изведбата, сепак ќе мораат да се подложат на машинска обработка за да се достигне бараното ниво на прецизност.
Епа дали е воопшто возможно?
  1. Апсолутно е возможно затоа што ќе се работи по техничка книга која ќе се фокусира на склопови - на пример, за мала серија од 10 грамофони, прво ќе се работат само склоповите на ногарките на грамофонот. Секој склоп таму е составен од 6 делови, секој грамофон побарува 3 такви склопа, значи ќе може да се изработи поголема количина со оптимизација на машинските работни часови. Наредно ќе се направат 10 долни чинии, па 10 горни чинии, па 10 лагери итн итн итн;

  2. Голем дел од времето за машинска обработка отпаѓа на подготвителни работи - оптимизација на машината и материјалот, подготовка на стеги и придружни елементи (склопови за монтирање на деловите за обработка) итн;

  3. Сите делови веќе имаат подготвени склопови за монтирање, доколку мајсторот се уште ги чува (треба да проверам) и доколку е волен да се нафати пак на оваква работа;

  4. Завршната обработка ќе биде изведена наеднаш итн итн.
Пак ќе речам, изводливо, прашање е дали и колку.

Ова не е доволно "bling" за да ги заинтересира кинеските производители - таму се удрени на хромирани чудовишта со еден куп акрил, што е далеку од мојата философија.

Локалните аудиофили кои можеби и можат да си го дозволат (има милионски системи во МК, и тоа доста на број) не се заинтересирани за поддршка на локално производство.

Убеден сум, колку и да звучи погрешно, дека доколку некој производ нема локална поддршка од купувачи, нема лесно (или воопшто) да успее и надвор. Голема потврда за тоа се нашите северни соседи.
 

gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Аууу...чоек да не се зафати со појеќе работа....ќе ја пропуштев темава....

@InSides Фацинантно за се што имаш сторено, особено за посветеноста и ентузијазмот знаејќи дека ова ти е само пропратно нешто меѓу куп тековни ствари во животот....

Да не речам ми делуваш како утеха....си велам ете Киро, не си ти само со дијагностика, има и други и тоа со ушпте појака дијагностика од твојата....или со други зборови да не се притесњавам кога ќе добијам мотив да трошам време и пари на хоби (или на „глупости“ што би рекла жена ми и жените на многу други...)...
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
774
2.068
Да не речам ми делуваш како утеха....

I will take that win. :)

пропратно нешто меѓу куп тековни ствари во животот....

Гледаш колку време ми треба да дојдам по еден вентилатор. :D Ќе те натерам да го донесеш со изговор да го слушнеш грамофонот. :)
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно