Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Омекнување на вода, решенија за бигор за цел стан/куќа

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.731
3.403
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Да ја освежиме темава, другар ми го препорачува ова (не ми го продава) па ме интересира што мислите за овие уреди? тој има верзија постара од овој ама вака е задоволен...

eX3v1l

user
2 мај 2011
1.367
1.232
eX3v1l's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X
Motherboard
ASRock Fatal1ty X470 Gaming K4
Storage
Samsung 970 EVO 500GB
PSU
Cooler Master MWE 750w
RAM
32GB 3200MHz G.Skill Trident Z
Video card
RTX 3070 EAGLE
Case
Cooler Master K380
Mouse
G502
Keyboard
RIPJAWS KM570 MX-Brown
Monitor
Dell S2721DGF
OS
Windows 10
Ги има за многу поефтино. Јас овој го имам. Незнам кој град си, во Скопје многу е тврда водата и често треба да се менува мембрана и филтри и провери си дали ти се исплати.

Скопје, епа што е решение за водава тука? :)
 
eX3v1l

user
2 мај 2011
1.367
1.232
eX3v1l's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X
Motherboard
ASRock Fatal1ty X470 Gaming K4
Storage
Samsung 970 EVO 500GB
PSU
Cooler Master MWE 750w
RAM
32GB 3200MHz G.Skill Trident Z
Video card
RTX 3070 EAGLE
Case
Cooler Master K380
Mouse
G502
Keyboard
RIPJAWS KM570 MX-Brown
Monitor
Dell S2721DGF
OS
Windows 10
Ова е добро решение за вода за пиење. Ова ти го дадов како пример, јас го имам и го користам. Ги има многу на пазар, различни модели со различни цени, и само пишав да имаш во предвид дека се менуваат често филтри, да си планираш трошоци и за тоа.
 
gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
Скопје, епа што е решение за водава тука? :)
има решение, омекнувањето на вода е комплициран процес, треба да се знае што има во водата и што треба да остане а што да се отстрани, кошта од неколку десетици илјади до милиони евра, имаат пивара, алколоид и сл фирми. Менувајте греачи и пијте флаширана вода, или направете систем за омекнување ако имата неколку стотини квадрати простор и милиони јурос. Или емигрирајте или преселба на село.
 
Corsair

hello world
7 мај 2015
81
56
Да ја освежиме темава, другар ми го препорачува ова (не ми го продава) па ме интересира што мислите за овие уреди? тој има верзија постара од овој ама вака е задоволен...

Wow 700€ hahah mi izgleda kako scam
zemi ova kompakten 6filtri zadovolen sum od 500PPM na 0.40 mi go zameni TDS ne znam dali znaes sto se ama brojkite ti kazuvat :)

Brat mi ima 7stage samo bocata ne e zaedno so kucisteto.

Ovi se za pienje pod umivalnik, a za cela kukja toa e druga pesna i skupo. Ili ostranuvanje samo bigor e malku poeftino ali treba solni tableti da se puni sekoi 2 3 meseci vo zavisnost na tvrdinata. 1000den џак.

Inako filterite se 60€ godisno zavisi od vodata sega kako ti treba godisno ili 6 mesecno. Kupi i TDS od temu pa da go analiziras vodata vo kolku vreme se gadi.

Poz
 
Slavjan

read-only
9 јануари 2019
1
0
Здраво екипа, дали некој има искуство со следниве уреди што се нудат од ECOFINE струмичка фирма (Ecofine Уништувач на бигор). Рекламираат дека функционира за згради и куќи на главен довод што искрено малце не ми е логично? Ако некој има било какво искуство супер би било да сподели. Поздрав
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.580
3.220
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Бигорот многу нервира и прави проблеми. На пример се расправам со казанчето, машината за садови исто си има мака, чешмите треба еднаш месечно во оцет како и тушот итн. Ама не ми се јасни муабетите со пиење флаширана вода ради ова?
Скопската вода се тестира редовно и да не ја урочам секогаш има одлични резултати, башка од тоа што го читам тврдата вода нема никаква поврзаност со некакви здравствени проблеми, напротив може да има позитивни ефекти.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.588
8.234
Мелмак
Здраво екипа, дали некој има искуство со следниве уреди што се нудат од ECOFINE струмичка фирма (Ecofine Уништувач на бигор). Рекламираат дека функционира за згради и куќи на главен довод што искрено малце не ми е логично? Ако некој има било какво искуство супер би било да сподели. Поздрав

WTF е ова? На кој принцип работи? Според сликиве што ставаат некои намоти околу цевките и врзани во струја ми делува ко некое змиско масло работа.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.100
6.042
Сето ова е опфатено во ПРВИОТ пост во темава.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
xenon

░1+1=1░
15 јануари 2011
4.804
12.824
Skopje
www.wemaxa.com
Здраво екипа, дали некој има искуство со следниве уреди што се нудат од ECOFINE струмичка фирма (Ecofine Уништувач на бигор). Рекламираат дека функционира за згради и куќи на главен довод што искрено малце не ми е логично? Ако некој има било какво искуство супер би било да сподели. Поздрав

Ха-ха-ха, ха.

Вакви уреди можат да поминат само кај крајно неуки луѓе кои немаат основни познавања од својства на вода, раствори, електро-магнетизам, јонска размена итн односно еден обичен маркетинг трик при што со користење на псеудонаучен речник се продаваат обични калеми со жици свиткани околу цевки и немаат никакво физичко (или хемиско) влијание врз било какво отстранување на минерали од вода.

Наместо вистинско омекнување на вода преку систем како на пр. јонска размена, овие електронски "уништувачи на бигор" играат на карта ако проџе-проџе, бараат долги рокови за плацебо ефектот да упали и да продуцира "видливи резултати" односно додека оној што платил не почне да се самоубедува за да не се осеќа ко глуп излажан вол.

Калеми со жици врз пластични или метални цевки немаат никаква улога врз минералите во водата.

Основна идеја на која се базираат овие измами е т.н. Индуцирана нуклеација односно се тврди дека електромагнетно поле ги тера јоните на калциум и магнезиум забрзано да се врзуваат меѓусебно уште во самата водна маса (во суспензија), формирајќи микроскопски кристали (арагонит) наместо цврсти наслаги (калцит) кои се лепат на грејачи и ѕидови на цевки. Се претпоставува дека фреквенциите ги менуваат водородните врски меѓу молекулите на водата, со што се намалува способноста на минералите да се таложат на површините.

Не функционира затоа што електро магнетното поле тука е премногу слабо. За да се натераат растворените јони (калциум и магнезиум) физички да се привлечат и да формираат кристали во водната маса само преку надворешна индукција, потребни се екстремно силни електромагнетни полиња (со гигаватна моќност или специјални индустриски реактори). Уредите со неколку намотани жици и слабо напојување (преку обичен адаптер) генерираат многу слабо електромагнетно поле кое нема никаква моќ да ги "тера" јоните да се врзуваат во суспензија.

Водата во цевките се движи со брзина од неколку метри во секунда. Дури и кога би се создале некакви микро-кристали, нивниот животен век е минорен а водата одма продолжува со течење. Кристализација во реален свет бара време, соодветна температура и термодинамички услови кои едноставно не можат да се иницираат со лепење жици на пвц цевка.

Маркетингот тврди дека уредот го претвора тврдиот калцит во мек арагонит. Во пракса, арагонитот е нестабилна полиморфна форма на калциум карбонат која на повисоки температури (на пр. во бојлер или машина за перење над 60°C) природно се претвора назад во калцит и се таложи сосема нормално.

Исто така, молекулите на водата се цврсто поврзани со мрежа од водородни врски кои се обновуваат милиони пати во секунда (на фреквенции од ред на тераханци). Слабите аудио или радио фреквенции што ги емитуваат овие уреди (обично неколку килохерци) немаат никаква физичка способност трајно да ја раскинат или преобликуваат таа структура па дури кога и со екстремни ласерски или радиофреквентни методи привремено би се нарушил површинскиот напон на водата, тој ефект е моментален односно водата ја враќа својата термодинамичка рамнотежа за дел од милисекунда откако ќе излезе од зоната на "третман" што значи дека додека водата да стаса до чешма/бојлер ефектот е одамна поминат.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.836
5.536

Системите, барем не германските, никаде не тврдат дека вистински се хемиски се менува или омекнува водата. Напротив насеккаде пишува дека не вршат класично омекнивање, т.е. менување на хемиската структура. Некој тоа и не го сака.
Само го менуваат прицесот и типот на моментална кристализација, и според лабораториски биоинженер до мене направите и физиката позади ова држи, пошто ја применуваат и во лабораторија за мерење и не знам што правење (на странски хемиски ми кажаа) на разни нивоа на растворени јони во раствори.
Проблематична е највеќе маркетираната ефикасност која и во понудените на сајт научни трудови не е толкава како рекламираната, т.е. нели на реклама секогаш се пише најдобрата бројка па после имаш * .
Инаку физички има некоја логика, и нема потреба од разбивање на водородни врски и слично што наброја. Е да, работи генерално краткотрајно и најдобро до кај 60-70Ц, што е генерално ОК и за бојлери и за куќни апарати (ретко греат повеќе). Ако ти стои вода таква во бојлер со денови или немаш проток низ цевките џабе ти е.
Генерално Германците помалку "лажат" од балканскиве и кинеските препродавачи. Не ветуваат магии.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
ама овие на сликиве на довод на куќа ставиле бакар околу пластични цевки низ кои протекува ладна вода. нема шанси тоа човек и плус жиците кои одат до тие омоти се тенки ко ***.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.836
5.536
ама овие на сликиве на довод на куќа ставиле бакар околу пластични цевки низ кои протекува ладна вода. нема шанси тоа човек и плус жиците кои одат до тие омоти се тенки ко ***.
Тоа е тоа бе, доста е. Ете удри Calmat или Vulcan water treatment ќe видиш дека тоа е и доволно е. На 1-2 цола цевка доста е. И нормално дека на ладна ќе се монтира нема на топлата после бојлер да ја ставаат. Да треба да ја ставаат нна храдски водовор со Ф500 или Ф1000 ќе треба да намотаат далновод

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно