Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

zlaki

read-only
4 јануари 2023
1
0
Кои се најбитните работи при избор на солиден клима уред???
Дали може да ми преорачате некои солидни клима уреди кои се на нашево тржиште, а и да не се премногу скапи?

Ви благодарам!:)

едитирано од модератор.

Резултати од мерење на потрошувачка на клима уреди и други уреди топлотни пумпи (читај правила)
se kupuvajte no ne tesla
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
за Тошиба земена пред 2 год:
мал дефрост прави за секој случај,бидејќи регистрира температури околу нула или пониски.од прилика 2-3 мин
големиот дефрост кај мене трае 15 мин
сега со маглата дали 2-3 пати направи дефрост,наместена на 23

искуство пред 15 год со обична,не инвертер клима,
на сув студ, работеше и на -18 без проблем
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Значи дека треба детално да набљудувам (и да ја проверам надворешната температура). Кај мене дефростот трае прилично долго, ама поголем дел од времето ватметарот покажува само 10 вати. Треба да видам колку време му треба за одмрзнување а колку време забошотува (не работи ништо).
И порано имам постирано вакви скриншоти од дефрост кај мојата клима. На суво и минус траат точно три минути. На вакви маглишта траат 5

Жолтите точки означуваат почеток на дување на топло со намален вентилатор па веќе (на графиконот) да развие 2,7 kW и да продолжи да тера натаму.
Screenshot 2023-01-04 172724.png

Истиот циклус зумирано
123.png

Ова при надворешна од -2 со тешка магла за која не памтам да траела олку долго.

Од друга страна на VIVAX AERI му требаат 13 минути да заврши и уште 2-3 да почне да дува како што треба топло. Среќа е што не прави чести циклуси (отприлика на 2 часа)
За ова време трупа мраз до непрепозналивост на испарителот.

Мицубишито посивува и јасно се распознаваат лимчињата (се гледа низ нив)
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
577
253
Дали тоа што моите клими се под сенка задскриени прават дефрост 1 до 2 пати на ден а некогаш и не прават и тој дефрост трае одприлика минута 2 најмногу што сум забележил е 5-7 мин на 18ката.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
Техничко прашање. Надворешната единица почна да капе т.е. тече вода. Мислам дека цревото што излегува од средината на единицата до одводот е затнато. Дали за да го извадам цревото од доле е потребно да се расклопи единицата? Или може само да ја повлечам пластиката во облик на круг со која е прицврстено цревото за единицата?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Техничко прашање. Надворешната единица почна да капе т.е. тече вода. Мислам дека цревото што излегува од средината на единицата до одводот е затнато. Дали за да го извадам цревото од доле е потребно да се расклопи единицата? Или може само да ја повлечам пластиката во облик на круг со која е прицврстено цревото за единицата?
Ако мислиш на пластичниот адаптер на кој е прикачено цревото тогаш да, може.

Има два типа од нив. Едните треба да се заротираат и да се повлечат надолу за да се извадат а другите имаат два запци (лево и десно) па треба малку натегање или со помош на прав штрафцигер да се ослободат.

Ако мислиш на буквално корнење надолу тогаш не. Ќе го расипеш адаптерот
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321

Адаптерот и цревото не се баш многу корисни. Често знаат да замрзнат во зима, мојата надворешна единица нема ниту адаптер ниту црево.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
Ви благодарам. Супер беше до сега. Ама изгледа од прашина е затнато па ќе пробам да го одзатнам ако успеам да го излечам адаптерот сосе црево.

И уште да прашам, цревото е слободно и се држи само на адаптерот така? Да не го повлечам колку што не треба па да откорнам нешто од внатре ако цревото е навинтено на некој дел од единицата.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Ви благодарам. Супер беше до сега. Ама изгледа од прашина е затнато па ќе пробам да го одзатнам ако успеам да го излечам адаптерот сосе црево.

И уште да прашам, цревото е слободно и се држи само на адаптерот така? Да не го повлечам колку што не треба па да откорнам нешто од внатре ако цревото е навинтено на некој дел од единицата.
Ништо нема да оштетиш.
За секој случај сликај затоа што не сум до крај сигурен за што зборуваш.
Или стави слика од нет
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
Го извлеков. Се врти 45 степени на десно и излегува. Тиња на влезот во цревото. Зачистив малку ама изгледа ќе треба и сајла. Ќе пробам сега вечерва вака па ако протече повторно утре ќе го сајлосам.

Инаку не можам без цревото зашто единицата ми е на балкон. Имам висок балкон па не се ни приметува зашто е високо поставена. Ако го извадам цревото ќе ми тече на балконот.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
623
346
Gree Lomo Eco прaви сув дефрoст и нa +10°C еднoстaвнo тaквa ( глупaвa ) електрoникa имaaт Gree јa пуштaм нa греење чекaм 2 минути пoтoa пoчнувa дa дувa дувa 3 минути и прекинувa трепкa сoнцетo нa Внaтрешнaтa Единица прaви сув дефрoст 7 минути притоа немa мрaз/лед нa Надворешната Единицa дефрoст-oт oдкoгa ќе заврши пoчнувa сo дувaње климaтa нo прaви сув дефрoст и мнoгу рaбoти сo висoкa мидулaцијa ( кaкo oбичен on-off климaтизер ) речиси и дa немa мидулaцијa тaкви се Gree
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
Четири внатрешни и две надворешни единици Gree имам. Ни една не прави така. Чудно. Нешто да не треба да се подеси. Викни сервис да ја видат.
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
@gokica ако мислиш сајла за цревото, не ти се исплати. 20-25 денари ти е метро црево. Башка што тие цревата се толку тенки (меки) што не знам ни дали ќе успееш да протнеш сајла ако е многу затнато...
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
@gokica ако мислиш сајла за цревото, не ти се исплати. 20-25 денари ти е метро црево. Башка што тие цревата се толку тенки (меки) што не знам ни дали ќе успееш да протнеш сајла ако е многу затнато...

Опшиено е со пластики на балконот да изгледа убаво. Плус не знам дали можам да најдам црево сосе тој адаптерот. Можеби може да се навинти ново.
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Опшиено е со пластики на балконот да изгледа убаво. Плус не знам дали можам да најдам црево сосе тој адаптерот. Можеби може да се навинти ново.
Има и црево и адаптери, а украсните лајсни лесно се вадат. Само горниот дел од лајсната треба да излезе, другиот си останува на ѕидот заштрафен. Ако пробаш со сајла можеш да го оштетиш некаде цревото и после да ти прокапува.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
Има и црево и адаптери, а украсните лајсни лесно се вадат. Само горниот дел од лајсната треба да излезе, другиот си останува на ѕидот заштрафен. Ако пробаш со сајла можеш да го оштетиш некаде цревото и после да ти прокапува.
Супер. Ќе купам ново штом е така.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.279
2.354
Го извлеков. Се врти 45 степени на десно и излегува. Тиња на влезот во цревото. Зачистив малку ама изгледа ќе треба и сајла. Ќе пробам сега вечерва вака па ако протече повторно утре ќе го сајлосам.

Инаку не можам без цревото зашто единицата ми е на балкон. Имам висок балкон па не се ни приметува зашто е високо поставена. Ако го извадам цревото ќе ми тече на балконот.
И кај мене е на балкон и си тече на балконот( плочки) па освен малце вода нема многу гајле. Гледај да не ти замрзне зимава цревото па да нема каде да оди водата и да ти замрзне надворешната единица.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
623
346
Четири внатрешни и две надворешни единици Gree имам. Ни една не прави така. Чудно. Нешто да не треба да се подеси. Викни сервис да ја видат.
Пoвикaв Сервис oд Gree ( ГТ - кoнтрoл сервис ) и oд сервисoт велaт нoрмaлнo Функциoнирa Климaтa си имa сензoр си знaе тoј сензoр кoгa дa прaви Дефрoст И им кaжaв викaм кaкoв е тoј сензoр штo детектирa вклучувaње нa Сув Дефрoст ниту еднa климa немa тaкoв сув дефрoст Велaт тaквa си е климaтa и тaкa требa дa функционира Тoa Беше Oдгoвoрoт oд Сервис-oт ( јaс знaм декa сув дефрoст не прaви ниту еднa климa ) Зa спoредбa имaм Haier климa и тaa не прaви сув дефрoст туку прaви дефрoст Haier кoгa имa пoтребa кoгa имa Лед/Мрaз нa надворешниот изменувaч
 
18 август 2019
1.225
1.199
Пoвикaв Сервис oд Gree ( ГТ - кoнтрoл сервис ) и oд сервисoт велaт нoрмaлнo Функциoнирa Климaтa си имa сензoр си знaе тoј сензoр кoгa дa прaви Дефрoст

Велaт тaквa си е климaтa и тaкa требa дa функционира Тoa Беше Oдгoвoрoт oд Сервис-oт
Убаво ти кажале - таква е климата. Не се моќни тие да го поправат она што во фабрика е засрано.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
623
346
Убаво ти кажале - таква е климата. Не се моќни тие да го поправат она што во фабрика е засрано.
Тoчнo тaквa си е климaтa Нo сaмo Gree прaвaт клими сo сув дефрoст и висoки мoдулaции сo чести oн-oфф циклуси Зaтoa пoвеќе не би купил Gree клима
 
18 август 2019
1.225
1.199
Тoчнo тaквa си е климaтa Нo сaмo Gree прaвaт клими сo сув дефрoст и висoки мoдулaции сo чести oн-oфф циклуси Зaтoa пoвеќе не би купил Gree клима
Тоа е тоа. И јас го имам истиот проблем. На +5° прави сув дефрост. Ама човек учи додека е жив.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
На +5° прави сув дефрост.
WTF?

Ова во никој случај не може да оди во категоријата „такви се“ „така работат“ „нормално е ова за нив“ итн.

Ако гаранцијата е истечена ве советувам најпрво да го најдете сервисното упатство и да видите какви отпори на конкретна температура има таа сонда. Има огромна можност да е неисправна (полу исправна)

Друг совет што можам да дадам е преместување на истата неколку реда погоре.

Постои и трета варијанта истата да „ѕирка“ неколку милиметри надвор од кошулицата во која е наместена. Таа (треба да) мери само со врвот а не со цело тело.
 
Некогаш работев со електронски компоненти, ама сега немам ни алат ни нерви. Не знам што (и дали воопшто нешто) пишува во сервисното, ама и да знам џабе е, немам (прецизен) инструмент за да проверам. Зошто да преместувам, фабрички е така. Дури и ако сондата ѕирка, пак проблемот е до фабриката, така ја монтирале.
Би повикал сервисер да ја провери, ама за жал најголем дел од нив се само приучени, не знам за некој асолен. А од овчари-сервисери веќе ми е преку...

ПС
Надворешната температура ја гледам од нејзиниот сензор (не сум поставил термометар да видам), значи дека нешто е збунета.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Зошто да преместувам, фабрички е така. Дури и ако сондата ѕирка, пак проблемот е до фабриката, така ја монтирале.
Затоа што имаш работа со кинези затоа
Надворешната температура ја гледам од нејзиниот сензор
Тоа е сензор за амбиентална температура. Има уште два. Еден за температура на испарител и еден за дефрост.
Лаички кажано овие два работат во спрега за „логиката“ да оцени дали е потребен дефрост.

Иначе се работи за обичен променлив отпорник кој можеш да го измериш со унимер. За ова е потребно бааги расклопување (цел надворешен оклоп)
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно