Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Негативно искуство - Сетек

  • Ја почнал/а темата Nik
  • Време на почнување

damil

user
2 јануари 2015
1.067
1.361
Муабетот беше дека отишол да купува слушалици и му кажале дека нема гаранција, а на сајтот пишувало дрка има гаранција. И сега ќе се буни до дирекција....

Си немаат некои луѓе работа, убаво вика БЕСТ, у Богданци треба дирекцијата, па нека дојде нека се буни и кафе ќе му сварат.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.789
4.503
Неготино
Ова ви е автобуската за тие што немаат кола. Автобусот е 7H (дали е Н, дали е Х незнам).

На ЈСП сајтот го нема заведено како редовна линија ама мислам дека на саат-саат и пол трга од Сити Мол.

BTW што толку се вознемиривте за тоа дека го преместиле? И сервисот им е сега таму или не.
7Н е ноќна линија : )
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Јас не сум имал негативно искуство со Сетек. Додуша...никакво искуство не сум имал. :)
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
Си немаат некои луѓе работа

Абе друже, незакноски е да ни те дадат гаранција. Дел од бизнисот си е тоа. И сосема некоректно е што продавачот не сакаше да ми даде гаранција.

Ај ако не од сега сите да почнеме да ги оставаме гаранциите.
 
Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
Абе друже, незакноски е да ни те дадат гаранција. Дел од бизнисот си е тоа. И сосема некоректно е што продавачот не сакаше да ми даде гаранција.

Ако не ти дале гаранција и некад ти се расипе вентилаторот иди купи ист идентичен таков модел. Повикај се на законот за заштита на потрошувачи за враќање на производ до 14 дена. Иди во дирекција наредниот ден и врати им го вентилаторот што ти се расипал претставувајќи го како новиот и барај си ги парите назад. Нема гаранција од кај ќе го проверат серискиот број. :D

Ете ти еден смотан начин да заобиколиш немање гаранција. :D
 
Последна промена:

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд

Ти очигледно не си враќал производ, па не го збаеш првиот нивен одговор, а тоа е дека производот може да се врати доколку не е употребуван. После тоа имаат одговор и за друго нешто ако и кажеш. На крај ке ти кажат иди жали се у зашти за потрошувачите, инспекција. Ич муа неги лазе. Само карање му е мајката.
 
Arabian

lurker
5 ноември 2013
717
458
А толку многу е тешко да заврти еден телефон до дирекција да праша дали е грешка продавачот или страната?
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.179
16.273
И ја кога би имал јака компанија, Дирекција би ми била уште подалеку од ова!
Не мислите валда секој незадоволен клиент да ми се нацрта во канцеларии кај што у принцип се води книговодство???
Одлично, јака компанија со тој мајндсет се прави. Може и министер ќе бидеш некогаш.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje

А која би била поентата на дирекција да биде у централно „градско“ подрачје? Како што веќе кажаа, дирекција е, имаш продажни салони на секој чекор, што ќе бараш во дирекција? А и многу паламудење, дирекцијата им е после Пинтија. Се жалите како од влае или ѓорче ви било далеку.. а мене од Лисиче што ми е далеку да идам качанички пат за Нептун? Некако што и да се спомне за Сетек одма решетење..
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
И ја кога би имал јака компанија, Дирекција би ми била уште подалеку од ова!
Не мислите валда секој незадоволен клиент да ми се нацрта во канцеларии кај што у принцип се води книговодство???

Ако не сакаш незадоволен клиент в канцеларија, гледај да немаш незадоволни клиенти, и имај шеф на смена во продажен салон кој може да се справи со нив ако сепак ги има. А да "бегаш" со дирекцијата за да не ти идаат клиенти не е солуција.
 
Balanar

Баниран/a
6 декември 2016
1.066
1.220
А на некој од Богданци блиску ли му се дирекциите?
Колку глуп муабет ццц
 
boban984

hello world
boban984's setup  
Processor & Cooler
Најјаките
Storage
Најбрзиот
RAM
Че
Case
Мејс
Mouse
Џери
Keyboard
Q2 Keychron, Durrock браун
Негативно искуство со СЕТ сум немал .... од досега 10тина купувања таму.
Едино што рокнало до сеа ... на колега SSD Кингстон ... од они најефтинитие ги земавме за Виртуелки да шибаме, после пола година му рокна, му го сменија за 2мин без проблем.

За разлика од Анхоч купив 2 USB C кабли, 2-та не работеа, па ме маткаа од Буњаковец до Сити мол, па назад, и на крај ги земаа каблите пошо во ниеден салон немаа добри кабли да ги заменат и ми рекоа ќе ми врателе пари на сметка ... погодете што се случи :)

Не ми ги вратија парите ... така да ги почастив 700ден. :) ... до тој момент и со нив немав лошо искуство.
п.с. првиот PC 486ka го земав од таму и сеуште работи :)
 
Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
Ти очигледно не си враќал производ, па не го збаеш првиот нивен одговор, а тоа е дека производот може да се врати доколку не е употребуван. После тоа имаат одговор и за друго нешто ако и кажеш. На крај ке ти кажат иди жали се у зашти за потрошувачите, инспекција. Ич муа неги лазе. Само карање му е мајката.

Пред два месеца склопував ново PC. Земав CoolerMaster MasterWatt 750W напојување од кај нив, имаше многу гласен coil whine при оптоварување. Поминаа 6-7 дена мислам, отидов во ГТЦ од каде што го купив ме испратија до дирекција во сервис и без проблем ми дадоа повратница.

Се вратив во ГТЦ и ме прашаа дали сакате парите да ви бидат вратени, ќе го менувате за ист модел или некој друг. Доплатив за CoolerMaster Vanguard 1000W. Никаков проблем немав.

И пред 8-9 години вратив wireless рутер од кај нив, кој пред тоа дома видов дека беше користен, исто ми ги вратија парите, иако им се испонашав (помлад бев). :)

Исто така и во Анхоч на неколку наврати имам враќано производи без проблем. Ако се поставиш коректно и смирено, многу лесно иде процедурата. Дури и да се појави некој на смена што прави проблеми, смирено цитирај си го законот, кажи си ги правата, викни го шефот, кажи следно место на посета дека ти е пазарна инспекција.

Не знам јас досега не сум имал некое ептен лошо искуство со Сетек и Анхоч, поготово со нивните вработени, секогаш биле услужливи. Не се ни они криви ако се погоди некогаш некој расипан производ, сепак да не се овие две фирми многу послаб избор на PC делови ќе има кај нас.

Поздрав.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
Негативно искуство со СЕТ сум немал .... од досега 10тина купувања таму.
Едино што рокнало до сеа ... на колега SSD Кингстон ... од они најефтинитие ги земавме за Виртуелки да шибаме, после пола година му рокна, му го сменија за 2мин без проблем.

За разлика од Анхоч купив 2 USB C кабли, 2-та не работеа, па ме маткаа од Буњаковец до Сити мол, па назад, и на крај ги земаа каблите пошо во ниеден салон немаа добри кабли да ги заменат и ми рекоа ќе ми врателе пари на сметка ... погодете што се случи :)

Не ми ги вратија парите ... така да ги почастив 700ден. :) ... до тој момент и со нив немав лошо искуство.
п.с. првиот PC 486ka го земав од таму и сеуште работи :)

Мене во Сет негативното искуство ми е само со одредени пациенти кои работат кај нив.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.179
16.273
А која би била поентата на дирекција да биде у централно „градско“ подрачје? Како што веќе кажаа, дирекција е, имаш продажни салони на секој чекор, што ќе бараш во дирекција? А и многу паламудење, дирекцијата им е после Пинтија. Се жалите како од влае или ѓорче ви било далеку.. а мене од Лисиче што ми е далеку да идам качанички пат за Нептун? Некако што и да се спомне за Сетек одма решетење..

Изгледа се глупи саглам фирмиве сите што се тепаат да имаат дирекции во цонтралните градски подрачја, исто и во Њујорк и во Пекинг па се до Приштина, мислам.... Кам он!
 
D.P.R

Him
22 октомври 2016
748
566
Free
Не сакав да го пишам ова оти е старо околу една година ама поради неодамнешното лошо искуство со Сетек одлучив да го споделам.
За роденденот собрав пари одлучив да земам 144Hz монитор и гледав во сетек имат попуст на Asus VG248QZ,послем мало пребарување на Google прочитав дека постарите batch-ови имале проблеми и сликата не се рефреширала 144 пати во секунда и одлучив да одам во Сетек и да прашам.Влегов во продавница и ојдов на каса и го прашав вработениот за мониторо ми рече "Другар не се разбирам јас колегата прашај го".Напрајв како што ми рече и "колегата" ми вели:"Мониторот е херци колку шо велат асус"
Му велам добро значи е 144 херци така?Ми вели дека неможи мониторот да биди 144 херци оти струјата била 50 херци,го прашвам тогаш дали е мониторот 50 херци и вели дека бил колку шо велат асус.Му викам дека нема смисла то шо го вели и чоеко одма се иритира.Почна да ме прашва глупи прашања,Ми вика кај учиш му кажав и вели прво заврши технички факултет послем кажвај ми шое како е,после то ме праша за возраста,од кога му кажав дека не сум полнолетен рече дека не сум смеел да купвам во нивната продавница бидејќи не продавале бела техника на малолетни.Исто така бев со другар ми кој дојде со мене да проба слушалки.Појде на каса другар ми и му побара да му отворат слушалки и вработените се согласиа.Ко му рече дека сака да ги проба Hyperx Cloud 2 овие одма му кажаја дека неможат да ги отворат оти биле "300 евра слушалки" а во реалност беа околу 5000 денари.Требаше другарми да му отвора на телефон на нивната страна да му ја кажи цената на производ што тие го продават за да го пуштат да ги проба слушалките.
Втората случка се случи неодамна.Барав кај да купам рам и видов во сетек имат попуст на HyperX Predator CL16 3200Mhz и појдов во дујќанот да го порачам рамот и се согласиа.Ама напрајв мала грешка бидејќи јас сакав RGB верзијата а тие ми дадоа без RGB (знам RGB ова она бла бла ама кеф мие).Моја и нивна грешка беше бидејќи кај non-rgb верзијата имаја ставено слика од RGB рамот и јас го порачав тој,кога стигна му реков дека ова не е рамот кој го порачав и ми рекоја нема врска сликата ние гледаме по името.Памет за друг пат иако за второто искуство и јас напрајв грешка ама и тие не се на чисто бидејќи имат грешни слики на страната.
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.660
1.812

Дефинитивно не е искуство како што би сакал муштерија да биде услужен во дуќан, сум имал слични искуства по продавници, но вообичаено рисрч правам пред да купувам и речиси ми е небитно што ќе ми кажат на лице место.

Другиот дел, дека не сакале да продадат нешто на малолетник, иако не е алкохол и цигари, може се во право. Станува збор за 100, 200 и други евра и може утре да им дојде родител и да направи секакви проблеми, бидејќи малолетник, правно легално не е целосно одговорен за постапките.

Трето, не знам дали пишуваш во сленг, тренди или вообичаено така, но намали со тоа игриците имаш еден куп граматички грешки

upload_2019-8-26_20-31-6.png
 
D.P.R

Him
22 октомври 2016
748
566
Free
Трето, не знам дали пишуваш во сленг, тренди или вообичаено така, но намали со тоа игриците имаш еден куп граматички грешки

Погледнете го атачментот 77987
Искрено,ми се здосади од пишување,приказната беше доволно долга не сакав да ја должам уште,иначе морав да ги прашам на лице место бидејќи морав да видам која верзија на firmware e мониторот бидејќи поновите batch-ови немат таков проблем,ова го читав по форуми,колку е вистина незнам ама на крај си дадов уште една илјадарка појке и си купив LG од Anhoch
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Срам да ни е. Сетек ова не го заслужува.

Незнам дали заслужува, али да ги ругате дека имаат дирекција во Пинтија е смешно..

Изгледа се глупи саглам фирмиве сите што се тепаат да имаат дирекции во цонтралните градски подрачја, исто и во Њујорк и во Пекинг па се до Приштина, мислам.... Кам он!

Лепи, Пинтија до рекорд ти е 7 км. Од кој, некој 5 можеш да ги возиш по прав пушка булевар со зелен бран: Првомајска или преку лисиче 3та и 12та мак. бригада. Толку е проблем да се извозат 10/15 мин за до дирекција каде идеш максимум еднаш годишно?

Па не живееме сите во Влае, Карпош, Центар... тебе ти е далеку тоа, мене ми е далеку Лептокарија. Глуп муабет..
пс: Приштина не ја споредувај со Скопје..помала од Аеродром е.
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Се убаво за вас у скопје. А остантите ван скопје? Затоа фино лепо сетец у црна листа и нема замарање.
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно