Стигна Dvarw-от бев до пошта и го "киднапирав" 
Први импресии. Стигна доста чист, никаков мирис и траги од уље, малку се намачив дур да го расклопам, поготово делот кај резервоарот за течност, малку потешко се одврти, најверојатно орингот беше сув и залепен. После првото одвртување и подмачкување се оди лесно освен оџакот, малку потешко се натакнува врз декот, како орингот да е малку подебел ама после неколку стави-вади оди полесно ама сепак потешко се вади отколку што треба (барем јас мислам дека треба да се вади полесно). Сите орингови се постегнати освен тој што треба да е, капата на оџакот. Капата би требало да остане на оџакот но останува на горниот дел. Нема никаков проблем што останува горе само што го смалува маневарскиот простор за полнење.
Порачав и 3.5мл тенк и го ставив одма, исто порачав и сет од 0.8мм и 1мм инсерти за воздух. Прво го ставив 1мм (стандардниот што доаѓа е 1,2мм) и цугот беше ОК но малку поотворен од она што го сакам (во споредба со Прајмот и Сирената, 1мм е поотворен и од двата - Прајмот на првото дупче, Сирената на второто). После го ставив 0.8мм и мислам дека ќе останам на него (повторно во споредба со Прајмот и Сирената, постегнат од Прајмот на едно а во однос на Сирената мешто помеѓу првото и второто дупче). Друга контрола на воздух (надворешна) освен инсертите нема, за некои маана, ама мислам дека кога ќе го погодиш еднаш саканиот проток на воздух нема потреба да се чепка.
Изгледот е релативна работа, мене ми се бендиса old school "старинскиот" дизајнот, во живо е поубав отколку на слики или видео.
Билдот и викот лесен, ама пошто е ново ќе треба малку време за навикнување ама ништо страшно. Грејач кантал 29 awg, 6 намотки 1.45Ω. Вејпот мазен (сепак не толку мазен како Сирената ама помазен од Прајмот и Догито), тивок и со 0.8мм и со 1мм инсертот, ептен слабо пуцкетање на течноста, не плука, сега за сега не ме пецнал на јазик
, нема никакво течење.
Вкусот ме бедиса. Прва течност омiлената, Pyramid (SCamel). Стварно не ме бива за опис на вкусови (ароми) ама ај да пробам
Аромата одма се чувствува при самото повлекување, кај Сирената како да има малo "каснење", вкусот е богат, масен (густ) исто како кај Прајмот ама сепак малку поразличен, мислам дека се поизразени секундарните ноти. Наредниве денови ќе пробам и некоја друга поароматизирана тутунска и некоја овошна и ќе направам и споредна со Догито и Сирената.
Се на се задоволем сум од Dvarw-от и сигурно ќе биде во дневна ротација а не на полица! Благодарност до @Metuzalem за препораката. Ако ми текне уште нешто што заборавив да кажам ќе пишам, толку за овој саат-два со Dvarw-от, ако имате прашања, пукајте.
Први импресии. Стигна доста чист, никаков мирис и траги од уље, малку се намачив дур да го расклопам, поготово делот кај резервоарот за течност, малку потешко се одврти, најверојатно орингот беше сув и залепен. После првото одвртување и подмачкување се оди лесно освен оџакот, малку потешко се натакнува врз декот, како орингот да е малку подебел ама после неколку стави-вади оди полесно ама сепак потешко се вади отколку што треба (барем јас мислам дека треба да се вади полесно). Сите орингови се постегнати освен тој што треба да е, капата на оџакот. Капата би требало да остане на оџакот но останува на горниот дел. Нема никаков проблем што останува горе само што го смалува маневарскиот простор за полнење.
Порачав и 3.5мл тенк и го ставив одма, исто порачав и сет од 0.8мм и 1мм инсерти за воздух. Прво го ставив 1мм (стандардниот што доаѓа е 1,2мм) и цугот беше ОК но малку поотворен од она што го сакам (во споредба со Прајмот и Сирената, 1мм е поотворен и од двата - Прајмот на првото дупче, Сирената на второто). После го ставив 0.8мм и мислам дека ќе останам на него (повторно во споредба со Прајмот и Сирената, постегнат од Прајмот на едно а во однос на Сирената мешто помеѓу првото и второто дупче). Друга контрола на воздух (надворешна) освен инсертите нема, за некои маана, ама мислам дека кога ќе го погодиш еднаш саканиот проток на воздух нема потреба да се чепка.
Изгледот е релативна работа, мене ми се бендиса old school "старинскиот" дизајнот, во живо е поубав отколку на слики или видео.
Билдот и викот лесен, ама пошто е ново ќе треба малку време за навикнување ама ништо страшно. Грејач кантал 29 awg, 6 намотки 1.45Ω. Вејпот мазен (сепак не толку мазен како Сирената ама помазен од Прајмот и Догито), тивок и со 0.8мм и со 1мм инсертот, ептен слабо пуцкетање на течноста, не плука, сега за сега не ме пецнал на јазик
Вкусот ме бедиса. Прва течност омiлената, Pyramid (SCamel). Стварно не ме бива за опис на вкусови (ароми) ама ај да пробам
Се на се задоволем сум од Dvarw-от и сигурно ќе биде во дневна ротација а не на полица! Благодарност до @Metuzalem за препораката. Ако ми текне уште нешто што заборавив да кажам ќе пишам, толку за овој саат-два со Dvarw-от, ако имате прашања, пукајте.
Последна промена: