1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

VR Очила (Headset)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Mao, 30 Јануари 2019.

  1. Mao

    Mao
    On your way to fame

    976
    510
    5 Јуни 2007
    Машко
    Здраво на сите. Сакам да отворам дискусија за вашите искуства со VR сетови, кој сет го користите, на која платформа, кај го имате купено и слично.

    Вчера имав прилика да искусам Oculus VR ама од Самсунг телефон, и можам да кажам дека се изненадив доста. Јас сум корисник на iPhone и ме интересира дали некој има искуство или користено VR со iphone?

    Во моментот разгледувам по интернет и истражувам за сите опции. Вашите коментари се добредојдени.
     
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,334
    987
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Во план сум да набавам и јас некој сет, некој поевтин. Чисто да истестирам различни апликации, да видам како напредува UI/UX-то.
    Од она што сум слушнал на конференции од UX експерти, доста се работи на подобрување на корисничното искуство и воведување на стандарди. Исто така за добро корисничко искуство, каде што нема да се гледаат пикселите во VR, се потребни телефони со многу поголема резолуција, некаде околу 8к.
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    493
    441
    12 ноември 2013
    Имам користено на Galaxy S6 Edge+, обичен поефтин VR хедсет од eBay купен. Океј си ја вршеше работата. Сега на Note8 немам пробано дали работи. Кога ќе пробам ќе напишам мислење.


    ПС. PornHub VR :innocent::hay:
     
    На Pane-G и Mao им се допаѓа ова.
  4. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    844
    907
    9 Декември 2015
    Машко
    Имам користено PlayStation VR на PS4 Pro и можам да кажам дека сум задоволен. Искрено само еднаш го пробав на десетина минути ама доста интересно изгледаше иако има уште доста да се работи на графиката. Тоа што го приметив е дека звукот игра голема улога во целото доживување. Ова беше клипчето што го гледав (реално немаше играње само гледање и вртење со главата).
     
  5. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,606
    1,842
    25 Март 2013
    Машко
    Јас кај и да е, денес-утре ќе го купам овој. Линкот е директно од фабриката која ги произведува и е последната десета верзија. Инаку има неколку вакви ребрендирани под други имиња.
    Кај нас имате и еднa продавница во Рамстор трговскиот се вика Miniso, која ги продава постарите модели од истава фабрика.
     
  6. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,836
    824
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Имам искуство со HTC Vive. Работев на неколку VR проекти службено. Лично имам добро искуство. Пред скоро излезе про верзија што е далеку подобра, односно AMOLED наспроти OLED. Моментална htc vive резолуција е 2,160 x 1,200, a додека со про верзијата е 2,880 x 1,600.

    За разлика од конкуренцијата овие шо ги имам јас се движат од 500 до 1200 $, ама се одлични доколку ти е струка. За зезанции лично не би ги земал.
     
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,591
    3,594
    12 Јануари 2016
    Машко
    Со windows mixed reality како стојат работите?
     
  8. Filip reborn

    Filip reborn
    Intern

    12
    27
    17 ноември 2015
    Машко
    Јас имам Windows mixed reality headset (Lenovo explorer) потоќно и планирам да го продавам затоа што графичката не ми е подржана од микрософт (се пуста ако сака да се пушти после тоа не се пушта дур сконтам дека веке не ми е подржана графичката, тоа се проверува со Windows mixed reality PC check на микрософт стор апликацијата) и за тиа пари што моеш да го увезеш ја мислам се исплати, HTC vive многу поеќе кошта.
    Донекаде знаев сите нови хедсетс се со камери пошо е многу симпл за ракување само го пушташ и во ВР си нема заебанции (во мојов слуцај со заебанции >:
     

Сподели

Вчитување...