1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

upWork (поранешно oDesk) (работа и повлекување пари)

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од petelko23, 3 Април 2012.

  1. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,119
    485
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Нема никакв дилема дека е така, висок квалитет и професионалност во секој поглед, од комуникација до рокови и се измеѓу.
     
  2. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    852
    429
    12 Април 2017
    Машко
    Многу е битна упорноста, знам многу случаеви кои пуштале понуди една недела и се откажала, бидејќи не фатиле клиент, а нормално е првиот клиент да биде екстремно тежок да го добиеш.
     
  3. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,119
    485
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Така е, битна е упорноста ама треба и малку среќа.
    Јас во 2012-та отворив акаунти, на фриленс.цом и тогашен одеск, сега аупворк.
    Прво пробав на фриелс,цом, некако по џиџан ми беше :), профилот го направив тип-топ, со сите нишани, бев ептен упорен, дремев дење ноќе, што не правев ама кога не сака не сака.
    И ништо дигнав раце викам ова е превара, ништо не бидува, на Одеск не ни пробав, не ми беше ни профилот до среден.
    Почетокот на 2014-та ми светна, си викам абе зошто не пробав на Одеск, седнав го средив профилот едно палицирање за работа одма ја добив, буквално првата апликација, кога сака-сака и фала богу до сега супер иде. :)
     
    На bobipp му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Torlakian

    Torlakian
    Gaining Experience

    104
    77
    21 oктомври 2014
    Машко
    Еве ја од 8 септември имам акаунт на Upwork и се уште немам добиено работа, али јебига си продолжувам да аплицирам, ама јас барам работа за Audio Production, колку за споредба во search за Audio Production > 553 jobs found, а на пример за Web Development > 7648 jobs found!
     
    На artweb и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  5. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,414
    597
    3 Мај 2010
    Машко
    За фрилансинг треба знаење и среќа.

    #1 Fiverr почнав најпрво, во тоа што го нудев никој не го нудеше, на крај со тек на време направија категорија за gig-от со кој почнав јас. Има добар upsell и ако те бива можеш и таму, секако конкуренцијата си го прави своето. И тука треба да имаш среќа да те feature-нат.

    #2 Порано на freelancer.com работев 2011-2014, првата работа ја добив по неколку месеци само затоа што ми текна да се пријавам за проект кај еден американец. Кога тој Македонец од Пиринска Македонија, ми пиша коа видел Македонија одма ме одбрал. Плати одма и така тргна. Со тек на време прекинав бидејќи обично на проектите на Freelancer.com имаше 50+ предлози по најминимална цена. А и тогаш имаше помала провизија од odesk, после качија провизија, намалија број на проекти кој можеш да се пријавиш итн.

    #3 Upwork со направен профил од 2012, подсреден јули 2017та, се пријавив, не успеав. Пак пробав годинава во Мај. На неколку проекти се пријавував секој ден во рок од една недела. Читав што и како е и на тие што ми се свиѓаа се пријавував, секако кастом порака за проектот. Само што сум се пријавил на проект во рок од една минута ме контактирал човекот за да ја завршам(буквално) во тоа време не сум приметил дека пишал, не сум ја рефреширал а ми била уклучена страната. Отидов надвор да прошетам. Се враќам по еден саат, гледам дека ми пишал, му враќам за колку ќе му ја завршев и кога, врати одма дека ме чекал и ја дал на друг, а цената и времето и на него и на мене ми одговараше. Накратко потоа ми го блокираа - суспендираа профилот, изледа дека сум се пријавил на над 10 проекти и никој не ме одбрал(сметале дека спамувам).
     
  6. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    852
    429
    12 Април 2017
    Машко
    Нема врскса ова, јас мислам дека пратив повеќе од 200 понуди пред да го добијам првиот клиент.
     
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,255
    24,071
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Од неодамна има врска. Ако испраќаш многу апликации а не добиеш интервју од ниту еден добиваш некоја суспендија.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  8. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,119
    485
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не е баш од неодамна, од 2014-та е.
     
  9. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    634
    1,240
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Доколку не можеш да најдеш работа баш за тоа што сакаш и знаеш да работиш, можеш да пробаш било што да најдеш. Барај работи кои се платени долар, 2, 3, 5 максимум. Дал било да едитираш некој ворд, дал некоја транскрипција. Нешто што е ептен малце платено. Сработи две-три такви, добиј добар фидбек и полека полека почни да си бараш тоа што сакаш да работиш.

    Без добар фидбек, а не па без никаков, тешко паѓаш во очите на потенцијалниот клиент. Мора прво каков таков фидбек да набиеш. За некои им се посреќило од прва да најдат работа каква што сакаат. Мене ми требаше 2 месеци да најдам нешто, успут работејки све и свашта. Понатаму се е полесно.
     
    На DonFrozex и Ragnar им се допаѓа ова.
  10. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    972
    1,107
    11 Март 2011
    NDA - Non Disclosure Agreement или нашински Договор за Доверливост, најчесто нема краен датум или има некој подолг рок, пример 15 години. Овој договор те обвзрзува на деловна тајна и не може да се раскине.

    Договорот за соработка, најчесто е посебен документ, каде што се наведени условите за соработка и сумите, како и условите под кои едната или другата страна може да го раскине.
     
    На artweb и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  11. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    852
    429
    12 Април 2017
    Машко
    Јас не сум бил суспендиран до сега..
     
  12. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,414
    597
    3 Мај 2010
    Машко
    За UpWork требаше да имаш некој JSS (Job Sucess Score) пред да почнат да те гледаат, така нешто беше. Значи најтешко е да се земе првата работа, со што ќе имаш некаков JSS(колку од работите кои си ги добил се завршени).
    Малку покомплицирано е.

    Разгледајте и LinkedIn, средете си и профил таму.
     
  13. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    852
    429
    12 Април 2017
    Машко
    Ако завршиш една работа, добиваш JSS, но тој не е видлив на твојот профил, после 2-3 успешни работи добиваш "rising talent" ранк и тогаш ти се зголемуваат шансите да најдеш работа, после 5 работи мислам дека е, добиваш видлив JSS на профилот, и ако е доволно добар стануваш "top rated freelancer" и тогаш добиваш покани секојдневно.
     
    На Arabian му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Torlakian

    Torlakian
    Gaining Experience

    104
    77
    21 oктомври 2014
    Машко
    Можда било некад!?

    Али сега, кога го направив профилот(100% completed) пред 4 месеци ми дадоа одма "rising talent", а до ден денес немам ништо сработено и си стои тоа, а пишува таму на Апворк дека после 3 завршени работи добиваш "success score".

    "rising talent" добиваат сите кои ќе направат 100% completed профил, од Апворк викаат дека тоа било као стимулација да се помогне на нови членови.
     
  15. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,255
    24,071
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @Torlakian Јас ќе ти помогнам околу првата работа, пиши ми во приватна порака да се договориме....
     
    На zdrnik и krema им се допаѓа ова.
  16. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    881
    1,041
    9 Јуни 2011
    Машко
    Одлична идеја!

    Ја мислев од порано, и имам помогнато на 2-3 пријатели, особено ради можноста да платам со мојот Пејпал профил.

    Што викате да отвориме тема/група тука на форумов, и сите што имаат потреба од „иницијален boost" - да се договориме у тема да му „купиме“ неколку гиг-ови или работи од Апворк.

    Секако, тој ќе си ги плати провизиите кои ќе произлезат од целата процедура, но тоа ќе му дојде итекако добредојде за понатамошниот Фриленс живот.

    Мислам дека како ИТ заедница, можеме да д/п-окажеме дека можеме да си помогнеме еден на друг, а не само да се мерат патлаци по разни теми.

    Еве јас се прв пријавувам да „купам“ нечиј гиг, секаде кај што е можно плаќање со Пејпал.

    Она што не би сакал да го правам е да губам превише време правејки го тоа, така да би ги замолил „идните ми клиенти“ да го напишат Job Description-от што им е потребен и да ми пратат сите можни детали за да постирам Job.
     
    На zdrnik, Krkac, mviktors и уште 6 други им се допаѓа ова.
  17. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,255
    24,071
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Јас чуствувам должност према заедницата да го сторам тоа, бидејќи и мене тука ми помогнаа. Најпрво @ivsss кој ми помогна да изградам профил како што треба, а потоа и @smole кој ми го даде првиот фидбек.

    Пред сето тоа ниту едниот, ниту другиот не го познавав лично, а сепак ми помогнаа. Па еве на овој начин сакам и јас истото да го сторам.
    Дајбоже да му тргне на човекот па кафана ќе даде убава мрсна... :)
     
    На zdrnik, Krkac, mviktors и уште 14 други им се допаѓа ова.
  18. smole

    smole
    Unstoppable

    2,920
    3,264
    18 Април 2007
    Малце си скромен и не кажа дека јас ти дадов фидбек, но ти сработи работа за мене што мислам дека и преку сајтот ја договоривме и згора на сè не сакаше да ти платам...

    Како и да е треба да си помагаме максимално кој колку може.
     
    На Krkac, lumibi, Fatal1ty_ и уште 2 други им се допаѓа ова.
  19. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Што конкретно работиш со аудио продукција?
    Дали ти е во област микс+мастеринг на drum&bass? :)

    Ако да - пиши порака, те молам :)
     
  20. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор

    Е, ОВА е моментот - "pay it forward" :)

    Почит, момци.
     
    На zdrnik и smole им се допаѓа ова.
  21. Nokia

    Nokia
    Gaining Experience

    55
    51
    18 Декември 2009
    Тежок и трнлив е патот до успехот фриленс, ама ако си трпелив - успехот е загарантиран
     
  22. Professor

    Professor
    Intern

    47
    26
    2 Јануари 2013
    Машко
    Имам еден братучед од ЕБР, $300 му е часот. Досега $400к for 10 years :)
     
  23. Torlakian

    Torlakian
    Gaining Experience

    104
    77
    21 oктомври 2014
    Машко
    Ви двоица тачни ли сте бе, немогуче!
     
    На VerGer му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Torlakian

    Torlakian
    Gaining Experience

    104
    77
    21 oктомври 2014
    Машко
    drum&bass може, мастеринг не
    Повеќе композиција и продукција (ambient, cyberpunk-Blade Runner, soundscapes, psytrance и по некоја trailer и orchestral композиција
    и по некој Глич од озгора хахахах :D)
     
  25. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор

    Мене добро ми звучи тој опис, не е за смеење :)

    Дај прати примероци во порака, без "3rd party" семплови, па да направиме проект преку Upwork :)

    Ако материјалот е добар, би откупил права за него дефинитивно.
     
    На Torlakian му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...