1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телекабел станува мобилен оператор во 2018

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од bxxxn, 30 Јануари 2018.

  1. bandrej

    bandrej
    Gaining Experience

    131
    147
    9 Март 2016
    Машко
    Се буниш како комуницирал, а ти претходно на другиот член му викаш дека бил магаре на мост...

    Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
     
  2. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    992
    1,031
    6 Декември 2016
    Машко
    Магаре на мост е ИЗРЕКА, удри си ја главата во ѕид изрека ли е?
     
  3. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,236
    2,247
    9 Февруари 2011
    Абе ај без расправии и навреди. Не е ова форум на овчари, него на интелектуалци.

    Дај да расчистиме со ова паркинзиве или за дефинитивно ќе мора да причекаме real life сценарио?
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bandrej

    bandrej
    Gaining Experience

    131
    147
    9 Март 2016
    Машко
    "Глава во ѕид" исто се употребува како изрека за некој кој тера по свое дури и кога не е во право.

    Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
     
  5. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    992
    1,031
    6 Декември 2016
    Машко
    "Глава во ѕид" е различно од - Тропни ја главата во ѕид. Македонски слабо некако а?
     
  6. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    776
    1,588
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Кај нас на село изрека е: На нероден Петко, капа му кројат :)
    Чекајте другари, уште непочнати овие со услугите, без никој со сигурност да знае што, како, колку... се исколивте :)
     
  7. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,434
    1,858
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Дај намалете тензија.

    Ова со паркинзи мислам дека е доста нејасно. На некои паркинг талби пишува цена за саат и подолу пишува дека пораката се наплаќа 5 денари. Е сега, ако тие 5 денари не ги зема операторот, ондак има логика во случајов Телекабел да земе +3 денари, со што Баланар би бил во право.
     
  8. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,315
    1,432
    25 Март 2013
    Машко
    Ако се покаже дека се NOA телефоните, тие се бренд на хрватската компанија Hangar 18 и нивната фирма-ќерка Sumvier. Телефоните им се ребрендирани модели на UMI (UМIDIGI), а помал дел се и на Doogee и Blackview, така да малку поголема претпазливост при купување, иако имаат награда за бест бај земено.
     
    На edin.ademovic му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bandrej

    bandrej
    Gaining Experience

    131
    147
    9 Март 2016
    Машко
    Па и "ти си магаре на мост" е различно од изреката "упорен како магаре на мост" и со тоа можеш некој да навредиш. Немам намера да се објаснувам со тебе и да ја полниме темава со off topic.

    Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
     
  10. stavrov69

    stavrov69
    Gaining Experience

    387
    197
    26 ноември 2008
    Машко
    НЕ ја тропај главата во ѕид значи да не бидиш тврдоглав за некоја работа за што не си во право. Незнам со што се навреди ти во оваа реченица.

    Sent from my SM-N950F using Tapatalk
     
  11. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,673
    1,117
    16 Јуни 2010
    Машко
    Мене пакетите ми се океј. 300 денари пакетот би сакал да има повеќе интернет, ама тогаш губи смисла оној од 500 и тоа е - маркетингот секогаш заебува убави понуди. Али у секој случај нудат дупло повише интерент од најефтиниот пакет на Вип што е за пофалба, Вип нуди 500 мега интернет веќе со години во најефтиниот пакет што е ретартдирано и глупо. Искрено итекако е предност што може да се раскине договор пред време и без многу замарање. Ме интересира некој со најскапиот пакет, до колку ли може да се иде пред да почне успорување :p
     
    RagingDemon, staycalm, TexasUS и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. TexasUS

    TexasUS
    Gaining Experience

    185
    107
    25 Февруари 2017
    Машко
    Дали вие кои сте на Телеком може да вртите кон 074 74 74 74 или ви јавува грешка Network Busy? Вип очигледно тешки дубари прават.

    EDIT: Овие дефинитивно го блокираат сообраќајот кон Телекабел. Од Телеком пробав може да се јавува на бројов, од Вип на секој 074 Network Busy дава.
     
    Последна промена: 15 Јануари 2019
  13. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Баниран/a

    318
    44
    10 ноември 2017
    Машко
    Од каде може да се земе телекабел сим-картичка?
    И каков е бројот случајно да не е 080,оти lyca е 079. :)ок е проверено 074 е.
     
  14. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    803
    527
    1 Јуни 2016
    Ам две страни назад, си пишува, има слика. 074.
     
  15. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,488
    3,385
    11 Декември 2008
    Машко
    И мене сега крај јануари ми истекува договорот и се мислам што да правам.

    На магента-м сум од 2547 денари, правев математики да одам со тотал-тв + интернет од вип и мобилните еве и на 500 ден на телекабел да се, пак скоро 2500 фаќа комплет, исто му доѓе.
    Лошо е што кај мене во населба нема друга можност (врзан сум за бакарот на телеком) иначе ќе им раскинев љубав и ја одамна :D
     
  16. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Од пред некоја година може и на ЈП Градски Паркинг да се плаќа со една порака и времетраење на паркирањето, тнр „Дополнителен начин на паркирање“ gradski parking.png
     
    omegaRED, artweb и на alek07 им се допаѓа ова.
  17. marick14

    marick14
    Intern

    103
    36
    2 Март 2011
    Дали може да се земе златен број од Телекабел?
     
  18. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,105
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Tие 5 денари ги зема операторот, не ПОЦ. Наведени се како тошок да нема забуни, во смисла дека покрај цената за паркирањето плус се наплаќа цената на СМС пораката. Во случајот со овие место пус 5, ќе биде плус 3 денари, односно 6 (3+3).
     
  19. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,865
    3,917
    28 oктомври 2008
    Темава да се применува во насловот, повеќе се пишува за паркинг тарифи од пакетите на Телекабел...
    Мене едноставно ме радува секој обид да му се чепне од колачот на тандемот ВИП-Телеком, белким ќе ги натера малку да се сопрат со тоа цените...

    Испратено од Mi A1 преку IT.mk форум апликација
     
    На staycalm, Krkac, Zippo и уште 2 други им се допаѓа ова.
  20. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    992
    1,031
    6 Декември 2016
    Машко
    Ова е неточно.
    Не ги зема операторот тие пари, туку ЈП за паркинзи. ЈП ако сака може да стави и 20 денари/СМС. Не можат ВИП/Телеком да одредуваат колку пари ќе наплаќа едно ЈП за СМС пораки. Тоа е УСЛУГА од ЈП, не е од операторите.

    Што ќе се деси ако на пример ЈП Гостивар реши да ја покачи услугата за плаќање преку СМС на 20 денари/смс, а ЈП Кочани си остане на 5 ден/смс?
    ВИП/Телеком ќе му кажат на Гостивар - Абе не може така, 5 денари е во Кочани?

    После сите пресметки, ЈП се раздужуваат со операторот со некој нивен договор и тоа е тоа. Плаќање преку СМС е услуга (на ниво на физички билети кои се купуваат од трафика) на соодветното ЈП за паркинзи, не е фиксна цена одредена од операторите само заради нивниот сервис што е СМС.

    Ова е пример што ми се случи на мене кога не сакаше да се стартува паркингот и затоа прочитајте УБАВО што пишува во СМС пораките:

    20190116_150801.jpg

    hint: Последната порака не е од ВИП, туку од ЈП. Ќе познаете по малата В буква.
     
    Последна промена: 16 Јануари 2019
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  21. NanoCell

    NanoCell
    Gaining Experience

    307
    362
    10 oктомври 2011
    Машко
    Очекував малку поагресивна политика од Tелекабел, со обид да превземат дел од корисниците на Вип/Телеком, но само се вклопија во сивилото. Делот од колачот ќе си го добијат од корисници на нивниот домашен интернет и телевизија, кои можеби сакаат сите услуги да им се врзани во еден пакет (и притоа ќе добијат и некој одреден попуст поради пакетот).

    Досега немам забележано реклами или промоции на мобилната услуга од страна на Телекабел, што самото по себе го потврдува моето мислење за нивната агресивност. Секако ова е субјективно гледиште на неутрален потрошувач.

    Во однос на СМС пораките, мислам дека се битни, бидејќи претставуваат гарантиран начин на известување доколку не можеме (или не сакаме) да направиме повик кон одредена личност, зошто многу корисници немаат вклучено мобилен интернет во своите претплати (поконкретно постари личности) и не можеме да бидеме сигурни дали Viber?WhatsApp пораката ќе биде прочитана на време и дали имаат достапна wi-fi мрежа.
     
    edin.ademovic, RagingDemon, Astro и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,105
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Каде има пркинг за 5 денари? Некогаш си платил паркинг преку смс порака?
     
  23. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    992
    1,031
    6 Декември 2016
    Машко
    Каде реков дека се плаќа самиот паркинг за 5 денари? Каде воопшто во мојот пост имам напишано за самиот паркинг? Се плаќа СМС за почеток и стоп (на ДРУГАТА услуга - физичкото паркирање) кое е УСЛУГА на ЈП, не на операторите. Иста услуга како и физичките билети по градовите.
    Штип две години немаше воопшто плаќање преку СМС пораки, туку со билети. Ова е само уште еден доказ дека тоа е дополнителна услуга на ЈП која си ја наплаќаат по нивна тарифа.
     
  24. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,105
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    ПОЦ немаат билинг систем, парите прво одат кај операторите па после се прибиваат, цената за смс останува кај операторите, а парите за паркинг одат кај ПОЦ. Тоа е 100% така, еве имаш инфо од прва рака. :)
     
    RagingDemon, Krkac и на Gaston им се допаѓа ова.
  25. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    992
    1,031
    6 Декември 2016
    Машко
    А малку помалку да се лажеме?
    Ако е така - операторите сами ќе инсталираат СМС плаќање за било кое ЈП пошто имаат само они ќар од чистото праќање СМС пораки. 10 денари од човек - папапа.
    А не да се влечат со месеци за уведување јавните претпријатија. Мало морген дека за услуга на ЈП целиот колач за старт и стоп оди кај операторите.
     

Сподели

Вчитување...